Вчера на една седенка фативме муабет за платите кај нас (жестока дискусија беше ), па ме интересира дали знаете колку се платени општите лекари, стоматолози и дипломирани фармацевти кај нас. Уште поубаво ако се јавите од повеќе градови П.С. Нека се јават оние што сигурно знаат, а не да претпоставуваме Ја ќе почнам. Во мојот град: општ лекар = 15,000 ден дипломиран фармацевт =16,000 ден стоматолози = незнам Повелете вие
Општ лекар само 15.000? Аман бе тоа ептен малку некако. Не сум информирана за ова, само интересна ми се виде темава, ама мислам дека може да се каже за сите професии, кој за што знае А викаш во мојот град, а кој е твојот град? И стварно најнепосетен е ПДФ за работа...
Мислам дека не може да се каже генерално кој колку земе плата пред се зависи каде работи. Јас ќе кажам само за лекарите затоа што само за нив и знам општ лекар околу 24 000 ден, а општите лекари кои работат и ноќни дежурства земаат и до 30 000 ден
За тоа колку се платени овие професии, зависи за кој град се работи, но и за тоа дали се работи за приватно или државно. Јас конкретно можам да ви кажам за стоматолозите - оние кои работат во јавно здравство - детска и превентивна стоматологија - општи - земаат до 20-25000 ден, а специјалисти и до 35000 ден. Ама сега слушам ги намалуваат платите во здравството. Општи стоматолози што имаат ординации под концесија и што работат по договор со фондот, земаат пари по пациент, по 35 ден од човек месечно. Ако имаш 1000 пациенти кои те пријавиле како матичен стоматолог - фондот дава околу 35000 ден од кои мора да се платат сестрата (плата и придонеси), кирија, сметки, материјали, и тоа што ќе остане е платата, убаво е да има и 10000 ден. Специјалисти што работат со фондот добиваат околу 70000-100000 ден. месечно (барем така беше, сега не сум сигурна дали е уште така). Оние што работат исклучиво приватно заработуваат повеќе, ама само ако се навистина квалитетни и афирмирани (квалитетот сепак се плаќа ). А оние што се вработени кај приватни стоматолози, да им работат по цел Божји ден платени се од 4000-9000 ден. месечно (ма и 9000 е премија)... Кај општите лекари мислам дека е нешто подобра ситуацијата, тие земаат по 50 ден. месечно од човек (ако работат со фондот), ама немаат толку трошоци колку стоматолозите. A дежурствата сега скоро и да не се плаќаат како што беше порано. А за фармацевтите не сум компетентна да зборувам
кај нас за лекарите мислам дека се 20000 ден стоматолози исто а за фармацевти мислад до 15000 ништо повеќе
Еве јас ќе кажам за Куманово, овие информации се сигурно точни. Лекар од општа пракса зима од 15-20 000 во зависност од патарина,хранарина и сл. А главна медицинска сестра вработена во истиод оддел зима 2-3000 повеќе. Па видете до кај стигна нашата земја, се изедначува медицински факултет кој е 6 години и кој знае знае каков е и колку труд имаат луѓето дадено, со виша школа за медицински сестри. Знам дека има многу невработеност во земјава и многу социјални случаи, можеби е и малку незахвално да зборам,меѓутоа јас сум лично засегната со платите на докторите во нашата земја,посебно надвор од Скопје. Срамота е ваква плата,навистина, секаде во светот најплатени професии се доктори,судии,менаџери.
Да, срамота е. Изгледа дека во нашава земја се наопаку отиде. Се што треба да се цени не се цени... И за што да учиш толку години, да се вложуваш себеси? За плата што денес и келнерите ја земаат...
Еве од искуство ке ви кажам Стоматолог зима од 13000-20000 Фармацевт најмногу до 18000 а Општ д-р 30000 Специјалист над 80 000
значи да се разочарам некои менаџери 1000 евра месечно а доктори кои скапуваат и м,ладост и се ги=убат во животот само 20000 ден.нема никогаш да си ги вратам потрошените пари за школување
Менаџерите што земаат 1000 еур работат во приватни фирми а не во буџетски. И докторите во приватните клиники земаат 1000 еур, така да исто ти доаѓа. А да се биде добар менаџер не е лесно, исто како што не е лесно да се биде добар доктор. Докторот спасува животи, а менаџерот треба да создаде успешна фирма која покрај другото ќе обезбеди егзистенција на вработените...
браво неса! секогаш се радувам кога ќе слушнам дека добро се заработува и кај нас. јас кога работев како правник платата ни беше 10000-15000 денари а некои ни толку зависи како ќе се договориш. сега се вработив во приватна фирма како комерцијалист и правен советник и платата ми е минимум 40.000денари месечно (пријавена , здравство пензиско се -за разлика од претходната работа каде што ни правеа договори без врска не влечеа без пријавување) велам минимум затоа што имаме и проценти од продажба. сега ќе се стремам да ја стигнам неса . јас си велев дека се мачев и завршив факултет за некој да се заебава со мене за 15 000 денари ... само позитвност и упорност и се ќе добиете што сакате. јас на мои 23 години сум презадоволна од мојата плата, услови и третирање на работодавецот.
Оваа тема ме боли и се нервирам едвај се запослив пред година дена а имам 36год во државна институција решението ми е со средно и зимам плата 14000ден,а со високото ке зимам 20000ден да имам стаж и повеке.Ке ми дојде ли некогаш факултетот до израз парите и нервите што сум ѓи вложила.Предходните години работев во приватни фирми за 8000ден и повеке не пријавена отколку пријавена.Лично за докторите ми е мака не се доволно платени во нашата дрзава,а сите се жалат немаме добро здраство па немаат услови за работа сетиот инвентар и опрема се стари со години наназат со мали примања немаат ни мотив за работа,а и да се усовршува да оди напред здравството нема пари.Зимале мито па нека зимат трудот и одговорноста нека им се исплати.Мое лично мислење е во Македонија одредени професии не се добро платени.
секоја чест за тие што земаат над 500 евра плата во Македонија, кога ги читав коментариве си дадов надеж дека може и јас некогаш ќе работам за 40000 денари плата, али гледајќи го бројот на невработени и платите кои јас ги имам чуено што се исплаќаат во Македонија, малку се разочарувам дека некогаш тоа ќе се случи. за докторите е навистина срамно, да земаат такви плати со оглед на годините потрошени за едукација, специјализација, волонтирање и слично...... мене ме интересира ако знае некој од пракса, правник со положен правосуден колкава плата зема по фирмиве во Скопје, а колку кај адвокатите??? поззззз
Сигурно дека кај адвокат да си е помалку. Е сега друго е кај нотар и извршител посебно, тие повеќе плаќаат, ама адвокативе се скржави и посебно се нервирам кога ќе видам дека возат мерцедеси имаат по 2 стана и на оној кој стажира му даваат по 2000 денари, со кои ни основни трошоци не може да покрие. Иначе имааш фирма и ФИРМА. Во голема фирма правник зима и 1000-1500 евра плата. Во помала може тоа да е и 18000 денари.
Еве во мојата организација хигиеничарката со основно зима плата колку мене а јас со високо ама она има 30год стаж а јас 4,5год во ред ли е ама законот во државата ни е таков.
Токму тоа е тоа што ме демотивира , што ме одвраќа од желбата да се запишам на факултет. Секако тоа е начин да се надградиш себеси и своето знаење , да добиеш некојси повисок статус во општеството...и тоа е тоa Цената е превисока , со потрошените пари ќе купам стан и ќе го издавам , пари на рака од лежење...и не нема да му го ранам г'зот на Груевски
немојте да се онерасположувате, навистина факултетото е само одскочна даска, прва врата што треба да се помине , не значи дека ако си завршил дека те чека работа веднаш, факултетот е полесниот дел, потоа треба да си самоуверен, сигурен и да имаш верба тоа е се и да си снаодлив. јас ја земам оваа плата со 0 искуство во оваа област а со само една година стаж во првна фирма. но ете имав среќа да речем, работев мн напорно и му станав неопходна на новиот газда затоа и ми понуди голема плата за да останам со него. но запомнете никој не е незаменлив, и да му сте потребни на некој сепак морате секој ден да се борите да си ја зачувате позицијата и да работите во согласност со "лудите " барања на газдите. мој совет , барајте приватни фирми странски или домашни но со современ газда или директор. и запомнете се е ствар на договор. xstronger x не се демотивирај ако имаш желба запиши се но знај дека тоа е само првиот чекор кон наоѓање на успешна работа и добро платена. мора неколку години да се работи за помала плата за со стекнато искуство да земаме повеќе. а за докторите се согласувам сметам дека треба многу поголеми да му бидат платите