Колку е доволно буџет месечно за да се социјализирате?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Billy Idol, 6 октомври 2024.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Машки
    Животот во Македонија станува се поскап, платите не можат да ја следат доволно инфлацијата. Животот станува се потежок и после Ковид периодот, луѓето кратат на финансии, а најчесто се крати на дружбата, која ја нема како порано.

    Па така, освен храната во маркетите, цените во кафичи/кафани растат секој ден.

    Од друга страна, сеуште владее некој тренд на социјализација баш на овие места, или како што кај нас се нарекова "кафе шема", а обично за викенд се оди во кафана/ресторан/етно село.

    Има пораст на дружба во природа, парк, планинарење или викенд седенка некаде каде буџетот е помал.

    Од друга страна "иди ми, дојди ми" дома останува застарен метод кој се поретко се практикува од новите генерации. Иако има фамилии кои практикуваат да си доаѓаат дома. Поретко тоа е изразено со комшиите, кое беше многу популарно меѓу ју генерациите.

    Во социјализирање спаѓаат и културни настани како: театар, кино, балет, опера, концерти и други културни настани.
    И за крај секако тука се дискотеките и клубовите.

    Дали и колку се социјализирате месечно и колку буџет е доволно за социјализација во 2024?

    Дали е тоа намалено или зголемено после Ковид, посебно откога почна кризата и инфлацијата?
     
    На GirlLove, bookslover, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    3.282
    Уште функционирам со "иди ми, дојди ми" застарениот метод. Се купува пиво, грицка, некогаш порачуваме пица и се седи до 1/2 после полноќ. Лето понекогаш седиме во парк со пивце, а од барови посетувам само еден паб ради опуштената атмосфера, не сакам напувани места. Трошам по 300/400 ден. сигурно, 2-3 кригли. Во пабов одам 2-3 пати во месец, значи ретко.

    Во дискотека немам отидено од пред ковид криза, не ми фали, последно помнам бев на латино, за латиното да се претвори во микс од Саша Ковачевич.

    Концерти многу слабо, последните кои ги посетив беа Анастејжа и Deep Purple vо Борис, значи 2 во 5 години.

    Сакам да седнам понекогаш во некоја биртија и да се усмрдам на похован кромид, да се препушам додека во позадина одат рефрени на Стоја, ама скупичко е. На времето делиш сметка по 500 ден. од особа, сега дупло.

    Ова е накратко мојата социјализација.
     
    Последна измена: 6 октомври 2024
    На dunika, bookslover, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Ова е интересна тема дефинитивно. И како некој шо не знај да штеди нешто особено, да научам нешто. :D Мене многу ми зависи каде излегвам. Ако сум Скопје генерално трошам поќе шо оти сум сакала ептен да пробам нешто или ептен да пробам нешто пред да заборам/затвори некако ме притиска. И пошто најчесто викенд би била таму и често не сум внатре туку сум излезена и баш се социјализирам - и јадам надвор шо нормално зема поголем дел од буџетот. Ама некако то сепак ми е нешто шо ми е предвидено да е така. Битола од друга страна ми е „дома“ и помалку трошам за јадење надвор, а и некако местата на кои одам кога пиев ко стока најмногу ме фаќало 1000ка со делење сметка од вечер. Шо некако ми е океј цена ко ќе се земи во предвид шо се има на маса во поглед квантитет. Сакам да кажам, пијте во мали локални кафани за да заштедите. :lol: Последен месец не пијам ич, и сега делбата ми иди нешто под 500ки од вечер шо е драстично помалку. Генерално си тргам буџет шо ми е „безбеден“ откако ќе тргнам пари шо ги оставам дома за храна, сметки, други потреби. И тие пари се за социјализирање и кино (одам и сама, не ми е кино за социјализација), па после то и за заштеда.

    Е сега ова до сега беше баш за излегвање на некои места каде ако одиш - трошиш. Јас лично летно време сакам природа и паркови. Ако можам да се качам Пелистер за да прам пикник, или в парк да играм карти и други board games уз бира - ем е свежо, убо, интересно и ефтино. Особено летно време имаме шанса да заштедиме на тој начин и барем јас таква можност генерално не пропуштам. На зима се бериме во една гаража на другар. Накратко, ако не си седнат в кафана или ресторан или кафич - штедиш.

    Не се доискажав уште за кафичи и ноќни клубови. Во вторите не одам и мислам дека многу заштедвам пошто два пати со сила ме однеле и таму е убедливо најскапо. Во кафич генерално врвам со 60 денари пошто јас сум espresso girlie. Сум пиела додуша и поскапо еспресо и душата ме болела. Ама сум пиела поефтино ама не се враќа то време некако.
    [​IMG]
     
    На Billy Idol, Realist1 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  4. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Машки
    Како дојде времето некако стварно после ковидот обични денови можам да кажам некако дека се нормализира шетањето и дружењето во паркови и на отворено на јавни места. Не дека пред тоа немаше ама мислам дека сега е некако позастапено од пред тоа. Е сеа дали е основната причина финансиска стварно незнам ама мое мислење е дека и веќе стварно се претерува со цените кога станува збор за дружење на кафе па можда и затоа младиве повеќе си се дружат така по паркови.
    У глобала во главниот град е многу потешка ситуацијата па еве да излезеш да се прошеташ по некој мол и да сакаш да јадеш реално немаш опција под 300 денари и рачунај незнам и колку ќе те најаде тоа едно кафе 200 денари мислам дека ствано е претерано кај нас во провинција некако уште сме полабави се осеќа ова ама макијатце за 60 денари си имаме уште :D за разлика од тоа кај нас многу поскап стана ноќниот живот и дискотеките тука најмногу се осеќа и гледам дека многу ретко се случува некоја дискотека да е скрос полна или да неможеш да влезеш. Цените на пијачките и тука веќе се ко у Скопје па еве и последно време гледам скоро секогаш се плаќа и влез во дискотеката.
    Од аспект на културни настани можам да кажам дека еве на театар не сум бил којзнае од кога и не е проблемот дека јас неќам да одам проблемот е шо самите организации намалија со понудите, реално незнам ни дали ќе имам пари за да си го дозволам театарот повеќе од еднаш месечно.
    Друго гледање филм , човече хаха значи какви цени има одење во филмотека со другар или другарка рачунај 1000 че не бега и тоа по човек.

    Мислам дека го осеќаме се повеќе тоа да дека ни е намалена можноста за да присуствуваме на вакви социјални дружења ако земеш дека на пример некој зема 30 000 денари плата а на излевање за викенд во ресторан и дискотека заедно со такси превоз троши околу 3000 денари да речеме тоа доаѓа околу 10 посто од плата значи ако излегува 3 пати месечно 30 посто од платата ќе му оди само за тоа, ова е и главната причина за намаленоста на ваквите социјализации.
    Еве една груба пресметка на месечно ниво
    излегување ресторан дискотека четри пати месечно 12000
    излегување двапати неделно на кафе четири недели 200 денари од кафе 1600
    Одење во театар еднаш месечно 500 денари
    одење на филм еднаш месечно 1000 денари
    Одење на концерт еднаш месечно карта 1000че да речеме и за пиење уште 1000че - 2000

    Реално гледано македонскиот народ нема доволно финансиски средства за да си дозволи да културно се социјализира и се повеќе го избегава и наоѓа друг начин на социјализација со кој ќе биде финансиски полабав.
     
    На GirlLove, SummerGirl, Mrs. right и 4 други им се допаѓа ова.
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.854
    Допаѓања:
    32.396
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум делела од приход специјално за нешто. Нормално само за сметки и кредит и другото трошам во граници на нормала додека има :D Што ми текне во моментот тоа зимам.Или ако ми се оди некаде во моментот, одам и не размислувам колку ќе потрошам. Може да е многу, а може и малку. Ноќен живот некако многу слабо, дури накај ич во последно време. Што од немање време, а и немам некако желба многу. Последно бев на Таламаска пред неколку години, така да тоа не го ни рачунам. Еднаш во 5 години. На журки по кафичи многу ретко, ептен ако се погоди некој пејач што го слушам или некоја група и тогаш може да потрошам од 50 до 100 евра, зависи до атмосфера :rofl: Ама тоа е ретко, така да не го рачунам у трошок редовен. Повеќе преферирам така во некој ресторан, вечера. Е тогаш зависи од 1000 докај 2000 се троши. Ама и тоа еднаш во неделата. Поубаво ми е кога дома си седнеме, си порачаме некоја пица и некое винце :D
    Битно парите одамна немаат вредност, се е толку поскапено што мислам и дека тоа многу влијае на социјалниот живот кај нас.
     
    На Snowflake97 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.404
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Зависи од трошоците во месецот и расположението. Некогаш социјализирање ми е кавги со колеги, некогаш заседнување во кафана/кафич, некогаш по гости или со гости. Никогаш не сум се расфрлала со пари, малку стегната типка сум... Месецот можам да го поминам и со 3000 денари плус сметки или цела плата да ја потрошам.
     
    На GirlLove и Billy Idol им се допаѓа ова.
  7. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    1.218
    Пол:
    Женски
    За едно 3 члено семејство премногу.
    Најмногу трошам за јадење. Ќе испазарувам се,и после две недели нема ништо.

    8000 денари давам за јадење.
    3000 денари сметки за струја вода.
    4.000 денари сметки за интернет кабловска,рата за телефон.
    За алишта да не зборам..
    Излегување чат пат ама и рестораните се скапи.
    Во глобала само преживуваме од ден за ден,месец за месец. Не остануваат пари за настрана. Не можеш да живееш во комиција,туку сите пари до денар ти се израчунати. Тоа е,тешко.
     
    На Gosh, Antebellum, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.778
    Допаѓања:
    12.307
    Намалив социјализација, односно одење по угостителски објекти. Забележав дека откако скокнаа цените, најдобрата пријателка почна дома да ме вика на кафе, веројатно не сака да троши пари по кафулиња. Ако ми се јаде некое колаче, баклава, ми се јаде хамбургер, сама седнувам додека сум излезена, ама тоа пак месечно еве нека се до 1.000 денари(еден хамбургер е 150 денари, од колачите има до 100 денари во поевтините слаткарници). Ич не ми е битна социјализацијата од друга страна, тотално ми е тоа непродуктивно потрошено време да дремам по кафичи. Не сфаќам кога ќе видам семејни луѓе, задолжени во кредити, по ресторани, кафулиња, за мене е тоа непотребно фрлање пари. Не само што не ми фали седење по кафичи, ми фали сосема спротивното, да можам да се преквалификувам, да поминам некоја обука кога би имало шанса за нешто паметно и корисно, би работела нешто плус, би учела нови работи, итн. И мразам одење по кафани. Не знам што народот толку ужива во тоа. Јас не пушам, не пијам, ниту пак сум нешто многу по јадењето.
     
    На Wojak, TamaraSJ, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    11.662
    Пол:
    Женски
    Сметам дека се социјализирам** доволно. До сега не сум се скратила од дружења, а и посета на културни настани. Обожавам претстави и кино. Имам разбирање за промена на план, свесна сум и прифаќам и пешачења ако не е во можност другата страна.

    Имав и една омилена маалска кафана, само што им прекинав со одење. Многу ме нервираат зашто се научија на редовни муштерии да куцат шифри ,,по грешка“. И колку и да е добра, моја нога не стапнува таму. Принципи.

    Реално, денес е каде-каде поскапо. Мислам дека ретко кој може да се опушти. И самата знам некогаш да се скратам свесно (и имам нешто што сакам да си го изреализирам), но социјализацијата не ми трпи. Ако човек ептен сака да се социјализира има начини. Пример, настани каде не се плаќа влез.
     
    Последна измена: 6 октомври 2024
    На GirlLove, st-el, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    11.798
    Пол:
    Женски
    Скапо е, прескапо.. Во ресторан седнуваме само за прослави, пример роденден или нешто така.. Во кино одам еднаш во неколку месеци, си гледам филмови дома најчесто, на концерт одам еднаш во 6 месеци, во театар не одам.. Во дискотеки не одам, во кафичи исто не одам.. Се рекреирам на кеј, парк, или на Водно, евентуално шетање по околните држави барем еднаш месечно.. Мислам дека да да имаш нормален социјален живот, барем во Скопје, најмалку 4000 денари мораш да одвоиш секој месец..
     
    На GirlLove, Gentlewoman!, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    11.661
    Пол:
    Машки
    Прескапо, особено во Скопје.

    Еве викендов бев излезен петок и сабота навечер, потрошив над 50€ и тоа зборувам без такси и без продолжување во дискотека/клуб каде се плаќа влезница.

    Пост-ковид, цените на храна во кафани и ресторани, но пред се на пијалоци во кафичи летнаа до небо. Исто така и за влезници во ноќни клубови, каде во петок и сабота вашиот џеб ќе биде олеснет за 300-400 денари. За цени на пијалоци и да не зборувам бидејќи се повисоки речиси од било каде. Можи да се речи дека и од овие причини многу го намалив одењето на овие места.

    Кино во последно доста ретко, иако сум голем љубител. Не е заради цените, меѓутоа влезниците се по 5€, едино во вторник е поевтино.

    Концерти и др културно-уметнички настани, бидејќи не посетувам толку често, ги сметам за екстра трошок кој исто така бележи енормен тренд на растење и веќе станува луксуз.

    Впрочем, во последно сѐ некако станува луксуз, бидејќи земено колку се троши за храна и сметки, не знаеш од каде да почниш, односно не знаеш шо попрво да купиш, а “реално” ти треба.
     
    Последна измена: 7 октомври 2024
    На Billy Idol и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  12. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Сеуште функционирам на принцип иди ми дојди ми, имам многу другарки и пријатели на мене и сопругот што ни се блиски, па на тој начин ни е по убаво да се видиш со луѓето. А кога не можеме, одиме во локален кафич, или евентуално парк - кафани, пре ретко (кога одиш е минимум 1000 по човек). Трошковите се сведуваат на кредит, сметки и храна и се трудиме многу да штедиме. Во суштина сме скромни и добро го сфативме делот со буџетирање. Не сме си скратиле ништо, патуваме, шетаме, со секогаш однапред испланирани трошкови - ништо избрзано. :hai:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Само во Македонија културно уметнички настан од 600 денари се смета за екстра трошок, а во исто време прифатливо е кафана од 1500 денари или кафе + сок 400.
     
    На m346, GirlLove, Hygge-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.745
    Пол:
    Женски
    Моите социјализирања обично се викенд прошетки и излегување на кафе. Вечерни излегувања во ресторани, кафани и ноќни клубови еееептен ретко. Кога се шета некаде секако не сум под 1000ка, најевтино си поминувам на кафе во мое село бидејќи цените си се 50/60 за макијато/Нескафе (па и во градовите во близина не е над 100), но и да излезиш во викенд навечер пијачките ко џин тоник се 100ка. Дефинитивно е поскапено сѐ од порано, за Скопје особено не можам да замислам да заработуваш под 40 илјади и да излегуваш често без да се секираш дали ќе имаш доволно.

    Сакам да одам и на кино и концерти, на кино одам отприлика неколку пати годишно, тука во Битола е поевтино, а на концерт еднаш годишно во просек.

    Иди ми дојди ми не сум правела одамна, иако тоа го сметам како опција каде можиш да заштедиш, бидејќи ќе земиш храна и пијачка па дури и да зготвиш нешто и поевтино ќе си помините отколку да излезите и испиете неколку пијачки само.

    Јас имам други трошоци плус како кирија, сметки, јадење на кое ми одат барем 10.000 месечно ко ништо, но исто така и заштеда голема си имам настрана, па планирам во свое место да си вложам.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    5.084
    Пол:
    Женски
    Не живеам во Македонија и овде каде што сум културата се негува премногу, а со тоа се стабилизирани и цените за да секој може да си дозволи. Кино, театар, изложба се нормална работа со многу ок цена, поготово за студенти. Многу често одам на културни настани на коишто трошам два пати помалку пари отколку на вечерно излегување на пример. Е сега, цените во барови/клубови скокнаа секаде ама не сум тип што може нон стоп да седи дома, сакам да се средам и да излезам, да запознавам нови луѓе… Затоа излегуваме со друштво секој викенд, само се трудам да не се расфрлам премногу.

    Проценката ми е дека месечно трошам 150-200 евра на социјализација, што за овдешниот стандард би рекла дека е нормала. Млад вработен човек без деца може да си дозволи.

    За жал ситуацијата во Македонија е многу полоша. Правам сега паралела и сфаќам дека цените се скоро исти, а платите тројно помали…
     
    На GirlLove и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Машки
    Баш ова го приметив во споредба со странство, бидејќи доста патував во последно време дека цените во Скопје почнуваат полека, но сигурно да се изедначуваат со тие, бар во централна Европа.

    Секако по пабови и кафани е сеуште поевтино кај нас, но доколку се земат малку по луксузни ресторани со оние во Европа, и нема некоја голема разлика, посебно ако се гледа на цена за добиеното.

    Тука најефтино нешто каде може да се излезе за океј цена се етно куќите/рестораните кои се наоѓаат во други, помали градови околу Скопје и во остатокот од Македонија.

    Културните настани исто така се поскапени, и за нашите приходи не се толку евтини. Во театар не сум бил, но цените концертите значително пораснаа. Еден филм во Синеплекс не е под 1000-ка исто така. Па затоа и не сум бил одамна, одиме во други.

    Како и да го вртиме, ако во сметката се стави и горивото, јас месечно исто така не сум под 150 евра, а ниту искачам често, ниту одам по луксузни места да трошам многу.
    Кафе шема не терам, оти и не го пијам.

    Најголеми трошоци ми се кога излегувам со друштво, но и тоа е некако лимитирано поради цените. Претходно ако се порачувало по 5 пива, сега се стегаш со 2. Наместо две поховани даски, земаш една итн. итн.
    На крај никогаш не сум под 1500 денари, и затоа ги намалив, еднаш месечно. А за по обични излагања гледам да не сум над 1000 ден.
     
    На Mrs. right, Amellie13, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Ова апсолутно. Скопје е значително поскапо. Знам дека за Барби лани им велев на другарките да дојдат тие, ем патот, ем тука пиење и мезе плус киното ќе дојди поефтино него Скопје. Јас се фиксирав малку на киното :D ама редовна сум во Бт кино и дефинитивно е неспоредливо во цена со Ск. Едино би рекла како резултат ваљда на цените ама и на бараноста, некои филмови ги нема кај нас (некои кои се помалку познати шо пример Скопје ги има). Ама поќето шо се попопуларни ги има и премиерата е ден пред САД. Сакам да кажам, навремено.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Темава има проблем со дефиниции.

    Социјализацијата како социјализација е бесплатна.
    Ние и онака немаме култура на запознавање на нови луѓе на рандом места, туку "излегување" со поблиски.

    Така да, темава попрво звучи на "колку пари треба да одвојам месечно за искачање со другарот?".

    И зашо го сметате одењето во Синеплекс за културно уметнички настан?

    Филм во Кинотека е 200 денари.
    Опера е 600.
    Театар е 600-1000.

    Коктел е 350-400.
    За пола коктел одиш во кинотека. За два коктели одиш на опера.

    Не се цените проблем.
    Туку "приоритетите" хаха.
     
    На Gosh, GirlLove, Hygge-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Машки
    Да, дефинитивно Скопје не може да се спореди со останатиот дел од Македонија. Што вика @Amellie13 , таму кафето е уште 50/60 ден, а во Скопје е и повеќе од дупло.

    Она што исто може да се примети е дека во Скопје услугата е далеку полоша од помалите градови, бар централното подрачје на Скопје, и оние извиканите места.
    Во периферијата и другите градови, не само што е поевтино, туку се добива и подобра услуга и храна. Од друга страна тоа се компензира со горивото. Плус е шетањето. :)

    Не можеш да споредиш цена на коктел/пијачка со цена на влезница во театар. Тоа не го исклучува едното од другото. И во театар да отидиш, најчесто ќе завршиш на пијачка или храна после/пред. Ретко кога само ќе одиш, и ќе си дојдиш дома.

    Но, кога ќе споредиш дека една театарска претстава е 1.5% од просечна плата во Македонија, итекако е многу, затоа што не е само претставата во прашање, туку со тоа додатно иде храна + пијачка.
     
    На m346, Waverly Raven, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Еспресото, ретки се места каде еспресо е поефтино од ова. А то е нели поефтино од макијато и така натаму со кафињата. Едино не знам дали уште работи местенцето на автобуска. ПРЕефтино е кафето + смеј да се игра (карти мислам има таму ама можиш и игри да си носиш, ем имаш кров над гла и на зима е топло ем е ефтино), ко еднаш 30 платив или 40 за турско. Сакам да прославам ефтини места да одат луѓе. Исто актерското бифе, еднаш пиевме ко стоки таму. Ни по 500 не ни дојде сметката и сите гличнавме. На толку пиење на други места барем 1000ка од чоек ни идело. И малечки кафани. Не можам да опишам колку се ефтини.

    А имаше на време по ... "уфилмани" ако можам така да се изразам, места. Ама голем дел затворија (имаме сериозен проблем со бизниси шо траат само едно лето/неколку месеци), и као само едно мислам има така на Широк Сокак шо е бубрег и пол за кафе и секогаш е полно. Јас поќе од 60 за еспресо давам само ако е некое екстра (пример оние во литература колумбиско, ти реков ми рече :D ).
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.