феминки ај опишете како го поминувате денот во врска со јадењето? дали секогаш јадете во одредено време.................?
по колку пати јадете на ден Јас во принцип никогаш не доручкувам ниту пак вечерам.Јадам еднаш во денот и тоа ручек.Доручек и вечера практикувам ептен ретко, најчесто преку викед.Грицки исто така не конзумирам никогаш.Значи преку ден само кафе, чај и овошје и се разбира ручекот кој е обилен.
по колку пати јадете на ден Јас секогаш доручкувам. За ручек секогаш во различно време 4,5...потоа јадам во 8 и ако седам до 1-2 јадам и во 11 Многу сум стрвна и си грицкам нешто ноостоп
по колку пати јадете на ден Оброк кој никогаш не го пропуштам е доручекот. Без доручек, без внесување енергија го пишувам денот за пропаднат! Сакам доручек, кој не мора да е обилен може и овошје да е, ама најчесто е јогуртче со геврече или брускети, може и со лиснато, ама битно мора да се доручкува, тоа е околу 11 часот. Иако пред доручекот обавезно пијам природно исцеден сок и чај. По доручек кафенце следи, на празен желудник НИКАКО кафе. А ручекот ми е некогаш во 4 часот, ако имам дома нешто ептен убаво, а некогаш и во 7 вечерта. После ручекот има уште едно кафенце и обавезно после него јадам суво овошје и грицкам бадеми, лешници, соја ... и пак чај. И се трудам што повеќе вода да пијам, ама зимно време тоа не ми оди совршено. Некад знам и 3 пати да јадам ако порано ми е ручекот. Али во глобала 2 главни јадења и може нешто поткаснување меѓу нив ама и немора, зависи од денот
по колку пати јадете на ден Јадам еднаш дневно и тоа само ручек не јадам многу и внимавам што јадам јадам диетална храна а не јадам мрсно
по колку пати јадете на ден Јас јадам 2 пати денот ОБАВЕЗНО Поручек никогаш немам прескокнато (кај 11, 12 часот некогаш и порано) зависи што ќе има спремено мајка ми, јадам се (јајца-пржени, варени, млеко со маргарин-сирење, кога сум на факс геврече, пинерла....) Ручек и вечера воедно (16, 17 часот) зависи некогаш манџи, супа некогаш месо пржено...... И не се дебелеам, порано ќе јадев еднаш денот, па грицки некои ова она и потешко ми беше, ем ненајадена ем здебелена а сега се средив некако и убаво ми е вака.
по колку пати јадете на ден Два пати денот јадам..Доручекк и ручеек околкуу 3 сатот ии ретко некогаш јадам уште еднаш докај 6...после 6 не јадамм
Колку пати јадете во еден ден? Три пати дневно најмногу. Појадувам пола саат - саат откако ќе станам и ручувам околу 4-5 часот. Ретко вечерувам, а меѓу оброците има некои стрвости и такви работи.
Колку пати јадете во еден ден? Јадам само 2 пати во денот руЧек и веЧера.РуЧекот во 12 Часот а ВеЧетата во 6 и 30 секој ден.а може преко викенд да избегам малку со Часовите.Не конзумирам грицк јадам овосје и зеленЧук.
Колку пати јадете во еден ден? E аман девојки, како имате сила и енергија од само два оброка? Јас си јадам 3-4 пати во денот сигурно, а знам и да си грицкам измеѓу Се случува да јадам и помалку, ако сум болна, немам време или едноставно немам апетит, ама тоа е ретко Па сакам да си се најадам, што да правам, среќа не се фаќа на мене
Колку пати јадете во еден ден? Најчесто 2-3 пати ама онака секогаш се трудам обилен да ми биде оброкот,за нели нормално да не ослабам Во глобала нормално си јадам а се се фаќа на мене и сега во последно време се трудам да не вечерам иако тоа ми е најтешкиот дел од денот Понекогаш доволни ми се само 2 оброка,понекогаш и 5 ми се малце
Колку пати јадете во еден ден? зависи некад ич не ми се јаде па 1 јадам некад 2-3 пати некад 4 а некад и 5-6 пати знам да се напукам ко вол хахахах!! Oгроменнннннннннннн гурман сум некогаш се чудам и што сум волкава! верувам дека некоја друга 100ка би догурала ко мене да јаде јас не се дебелеам мнооогу лесно,ама побрзо слабеам, секако кога имам воља за тоа еве на прмер денес ќе ви појаснам колку јадев - 3 солени палачинки(со кашкавал,крем и шунка) и печени во рерна 1 киндер буено 3 палачинки со крем огроооомен сендвич и слаткиши ама мноогу одам по Спојлер голема нужда секој ден по 3 пати здраво брзо метаболизамче имам пу пу да не го подречам
Колку пати јадете во еден ден? Кога-како. Има денови коа имам голем апетит и јадам повеќе пати во текот на денот, има денови коа ништо не ми се става во уста и едвај еднаш успевам да јадам
Колку пати јадете во еден ден? Доручекот никогаш не го пропуштам, лажучка мед и кафе веднаш од кога ќе станам, потоа доручек и чајче, па ручек и многу ретко вечерам. Значи вообичаено 2 пати дневно. Пијам мнооогу вода во текот на денот и знам да си подгрицнам нешто помеѓу оброците. Кога сум дома цел ден, по цел ден јадам се гледа и по мене. Кога сум надвор т.е целодневно скитање може и ништо да не јадам ќе си дојдам преморена и ништо не ми се јаде.
Колку пати јадете во еден ден? Еднаш или два пати. Обично кога ќе станам прво се фаќам за кафето и ќе ме засити после или ќе ми дојде другатка или јас ќе отидам кај неа па уште едно кафе и ќе ми се пријаде за ручек. Јадам еднаш околу 5 саат и тоа ме држи до вечерта. Понекогаш и доручкувам и ручам а никогаш не сум јадела по три оброци како доручек, ручек и вечера, нема каде да ставам толку храна.
Колку пати јадете во еден ден? Зависи колку сум гладна и дали сум под стрес. Најчесто 1 или 2 пати, а мн ретко 3 пати
Кај мене јадењето зависи од која смена сум си на школо така ми е навикнат организамот. Кога сум прва смена на школо најчесто -не појадувам а потоа -ручам во 13 часот веднаш после школо и толку -а до легнување најчесто си апнам нешто блачко (ептен сум си по благото,знам и да си скратам од леб само со мисла ај да има повеќе место за блачко).. А кога сум си на школо втора смена најчесто - појадувам накај 9-30 часот и после појадок кафе, -а додека сум во школо си апнам пак нешто блачко и толку ... Избегнувам да вечерам така да ВЕЧЕРА никако и СЕКАКО многу вода и чајчиња,не можам денот да го поминам без чајче а и заборавив да си кажам ич ама баш ИЧ не сум по месото никако н е го јадам порано јадев само пилешко сега ниту тоа,ептен мајка ми кога ке запне
зависи од тоа дали сум излезена,или имам работа по дома или пак цел ден сум слободна.од 2 пати во текот на денот со облини оброци ,или пак повеќе пати во умерени количини.
Секогаш јадам по три пати на ден, а некогаш и повеќе. Ова е мојот ден без разлика дали сум дома или на факултет: -Кафе -Појадок (ако сум дома нешто мачкано или било што,а надвор сендвич)- обично е околу 11, 12 до 13 часот -Овошје -Кафе -Ручек (секогаш мора да е готвено, освен ако има оправдана причина)- околу 18, 19 часот -Кафе -Овошје -Вечера - околу 12 или 1 по полноќ Во меѓувреме грицки и благо , а имам помалку од 50 кг.
лелее..зар само јас јадам по 5 пати дневно?? Без појадок не можам. Кога станувам првата помисла ми е јадење. Не пијам кафе(никогаш и никакво) и пола саат по станувањето МОРА да јадам. И не сокче или овошје туку лебче со мед, мармалад, или маргаринче со јајце и сирење итн. Ако не појадувам, не можам да функционирам, ми се лоши, ми се врти.. Е после тоа измеѓу појадок и ручек може сокче(од цеден портокал или лимон),ама никако грицки-мицки. По ручекот, што е отприлика ова време 3-4, може овошје околу 5-6 саатот. ЗА вечера смоки со јогурт, или супа, или па палента, диетални грисини, чипс, благо нешто. Ако си легнувам покасно си јадам уште 1-2 пати ама по едно лепче нешто намачкано. И имам брз метаболизам (фала богу) иначе со хранава шти ја внесувам... не знам до кај ќе стигнев. Ама како што кажав веќе- не можам ништо да правам ако не сум јадена.