Дечки, за еден месец сум на свадба и немам идеа како да се облечам. Мора да е нешто убаво и впечатливо бидејки ке бидам шаферка. Ако можете дадете некоја идеа за фустан бидејки јас немам или можеби некоја веб страница за да разгледам Однапред благодарам
не ми успеа да ја пуштам сликата ама и линлкот може ќе помогне (барај на гугал *фустан*) оушти ги сликите што ти се допаѓаат па ќе помогнеме во изборот
Можеш да разгледаш на овој линк, има голем избор http://www.therosedress.com/dresses/sexy-bridesmaid-dresses.html Ти каков фустан точно сакаш долг или краток? Имаш ли некоја боја каква што сакаш да биде?
најдобро е да кажеш барем дали сакаш да е долг или краток, затоа што има мнооогу избор. сепак и ние да знеме на каде да тргнеме со барањето
уф веза немам . малку сум полничка а висока сум 1,61 и не знам дали би ми стоел долг фустан, краток имам носено ок е .Би сакала долг да ме издолжи малку да изгледам повисока. Боја или црвена или црна ама не се ограничувам може да е и др боја не е проблем и напред мора да е малку отворен бидејки не ми стојат корсети или такви рамни фустани на моите гради . Фала на сликите и на линкот ке разгледам. ПОздравче
http://www.asos.com/Madonna/Asos/Asos-T ... &clr=Black http://www.asos.com/Asos/Asos-Twisted-S ... 1&clr=Mink me mrzese da dvojam no na ovaa strana ima mn. stosni parcinja pa se nadevam nekoe od niv ke ti fati oko pozdrav
Еве ти неколку модели па ти одбери си И нормално, елегантен накит, и никако да биде нападен... Овој би можел да оди со должина до под колена и нормално високи црвени штикли
Јас месецов бев на свадба, можам слободно да кажам дека Скопјево е катастрофа, се хаљинчиња а ла Натали, кога ќе ги пробаш е друга прича, евтин сатен, лошо кројче, неможеш фустанот да го поднесеш на тебе ни 5 минути а не па цела вечер, а цената е приказна за себе, почнува од 7000 па се до 12 000 денари и тоа поевтините, па си викаш ајде ,свадба е ќе се потрошам, ама проблемот е што незнаеш каде да најдеш конурче за таков фустан. Така сите мои обиди да бидам елегантна пропаднаа. Па фино си отидов во Рамстор, од Калиопе си купив фустанче за 3 000, башка одговараше за моите 23 години, не личев како тетка, на свадба си поминав супер, се изнаиграв. Дефинитивно за следната свадба ќе шијам фустан, секогаш сум во црно облечена по свадби, сега сакам нешто во друга боичка ама памет за другпат.
Уффф,и јас го имам истиот проблем.Другарака ми ме задолжи за еден куп работи на нејзината свадба,сведок во матично,панделка на деверот,и замислете треба да се преслечам сигурно цел ден нема да издржам во една гардероба.Со другата другарака уште од сега се нервираме што ќе носиме.А би сакала црвено фустанче,онака нежно и елегантно,тоа за во сала.Па ќе видим што ќе биде.Ако најдам нешто згодно ќе пуштам А летоска бев кума и носев сукна со висок струк и кошула,ама сега баш сите имаат такви па ми се own: После се преслеков во панталони и лиљаково корсетче,и ми беше позгодно да се изнаиграм
И јас сум на свадба во мај и на оваа свадба сакам да си бидам супер средена. Мислам да носам кратко, тесно фустанче а може и малку широко да биде доле како балонче, не знам зависи какво ќе најдам и сакам да биде во црвена боја. И сакам да носам убави црвени штикли. Одамна имам желба за ваква комбинација и сега сакам да си ја исполнам. Па ајде девојки и жени, ако знаете по кои продавници може да се најде нешто вакво кажувајте !
јас бев во црвено за дипломска..црвено кратко фустнче со голг грб и добра штикла... фустанчето го сошив ..и можам да кажам дека се двоев од сите...спротивниот пол не беше рамнодушен..црвеното секогаш остава впечаток...
Колку сакате да се облекувате посвечено за одредени свечени пригоди како свадби, матури, некои манифестации и свечености или пак ги мразите тие моменти кога треба да одберете свечена гардароба? Некои девојки го сакаат а некои го мразат моментот да носат фустани и самиот тој ритуал на шопинг за да се одбере "совршениот" фустан или свечена комбинација, па потоа фризура, шминка итн. се за да се има перфектен посвечен изглед. Го сакате тоа? Најчесто даваме прилично голем кеш за нешто што само еднаш или два пати ќе гo облечеме. А и огромни се шансите да изгледаме ко кловн, да имаме огромна модна утка или пак не се чуствуваме убаво во таа свечена гардароба. Но некои девојки уживаат во сето ова, а некои едноставно ги мразат тие моменти. Па често и се облекуваат несоодветно за свечени моменти и не го почитуваат дрес кодот. Иако јас лично сметам дека кога се оди на свадба, не се оди во фармерки и патики, никако. Кога може речиси секоја жена да облече фустан и висока чевла, можеш и ТИ!
е сега зависи за колкава доза на свеченост зборуваме не сакам да бидам онака еееептен свечена, како на бал ќе одам, па и некои си светкави фустани, па детали, посебно ланче и обетки заедно катастрофална комбинација. кога е потребно да одам ептен на таква свеченост нели, на свадби, се облекувам едноставно а елегантно, со некој детал на мене (обетки, бележица, плик чанта). доволно е. никогаш не сум отишла на свадба во некој си миниќ и невкусно отворено деколте. секогаш носам некое складно фустанче, едноставно, а преубаво (по можност црно да е ) инаку јас сум од оние кои ги нервира пробувањето на облека по бутици , значи ептен ме мрзи и ме нервира, па разгледувам само така и првото што ќе ми влезе во око го земам. и не само за фустани, за се сум таква шминката значи ми е најубавиот дел. сакам да сум убаво нашминкана, да ми бидат убаво истакнати очите, но никогаш со премногу сенка, онака фино и умерено. додуша, не знам баш сама да се шминкам со сенки и со 300 такви чуда, па затоа некој друг обично ја врши таа работа фризурата никогаш кичеста (некои си пунџи, локни од 60те...), онака лежерно навиткана со пегличка или само пеглана еве вака едит - на последната свадба косата ми беше скроз иста како на сликата