Девојки колку често ги миете забите и по колку време? Јас ги мијам 2 пати во денот обавезно, понекогаш и 3. Оваа тема ја отворив затоа што до сега ги миев забите околу 2-3 минути, но последниот пат кога бев на стоматолог ми кажаа дека забите треба да се мијат по 8 минути Јас побрзо ќе повратам отколку да ги мијам толку долго забите. Вие долго ли ги миете или...? Што мислите за 8-те минути?
Јас знам дека забите треба да се мијат 3 минути и не треба да се мокри четкичката туку на сува четка да ставиш паста. А инаку јас ги мијам обавезно кога ќе станам и пред да си легнам а ми се случува и 5 пати во денот да ги измијам а некогаш 2 пати зависи што сум јадела.
Хм... Два пати дневно по 3-4 минути, насабајле штом ќе станам, и вечер после вечера, за после ручек немам услови на работа, така да тука неколку Орбита завршуваат работа :roll: И секако, јадела или не, пред да излезам од дома обавезно, кога и да е тоа во текот на денот
Овој дедо мраз ако не ми донесе пакетче оваа година,значи срам да му е!Цела година бев умна и ги миев наутро и навечер обавезно,а често и после секој оброк,а ако не лапнував по некој орбит и кљанкав ко лудача по јавни тоалети течност за плакнење на устата и зинував онаму каде што не треба за да можам да си дофатам осмица со забен конец!Цела година така,а бога ми и претходната!
два пати на ден а некогаш и трипати по 3 4 минути мислам дека е доволно и мене ке ми се згади 8 мин ...... :? :? :? :? не баш
забите ги мијам премногу.. сабајле кога ке станам и потоа после секој оброк додека сум дома и пред секое излегување..забите ми се супер на изглед, но ми се премногу чувствителни бидејки премногу ми се триени со четка.. и сега ако јадам некаде надвор или додека сум нашколо ако не ги измијам забите мн гадно се осекам :? стоматологот ми рече да прекинам со тоа мое често миење но не можам да се одвикнам значи девојки мијте ги забите ама умерено.. не претерувајте како мене..
Како тоа, ти рекле 8 минути?! hock: еве, јас сум стоматолог, нема шанси толку долго да се мијат забите, не е ни убаво... доволно е два пати дневно по 2-3 минути, иако правило е после секое јадење да се мијат... ама не сме цело време дома, ниту пак ја носиме четката за заби со нас... доволно е два пати дневно, ама не само онака протривање на предните заби, туку убаво триење (не грубо) на сите заби, еднаш дневно и конец да се користи и тоа навечер...
Се мијам заби најмалку два пати дневно по 2-3 минути. А за 8 минути мене ми е некаконеприфатливо, бидејќи мојот стоматолог препорачува миење со сува четка за заби и 2-3 минути, ништо повеќе. Замисли што ќе се случува со непцата, ако се измиеш 3 пати во денот заби по 8 минути?
Јас ги мијам минимум 2 пати по 2- 3 мин Меѓутоа стоматолозите рекле ама прашај ги нив дали ги мијат по 8 мин Без непца и без заби ќе останеш
Наутро обавезно и навечер пред спиење и преку ден повеќе пати зависи што сум јадела.Какви 8 минути бре?Зар во просек по 1 саат во купатило да минувам само за заби да мијам боже боже.2 минутки се таман
Секое утре и секоја вечер по 10 мин. и можите да погодите што ми се случи ... гингивит - воспаление на непцата кој доколку не отидев навреме ќе преминеше во парадентоза така ми кажа стоматологот , сега ги мијам наутро и навечер по 2-3 мин
Обавезно ги мијам по два пати дневно,ако сум јадела нешто што има силен мирис и после тоа обавезно ги мијам и навечер пред излегување Обично по 2-3 минути,мислам дека тоа е сосема доволно :up:
Обавезно ги мијам навечер и насабајле по 2-3мин, а доста често и во текот на денот зависи што сум јадела.
Наутро и навечер,по две -три минутки,всушност се обидувам во ум да си испеам некоја песна па толку да ми трае миењето и ми успева.Понекогаш ако почувствувам потреба се мијам и по јадење.Е сега мастиките редовно во џебче
do pred 6 meseci gi miev ko ke stanev posle sekoj obrok i pred izlegvanje vo bilo koe vreme i navecer bev na zabar zs pocna od se so jadam da me bolat i mi rekoja deka gi imam osteteno zabnite navlaki od premnogu mienje i posle 3 meseci morav samo 1 da gi mijam i to mi beshe najgroznoto nesto own: a sea 2 pati na den tolku mi e dozvoleno
Jas gi mijam zabite posle sekoe jadenje Se soglasuvam so Kristinna02 bidejci i jas ne mozam da podnesam naslagi na zabite