Форумџика на годината

Колку е важно гостопримството во туризмот?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Tanjamm, 28 август 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Каде и да одам, битно ми е да наидам на гостопримливи луѓе, а мислам дека и овде во земјава треба да се покажеме како љубезни, гостопримливи за да имаме повеќе посети. Се фатив себеси како размислувам за една земја каде посетив 5-6 градови, и има уште убавини да се видат, ама народот ништо посебно љубезен, услугата во угостителските објекти ништо посебно, и така што може да одам, а може и не во иднина. Значи тоа што земјава е убава, ама народот не е доволно лубезен прави мене да ми биде сеедно. И знам Срби кои неколку години по ред летуваат во Охрид, знам Шпанка која се радува што ќе дојде во Македонија, и Французинка која споделува исти емоции, и мислам дека баш тоа е така затоа што стекнаа пријатели овде и што народот е топол. Ваше мислење?
     
    На Cosmic Girl и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    За масовен туризам доволно е да има атракции, но според мене тоа е површен пристап. Гостопримството е она што остава трајно добар впечаток, желба повторно да се дојде. Но најсилно се доживува во помала група или преку самостојно патување. Со години имам контакт со многубројни странци од целиот свет, завчера од Јужна Кореја и Финска.

    Постојано нагласуваат колку луѓето во Македонија биле срдечни, насмеани, гостопримливи. Корејците рекоа дека прв пат биле пред десет години и толку им се допаднало во Охрид, Битола и Скопје што решиле повторно да дојдат и дека не можат да си замислат некој од Македонија да им се развика :?:
    Тие тука се одмарале вистински, немало никаков стрес...

    Им објаснив дека делумно тоа е поради фактот што тие тука немаат никакви обврски, наместо тоа дошле да шетаат и најчесто поради тоа интеракцијата со луѓето ќе биде од поинаков тип отколку кога постојано би живееле и работеле во Македонија. Сепак, во глобала гледано мислам дека македонците се мошне гостопримлив народ. Но ме изненади кога повеќе странци искоментираа за хрватското приморје дека биле нељубезни а цените скапи. Луѓето таму можеби отрпнале токму поради масовниот туризам.

    :!: Додуша имаше и повеќе поплаки од машките /возраст 18-28/ дека младите и убави македонки биле доста затворени, дека било невозможно да си фати женска тука ако не биле дел од кругот пријатели на убавицата и дека кругот пријатели додатно требал да даде комисиско мислење-одобрение за новиот потенцијален дечко-странец. :swear:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Нема да наведам град, но мене ми се случи во странска земја која директно зависи од туризам, во рок од неколку дена, да наидам на сосема ладни луѓе во продавници, кафулиња, на автобуска. Уште прв ден кај еден верски објект, ми пријде човек кој сакаше да ми извече пари на емоции, демек за болно дете барам, а се гледаше дека е лага. Човекот ми се утрапи сам да ме фотографира, и ооппп си бара пари за наводно болно дете. Во истиот град, млади момчиња ми саскаа со уста дури поминувам по улица, небаре сум на Бит пазар. Во кафуле 15 минути чекав келнер, никој не дојде, станав, си отидов во друг кафич. Така да, тие финеси одлучуваат. На автобуска жената ми вели „абе седи си ти, ама куферот да не стои до тебе, нека седи во гардероба“. Зошто да не ми стои до нозе, туку зад шалтер кај неа? За да земе некое евро плус. Љубезноста апсолутно влијае, барем за мене, остава убав впечаток.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Кеиф ми се прави кога одам кај некого кој е гостопримлив и љубезен. Епа да, на мене ми е важно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски

    Општо Хрватите се ладен, себичен чуден народ. Пуни себе дека се од Хрватска како не знам Хрватска која јака држава е. На работа имам директна соработка со луѓе од сосетните држави па ги знам кој како функционира.
     
    На daylight и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Mожам 1.000 пати да одам во Крушево и Берово и да не ми здосади, затоа што таму луѓето ми се љубезни, топли. Србите ми се срдечни луѓе. Србинот може утре ќе нема леб да јаде, ама има срце планина. Дури бев на гости во Србија, ме покани една пријателка на пијачка, да почести за роденден, и таму се собра цело друштво, па една тура, па друга тура, и не ми дадоа да платам. Другарката невработена со години, другиве кој каде се снашол, тоест не се ни снашол, со мизерни плати, во тешки услови, но инсистираа да не плаќам затоа што сум гостинка. Последен пат кога мајка ми беше таму, од сите кои ме знаат добив по некој подарок. Буквално едно чоколадо, една кутија колачки, едни хулахопки. Може смешно ќе ви делува, ама ете ме разнежнија, колку и да е мало и небитно едно чоколадо, битно се сетиле на мене, прашале. И за туристи, секогаш ќе ти помогнат ако треба некаде да те упатат.
     
    На Cosmic Girl и Dust им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Многу.
    Ако некој ти се понаша како идиот, за твои пари, нареден пат нема да го ангажираш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Земји кои имаат убавини, архитектура и култура да понудат секогаш туристи ќе им доаѓаат. Без разлика биле културни или не.

    Ние имаме две три туристички атракции и тие гледаме на секој можен начин да ги уништиме. Важно се смееме. Еве кај што сум јас. Чешка. Ниту се љубазни а ниту се смејат, па врие од туристи на секој агол. Зошто? Архитектура, зеленила, паркови, култура, многу мала бирократија, платиш добиваш. Кога дојдов бев фрапиран колку руралните краеви се средени. Од подкастрена трева до фасади, висина на куќи, пешачки зони, паркови. Алоо ние по селата немаме асфалт и фекална канализација а тие имаат семафори и сигнализација. Мене ми е важно секаде да ми е чисто и џебот полн а дали некој ми се смеел или не гајле ми е.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Мене ми се Хрватите поокеј, а најмногу ми се допаѓа менталитетот на Словенците, луѓе кои најмногу ценат приватен простор од цела екс-ју и најслични се со западноевропејци ако некој воопшто е од тие простори.
    Србите и Македонците на пример знаат да бидат досадни како пијавици, ептен се муабетџии.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Србите и Хрватите се многу сличен народ по менталитет. На трендинг на хрватскиот јутјуб највеќе српска музика се слуша а гледам и турски серии пуштаат наголемо. Нешто се фураат дека немаат турцизми во јазикот али по менталитет и култура многу се слични.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Хрватска е како некое лимбо, простор меѓу различните култури. Некои Хрвати имаат типичен балкански менталитет, кај други е понагласено медитеранското, трети се трудат да бидат дел од германскиот свет.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Хрватска е во најголем дел Балкан.
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Добро. Јас имам забележано некои разлики помеѓу нив и Срби, и самиот влез во ЕУ прошири нечии видици, си го направи своето кај поединци. Сакаш да се расправаш сега?
     
  14. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Не се расправам. Само кажувам. Највеќе сакаат да одат во Белград на туризам. Не во Љубљана.
     
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Да Словените се друго ,,ниво,, Но србите се мн по фер, србин или те сака или не те сака. Нема дволичност, а кај хрватите и те како има. Барем според мое искуство.
     
    На Puellapulchra и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Со Србинот знаеш на што си. За споредба Црногорците ми се ептен нестабилен народ и од моето искуство, да го немаа морето, бетер од Македонија ќе беа. Нељубезни, мрзливи, а фалбаџии абе глава ќе ти пукнат.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Така е. Србите се пољубезни, но мене заради морето повеќе ми се допаѓа Хрватска. Но нема збор, Србите секогаш биле љубезни, додека Хрватите се така малце ладни.
     
    На Tanjamm и Lotus Girl им се допаѓа ова.
  18. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Не за џабе викаат црногорците се мрзливи. Но, никој човек не е совршен. Ми се допаѓа Црна Гора како земја и би одела повторно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Тие самите кажуваат и признаваат дека се мрзливи, и тоа нив не ги навредува колку што сфатив.
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.188
    Пол:
    Машки
    Кои се најлошите работи што сте ги слушнале за Македонците? Мислам од странци.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.