Форумџика на годината

Колку време ви траат производите за нега на лице?

Дискусија во 'Лице' започната од theunforgiven, 6 август 2024.

  1. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.842
    Се мислев каков наслов да дадам на темава, а да не изгледа смешно и чудно.

    Намерата ми е едноставна: да си кажеме колку долго (или кратко) ни траат производите за нега на лице што ги користиме: гел/пена за миење лице, крема, серум, мицеларна вода, лосион... Било што.

    Добив идеја од тоа што купив еден прилично скап производ за нега на лице (крема) во тубичка од 30 милилитри. Сфатив дека нема баш толку долго да ми трае, колку што очекував. И сега ми се наметна прашањето: колку често ќе треба да го купувам? Претходно немам правено вакви калкулации, не ми текнало, а често знаев и неколку слични производи паралелно да користам, па така немав можност да приметам колку долго ми траеле.

    Правиме еден вид на анкета/листа, на пример:

    -Крема за лице (дневна) 30 милилитри: 3 месеци
    -Крема за лице (ноќна) 30 милилитри: 3 месеци
    -Пена за миење лице 150 милилитри: 1 месец
    -Лосион за лице 200 милилитри: 2 месеци
    -Серум со хијалуронска киселина, 15 милилитри: 2 месеци
    -Серум со Витамин Ц, 20 милилитри: 2.5 месеци


    Секако, можете да ги споделувате и имињата на брендовите што ги користите.
     
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Производи за лице сум земала и поскапи и поевтини, се имам пробано.
    Некои работи ми траат подолго ако ги користам секојдневно, оти не ставам по многу, некои одма се трошат, а има и такви пробано на три пати па стојат цела година.
    Одлучив да не се замарам, со се шо му треба на лицево и користам поедноставни работи.
    Серуми имам некаде три уште стојат, не ги ставам повеќе ни со ц вит.
    Маска ретко земам но едно парче колку да ставам од кеф.
    Пилинг имам еден погоден и не го користам често, ми стои да се најде.
    Најмногу користам креми, денски креми помрсни и сега во последно време е солеа, леа и афродита.
    Гел за лице имам еден шо го користам долго оти прави многу пена.
    Пудрата се троши брзо но земам и поскапички оти мислам и дека се битни.
    Најголем кеф имам за креми и тоа го купувам често како и лосиони за вадење шминка.
    Се запнав да користам вазелин за лице, шо зедов три различни и сватив дека не одговара баш, избегнувам да ставам.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Не експериментирам баш кога е лице во прашање, многу сум против користење на куп производи и најчесто долго време се задржувам на истите.

    Bioderma гел, nivea пилинг, ziaja маски за лице, крем за лице (најобичен, најчесто нивеа), серум витамин Ц, кокосово масло (од тегла), коректор.

    Користам дури не истрошам или додека не се смени составот. Најмногу трошам гел, крем, коректор.

    Пример витаминот Ц го почнав декември, едвај ми е до пола. Не го користам секојдневно зашто не ми годи. Лето па посебно го избегнувам и ако го користам сè на сè дали 5-6 пати до сега (со ставање исклучиво навечер).
     
    На hellocity и theunforgiven им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Крема за лице (дневна и ноќна) 3 месеци. Ги користам хијалуронските креми Балеа. Добри се. Ама сакам да сменам. Се мислам помеѓу Лореал и Нивеа.

    Серум за лице 3 месеца. Го користам хијалуронскиот серум Неутрогена. За навечер го користам ретинол серумот Неутрогена. И тој ми трае 3 месеци.

    Крем за околу очи 4 месеци - ретинол крем Неутрогена. Го користам само навечер.

    Пилинг за лице 3 месеци - Ревуеле.

    Лосион, тоник и мицеларна вода - 3 месеци. Лосион и тоник - Балеа. Мицеларна вода Неутрогена.
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    5.085
    Отприлика вака нешто


    Млеко за чистење на лице отприлика 3 месеци (голема милитража 400мл)
    Мицеларна вода 400 мл, исто 3 месеци
    Пена за чистење на водоотпорна шминка Еуцерин 2 месеца
    Пилинг за лице + 3 месеци
    Серум за лице 2 месеци
    Витамин Ц, 2 месеци
    Хијалуронска киселина 2 месеци
    Активен кислород +3 месеци
    СПФ фактор , 1 месец
    Хидратантна крема 1 месец
    Масло за лице 2 месеци, може и пократко ако го користам секој ден по двапапти
    Крема за околу очи 2 месеци
    Лабело, 2 недели
     
    На SummerGirl и theunforgiven им се допаѓа ова.
  6. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Нешто не ќе да е во ред со мене. Многу подолго ми траат производите. А ги користам секојдневно. Можеби треба да ставам поголема количина што знам.

    • Нивеа двослоен (или како да се вика) чистач за околу очи 120мл = 2.5-3 месеци
    • Маслен чистач оливал (само навечер) 150мл поминаа 2.5 месеци јас не сум ни до пола.
    • Heimish all clean grean foam 30ml (само наутро) го користам веќе 1.5 и можеби 2/3 е искористен.
    • I'm from rice toner 30ml mini = минимум 2 месеци. Ставам секоја вечер после чистење, некогаш и наутро зависи комбинирам со серум. Навечер обавезно
    • AHC eye cream 30ml ја убив од користење обавезно наутро и навечер. И понекогаш среде ден ако извадам шминка и осетам затегната кожа. Ми трае пакувањето од средина април. Малку повеќе од пола е потрошено.
    • Revox hyaluronic acid 30ml. Го користам само наутро, месец дена некаде третина е потрошено.
    • Крема Нивеа обична ноќна 50мл не ни знам од кога е купена ама уште зимата според слики во телефон. Имам уште 1/4 сигурно.
    • Revox cheery нешто дневна крема 50мл. Оваа брзо ја трошам за неполн месец пола отиде ама не вреди (за тоа у друга тема).
    Не знам дали се важи, единствено што многуу брзо трошам се млека за тело. Бекутан обичното млеко 200мл ми оди за месец-месец и пол макс.
    Dove млекото пошо е погусто за неполн месец го трошам. Истото и со гелови за туширање.
     
    На SummerGirl и theunforgiven им се допаѓа ова.
  7. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Креми, чистачи и ексфолијанти одприлика 6 месеци, серумите за секојдневни користење нешто помалку.
     
    На SummerGirl и theunforgiven им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.995
    Пол:
    Женски
    Најчесто користам производи од марките на ДМ.
    Кремите за лице од 50мл ми траат 2-3 месеци.
    Пената и гелот за миење лице од 150мл ми траат 2 месеци.
    Спф крема од 100 мл ми трае 5-6 месеци.
    Лабелото ми трае 3-4 месеци.
     
    На SummerGirl, Selena01 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    По малку ставам не се трошат многу брзо еве неколку примери:
    Гел за туширање од 500 мл- 2 месеци
    Маска за коса - до пола година
    Шампон- до три месеци
    Крема за лице секојдневна Biobaza- 4 месеци
    Спф не ставам често само кога има јако сонце и кога е над 40 степени- цела година
    Гел за миење на Хималаја лице- 3 месеци
    Пилинг за пети- пола година
    Серум Niacinamid- 5 месеци
    Интимо гел- 5 месеци
    Паста за заби- месец ипол
    Четка за заби- на 5 месеци на Curaprox
    Маска за уста на Laneige од Sephora- ја лигавам веќе една година
     
    На theunforgiven, Selena01 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Гел за туширање 500 мл два месеци?? Јас од литро го трошам за три до четири недели…. На овие жештини по колку пати се туширате бре луѓе. :o
     
  11. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Секој ден, минимум еднаш понекогаш и два пати во денот. Е сега зависи колку ставаш и колку пени. Еднаш земав еден (не памтам марка) 200жл во две недели отидоа пошо не правеше пена за жива глава. А сега имам еден од Афродита нешто со цреши и средна пена праи. Ќе трае неколку месеци (2-3). Не ставам многу. Можеби 2/3 од мала супена лажичка.
     
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Да има некои кои стварно ствараат пења многу. Фелче мислам беа. И мирисаат многу добро.
    Јас на дезодоранс трошам многу.
    Две недели ми трае.
    Маскара 2 пати у годината земам.
    Парфеми на 2-3 месеци.
    Маска за коса 6 месеци.
    Крема секојдневна од 59мл месец до месец ипол. Зависи од кремата, некои и навечер ги ставам.
     
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    12.392
    Пол:
    Женски
    Сте се распишале и за пудри, шминка итн. Под нега јас сфатив само нега т.е самиот процес на чистење и хидратација на кожата.

    Не знам што ви бара гелот за туширање на тело и останатите производи во тема за лице?
     
  14. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно не го ни дочитав насловот. Ама секако е интересно да се дебатира и за гел за тело. Баш сум се мислела дали само мене производите ми траат долго.
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да менувам производи и сите ми траат различно особено кога се работи за чистач за лице зошто може да се во течна форма (гел) или често знам да купам од тие на Lush.

    На пр.

    Lush Let the good times roll 100gr - 2 месеца
    Dr.Hauschka Cleansing cream - 1,5 ипол до 2
    Bioderma sebium gel 250ml

    Крема за лице (30 мл, 45мл )
    Lush Vanishing cream - 4 месеци

    Балзам за вадење шминка (Lush Ultrabland) 90 gr - околу 3-4 месеци
    Мицерална вода (Bioderma) 100ml - околу 20 дена

    Спф крема за лице (сега ја користам на Bioderma со минерални филтри)
    Околу 2-3 месеци
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    5.173
    Пол:
    Женски
    Мене генерално подолго ми траат производите за нега на лице, најверојатно дека ставам помалку иако до пред да ви ги прочитам коментарите мислев дека ставам нормално. :^)

    Пример мицеларна вода за лице од 500мл сигурно користам 6+ месеци, тоник исто така. Ноќни креми за лице од 30мл некогаш знаат да ми траат и до 4-5 месеци, а последниот спф на Алтруист од 50мл ми траеше 9+ месеци, можеби затоа што е пофлуиден и лесно се размачкува. Серумите за лице со користење само еднаш дневно ми траат пола година.
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    По цела пумпица ставаш од серумот? Јас ставам пола пумпица само еднаш дневно и два месеци трае максимум три не знам
     
  18. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    5.173
    Пол:
    Женски
    Помалку од пола пумпица на прсти, го размачкувам и после мачкам на лице.
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    Производите ги користам 2 пати на ден оние што се за лице, а за тело на лето понекогаш и 3 пати на ден.
    Чистач за лице 2,5 месеци
    Крема за лице 4,5 месеци
    Крема за околу очи 4,5 месеци
    Спреј за хидратација 6 месеци може и повеќе.
    Серум за лице 3,4 месеци
    Мицерална најдолго користам околу една година ама земам поголема мислам пола л дека беше
    Гел за туширање 1 месец
    Шампон 2 месеци
    Маска за коса не знам точно ама со месеци, не ја ставам на секое миење
    Млеко за тело на лето подолго затоа што ставам минимално по телото за разлика од зима кога ставам подебели слоеви.
    Кармин за уста по цела година
    Пудра цела година
    Маскари менувам на 3,4 месеци
    Молив за уста на 3,4 месеци
    Молив за веги 3,4 месеци
    Парфем често ги менувам и не знам точно ама во текот на една година потрошам 2,3 пафема
    Стик за под пазуви 3,4 месеци
     
    На Selena01 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Зависи кој производ

    Крема од роза на Др.Хаушка 20 мл по месец и пол.

    Крем за чистење лице од бадем по месец и пол.

    Тоник на Др.Хаушка многу малце ставам два месеци.

    Шампон Алверде Фемили од 300мл три недели бидејќи летово се бањам секој ден.

    Регенераторот ми трае по два месеци.

    Гел за туширање користам на Балеа од тие по 59 денари што се 300мл по два во месецот користам,се туширам секој ден летово.

    Путер за тело на Алверде ми трае по месец дена.
     
    Последна измена: 24 август 2024
    На theunforgiven, koritsaki и Selena01 им се допаѓа ова.