1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот си ги врши неговите должности околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Искрено, он повеќе работи по дома. Јас не знам и не научив да готвам. Он знае, па прави ручек. Знае и сам да се запере, да измие, да зачисти. Јас сум повеќе на работа наутро, он попладне, па кога ќе дојдам дома се оставил средено душичка. Да беше некој мрзлив ќе го оставев до сега, нема шанси да постигнам се.
     
  2. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    Овој период ми помага многу околу домашните работи,бидејќи сум бремена.Не ми дава ни алишта да пружувам,па и садови ретко мијам...А, претходно беше поинаку,обратно(јас многу работев и готвев).
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас би сакала да најдам некој кој ќе ги прави главните две работи, во кои не можам да ја смислам жената:
    да фрла ѓубре и да тркала лубеници до дома. :D
    Кога ќе видам жена која ги прави тие две работи :^) ја жалам, кутрата.
    Мислам дека можам да се справам со се' во домот, и за се' би нашла решение, освен за овие "проблеми".
    Не доликува жена да носи лубеници. Ниту да се рашетува ќеси ѓубре. Тоа си е работа на мажот. ;)
     
  4. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    мојот нејќе да слуша за чистење на домот или помагање на жената,
    прави што ќе правиш све сама,
    никогаш не ми помагал а и криво му е кога му велам вледај ги твоите другари како им помагаат на нивните жени, за пример

    а имам потреба многу и тоа, ама ете!!!!
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    МНогу ме нервира таа глупава распределба на обврските по дома! Жената се‘ треба да сработи оти мажот е МАЖ па не му личи да помага по дома! Многу бракови имаат проблем околу тоа... мажите одбегнуваат да помагат бидејќи женските работи (Читај сите домашни работи) не личи маж да ги извршува!
    Во разговори со мојот дечко (се надевам иден сопруг) сум научила дека неговото мислење за оваа област е дека мажот треба да помогне на жената само околу почувувањето на децата (кога нема кој друг да ги гледа) а се друго е обврска која навремено треба да биде извршена од страна на жената! Оти он не знаел да работи друго, и да сакал да сработи ќе не знаел како! Ама му велам за тоа ќе расправаме кога ќе ни се наметне истиот проблем! Значи пак ќе морам да тактизирам-ама ај има време може овој мојов ќе смени мислење(Се соменавам,но...)
    Некогаш јасно се знаело што работи мажот а што жената. жените работеле по дома (ама само по дома) а мажите заработивале за пари...сега е поинаку,и жените со своја работа придонесуваат за финасискиот дел во семејството,и тие одат на работа и тие се уморни! Но ете обврските за работа по дома пак остануваат на нејзин грб!
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Извини рената ама никогаш немој да му кажуваш види го твоето друштво како работи или нешсто друго, ако не ти помага побарај жена за помош ги има многу што сакаат да работат и навистина работат, Мојот се знае да прави невикам дека неправи ама јас него терам да помага за да не ми рече еден ден дека он прави ова она, него јас фино лепо си зимам жена кога ке помислам дека имам потреба од неа. Кога реновиравме он беше по цел ден на работа а јас со жената тип топ направивме. Пробај
     
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Фала Богу што не е полн стереотипи и тешка балканштина како наголемиот процент. Знае да забриши прашина, да намести кревет, да шмукне со смукалка ако не сум тука и ако си направи чинии да си ги измие иако нз зошто во машината за садови не ги става...кутриот изгледа му е страв да не ја расипи.
    А за подетално чистење со средства и тоалет, кујна тоа е на мене и не сакам мешање,а до душа и не верувам дека ќе ми се нафати
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Многу ми помага дури да речам јас него му помагам.
    Човеков живеел сам од 18 години и знае се да си работи а не се ни срами.
    Па да речам вака:
    Ако јас готвам тој раскрева и мие и обратно
    Он пушта машина јас пеглам
    Он смука јас чистам веце и после излегуваме.
    Инаку така правевме уште кога живеевме заедно и имаме многу повеќе време за уживање надвор од домот.
    Уште немаме деца така да незнам како тоа ќе се одрази на него ама сигурна сум дека ќе биде сеприсутен како по обичај :clap:
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  9. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    На почеток помагаше прилично, посебно во кујна зашто јас незнаев да готвам сеуште добро, а тој е експерт во тоа поле, превкусни јадења знаеше да спреми. Секој ден ќе правеше ручек, и ептен се залагаше во кујна - од кога ќе заврши со готвење,ќе ги измиеше садовите, ќе го светнеше шпотетот, се враќаше на место. Па и јас кога ќе го чистев станот ќе помогнеше - дали ќе собереше пајажина дека е повисок, или ќе помести кревет за да изметам, ќе фрлеше ѓубре, бришевме прозори заедно..ееее...
    До толку се `мешал` и помагал што еднаш му реков аман веќе остави ми мене јас да се докажам од кога ќе ми ја завршиш цела работа јас немам што да правам, досадно ми е.
    Ама не го држеше ова расположение долго. Од кога јас поднаучив да готвам не памтам од кога тој нема спремено нешто како порано, а и кога чистам едниствено што ќе поткрене се нозете за да изметам под него. Понекогаш знае садови да замие...ама не е вреден како што ми беше некогаш.Си се има сместено во фотељата од утро до мрак си игра на Интернет...ако ништо више бар мирен е така, глас не му се слуша и не се плетка наоколу. :D
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.877
    Допаѓања:
    102.885
    Пол:
    Женски
    Блазеси ви! На мојов нема шанси нешто да му кажеш да пипне. Ајде , некојпат ке земе ке ми зготви нешто ама тоа е многу многу ретко. Само ме прашува дали има ќеси со ѓубре да ги фрли , и тоа. Друго да фати прашина да забрише , да помогне околу правосмукалката , да иазмие чинии некојпат неее бе нема шанси.Ако му кажам ке рече тоа е женска работа , а јас треба да работам. :devil: Тоа ти е , балканец!
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Чистење, перење (уклучување перална), пеглање, готвење - ни под разно. На работа е по цел ден, патува, а јас сум дома па и некако непријатно ми е. А преку глава ми е од истите работи секојденовно :( Помага со децата, да ги заигра ако јас имам работа.... Може неколку пати во овие 10 години да ја уклучил машината за садови....
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Па и не можам да се пожалам...
    Сите ,,женски,, работи се на мене.Готвење,перење,пеглање,пазарење се си се тоа мои работи во кои не ни сакам да се меша.Најмногу ми помага околу децата.Кога беа помали ги бањавме заедно,ги пресоблекуваше,а сега најмногу ги шета и си игра со нив.Кога сум многу уморна ги чува да поспијам.Ако мене ми се шета или ми треба време за женски работи,фризер или сл.,секогаш знае да ги организира.Ќерка ми сака татко и да ја чешла,поубаво ја чешлал од мене. :D

    Знае и вечера многу често да направи,ама после нередот во кујна е за мене.

    Куфери,торби и тешки работи се резервирани за него.Не ми дава ништо тешко да кревам кога тој е во моја близина.

    Секој различно размислува,ама мене маж со правосмукалка или со крпа во рака не ми е поимливо.
     
    На Annath, blond и Fantazy им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Богами пу пу, да не го подречам, секогаш кога е во можност, помага и тоа многу. Главно ми помага во чистењето, а знае некогаш да ме одмени и за садовите. :)
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Николку :^) . Ум за следниот пат кога ќе бирам :D
     
    На Shana, Bozica1980 и Ariel им се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.173
    Па нема да се лутам и ако ми помага повеќе :D

    Кога почнавме да живееме заедно очекував дека се ќе правиме заедно, и ќе работиме исто дома. Едно време се нервирав што не е така, па после почнав да не очекувам ништо да направи, а се што ќе направеше ми беше бонус :D

    Ми фали малку иницијатива, сакам кога е сам да земе и да среди без јас да му кажам. Кога му викам да чистиме а тој превртува очи, се чувствувам како лоша вештерка. Упте повеќе што знам дека може ова да го прави - имав периоди во бременост кога морав само да лежам, и тој правеше се дома без никој да го побара тоа од него.
    Морам да се пофалам дека врв во кариера ми е тоа што го научив сам да си ги пегла неговите алишта, и многу сум горда на ова.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Од такт ме вади кога ќе речат...Женски работи се тоа! Што има јас да готвам, мијам, чистам...
    Па чоек бре аман! Како можам јас да цепам дрва, да хранам домашни животни, да правам концентрати (ова го пишам ради што на село јас и мајка ми ги правевме тие работи )и тие работи ?? Не дај Боже да накапам на некој таков Одма црвен картон добива. Па ние жените не сме машини за работа...

    Среќа моја ако си останам со овај што го имам до крај...Го гледам си прави јадење, си пегла алишта, поубави лазањи и од мајка ми прави (не дека го фалам :lol: ), плакарот негов посреден од мојон (за срамота :P)...Живот ќе си видиме двајцата немат да имат никакво делење :angel: ....Само ако сака Бог
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас не можам да се пожалам од мажот ми затоа што тој знае буквално се да работи и по дома и од која било гледна точка, но бидејќи скоро по цел ден мора да биде на работа, единствено преостанува домашните обврски да ги извршувам јас, ми има кажано уште на почеток пред да се венчаме дека жена му не сака да работи, т.е. да оди на работа, дома се нејзините работи, да се грижи за станот, да чисти, да го одржува, да прави ручек, да пегла итн. Така да јас углавном ги извршувам сите обврски дома, а мм понекогаш кога е слободен ми помага се што треба па знае и да ми зготви нешто, но тоа секако е ретко бидејќи не му дозволува времето :)
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас и Петко живееме во заедница со неговите, но кога работам нешто по дома доста често ми помага.
    Знае да влезе во кујна и да спреми некој вкусен ручек, често го остава нередот зад себе, но знае и да измие.
    Кога чистам и тогаш ми помага, најчесто мести кревети или усисува, не му е ниту проблем да ги постеле алиштата на сушење, воглавно окулу се ми помага, освен за чистење на ВЦ и бришење прашина.
    Летово работеше, па кога беше слободен го оставав да се одмори не му досаѓав да чисти по дома, но затоа пак кога е дома, скоро никогаш не ме одбил кога сум го замолила да помогне.

    Така сме воспитани и двајцата да не правиме поделба на машки и женски работи, туку и двајцата можеме да помогнеме и да средиме, не е срамота јас да менувам прекидачи и сијалици, ниту пак е срамота тој да усиса, да ја измие терасата или садовите. Договор куќа гради :D .
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Глупава ми е таа делба женско-машки работи.
    Ако можеш и имаш време да ја извршиш работата-изврши ја.
    Порано жените биле домаќинки, но денес и тие работаат, и тие се по 8 часа на работа, а кога ќе дојдат дома само од нив се очекува да работат, прават ручек итн. Е, тоа не е фер. :^)

    Рака им пуштам на оние машки кои им помагаат несебично, без срам на своите жени.
    Нели, повеќе раце побрзо ќе ја завршат работата. ;)

    Воедно, заедничкото чистење може да биде и забавно! :)

    И да напоменам, се ужаснувам кога видам како некоја жена сама цепи дрва, крева теписи, носи вреќа компири од на пазар..... :^)

    Мислам дека ние жените освен нашата работа многу повеќе ги извршуваме и машките работи, отколку што е обратно... :?:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Многу, премногу.
    Кај нас не постои моја и негова работа, сработува кој како стигне.
    Со оглед на тоа што тој има тренинг од 2-3 саати, а јас полно работно време, скоро секогаш кога ќе отидам дома е цакум пакум средено, од садови, до усисано, избришан паркет, плочки...ма се.
    Стално вика, нема логика јас цел ден да сум дома, а да лежам само затоа што сум машко, а ти да дојдеш од работа и да се раскостиш,ама ете, женско си била.
    Премногу сум благодарна, некогаш и знам јас да лежам, да одмарам, тој си работи, никогаш не ми прекорил, дури плочки и паркет брише подобро од мене.
    Пазари, пазарам.
    Единствено незнае ништо да зготви, и дури виновен се чувствува, па додека готвам се шуња, учи, лупи сецка :lol:
    Ако не сум зготвила, не прави никаков проблем, баш никаков, си јаде што ќе најде, или ќе свари палента или шпагети, само тоа знае :lol: .
    Ама затоа, за машки работи е тапа, не знае ни шајка да закова, единче синче, галениче, па јас не ретко, ковам, стругам, јас печам скари, затнувам дупки, бркам мајстори, поправам нешто... :lol:
    Како и да е беспрекорно функционираме на тој план, немам никаква потешкотија, знам дека ако не и се фаќа тој ден, ако ме мрзи, немам гајле, тој ќе фати.
    Најбитното, подобро од мене пегла, мада не пегламе којзнае колку, и секаде за пат тој пакува, што ми е најнајголемо олеснување, некој цимер, тазе вратен од војска, на припреми, додека одмарале по соби го научил да дипли-кибритче, се што јас, мајка ми, мајка му ќе ставиме во два куфера, тој во пола успева :o .
    Гости кога ќе се најават, за саат се ни е цакум пакум, јас спремам тој чисти, и побрзо завршуваме со обврските.
    Со ваквото функционирање имаме повеќе време за нас :lol: , тоа ни е главниот мотив за ваквото функционирање..
    Сума сумарум, фала му на бога за ваков сопруг, ни во еден миг не сум под никаков притисок.
     
    На JuLleE, Ariel, rossonerka и 3 други им се допаѓа ова.