Форумџика на годината

Колку пари трошите/штедите?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lola90, 25 октомври 2014.

  1. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    Колку пари трошите просечно во еден месец?
    Колку пари имате настрана,заштедено..?
     
  2. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Па, што знам. Не трошам многу.
    А, за заштедените пари, секогаш знам колку се и често ги бројам. Повеќе штедам отколку што трошам.
     
    На Chicken.che му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    браво така треба
    јас повеќе трошам од колку што штедам :|
    најмалку 500 евра месечно трошам
     
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Јас месечно трошам нешто помалку од 100 евра месечно. Нешто за облека, нешто за храна, нешто за училиште и така.

    А штедењето ми оди тешко, бидејќи повеќе од заштедените пари ги давам на сестра ми. Така да, ако месечно заштедувам околу 15 евра, 10 одат кај неа, а само 5 евра добивам јас (кои потоа ги трошам на чоколади и сл.). И така, моментално имам заштедено некаде околу 200 денари.
     
  5. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    ахх...само надвор од Македонијава.. !!
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Не сум некој голем трошач
    месечно добивам околку 4000 ден. зависи од ситуацијата и мене ми се доволно не излегувам по барови, дискотеки и со тоа штедам, обично со друштво се собираме по дома и даваме кој колку има за да се купи нешто за грицкање, за пиење.
    Обично ситните парички ги собирам во пластично шише и со нив на крај од месецот одам кај дечко ми :D
    од страна на козметика користам само пудра и маскара, лосиони, парфеми такви работи купувам по ефтини, не мора да е познат парфем или козметика за да сум средена и да мирисам убаво.

    Е, од овој месец решив помалку да трошам, штом ги добив парите веднаш во банка ставив 2000 ден (иднината ми е поважна и мора да штедам) планирам и да продолжам со ова
    со останатите 2000 ден ќе тркалам некако :$ и онака најголем дел од парите одат за ситници (кредит, сок, чај, грицки) а планирам и тие да ги намалам.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lola90

    lola90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    9
    и јас порано така во банка секој ден..1000 стави,500 подигни...смешки..скоро секој ден така лелеее за срамота :$
    ама затоа сеа кога одам вадам по 50.000...60.000.. ;) наеднаш ..за трошење онака бе :)
    претерувам со трошење упм :|
    имам можности и среќа да работам надвор од Македонија
    наместо да штедам за нешто поголемо,јас се расфрлам за глупости за се и сешто :worried:
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    9.377
    Пол:
    Женски
    Лелеејас не знам да штедам само 600 денари и пак ги потрошив хахах
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Трошам мнг,а да штедам незнам никад не сум штедела незнам шо е тоа :D
     
  10. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Трошам многу, колку и да се трудам да заштедам секогаш излегува нешто неиспланирано и сите пари се потрошени и пред 25ти, пр. ми се расипа лаптопот па отидоа пола пари за месецов на тоа.. |( А баш сакам да штедам, ама ете, никако да се научам.. :?:
     
  11. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Трошам. :D Штедење за мене е непознат поим xD
     
  12. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Повеќе штедам отколку што трошам. За „црни дани“ :)
     
  13. teteks

    teteks Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    788
    Еден период трошев повеќе на козметика,не дека купував скапа козметика,туку сакав да пробам повеќе работи,па така погрошив многу пари.Сега користам само најнеопходни работи.И да сакам да си купам нешто не толку потребно од козметика,го купувам на попуст или од поевтини марки,балеа на пример.:) Па ако е нешто поскапо не значи дека ќе биде убаво :) На други работи,облека,храна,трошам нормално.
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.469
    Пол:
    Женски
    Одамна не се шминкам, ако средно парите ми одеа таму, сега ми одат за јадење. Зошто през годината не работам туку учам, а летно време обично одам на пракса или волонтирам за да си имам активности во CV, сум на сметка на моите. Си имам буџет кои ми е доволен за да можам да пијам едно кафе на ден, и ми одговара. За алишта сме доворени доколку ми треба нешто дека ми земаат тие ама пак ќе речам, не пребирам, ако ми купат - ми купат. Во глобала користам +/- 2000 денари месечно. Ова со буџетот ми се чини дека добив навика да ги планирам парите, секогаш да имам до крај и мислам дека ќе ми се најди за во иднина кога ќе имам свои пари, свое семејство за гледање. Дечко ми од друга страна не знај да планира, се што гледа троши и ми вели дека сака да почни да ми ги дава парите мене и да му давам колку што мислам дека му се потребни тој ден, и во исклучителни случаеви кога имам повеќе потреби, па едвај ми стигаат моите пари до крај на месец се шегува со мене дека морам јас да пазам зошто парите ќе седеле кај мене за секој случај. :lol:
     
    Последна измена: 22 мај 2017
    На AnastasiaWinter и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.063
    Допаѓања:
    12.799
    Паметно, парите мора да се планираат. Јас умерено трошам, не се расфрлам со ништо. Облека купувам колку што ми треба, не вишок, чевли исто, кафе пиење еднаш неделно или на две недели, одмор скромен и така успевам нешто да заштедам. Туку не ми е толку за штедење, колку што ми е да се навикнам, да бидам програмирана дека и со малку пари мора и може да се живее. Сега да ми дадат 1000 евра плата мислам дека пак ќе купувам исто, толку колку што ми треба и она што е неопходно. Инаку ме нервира кога луѓето фрлаат пари за се и сешто и си ја пуштаат чергата подолго. Таквите кога тогаш ќе осетат многу од таа лоша навика ако немаат кој да им дава и помага. Инаку имав дечко кој баш трошење, денеска да речеме ќе пие кафе на 2- 3 места, што за мене е непотребно. Јас не можам толку да пијам или да седнувам од место на место и само да јадам.
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Трошам онолку колку што имам, а тоа што го добивам варира затоа што и ангажманите ми варираат од месец за месец, сè уште ништо не ми е фиксно па не можам да издвојам некоја континуирана сума.
    Секогаш се трудам да штедам колку што можам, меѓутоа немам некоја одредена сума која задолжително ја тргам на страна затоа што баш секогаш кога си давам вакви ветувања, ми се случуваат непланирани трошоци или најчесто некој технички квар кој неретко чини доста, па целата заштеда ми оди на тоа и ми се рушат сите замисли.
    Затоа, никакви ветувања и никакви очекувања - одделувам на страна колку што можам во моментот, за да ми се најде во периодите кога ќе немам и се трудам да не претерувам со трошењето кога имам доволно.

    Купувам периодично, сконцентрирана на едно нешто. На пример - овој месец издвојувам 1000-2000 ден за облека или обувки, следниот месец обнова на козметика или препарати за нега и покриена сум за одреден период, па така трошоците ми се намалуваат значително.
    Сметам дека не важам за импулсивен купувач, секогаш купувам поради потреба и ако решам дека од денес не трошам, си стојам на одлуката.
     
    На ines.h, duffi, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе ми стигне платата на сметка прво идам вадам 100 евра за во касичка така да секој месец тој ми е минимумот за штедење, прво тие пари па се друго. Рестото од плата што ќе остане плаќам за во теретана, по некој сметка дома и нормално облека, облека и облека.

    Слабост ми е облеката па додека сум сама и без обврски трошам на тоа лично задоволство, понатака кога ќе имам маж и деца најверојатно ќе треба да си го намалам тоа скапо хоби. За во град неделно трошам по 1000ка тоа ми е некој минимум кој си го имам поставено, бидејки преку недела немам многу време да искачам па петок сабота си сакам да се опуштам со некоја добра пијачка или вечера во ресторан.

    Често преку недела знам да купам и грицки и сладоледи за дома да ги почастам и моите а знам и во продавница да влезам и да ги натерам да им купам некое парче облека иако тоа не ми успева пошто на моите им е испод част да зимаат од мене требало како родители они да ми даваат а не да ми зимаат.

    За викенд знам да киднам негде еднаш у месецот дали во Мк или надвор така да на тоа пари не жалам бидејки ми е потребен ментален одмор од работата.

    Сега за сега ми стига платата со сите овие издатоци во месецот, немам кредит и немам минус на картицата па се додека е ваква ситуацијата не ни планирам да ставам.

    Во принцип најбитни ми се тие 100 а понекогаш и 150 евра кои ги тргам на страна бидејки не знам што ми носи иднината а нејкам да спијам на тоа уво дека ќе се мажам во фамилија каде се ќе ми биде подмирено ја само ќе треба да се појавам, или да се надевам дека со пари од свадба ќе си опреам куќа или стан. Вака така со тоа штедење ми се збираат преку 1000 евра годишно што за мене е и повеќе од задоволително иако па од друга страна коа ќе размислам некој месечно заработува повеќе од тоа. Али шта чеш, научи се да живееш со помалце па ко ке имаш повеќе ќе ти биде бонус.

    Сега за сега неможам да се пожалам од живеачката иако ми фали малце повеќе слободно време за блиски луѓе и пријатели.
     
    На gjoker4e, Doozy, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  18. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Имам моменти кога си вика "еднаш се живее , и све што имам све што сакам плаќам, купувам, јадам, пијам, патувам" а па некогаш знам да оставам пара на страна за црни денови
     
  19. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Во последните 2-3 месеци заштедив околу 150€. Нешто не трошев многу. За чудо.:wasntme:
     
  20. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.057
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    @SuperGirl24 сличен начин на штедење. И кога насоберав еден период добра сума, се мислев да си ја реновирам собата. и на мм, тогашен дечко му велам, абе да реновирам или ќе се женуваме да си чувам парите.:D
    Влегов во брак:$ и сега на истиот начин штедиме со мм. Во каса задолжителна сума, и ако остане се додава. На два три месеци добра прошетка 8)
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.