Колку од нас не има во странство?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од beautiful1, 2 мај 2011.

  1. mk.girl

    mk.girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Живеам во Италија веќе 10 години убаво ми е но сепак како Македонија нема никаде на свет:)ептен голема носталгија. Можеби во иднина и би се вратила да живеам...
     
  2. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    Во Шведска живеам, новодојдена сум може 7 месеци..ама тешко се снаоѓам
    но секој почеток е тежок нели?
    после се надевам подобро ќе биде, немам друштво, немам јазик научено сеуште по малку...многу сум сменета од секој ден искачање, сеа само дома.. ама тоа е. Мразам што луѓево тука не се социјализирани како во мкд, на пример тинејџерите највеќе нема парадизо џуниор и слично.. и мразам што е ладно!! сеа за сеа ептен ми е глупо ми фалат пријателите и се тоа, понатака ќе кажам како е коа ќе се вклопам. :| :|
     
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Значи бјутифул, живееш во најелитната населба каде што живеат богаташите во Лондон?
    Што убавоо :)
    Инаку и јас уживав читајќи ве :)
     
  4. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Живеам во странство скоро 6 месеци и нема никаква допирна точка со Македонија, законите се почитуваат, образованието е понапредно, работа има за секој што сака да работи - секако дека имаат некои услови ама далеку полесно е да најдеш работа отколку во Македонија. Менталитетот на луѓето ми остави најголем впечаток за овој краток период и сфаќам колку сме заостанати ние Македонците. Секој си ја гледа својата работа, буквално не се замараат за другите луѓе, никогаш нема да слушнеш, еј види ја оваа како се облекла, или некој нешто направил, па оговарања, трачеви. Ме фасцинира тоа колку се обични луѓево, а сепак многу посовремени од нас, затоа што имаат повисоки цели од скапа облека, елитни ресторани, па со кој ќе бидат видени, каде... Многу поинаку гледаат на животот и сега гледам колку сум грешела за некои работи.
    Првите 2 месеци откако дојдов бев многу носталгична. Како поминува времето се повеќе се уверувам дека нема за што да жалам. Со другарки, другари, роднини, останав во контакт со повеќето. Со некои пак 2 збора немам разменето за цело ова време. Оние што вределе - останале и секогаш ќе ги ценам и почитувам.
    За разлика од Македонија, овде е совршено. Секој почеток е тежок нормално, почнуваш од нула, ама вреди да се измачи човек кога ќе се земат во предвид предностите кои ги нуди оваа земја. Македонија ја сакам и секогаш ќе ми биде дома, би сакала да можев да ги имам овие можности таму, ама ете овде ми била среќата. Почна се да си доаѓа на место, си го средувам животот и планирам да останам да живеам тука. Топли поздрави од Шведска ! :*:*:*
     
    На crazylady, Elen4e_sonce, toogood и 3 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Се е супер надвор.Знам и јас имам живеено и сама и со маж ми во западна Европа,но никој не кажува дека и таму е истиот принцип КОГА СИ ГРАЃАНИН ОД ВТОР РЕД,ТОГАШ СИ САМО ГРАЃАНИН ОД ВТОР РЕД и сите при вработување те гледаат попреку. Еднствено што чини таму е системот на вредности,правната заштита и редот.
    Овие работи кај нас ги нена.
     
    На babyblond, DraTilHelvete и sweety90 им се допаѓа ова.
  6. anna.tesoro

    anna.tesoro Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    За тоа како ќе те гледаат зависи од луѓето кои те опкружуваат, сепак има различни карактери нели и тоа е секаде така. А за вработувањето пак имам сосем спротивно мислење, никој нема да те гледа попреку ако ги исполнуваш условите за одредено работно место, за разлика од Македонија што се пикаат секаде роднини, пријатели.
     
    На Elen4e_sonce, fighter и toogood им се допаѓа ова.
  7. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    2.839
    Во Москва живеам веке 4 години.добро е.голем град.има што да се види.само руската зима ме убива.
    на почетокот се каев што дојдов.носталгијата ме убиваше.одев дома еднаш во годината.зимата подобро да не посакаш да си одиш дома.да не заглавиш на некој аеродром,се навикав сега.се вклопив со текот на овие години.
     
    На rose60, Elen4e_sonce, anna.tesoro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    7.719
    Пол:
    Женски
    Многу убава тема,баш интересна за читање.Порано многу сакав да живеам некаде на друго место,не ја сакав Македонија,додуша ниту сега не ја многу сакам,но,искрено не би се преселила на друго место само поради една причина,а таа е тоа што ја нема таа блискост и топлина меѓу луѓето а,и преголема промена би било да излезеш од оваа мала Македонија и да одиш на друго место.

    Сум требала јас да живеам во Словенија,но,сестра ми се роди и на крај одлучивме да останеме тука.

    И ако некој ме праша сега би одговорила дека не би сакала да се преселам во друга држава,ете ептен би се преселила во Австралија,бидејќи тој континент ми е животна желба,ама во Германија,Англија и сл. не би...

    Но,во секој случај сакам да ги посетам погоре наведените места.:D
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Aко некој знае што значи ников мој pm me
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Ubava tema.
    Jas ziveam ponasever vo Canada. Ladno e, da, no ne mi smeta. Se naviknav, veke 15 god, od prilika sum tuka.
    Si ja zasakav zemjava kako da sum se rodila tuka.
    Pocetocite se sekogas teski.Vo zemjava ima red i disciplina i site go pocituvaat. Moznost za obrazovanie na sekogo mu e dadena, zavisi od nas sto sakame. Jas dojdov bez znaenje na jazik i bese prilicno tesko. Pocnav da rabotam raboti od dosta nizok level, a potoa kako vremeto pominuvase, se usovrsuvav,neodamna zavrsiv fakultet:).
    Lugeto se komunikativni no do izvesna granica. Obicno se zbori za opsti temi i nikoj ne mudruva.Nikoj ne go interesira koj sto pravi. Jas mojte komsii (vo ovaa kuka sum poveke od 12god. ), nemam poima kako se vikaat , gi znam po izgled.Mene toa mi odgovara.
    Prodavnicite rabotat sekoj den do 9pm, se razbira vo Sabota i Nedela isto. Benziskite rabotat 24 casa.Mozes da pazaris koga sakas.
    Moda na rabota, po ulici nema. Lugeto se oblekuvaat za da bidat obleceni, najverovatno sto sekoj brend e dostapen na sekoj pa ne pravi i nekoj keif.
    Zimite se dolgi, okolu 8 meseci. Znae da zaladi, -30 pa i poveke. Koga ke se vrati na -10, nikoj jakna ne nosi.Site vo zima skiaat, toa e nesto sto ako ne go pravis, cuden si. Prirodata e neverovatna, ovozmozuva da se zanimavas so sekakvi sportovi.
    Karakteristicno e sto kolite vo severna Canada se uklucuvaat vo struja.Seko parking ima stal so struja. Ja uklucuvas kolata za da blokot bide postojano zatoplen i nema potreba da ja zapalis i da cekas da se zagree za da trgnes.
    Moram da napomenam deka javnite ustanovi imaat vrata i nekolku prozori. Interesno.Se slucuva po nekolku dena da ne vidam bel den. Koga odam na rabota vo 6:30am e temnica, koga se vrakam vo 5:00pm e isto temnica:worried:. Toa e obicno vo Dekemvri. Nekade okolu Mart, nokite se toku svetli, moze ceis da vezes:D. Letoto trae okolu mesec i pola, a koga ne e zima i leto, vrne dozd.
    Mozebi zvuci surovo, no jas si uzivam, ne mi preci.
    Site imaat moznosti da odat na odmor. Najcesto odat na Karibi i vo Amerika.
    Restoranite se sekogas prepuni iako se poskapi.
     
    Последна измена: 27 декември 2014
    На crazylady, H.VAGA, rose60 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.589
    Пол:
    Женски
    Леле блазе си ви на тие што живеете надвор од Македонија.:D:D:D
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    89
    здраво девојки. Јас живеам во странство поточно во Швајцарија, но имам едно прашање до сите кои живеете во странство. Дали може да ми кажете на кои интернет страници ги гледате онлајн македоснките канали, освен tvstanici.net . Можеби прашањето не ми е соодветно за оваа тема ако треба преместете го. поздрав
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    5.440
    Пробај со zulu.mk. Ти се појавува листа и си бираш канал кој сакаш да го гледаш.