1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот се ангажира околу бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од bambusce, 25 октомври 2014.

  1. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Мислам дека не најдов ваква тема ама ако има-клуч.
    Колку сопругот ви помага околу обрските за бебето и околу кои обврски?На пример за менување пелени,давање млеко ако е на АД,прошетка,давање кашички итн.Дали зависи од тоа колку имате помош и од другите членови во фамилијата?
    Јас имам помош од сопругот но се прашувам дали ќе беше исто ако имавме помош од некој(живееме во друг град па сами сме)и ако не се породев царски.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Со оглед дека маж ми цел ден е на работа кога ќе си дојде навечер е уморен ама секогаш ми помага да го причува малиот, му има менувано пелени неколку пати и пресоблекувано, првиот пат кога проба беше неуспешно ама затоа потоа се снајде, за домашните работи немам помош од него па така се е на мене оставено ама воглавно сум презадоволна и за тоа што понекогаш и по цел саат си игра со малиот за јас да си посветам малку време на себе или пак да завршам некоја работа. Инаку живееме и со свекрва она на први спрат ние на 2, и она по цела недела не се качува да го види внукот а не па да го почува и да ми помогне нешто
     
    На leona83 и bambusce им се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг е татко ипол! :)
    Се грижи за син ми исто колку и јас!
    Најчесто (скоро секогаш) сум јас таа која го пресоблекува, дотерува, која му менува пелени и му прави и дава кашички.
    Но затоа пак тој е оној кој трча по продавници и аптеки, тој го успива, никогаш не ме одбива кога ќе побарам да си играат заедно за јас да си посветам малку време за себе, или да завршам некоја домашна обврска.
    А во последно време задолжен е и за миење на каканото газенце! :)
     
    На Lolipop23, Menasss, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    И мм многу ми помага околу бебето кога е дома. За пресоблекување за хранење, помага при капење, пази на него или околу него каде оди што фаќа да не падне ова она се. Го шета на кафе кај другар или до кај некои роднини на 1-2 саати. Тој е исто така задолжен за набавките храна, памперси и сл. Бидеќји работи во странство вози од секоја тура носи нешто за него било што играчка или нешто за облекување.
    Значи кога е син ми во прашање неможам од него воопшто да се пожалам :)
     
    На Domakica, leona83 и bambusce им се допаѓа ова.
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ех да прочита маж ми сега како ќе го пофалам:)
    Навистина освен што јас ги доев децата по друго неможе да направиме разлика кој е мајка а кој татко. Инволвиран е во секој аспект на бебето и детето, од бањање, хранење, подготвување храна, облекување и се друго. Посебно ми е кејф што се што прави го прави од срце и зошто не мисли дека одредени работи се женски или машки ( а и за се останато дома е така). :) :) .:) happy me.
     
    На Lolipop23, Domakica, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Мм е цел ден на работа или пак цела вечер зависи како има смена.
    Знае често да ја земе малата јас да одморам,ад млеко и прави и си игра со неа некој сат време.
    Кога имам работа низ дома ако не спие (најчесто кога спие ја правам таа работа) знае да ја прошетка низ двор низ дома да разгледува или да и пее или кажува приказни,кашичка не го бидува да даде.
    Ретко се случува да ја заспие бидејки со мене си заспива полесно,за потребните работи што требат на малата веднаш ги купива.
    Ама јас сум24/24 со малата :) така да мама е малце повеке грижлива за бебуш наш :*
     
    На TIGARCE86 и bambusce им се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Со оглед на тоа дека немаме помош од никој друг ние двајца си го гледаме сами синко. Буквално цело време е со нас. До пред еден месец сама го гледав оти нему му е претежно сезонска работата и најчесто бев сама дома, ама сега сме двајцата и ми е каде-каде полесно. Е сега, на тате му е мерак да биде со синко, па мама се припрема околу домот, капењето, облекувањето... (соблекување никако:shake:)
     
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Морам да си го пофалам сопругот :D Уште додека живеевме заедно кога бевме во врска, се правевме заедно, учествуваше во чистење, готвење, пеглање......Сега учествува во сите работи околу малиот :) Го пресоблекува, го храни, го држи, го бања, го мачка после бањање, го успива.....Помага и по дома. Огромна поддршка ми е, не знам што ќе правев да не ми помагаше.
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Помагање,што е тоа?Децава ги фатил во раце само кога се сликал со нив.Се случило да ги зачува ама пелени ,капење,хранење тоа не.По дома ,воопшто јас дури и машките работи ги работам.Ако нешто потфати прво треба да се моли,преколнува...
    Таков е, што да му правам.:?:
     
    На EuHenIa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Од првиот ден се заедно правиме те.на смена. Освен што не ја приготвуваше храна за бебе, ама во се друго активно учествуваше и се уште ни се поделени обврските. Немаме никаква друга помош од страна, помагаме се еден со друг.
     
  11. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Исто и мм ми помага многу за κапење облеκување, го чува го заспива поρетκо спие без мене ама добρо се тρуди со оглед ,на тоа што е по цел ден на ρабота и дома се пρави уште во вρсκа си беше таκов :) вρедно дете затоа си го земав
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Помага, ама ми требаше малку труд за да го свестам дека детето е НАШЕ а не само мое.
    Сега ми помага при бајнењето, некогаш облекува и ја соблекува (колку може и умее), раскрева по дома, знае да ја почува за јас да одморам 2 саати, ја игра додека работам нешто...и тоа е... Од него друго и не можам да очекувам бидејќи заради работните обврски слабо е дома.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ако се пожалам, одам право во пеколот. ;) Он вели - детето е наше, и ние ќе си го гледаме заедно. Така и бидна, од прв ден. Еден е со бебето, друг чисти/пере/пегла/готви. Не е талентиран сиромашкиот ич за готвење, ама колку се труди! Јас имам работа со мноооогу лошо работно време, он поминува повеќе време со неа од мене. Секое сабајле он ја носи во градинка, јас излегувам скоро два саати пред нив. Јас ја земам обично, детето секогаш стокмено, убаво облечено, се на место. За некои работи мислам дека јас повеќе грешам од него! Завршуваме со обврските во прописно време, бебето си заспива, и имаме време да си посветиме еден на друг. Откако се породив мислам дека едно 300% повеќе го сакам, ако е можно. Нека му е алал верата, маж на место! :hug:
     
    На Lolipop23, s1a1n1d1r1a1, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    За мажлето мое само пофални зборови, ако не е тој да ми помогне околу малата, јас мислам дека ќе се распаднам. Кога бевме со АД дохрана тој беше задолжен за подготовка на истата, менува пелени, ја одмива малата, ја пресоблекува, ја бањаме заедно, ја занимава додека јас средувам по дома, готвам, се бањам и сл., некогаш кога нема да можам да ја успиам, го пуштам него и за кратко време си ја завршил работата.
     
    На bambusce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кај нас обратно треба да се постави прашањето, колку јас му помагам на маж ми околу малата.:D
    Тој е моја десна и лева рака, без него ништо не би направила. Од првиот ден кога дојдовме од болница, тој ја бања, менува пелени, облекува, игра, пружа алишта и сите обврски околу неа. Кога имам работа ја рани, дури и почна да пегла.:D Јас сум задолжена за спремање кашички и да ја почувам неколку саати додека тој е на работа :wasntme: и живи радости е кога ќе ја види како му се радува кога си доаѓа од работа. Абе татина ќерка е она, па и дека на почетокот личеше на него.... се топи покрај неа.:inlove:
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda, anina и 4 други им се допаѓа ова.
  16. maweja

    maweja Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    324
    Помага колку што може. Кога јас сум околу синчето он си игра со ќеркичката. Знае да му смени пелени на малиот,да го нарани,да го прошета и најважното од се заедно заспиваат,ако не е тато до него, Матеј не заспива.A навечер кога ќе почне да плаче бебчо,понекогаш кога не е уморен он станува, се грижи за жената му за да се наспие.
    Во врска со кпувањето,јас само ќе направам листа со работи што треба да се купат,и оди купува сe' што треба и не треба.:D
     
    На anina и bambusce им се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Помагање? Хммммммм! Ајде вака да ги пресметаме работите:
    1. Менување пелена - го зема бебето, седнува, ги вади пантолончињата па ме вика мене. А и ако не ме викне наопаку ќе го стави памперсот па исто ми се фаќа.
    2. Хранење - само кога седнуваме да ручаме заедно па да му макне на бебето од запржениот грав. Тоа е повеќе штета отколку помош ама ајде.
    3. Готвење бебешка храна - не знае ни како да го вклучи блендерот, ни шеќер и сол дали треба.
    4. Капење - само кога биле многу малечки, колку да му помине меракот. Два три пати и толку.
    5. Во случај на настинки или вирус - го уклучува алармот на неговиот телефон бидејќи е многу стресен па сигурно ќе се разбудам иако сум уморна.
    6. Играње - максимум 45мин по што му се палат нервите.
    7. Чување дете за да посветам време на себе - само ако тоа време посветено на себе значи да му зготвам вечера.
    8. Заспивање - само во не дај Боже случаеви. Тогаш сигурно нешто трагично ми се случило
    9. Набавки на памперс, кашички... - секогаш тој.
    Го вади тоа што работи и по 16 часа на ден ама кога ќе ги израснам децата, кога ќќе удрам еден живот, да си наплатам за моето 24 часовно работење(hollest)
     
    На Ferfelina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    И да си наплатиш:)
     
  19. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Многу ми помага, тој му е ко втора мајка на син ми. Сега и тој го чува дома, додека јас сум на работа.
     
  20. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    повеке ми одмага отколку што помага,само за капењето неможам да се пожалам го бањаме заедно,и ако му кажам направи чај-млеко ке ме послуша инаку друго многу не се замара,нон стоп вика не прај така, прај вака,ама да не му е добро така ,незнае да го смири додека плаче и ми се дере ко нездрав ,постојано се дере за нешто како јас да незнам а по цел ден сум сама со малиот,и баш тој кога ке дојде демек му фали нешто,не за џабе е кажано мајката најубаво знае што му е потребно на бебето и како му е убаво ама тој тоа не го свака мисли дека требе секогаш да прифакам совети од друг,спие на тел со мајкаму како многу да ми е потребен нејзиниот совет.