Со другарка кога правиме муабет за недоговорни луѓе вели „Ахх, тие поубаво си поминуваат“. Сепак не се согласувам и мислам дека оваа особина е една од полошите во животот. На крај секој плаќа за недоговорноста. Што вие мислите?
Имам напишано дека кај човекот најмногу ја ценам искреноста. Сега ќе напишам дека покрај искреноста, најценета карактеристика кај еден човек ми е и одговорноста. Секако дека е важна во животот. А за тоа дали им е подобро на одговорните или неодговорните, не сум баш сигурна дека на неодговорните им е подобро.
Според моето искусво најарно им е на тие што глумат дека се одговорни а се најнеодговорните и најсебичните особи кои си гледаат само за себе.
Факт е дека општеството поединецот го условува да биде одговорен. Од тој аспект, неодговорноста се плаќа со казни и лишување од различни слободи. Во однос на организираност и мир, го оценувам како добро, бидејќи општа контрола е потребна, но има многу други полиња што одговорноста ја гледам како робување на поединецот. Од аспект на индивидуалната одговорност што самите ние си ја имаме, да речам лично за мене, сум и сакам да сум одговорна кога станува збор за обврски и работа, бидејќи искуството ме научило дека колку побрзо го сработиш зададеното и ја постигнеш целта, толку повеќе време ти останува подоцна за славење Порано бев претерано одговорна, си поставував невозможни мисии секој ден, бев перфекционист кој сакаше hard work Сега сум поопуштена и му давам време на времето кога не можам. Cause life's short Во однос на другите области, како на пр. љубовта и соновите, таму спонтано (зборот ) полека ја напуштам идејата на резервираност и си давам комплетна слобода.
На неодговорните луѓе можеби во моментот им е полесно бидејки во некои сегменти во животот поминуваат полесно и не се замараат но на долгорочен план и тек како скапо се плаќа неодговорноста. Никад не сум можела да ги сфатам оние поединци кои живеат од денес за утре и не размислуваат за иднината. Доволно му е денес да е најаден или напиен а за утре што господ ќе даде ќе се снаоѓаме и ќе мислиме јајцето под гз коа ќе ни дојде. Што знам, не дека наредните 10 години од животот ми се испланирани до детал, но имам една генерална слика и насока кон што сакам да ми се движи живеачката. Секако ќе се повикам на добро позатата- Животот се случува додека ти ја планираш идината, но тоа не значи дека иднината ја поставувам како некоја мисловна именка и не се замарам воошто со нејзе.
Одговорноста значи среденост, да се има план, да се има цел. Неодговорноста е денгубење према мене која ете, во одредени случаеви можи и да биди казнета. Гледајќи го ова, одговорноста е важна, ете барем за мене.
Секако дека одговорноста е една од клучните особини за стабилен и во иднина добар живот. Инаку, неодговорните луѓе навистина уживаат во нивната неодговорност (со тоа што останатите водат сметка и за нивната одговорност), но тоа еден ден запира. Па така, тие се беспомошни кога останатите ќе кренат раце од нив (или ќе ги напуштат). Дете треба да се воспитува на одговорност уште од најмали нозе. Не ретко гледам примери каде родителите се по цел ден на ФБ, зафатени со своите бизниси, играње спортска, дремење по кафичи и потоа се чудат зошто децата му се такви (отсуствуваат од училиште, посегаат по цигари, во најлош случај се дрогираат и сл).
Еден мој бивши дечко викаше „Денеска ќе направиш некоја глупост и си викаш, ахх супер поминав неказнето, ама на крај се собира и се ќе платиш“.
Еххх, колку пати правиме муабет со другарките во однос на таквите личности. Баш една случка, еднаш бев дома кај еден другар и случајно, му пиша една значи незнам како да ја наречам, таа буквално одеше за пари.. И му даде предлог, а тој ја одби онака саркастично, пошто цел град знаевме каква е. Само едно памтам и тоа јас никогаш нема да го заборавам, му рече "Вие да знаете какви понуди имам јас, неможете ни да сањате за нив" ни дојде малу смешно, и ете пред некое време слушам се мажила за србин кој работи во мајкрософт, и тоа беше стварно шок за сите што ја знаевме..
ЈАс се сметам за мн одговорна личност и мн ми е чудно како можат некои луѓе да бидат толку неодговорни, не знаат да си стојат на зборот. НЕкогаш не сакам да бидам толку одговорна ама јбг колку и да сакам не можам. Тие кои се неодговорни, не се замараат за ништо, поубаво си поминуваат.
Една од најважните особини што помагаат за напредок во било кој аспект од животот е одговорноста според мене... иако и јас сум меѓу многуте што за неодговорните луѓе понекогаш си помислуваат дека „би сакале да го имаат за момент нивниот памет за да одморат малку“
Dogmata deka neodgovornite poarno pominuvaat vo zivotot neka ne Ve zamajuva. Spored mene,odgovornosta e mnogu bitna i vo privatniot i vo profesionalniot zivot.
Одговорноста е клучна за постигнување моќ, среќа и успех, бидејќи со помош на неа ја земаме судбината во свои раце и така не зависиме од другите и околината. Способноста човек да ја осеќа одговорноста е еден од клучните елементи за среќата и успехот.Човекот пати онолку колку не умее да си превземе одговорност за својот живот.Кога сме одговорни го потврдуваме она што ни е од природата дадено, слободна воља и способност да влијаеме на својот живот. Одговорноста не би требала да биде како резултат на некоја причина. Со други зборови,не би требало да бидеме одговорни само кога нешто ќе добиеме, туку да бидеме одговорни за да би нешто добили. Нашите намери, размислувања и избор одлучуваат кои догаѓања ќе ги привлечеме кон себе и нашиот живот и како ќе ги сватиме и реагираме на нив.Одговорност спрема самите себе е прифаќање на оваа длабока вистина. Со прифаќање на одговорноста за себе го отклонуваме и самосожалувањето, малодушноста, рамнодушноста, незадоволството поради неправди и слично.Тоа ни овозможува да решиме било кој проблем.Тоа ни овозможува да ги гледаме работите онакви како што се, и ни дава повеќе самопочит и надеж.
На луѓе без осет за одговорност им е полесно.[/QUOTE] zamisli kolku im e potesko pak na tie sto treba da ja snosat odgovornosta za nivnata neodgovornost :/
Зaтoa штo верoјaтнo имaaт луѓе пoзaди себе кoи јa тoлерирaaт нивнaтa неoдгoвoрнoст и превземaaт oбврски. Вo спрoтивнo ништo oд тaкви луѓе немa дa биде.
@Bridget Couldn't agree more! Неодговорноста е луксуз, кој можат да си го дозволат, затоа нам ни изгледа супер комотно ваквиот нивен начин на живот
Јас сум за тоа да се биде што поодговорен, иако многу работи во животот не може да се предвидат. Еве случај за брачен пар каде се земале затоа што направиле дете и сега жената му префрла на мажот за многу работи. Каде е тука одговорноста на жената која направила дете со човек кој не и одговара. На крај друг трпи и плаќа.
Јас сум за тоа да се биде што поодговорен, иако многу работи во животот не може да се предвидат. Еве случај за брачен пар каде се земале затоа што направиле дете и сега жената му префрла на мажот за многу работи. Каде е тука одговорноста на жената која направила дете со човек кој не и одговара. На крај друг трпи и плаќа.