1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 23 септември 2020.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Одредени теми ги сакам многу поќе шо не можам да дочекам да им отворам тема и да видам шо мислат поќе луѓе. :D Една од тие теми е како социјални мрежи влијаат врз самодовербата, и ниска самодоверба и екстремен нарцизам воедно. Ќе ставам и линк од подетално ама ќе резимирам еднаш.

    Самодоверба е субјективното мислење шо некој го има за себе и можи да биди висока и ниска и генерално акцентот е на ниска самодоверба, ама и на претерана себе идеализација.

    Ниската самодоверба на социјалните мрежи е врзана пред се со прикажани нереалистични стандарди на живот на социјални мрежи. Претежно луѓето укажуваат идиличен живот, или во најмала рака ги кријат лошите работи кои им се случуваат, ама многу често има и разлика меѓу онлајн персона и реалната персона. Е сега ако има разлика меѓу онлајн и реална персона, прво ова штети на самиот чоек шо има онлајн персона, и ако не се совпаѓаат носи до фрустраци и намалена самодовербата зошто уствари јас не сум онлајн јас. И штети на самата индивидуа. Ама ова е и штетно на луѓето шо го следат тоа онлајн јас зошто сметаат дека онлајн јас е совршено и се стремат да бидат како него ама не можат да го достигнат. Ова е реално понагласено кај тинејџери и адолесценти. Кај дете ако се осеќа лошо за себе и види дека пријателите си врват негде убо, често знај да доведи до чувства дека ова му е заслужено и дека не вреди.

    Проблем со самодовербата е и нарцизмот, не мора да е само ниска самодоверба за да биди негативно нели. Тука мислам на нарцизам како карактеристика на личност, не на пореметување на личност. Онака пред да почнам да читам мислев дека мора да се има одредена предиспозиција за нарцизам ако решиш на било кој начин да се експонираш онлајн и воедно да очекуваш да ти биди возвратено од публика. Епа најдов едно истражување шо ми беше доста интересно и вели дека луѓе кои веќе имаат нарцизоидни карактеристики имале тенденција да одат на пишани мрежи, како Твитер и таму да останат. А луѓе кои одат на визуелни мрежи ( Инстаграм, Фејсбук) нарцизоидни карактеристики развиваат покасно со користењето, а не одат на мрежите со таков „мајндсет“.

    Најнакратко, проблемот со социјалните мрежи и проблемите со самодовербата е пред се нереалната слика која е прикажана на социјалните мрежи која влијае неповолно и на корисникот кој нели не е искрен и често има различна онлајн личност и реална личност, ама и влијае неповолно на тие кои ја пратат оваа онлајн личност затоа што мислат дека е реална личност.

    Е сега шо ме интересира е:
    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек.
    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    Цел текст: Колку проблеми со самодовербата носат корен од онлајн светот? Поврзаност меѓу ниска самодоверба и социјални мрежи.

    Ќе одговорам на прашањата и јас онака, не мислам дека социјалните мрежи се нужно зло и мислам дека баш не обединуваат, со пријатели кои не се секој ден тука или пак сме се одраснале, роднини кои се во странство и слично. Иако можи да излези до губење на контрола при користење на социјални мрежи, пак ќе речам, мислам дека таа завист за лајкови и креирање совршено Јас на интернет е поќе нагласено кај тинејџери и адолесценти и после тоа се одраснува. Дали е добро дека врват тинејџери и адолесценти низ тој период? Никако, ама сепак, особено нови генерации, не знат за поинаков свет и мора да бараме како да го решиме проблемот за нив.

    Јас сегде сум, така да ништо немам напуштено ради токсично опкружување. :')

    Долго од социјални мрежи ... можам и не можам. Можам да седам далеку од тие кои не ги користам. Пример Фејсбук ретко апдејтирам. Инстаграм апдејтирам ама и да не апдејтирам недела дена екшли можам. Поќето социјални мрежи не ги користам за да гледам шо прат другите, туку за комуникација со пријатели. И пошто се договарам онлајн, не можам да бидам надвор од социјални мрежи долго. А, во поглед апдејтирање и провервање други луѓе шо прат - многу поќе од недела можам.

    Мислам дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата, особено ко бев помала и лично ми влијаело. Ама, не можам да кажам до кој степен ми влијаат социјални мрежи на самодовербата зошто од кога сум дете сум на интернет на овој или оној начин на друштвени мрежи. Баш она шо реков, дека особено нови генерации не знаат како е без социјални мрежи зошто немаат поинаква реалност туку од детство се на интернет, и јас сум во нив. Сигурна сум дека интернетот има удел во то која сум денес јас, ама не знам колкав пошто пред то бев апла дете и пораснав на интернет и се шо примав беше од интернетот. Еве ако има луѓе кои не се растени на интернет нека кажат како мислат дека се сменати откако се активни на друштвени мрежи, да видиме ние другите во кој дел ќе се познајме аххаха.
     
    На tambelina, Waverly Raven, Vitaly и 15 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек.
    Мене лично не ми влијаеле (бар така мислам) ама факт е дека на многу им влијаат. Причина за ова се бајките прикажани по социјалните мрежи, за пример ќе земам Инстаграм и сите тие навидум совршени животи кои се прикажани. Тргнувајќи од физички изглед и некои стандарди за убавина, до успех во животот и претставување на некоја идила кај што личноста е постојано среќна и задоволна.
    Факт е дека никој не е совршен и дека не постои некој со совршен живот. Само затоа што и несовршеностите си имаат некоја своја убавина.
    Ама мислам дека генерално овие работи влијаат на личност со веќе ниска самодоверба и комплекси.
    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    Ми овозможија подобра комуникација со луѓе со кои инаку не би ни комуницирала можеби (не сум човек што може да оди на 3 кафиња во денот и да се слуша на телефон со повеќе од 3-4 личности што ги имам во животов.
    Некои работи од забавен карактер ми го пополнуваат слободното време, на некои социјални мрежи наоѓам и многу корисни или едукативни работи.
    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    Мислам дека не. Ми створија некоја зависност, повеќе навика. Се случува со саати да не отворам ниедна социјална мрежа доколку во моментот правам нешто сериозно или ако ми е забавно и исполнето времето.
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    Не. Знам да си ставам забрана за користење на социјални мрежи заради учење најчесто. Ама тоа трае само неколку дена, најчесто со намалено користење на истите.
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    Воопшто не ги гледам како зло. Технологија се на се ни има овозможено толку полесно и покорисно да го живееме животот, што е греота да кажеме дека се штетни.
    Ама факт е дека погрешната употреба знае да наштети повеќе отколку што помага.
    На пример, на деца кои впиваат се како сунѓер ако им се дозволи неконтролирано користење на социјални мрежи и интернет им се ускратува најубавиот период, а исто така најчесто и имаат погрешна замисла за реалноста.
    И за возрасните важи ова. Толку се внесени во тој виртуелен свет, што забораваат на некои мали нешта кои се далеку поважни и поубави од ова.


    Темава е многу комплексна и опширна и не знам дали има доволно зборови со кои би можела да изнесам конкретен став.
     
    На KateKane, Blue.Sky, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Интересна тема Демонке :)

    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек.
    - Мислам дека влијаат. Лично не знам дали ми влијаеле, мислам не баш или не влијаеле нешто многу, но имав другарка која мислеше дека не вреди и не е убава зошто имала по 30 лајка на слики, немала многу следачи и такви работи. Тоа беше кога бевме баш 1-2ра средно, така да тогаш мислам се најранлива категорија младите и се споредуваат со останатите.
    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    - Па, запознав многу нови луѓе. Дури и дечко ми така го запознав. Запознав луѓе кои ми помогнаа да ме упатат за нешто, дознав многу информации, на форумов пример запознав многу постари колешки кои ме информирале доста работи околу факсот и ми биле од помош.
    - Плус, одржувам честа комуникација со луѓе што не сум во можност да ги гледам секој ден/често...

    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    - Мислам дека не, а и не сакам, корисни ми се за многу работи.
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    - Да, твитер. Не ми се допаѓаше цел булинг што го вршеа на други твитерџии, луѓе, хејтање, негатива и ругање зад анонимност. Одвратно ми беше за читање и си го деактивирав акаунтот уште пред едно 3 години и никад више не се пуштив.
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    - Не ги гледам како нешто лошо лично јас.
    Мислам дека треба да се избере само тоа што не интересира и што сакаме да гледаме/следиме и така би се одбегнале многу ситуации според мене.
     
    На edna_malecka, KateKane, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Социјалните мрежи се нужното зло на денешницата бидејќи сите граници меѓу реалното и виртуелното го поместуваат во глобала, и се широко неправилно користени.
    Концептот им е јасен, и е супер што можеш да видиш многу интересни работи споделени кои те интересираат, и/или да искомуницираш со луѓе индиректно а сепак од близу, но целата нивна комерцијализација и популаризирање на грешни перспективи ги прави премногу селективни за "тепање време" што е д меин ајдиа, лично се уклучувам да видам само тоа што ме интересира и можеби да направам еден скрол набрзина да видам општо што се случува од чиста љубопитност. Не следам трачови, личности кои не ми се допаѓаат и немаат слични интереси како моите, не лајкам глупави страни и објави... како што реков, се сведуваат на голема селекција, за да не се губи време при користење.
    Што на моменти излегува како една од тие работи за кои треба уеј ту мач ефорд за џабе, па се повеќе ме одбиваат од себе.

    Мене лично не ми влијаат скоро па ни малку, користам само Фејсбук од групата на фбслешинстаслешснапчетинајновослештикток, и е повеќе ради тоа што ме обврзува самото секојдневие од х причини место реална потреба.
    Но да, сметам дека на гротото им влијае многу, многу повеќе од што треба. Примаат само инфорамција, без повеќе критички да ја обработат. Уич ис д уорст кејс синериоу.

    За се друго користам различни платформи според потребите, без никаква злоупотреба/губење на информација.

    Иии, нешто ми брцна во око од некој пост над мене, технологија не значи социјални мрежи. Ако секој ден има нови прототипи, не значи дека тоа се случува за/како кеч ап на соушал нетуорк-от, или пак да се обврзани во било каква усовна врска.
    Не се.
     
    На edna_malecka, KateKane, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек.
    • Како поминува времето, мене се' помалку ми влијаат. Секако, кога бев помала (помлада), мислев дека се' што лета се јаде и дека сите блескави фотографии на социјалните мрежи се реалност. Всушност, тоа е селективно, секој човек го објавува на интернет она што треба да биде видено, оној аспект што сака да го истакне. Затоа, сега социјалните мрежи ми се само забава, во никој случај не дозволувам да влијаат на тоа како се доживувам себе... или барем се трудам да биде така.
    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    • Не можам да кажам дека ми го смениле, не практикувам да се запознавам со луѓе што сум ги ,,сретнала'' во виртуелното пространство, иако можно е тоа да се промени во иднина, немам ништо против тоа. Добро е тоа што можам да одржувам каква-таква комуникација со луѓе со кои не можам да се гледам во моментов, иако сум убедена дека комуникацијата во четири очи е незаменлива и никогаш нема да биде заменета од виртуелната, колку и да се обидува некој да ни го наметне тоа. Едноставно, човечката природа има потреба од допир, физичка блискост, а тоа не може да се оствари преку екран, со помош на машина.
    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    • Сигурно би можела, но би умирала од досада. Зависи и колку е тоа долго... Од друга страна, човек се навикнува на се', па зошто да не и на ова. Некогаш се прашувам како сме живееле во ерата пред социјалните мрежи... сме биле зафатени со други нешта, можеби покорисни од овие сега.
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    • Не. Од досада, да. Сум мислела да го деактивирам профилот на Фејсбук, но ми треба пред се' за комуникација, така што верувам нема да го деактивирам во скоро време.
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    • Потребен е баланс, и јас не ги гледам како нешто лошо, но не смееме да се изгубиме во тоа пространство и да дозволиме реалниот живот да страда.
     
    На Scorpiongirl12, edna_malecka, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Многу влијаат. Поготово кај помлада публика која сеуште не е доволно развиена психички за да ги разбере вистинските вредности во животот. Сите веќе мислат дека треба да имаат идеалано тело, идеални пропорции, вештачкки веѓи, уста, гради, задници и да не продолжам. Млади девојки од 20 години и помлади изгледаат како да се +35
    Не ја сфаќам потребата, но новото општество ни го донесе ова
    Девојчиња кои го гледаат сексот како начин да задржат машко и веруваат на сите глупости кои ги кажуваат машките и после не знаат да се сносат со последиците па пијат day after апчиња како да се тиктак



    Апсолутно никако. Јас сум таа што сум, имам цврст карактер
    Не гледам потреба да се претставувам како идеална особа постојано зошто сите имаме мани
    Би додала само дека помогнаа да останам во контакт со луѓе кои живеат далеку т.е. да се слушаме и гледаме секој ден и да не се осеќа далечината

    Без проблем. Јас и инстаграмот го користам само за да гледам убава фотографија


    Twiter имав цели 3 дена и го избришав. Премногу негативност. ТикТок не користам исто


    Не мора да значи дека сите социјални мрежи се нужно зло. Ние сме таков народ и не знаеме да ги користиме како што треба.
    Инстаграмот како прво е многу моќно оружје кога станува збор за бизнис
    Сите социјални профили со големи следбеници имаат многу предности. Можат да допрат до голем број на луѓе и да пренесат квалитетна содржина и знаење.
    Ама..пусто Македонче. Сите се совршени кај нас
     
    На edna_malecka и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Имам некаков вид на love-hate relationship со социјалните мрежи. Ја сакам почетната замисла и нивна цел, но не ми се допаѓа во кој правец се движат. Сметам дека е доста моќна алатка за одржување контакт со луѓето кои не ни се дел од секојдневниот живот. Комуникацијата е брза и лесна, не е потребно да се погодат х услови за да можеш да разговараш со некоја личност кога имаш потреба од тоа, едноставно е да си во тек со животот на подалечни пријатели и роднини. Светот ти е на дланка, лесно можеш да стекнеш пријател од сосема произволен дел на светот, нешто што било незамисливо порано.

    Од друга страна, сега имаш непотребен увид во животите на толку многу луѓе, наместо да се осврнеш кон себеси, кој си ти и што правиш ти во животот, се дефокусираш со работи кои не те засегаат и не ти носат никаква реална придобивка во животот. Гледаш слика за живот на нечија личност, она што таа личност одлучила да го прикаже на светот и можеби дури и си свесен дека е така, но сепак се случува да се споредиш, да го посакуваш тоа што го има таа личност, наместо да го цениш она што веќе го имаш. На еден начин стануваме незадоволни од сè што имаме и ненаситно бараме сè повеќе и повеќе, и колку повеќе добиваме, толку помалку сме задоволни, бидејќи на нашата желба/алчност ѝ нема крај.

    Кога се работи за информирање, лесно ни се достапни еден куп на содржини, не мора да губиш часови или денови барајќи го она што сакаш да знаеш, а и содржината е таква што може да се најде нешто за сечиј вкус: од мода до нутриционизам, од астрономија до цвеќарство итн. „Зборот“ на луѓето многу побрзо се шири и можеш да научиш многу tips and tricks за сè што те интересира во животот, нешто што порано ни беше овозможено само преку лице в лице социјална интеракција, книги и медиуми. Впрочем, можеш лесно да научиш нешто за теми кои инаку не би ни знаел дека постојат.

    Ова некогаш може да биде и overwhelming, соочен си со огромен број на информации за кратко време и реално, невозможно е сите да се восприемат, што може да доведе до чувство на „не сум доволно паметен“. За контраст, достапноста на толку информации може да даде лажно чувство на „јас сум експерт на оваа тема“, иако немам вистинско образование или искуство во таа тема. Станавме општество (глобално, не само кај нас) кое има повеќе експерти на социјалните мрежи отколку што има експерти во реалниот свет. И патем, неретко овие „популарни експерти“ се поценети и „послушани“ од реалните експерти.

    Исто така, тоа што „зборот“ на луѓето многу полесно се шири само по себе значи дека и дезинформациите се шират многу лесно. Иако луѓето сè повеќе и повеќе стануваат свесни за моќта на дезинформациите, сепак тие постојат и многу лесно се шират. Ова значи дека ако порано измислев нешто за некоја личност, малку луѓе ќе ја дознаеја таа информација, бидејќи мојот досег на луѓе во реалниот свет е доста ограничен, а сега многу лесно таа (дез)информација може да се рашири на илјадници луѓе. Многу полесно можам да го уништам животот некому, имајќи или немајќи ја таа намера.

    Социјалните мрежи ни ги отворија вратите кон проширување на видиците, кон ценењето на различностите на луѓето, што не е секогаш возможно во реалното опкружување на луѓе, кое е доста поограничено и дури и би рекла, доста похомогено. Доколку се ослонувам само на мојата околина, шансите се дека нема да можам да ги сфатам, или дури и да ги дознам проблемите на маргинализираните заедници, особено во Македонија, каде скоро воопшто и не им се обрнува внимание, ниту пак се застапени или претставени во јавните медиуми, барем не до тој степен да допрат до поголемата маса на луѓе. Така, преку социјалните мрежи „присилени“ сме да се соочиме со сопствените предрасуди, со сопственото незнаење и да се обидеме да „созрееме“, да излеземе надвор од меурот во којшто живееме.

    Со самото наше изложување на социјалните мрежи, во даден момент се соочуваме со една од овие две работи: „јас сум центар на внимание, сите очи се вперени во мене“ и „невидлив сум, се губам во морето од луѓе“. Тоа нè става баш во една чудна ситуација, каде истовремено чувствуваме контрадикторни работи и барем мене лично, ми прави да се чувствувам доста неодредено, несигурно, недефинирано. Од една страна, чувствуваш притисок дека сè што правиш/кажуваш е ставено под лупа (се случува и тука на форумот каде имаш колку-толку анонимност, камоли на социјални мрежи каде го имаш и твојот идентитет) и многу лесно можеш да завршиш како мета на сајбер напад во најмала рака, а од друга страна се чувствуваш како една небитна точка во светот за која никому не му е гајле.

    Додека сметам дека за некои луѓе социјалните мрежи можат да бидат тој extra push кој ќе ги извади надвор од својот затворен свет и ќе им ја даде таа самодоверба која им е неопходна, кај други „ранливоста“ што со себе ја носат социјалните мрежи ќе биде тој extra push да се затворат во себе. Кај трети пак, овој extra push ќе замине во скроз спротивна насока, каде ќе стекнат превисоко мислење за себеси, еден вид на преголемо себевреднување (како што рековте, нарцисоидност). Ова станува огромен проблем кога индивидуата ќе се најде во „скандал“ и ќе треба да се соочи со огромна критика или омраза.

    Повеќе не се само познатите личности изложени на хејт коментари, исмевање, булинг итн, туку сега буквално секој може да стане мета и ретко кој е спремен за тоа, особено за нарушувањето на приватноста. Сме генерација каде постојано се прават скриншотс и се споделуваат и реално, никогаш не можеш да знаеш кога нешто ќе биде искористено против тебе. А секогаш има нешто што може да биде искористено против тебе.

    Ова е особено точно кај тинејџерите и адолесцентите и на еден начин сметам дека до некаде им се ускратува правото и ним (а и на возрасните) да грешат и да учат од своите грешки, бидејќи притисокот за да си прифатен од твојата заедница (која сега претежно се наоѓа на социјалните мрежи) и да се однесуваш и имаш ставови како што е прифатливо е преголем. (Не дека овој притисок го немало и порано, но повторно, досегот на луѓе бил помал). Ако си еден од адолесцентите кои се повеќе во тек со новите моди, постојано ќе се плашиш да искажеш мислење бидејќи гледаш колку лесно може да згрешиш и да се сврти „цел свет“ против тебе, а ако си еден од адолесцентите кои не се замараат со нови моди, може наеднаш да се изненадиш и да наидеш на доста булинг, „од нигде-никаде“.

    Фактот што секој може да се крие зад капата на анонимноста дозволува секој да ги вади своите фрустрации, лутина и омраза, без да мора да се соочи со никакви последици. Дури и кога не се работи за анонимни ликови, туку за наши пријатели, таа макар и моментална отцепеност од реалноста им овозможува во одредени ситуации да се однесуваат доста некарактеристично (пример погрубо/поостро, по-detached), во споредба со она како би се однесувале во живо.

    Без разлика дали се работи за булинг или едноставно за онлајн разговор, луѓето како да забораваат дека зад екранот постои реална личност, со реални чувства. Многу е лесно to brush-off некој, бидејќи фали таа емотивна поврзаност или одговорност, што инаку ја чувствуваме во реалниот живот. Многу е полесно некоја личност онлајн да ја замислам како фиктивен лик од некоја книга и да ми е сеедно како се однесувам кон неа. Ова лесно може да се види во twitter и youtube заедниците, каде постојано, жестоко и масивно се напаѓаат еден куп на луѓе, без воопшто да се размисли на последиците кои може да настанат (пример, анксиозност, депресија, па дури и самоубиство на личноста).

    Имам контрадикторни мислења и тешко ми е да изразам што сакам да кажам, но истовремено чувствувам како луѓето да губат емпатија при секојдневна комуникација и како да стекнуваат емпатија кон помаргинализирани заедници, за разлика од порано. Како од една страна да им се заладува односот со луѓето во реалниот свет, како да се detached, но од друга страна како глобално повеќе да се обрнува внимание на проблеми како дискриминација, социјални неправди итн.

    Мислам дека горе-долу ги опфатив првото, второто и петтото прашање, а кога се работи за третото и четвртото би рекла дека сакам да ги напуштам социјалните мрежи бидејќи негативно ми влијаат, не само заради причините кои ги наведов погоре, туку и поради зависноста и денгубењето кое го предизвикуваат кај мене. Сепак, тоа што ме спречува да се оттргнам од нив не е толку притисокот од толпата („сите го прават ова, па сега мора и јас“), колку што е фактот што со повеќето луѓе комуницирам преку социјални мрежи, а делумно и тоа што „мораш“ да си во тек со работите, инаку си boomer или „необразована“ личност за било која социјална тема која е модерна во моментот.
     
    На IRBBB, GirlRose, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Play stupid games win stupid prizes
     
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Не споменав, бидејќи се подразбира и сите го знаеме ова, но еве да се дополнам. Од физички аспект, не е тешко да се увиди како влијае врз сите нас. Покрај видеата од Азијките каде целосно си го менуваат личниот опис, познатите постојано користат (не)видливи филтри кои ги прикажуваат во најдобро светло, а ние го следиме тој тренд, дури и го прифаќаме како нормален дел од нашето присуство на социјалните мрежи. Имам пријателка која изгледа дупло послаба на инстаграм отколку во реалност, и и двете се однесуваме како да не го забележуваме тоа.

    Мислам дека ова уште почесто ќе се случува во иднина, со напредокот на апликации кои овозможуваат изменување на своите атрибути во живо (во видео емитување) без воопшто да се познава дека е користена апликација. Поради најновиот бум на козметичката индустрија, доста се вложува и во апликации кои ќе го дадат и тој изглед на природна, но совршена кожа (да се гледаат доволно карактеристики на кожата за да изгледа природна, но сепак да нема несовршености на неа), што исто е нереален стандард. Ова е само еден пример, но сигурно на големо се вложува на апликации кои ќе направат да ги „снема“ сите наши физички несигурности и ќе ни овозможат да се претставуваме онакви какви што сакаме да сме, а не онакви какви што сме. Не сум психолог, но верувам дека не е баш најдобар начин да го живееш животот :).
     
    Последна измена: 23 септември 2020
    На IRBBB, KateKane, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што најмногу ми боде очи.
    Секако дека ќе ја ставиме сликата кај што сме поубави наспроти таа кај што ни се гледаат некои недостатоци на ликот/телото што не си ги сакаме. Ама на социјалните мрежи често има целосно менување на личен опис, до степен на непрепознатливост. Се повеќе и повеќе гледам убави девојки кои на слики користат разни филтери и едити за да изгледаат како идолите од социјалните мрежи.
    Ама ова се случува и во реалноста, на поинаков начин ама сепак луѓето наоѓаат начини за да се прикажат какви што сакаат да бидат. Така да сметам дека социјалните мрежи не се воопшто виновни, едноставно луѓето дозволуваат некои трендови да завладеат.
     
    На pdb123, Blue.Sky и theowndemon им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Добра тема.
    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек?
    • Кај некои влијаат кај некои не.Кај женските обично кога ќе видат некоја како се облекла или како се сликала или не знам таму што пробуваат да бидат како таа особа.Или ставаат превише филтри или Фотошоп да изгледаат извештачено па во живо не можеш да ги препознаеш
    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    • Никако искрено, имам голема доза на самодоверба во себе и на социјалните мрежи сум онаква каква што сум.И контентот што го објавувам (дали story дали post) е вистински.Не објавувам нешто што сака ,,публиката” да го гледа, туку мене што ми се сфиѓа
    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    • Искрено не.Преку соц. мрежи сум поврзана со луѓето.Немам навика некоја да зборам на телефон освен ако не е нешто на долго и широко, а во моментот ме мрзи да куцам.Дури и губам навика да зборам на телефон
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    • Тик ток избришав бидејќи ми искачаа глупи работи и дечишта што искочиле демек да се дружат па фатиле да се снимаат.И Фејсбук сѐ поретко користам (моментално ми е симнат за во случај да објават од факс нешто) бидејќи само некои глупости се постираат од типот на вести, песни, статуси, молитви некои (имам апла вернички за френдс..)
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    • Не се нужно зло.Ако некој знае како да се снаоѓа во виртуелниот свет и експонира работи кои сака да ги видат сите мислам дека не би требало да има проблем.Јас пред да објавам било што се размислувам уште еднаш дали да постнам или не, бидејќи после назад нема.Она што е објавено веќе еднаш не е више приватно.И според мене социјалните мрежи треба да служат за социјализација, за разменување мислења, за разговор за релаксација.А не на пример, за флекс кој што си купил или ,,еј види шо возам” па се утепал од снимање дури не може ни сообраќајот да го прати, или пак за ругање (да уште се ругаат по соц мрежи во 2020..)
     
    На edna_malecka и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    • Дали мислиш дека социјалните мрежи влијаат на самодовербата и до кој степен? Во смисла, кај тинејџери и адолесценти повеќе нели, али онака и кај просечен човек.
    Кај мене лично не влијаат никако, ама знам и имам приметено дека кај доста девојчиња тинејџерки па и машки слободно можам да кажам влијаат негативно, и се замараат колку лајкови имаат, ако немаат доволно или многу автоматски сметаат дека не достигнале некое ниво, па со тоа им се нарушува самодовербата.
    За овој проблем искрено сметам дека треба да има некоја едукација за тинејџерите или поголема родителска контрола.

    • Како социјалните мрежи тебе ти го сменаа животот?
    Конкретен одговор немам како, ама имам запознато доста луѓе преку социјалните мрежи, тоа би го ставила како предност. Ама некоја драстична промена па и не осеќам да сум имала од кога ги користам.
    • Дали можиш долго да бидиш далеку од социјални мрежи од било кој тип?
    Да. Јас сум личност што некогаш и е преку глава од тој виртуелен свет и знам да се тргнам на страна од него, до сега многу пати сум ги деактивирала сите социјални мрежи и телефонот сум го користела буквално само за зборување. Најдолг период без да бидам на социјалните мрежи ми беше 6 месеци, потоа се вратив бидејќи имав стварно потреба од тоа, не беше поради завист или досада.
    • Дали имаш престанато да користиш одредена социјална мрежа поради токсично опкружување?
    Не.
    • Дали социјалните мрежи се нужно зло или пак само не можиме доволно да ги управуваме и затоа доаѓа до одредени проблеми?
    Од некоја гледна точка може да се каже дека се зло на денешницава, поготово за децата и тинејџерите.
    Не само од аспект на тоа што им влијаат на самодовербата, туку и го уништија социјалниот живот, секојдневно секаде сме сведоци на тоа како во друштво седат и наместо меѓусебе да прават муабет и да комуницираат, седат на телефоните и чатуваат или вртат по социјалните мрежи, и ова не е случај само со тинејџерите туку целата популација, ама ова е веќе друга тема.
     
    На edna_malecka, FancyCinderellla и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Погледнете го овој профил на инстаграм beauty.false
    Јас лично ги поддржувам ваквите профили затоа што многу е нереално она што секојдевно го гледаме на инстаграм.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Е буквално сакав и ова да го спомнам ама го изоставив.
    Тоа користење на фотошоп и едитирање на сликите, па правење слика на нешто што не си јас не можам да го разберам, сум се трудела да навлезам во мајндсетот на особа што има потреба од тоа и единствено нешто што сум заклучила е токму овој проблем, намалена самодоверба поради тоа што следат некој нивни идоли и се опседнуваат со тоа да бидат такви.

    Моја ех другарка беше буквално ваков случај, беше опседната со инстаграм, лајкови и фотошоп.
    Девојката е метро ипол едвај во живо кога ќе ја видиш, а на сликите си ги издолжуваше нозете и се правеше по висока, на слики во профил сликани си го зголемуваше задникот, а веќе секоја втора го прави ова се менува до не препознатливост.

    Искрено мене би ми било многу глупо да го правам ова, па утре морам да испаднам од дома и да се видам со луѓе, ако ништо друго...
     
    На FancyCinderellla, candy.cane и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Браво за темата, баш има тука што да се дискутира. Освен воведниот пост, не прочитав многу, па извинете ако со некого се поклопам во одговорите.

    Првин, да одговорам на прашањата од воведниот пост.

    Нормално дека поголемо е влијанието кај адолесцентите. Но, едно големо но, мислам дека и возрасните упорно го бараат тоа валидирање на социјалните мрежи. Во смисла, број на лајкови, па кој коментирал, па колку коментари има. Верувајте лично познавам возрасни личности кои се способни да се сликаат цел саат за да извадат добра слика исклучиво со цел да се стави на социјалните мрежи.

    Нормално, не викам дека ќе ставам слика од кога чистам по дома со бушава коса на соц. мрежи, ама мислам дека сепак премногу внимание се обрнува не на тоа дали е убава сликата, туку дали е сосема совршена. Имам слушнато нешта како тука влакно ми стрчи, едното око ми е криво, носот ми е голем на сликата и знаете што, ниту една од тие работи не сум ги забележала сама. Секогаш ми биле посочени од личноста кој е на сликата.

    Тоа е повеќе од доволен знак за намалена самодоверба. Исто така, јас не се вадам од истата таа ситуација, многу сум свесна дека сум перфекционист понекогаш и често знам да бидам самокритична. Тоа не е директно поврзано со социјалните мрежи, зошто ретко ги користам, но зборот ми е го разбирам моментот на луѓето што ги спомнав. Не ги судам, само мислам дека е штета што се дозволува парче софтвер да има толкаво влијание на нешто толку битно како човековата психа.

    Веројатно во однос на комуникација со луѓе најмногу. Не сум човек кој користи активно социјални мрежи, па може не сум релевантен примерок за ова прашање :)

    Да, можам. Одамна се откажав од отворање ФБ, сега користам само месинџер заради комуникација.
    Инстаграм имам ама скоро и да не забележувам слики на луѓе зошто имам заследено многу страни како Tasty, DIY, профили за патување и интересни факти за места низ светот и слично, па многу малку забележувам слики од луѓе. Некои ми се искрено и на mute зошто искрено тортура е да морам да ги гледам сликите од кафе и цигара секое сабајле без никаква поента или некој што вози па се снимал кај што вози. Искрено, не го правете ова луѓе многу е лошо од страна, многу лошо изгледа :D Секој (мислам?) сака да гледа слики со поента, не што било само колку да те има.

    Не баш, ама користам mute кај што ми смета тоа што го гледам :D

    Мислам дека не се нужно зло. Ќе преживееме и без социјални мрежи и нема да изгубиме нешто значајно во животот искрено. Алатки за комуникација има безброј, не е сведено се на социјалните мрежи.

    Е сега, мислам дека ние дозволуваме свесно да ни станат дел од животот зошто едноставно ни годат: некому му годи внимание, некому му ја задоволува љубопитноста, некој сака да се пофали кај прошетал и слично...

    Настрана од прашањава сакав уште нешто да додадам.
    Многу посериозен проблем што јас го гледам кај социјалните мрежи е тоа што креираат нереална слика на животот.
    Како да забораваме понекогаш дека на социјалните мрежи не само што се користат филтри за убавина, ама се прикачуваат само среќни моменти, убави настани и слично, што само по себе не е лошо. Проблемот настанува кога се појавува споредување, зошто мојот живот не е таков. А тој со кој што се споредуваш може во себе се соочува со милион нешта. Тоа е така и во реалниот живот, само на соц. мрежи е повеќе истакнато зошто нормално во живо не секој е насмеан и среќен 24/7.

    И уште една работа, мислам дека многу многу многу поголема контрола треба на деца и адолесценти на социјалните мрежи. Не знам како им е дозволено од родителите на тинејџерите од 13-14 години да имаат отворени профили и да постираат секакви слики. Не е тука никаков изговор дека родителите не се запознаени со социјалните мрежи , прво повеќето ги користат, второ кога се работи за безбедноста на моето дете во краен случај ќе седнам и ќе научам што се случува. Последново е мислам доста опасен проблем и доколку има родители кои го читаат ова ве молам воведете поголема контрола на децата. Не сте контрол фрикови кога се работи за онлајн светот. По тоа какви пораки добивам јас од непознати лица, што сум возрасен човек со затворени профили, можам да замислам тинејџерите какви пораки добиваат.
     
    На IRBBB, yourfavoritegirl, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    На 42 години веќе знам која сум и каква сум, па не ми влијаат социјалните мрежи на самодовербата.
    Ама на младите, посебно оние кои се родени и растени со истите, им влијаат и тоа како.
    Ќерка ми ја гледам.

    Им ја искривуваат сликата за реалноста, скроз.
    Нема слики без филтер на Инстаграм.

    Вчера баш ми покажуваше скоро 50 годишна жена колку добро изгледала за нејзините години.
    Може навистина изгледа добро, ама само од слика на Инстаграм, не верувам.
    Ми се налути оти и' го кажав тоа.. иако и сама ми има кажано: “Она што е таму, нема допирна точка со реалноста.“

    Нема 'совршени' луѓе, има само луѓе.
     
    На edna_malecka, candy.cane и FancyCinderellla им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    @theowndemon дури вчера сватив дека имаш блог(facepalm)
    Би те додала во листа на пријатели ама немам социјални мрежи:D
    Да го гледаш па ќе ти ја коментирам темата;) Уствари ова важи за сите што сте ја коментирале темава.
    Стварно би ви коментирала ама да не ви импутирам ставови предвреме.

    Ко ќе го изгледате, може ќе знаете да ми одговорите на едно прашање што ме мачи8-|

    Накратко, веројатно влијаат исто како што порано влијаела улицата, само многу подраматично и мултиплицирано. Да, се создаваат лажни идеали и идеи, од проста причина да се поттикне конзумеризам, ама кога конзумеризмот ќе премине од ,,ќе си купам крема,, во ,,ќе си купам пластика и хијалурон,, сметам дека малку повеќе е премината границата.

    Имам веќе кажано во некоја смисла, интернетот беше на многу нивоа поблиску до својата изворна идеја, да споделува искуства и знаења во својата оригинална верзија, веб 1.0 односно пред социјалните мрежи. Магистерски труд и чудо истражувања сум направила на тој веб. Социјалните мрежи, односно веб 2.0, односно user created content, создадоа невиден ,,шум,, и неможност да се стигне до квалитетна информација. Парадоксално...или уствари не.
    Никогаш не ми биле привлечни искрено, уште ко се појави ФБ ми беше концепт ,,средсело,, а јас нејќам средсело...

    Дали се нужно зло, не би рекла. Напротив, квалитетниот живот се живее off the grid.
    Дете би држела без социјални мрежи колку што е можно подолго. Ќе видиме како ќе испадне тоа8-|.

    Гледајте го филмот, ме чеша тастатурата да пишам уште:)

    Што е бумер, за нас необразованите? :wasntme:
     
    Последна измена: 24 септември 2020
    На Scorpiongirl12, dayla, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Бумери ти се генерацијата родена во бејби бумот после војната по дефиниција. Ама почесто како slur се користи од помладиве од мене кога се алудира на потсмевање на некои постари генерации :D
    Види ok boomer на Google ќе ти стане јасно :D
     
    На candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.065
    Ауу, тие бумери ли? Скроз го забораив, зар уште се живи(facepalm) Невозможно е сите измислици да ги запамтам, ги помешав со зумери (и такви имало, појма немам кои се):D
     
    На KateKane и Celltica им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Не ги знам ни јас имињава на генерацииве сите :D Знам бумер и милениал, другиве слабо, јас со години повеќе разбирам, да си каже човек колку години има :D
    Еве зумери не знам прв пат слушам сега ќе ги барам кои се :rofl:8-|

    Едит: тие после милениалс биле ;) И ok zoomer имало.
     
    На KateKane и Biljarkata им се допаѓа ова.