Колку редовно посетувате гинеколог?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од black-angel, 26 август 2019.

?

Колку редовно посетувате гинеколог ?

  1. Редовно

    40 глас(а)
    54,8%
  2. По потреба

    26 глас(а)
    35,6%
  3. Често бидејќи се обидувам да забременам

    7 глас(а)
    9,6%
  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Препорачливо е макар еднаш годишно да се посети да се направи основен преглед и ПАП тест , по потреба и брисеви . Колку сте редовни во оваа посета ? Самиот преглед е непријатен по себе па од многу млади па и постари жени слушам дека воопшто не ни одат со изговор немале проблем, што за жал многу болести би биле навремено спречени , пратени , санирани , но ете грото од жените се наоѓаат затекнати во лоша здраствена состојба и заклучок требаше порано / поредовно да одам на преглед.

    Колку вие редовно го посетувате истиот ? Колку сериозно е за вас женското здравје ?
     
    На candy.cane, Rama, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    4.524
    Пол:
    Женски
    Искрено ми здосади веке.
    Се борам со неплодност и во последните 6 години гинеколог сум посетила 9999999999999999 пати. Да не зборувам за другите испитувања што следуваат со тоа.
    Не знам кога ке дојде крај на оваа работа ;(
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    832
    Допаѓања:
    2.604
    Пол:
    Женски
    Еднаш до два пати годишно обавезно без посебна потреба, рутинска контрола и пап-тест. Секако доколку има потреба и повеќе.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    24.812
    Пол:
    Женски
    Два пати годишно без причина одам.
    Можам да кажам дека најмногу обрнувам внимание на редовните прегледи на гинеколог, споредено со општ лекар или стоматолог.
    На стоматолог и општ лекар одам дури кога имам проблем, а не треба така :!:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    36.708
    Пол:
    Женски
    Два пати годишно ако немам мака, ако имам колку треба толку
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Јас имам 17 години и до сега не сум посетила гинеколог, сум немала потреба. Со мама немам зборувано на оваа тема, а не знам кога треба да се почне со посета на гинеколог.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Јас само во двете бремености одев редовно на гинеколог. Матичниот ме опомена и убаво ме искара. Кога појдов прв пат да најавам дека сум бремена ме праша кога последно сум била на преглед,отвара таму тефтерот вика пред 6години. Е браво ми идеш на преглед од бременост на бременост. Викам ами за што да дојдам кога сум немала потреба,не знам што треба да прегледувам.
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.924
    Пол:
    Женски
    Исто :)

    Два пати годишно пап правам, на точно 6м. А на гин исто на 6м и ако има потреба.

    Еден преглед живот значи. Рана превенција живот значи. Пап тест не правиш?
     
    Последна измена од модератор: 27 август 2019
    На cresa-jagoda, candy.cane, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nina_lina

    nina_lina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Одам еднаш годишно, основен преглед и ПАП тест. Матичниот гинеколог ми има кажано доволно е еднаш годишно или два пати доколку немам никаков проблем. Секако дека ако приметам нешто веднаш би закажала преглед. Се мислам наредната контрола освен основен прегед и пап тест, да ги направам и тие микробиолошки испитувања.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EuHenIa

    EuHenIa Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    36.708
    Пол:
    Женски
    Ако си сексуално активна треба да посетиш гинеколог веднаш. Ако не си, и ако редовно имаш менс, немаш болки или некакви други тегоби, не мораш.
     
    На Independent Girl, cresa-jagoda, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    еднаш направив за време на првата бременост некаде 2012 год. Уште еден во 2018 год и еднаш ми се јавија односно ми стигна картонче за као систематски преглед или така нешто. За пап. Тоа 2013 или 2014 год. И толку
     
  12. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    16.672
    Пол:
    Женски
    1-2 пати годишно заради ПАП и рутински преглед.... Редовно одев за време на бременоста.... Сега треба да отидам во Октомври.... Почнав многу рано да посетувам гинеколог зашто мака мачев со акни |( сега одам редовно некогаш и повеќе од 1-2 доколку имам проблем
     
    На Rama и Elisabeth им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.130
    Пол:
    Женски
    Еднаш во годината. По потреба повеќе. Обабезно ехо и брисеви. И ехо на дојки.
     
    На Rama и Elisabeth им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    8.625
    Пол:
    Женски
    Три пати годишно, така ми препорачаа. Дури сега откако родив ми рекоа на 6 месеца. Редовно одам од 17 години.
    Од секогаш си имав на ум дека премногу жени имаат проблем со забременување, и иако не сум имала причина да мислам дека би имала проблем, не сакав да ризикувам.
     
    На Rama, Elisabeth и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат на гинеколог отидов на 24 години. Иако од својата 19 година бев сексуално активна. На почетокот имав редовен циклус, но со стресови почнав да добивам на секој два до три месеци. Прв пат брисеви и пап направив тогаш со првото одење на гинеколог. И откако почнавме да се обидуваме за бебе поредовно одев за терапии, но и тоа не беше успешно. Со маж ми имавме само Кламидија закачено и ја излечивме. Сега сум бремена, немам бактерии, пап тестот е супер.. Не осудувајте јас дојдена од 18 год тука незнаев што попрво да направам, а гинеколог не ми паѓаше на памет. Едноставно се срамев. Мајка ми исто не и текнуваше да каже ајде ќерко одиме. Иако знаеше низ се што поминав. Ама не ја осудувам. Требало јас да бидам таа што ќе се фати сама себе за рака и ќе се носи таму кај што треба:lol::lol::lol:

    Не чекајте нешто да почне да ве боли, одете колку што можете порано, барем еден преглед да е во прашање. Штом еднаш ќе отидеш, веќе губиш срам.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    2.946
    Допаѓања:
    81.167
    Пол:
    Женски
    Во една година 14-15 посети на гинеколог:whew:
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.108
    Допаѓања:
    123.597
    Пол:
    Женски
    Немам отидено никогаш. :tmi:
    Засега не сум сексуално активна и затоа и не сум отишла. :)
    Во иднина кога ќе бидам, ќе одам редовно на контрола. :nod:
     
    На Independent Girl, cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    8.625
    Пол:
    Женски
    Не мора да чекаш да си сексуално активна за да посетиш гинеколог.
    Исто како што не мора да чекаш заб да те боли за да идеш на стоматолог.
    Јас не бев сексуално активна пред првата посета, и сама и побарав на мајка ми да ме однесе. Воопшто не беше на кејф зошто побарав да ме носи. Само она не била на преглед откако го родила брат ми, тогаш беше со мене, и од тогаш не била пак, иако во меѓувреме започна и со менопауза. Јас во истите 12 години сигурно сум била 40 пати. Одев и кога имав партнер, и кога немав. Не сите гинеколошки проблеми се поврзани со сексуални активности.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    би одела и јас барем 2 пати годишно ама што ќе прегледувам? Освен пап и брисеви. Да појдам да си закажам преглед и што ќе им речам што мака имам? Ништо онака дојдов да се прегледам (facepalm)
     
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.275
    Допаѓања:
    8.625
    Пол:
    Женски
    Па да. Мене барем не ме прашале до сега зошто закажувам. Сакам преглед, само прашуваат дали само брисеви или плус и Пап.
    Докторката на прегледот знае да праша да не имам некаков проблем, ако речам не, си зема брисеви и тоа е тоа. Најчесто не трае подолго од 10 минути.
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Rama и 4 други им се допаѓа ова.