1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот си ги врши неговите должности околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ми помага многу...Ми се трга од патот кога чистам, да не ми смета... :)
    Не барам од него да е со крпата, правосмукалакта или пеглата во раце, иако ако сум во фрка а треба да се зачисти не прави проблем...но во главно јас чистам...
    За јадење кога јас, кога тој, кога нешто набрзина...
    Поделени ни се обврските, можеби не баш строго но знаеме кој за што е, и добро функционираме...
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ех ако тој не ми помогне тогаш кој? Малкуцка ми помага, ама во споредба со тоа колку татко ми и помагаше на мајка ми и колку свекорот и одмага на свекрвата, благодарна сум и на тоа малку помагање :D .Го чува малиот, знае да си расчисти нередот после јадење, може спалната да ја намести, да го светне ламинатот (ова од ќеф го прави). За ручеци не го бива, а пак да му речам садови да измие? Ахам, да, само со хипноза :|

    Доволно е тоа што не ми одмага и не наоѓа замерка. Сепак еве на породилно сум сега, тој оди на работа, свеки најчесто прави ручек, па уште маж ми да ми чиси по дома и да ми простира алишта? :shake:

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Среќна сум што дечко ми е поинаку воспитан од нашиве балканси мажи кои ништо не фаќаат по дома.
    Глупава ми е таа поделба женска машка работа.
    Братми дома галениче , неможе сам да си го постели креветот од што мајками го научила така.
    Он една чаша не знае да измие , да ја раздигне масата после јадење...
    Машко е не личело он да работел, Не ми се допаѓа тоа Воопшто
    А ние жените мораме се да работиме сите домашни работи и да чуваме деца. :x :x :x

    Среќна сум што најдов еден друг тип на човек што ми помага многу во сите обврски !!!
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.703
    Мене ми е многу глупава таа поделба-машки женски работи :^) Особено кога од женско ќе чујам-пффф,глупо ми е кога ќе видам маж готви или пегла...а од стакло да не се?Мојот иако не ми е сопруг сеуште,ми помага многу.Знае да измие садови,да направи ручек,еднаш двапати има вклучено правосмукалка,не сака никој да го пегла ни мајка му ни јас-исклучиво он,а кога сме во фрка -кога ненадејно ќе ни се најават гости- е тогаш можете и со крпа за прашина да го видите :lol: иако не го бива за тоа.Единствено што не земал да пере-тоа незнае нити сакам да се меша,и алиштата ретко да зеде да ги среди,насекаде се ,па некогаш знае нешто-магично да му снема.А онака е ептен перфекционист,никој како него пример не знае да ги среди работите кога одиме на одмор :lol:
    Се надевам дека и ќе остане да ми помага понатаму.И горда сум што имам таков покрај мене,не некој разгален дебил кој нормално разгалено од дома,ќе седи и лежи уште да чека јадење во уста да му ставам :puke: А сум видела и такви :|
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubovljubov

    ljubovljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Искрено јас имам дома проблем околу обврските и помагањето од страна на мојот сопруг.Мажена сум и маме 2 деца .Одам на работа во смени и плус обврските секојдневни дома ,со децата околу школото ми се капак и експлодирувам кога немам помош а знам дека може да ми помогне барем оние основни работи кои секој човек без разлика дали е машко или женско ако има желба ќе помогне.Кога децата беа бебиња помагаше околи причувувањето на децата а сега негова обврска е одмарање,седење на лаптоп,фацебоок,симињање на филмови а се друго било обврска на жената.Пробав и со добро да седнем и да му објаснам како стојат работите дека времето во кое живееме сега е многу поразлично од тоа кога живееле неговите се е подинамично и се сме во трчање,мегутоа не наидов на разбирање неговиот одговор беше,,АКО ТИ ПОМОГНАМ ЈАС ШТО ЌЕ ПРАВИШ ТИ КОГА ЌЕ ДОЈДЕШ ОД РАБОТА,, со самото тоа негово размислување дома станува се понеиздржливо и сето тоа е игра улога во расправиите дома кои се се почести.Незнам како веќе да постапам спремна сум дури и да си заминам со децата барем ќе знам дека сум сама и цел терет е на мене ,неговото такво однесување почна да ствара и одбивност да го губам и чувството на љубов кое сум го имала спрема него ....збунета сум и се чувствувам дома како куќна помошничка не разбрана од никого цело време трпам и собирам во себе но веќе не можам дефинитивно....ми треба совет
     
    На evangelina.ina и vesne им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Разговарај пак со него, пробај да разовараш и да му објасниш се. Ако пак го добиеш истиот одговор тогаш почни да се правиш на Тошо за домашните обврски.
    Престани да чистиш по дома, обрни внимание само на децата да ги спремиш за училиште, остави го неколку дена без чиста облека, остави го без ручек и кога ќе те праша зошто е тоа така одговори му дека едноставно немаш доволно време за се да постигнеш да средиш.
    Мислам, веќе кога не се разбрал со маубет тогаш вака му направи, можеби така ќе се свести дека не си суперхерој.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Многу едноставно, ајде ручек што мора да се прави и поради децата ок, али не го пери, пеглај, не средувај по дома, нека се сопнува од расфрлани ствари и такви сл. работи :devil: Ако те праша зошто ова не е завршено - едноставно одговори му дека не си можела да стигнеш а тој може да си го помрдне неговиот газ :^) . Се додека го алиш и одиш по него ќе немаш никаква помош од него.
     
    На evangelina.ina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Ами Јас мислам вака ; кога децата ке побараат нешто ке имсе извиниш и ке им речиш деца ве молам имам многу работа побарајте од таткови све што ви треба !
    нон стоп насочувајте ги децата да бараат од сопругот да им помага во она што го бараат !
    ти кога работиш нешто подвикнувај го да ти задржит нешто и така натака !
    и плус советите од погоре се разбират :!: :rofl:
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.754
    Морам да го пофалам овој мојов за ручекот што го направи денес :D

    Јас бев на кафе со другарки, се подзадржав, влегувам дома мртва гладна, и ме удира мирис на печено свинско. Многу беше вкусно.

    И како да не го сакам после? :D
     
    На senjorita-v и MacenceEna им се допаѓа ова.
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    што убавко така ...
    Мојот (иден) сопруг денес зема да го исЧисти фрижидерот . Мора да помага :!:
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Уф.. па не баш многу.
    А и нема кога, некогаш на работа останува до 19ч., единствено во недела е слободен, а тој ден го користиме за шетање.
    Од друга страна и куќава не е 500 квадрати па да не можам да ја средам, плус и свеки е тука, таа помага.

    Мм не ми чисти, туку негова работа е да ја анимира малата со тоа што и двајцата ќе се чистат од дома...побрзо работам кога не ми се моткаат. Усисува ако му речам дека ми треба помош, ама ретко ја барам.
    Единствено заедно ја местиме и ја раскреваме масата, прави салата, ми помага некогаш при готвење, ако треба да ни дојде некој заедно сервираме, потоа заедно раскреваме.
    Не мие садови, наводно мразел да мие садови. Миеше само кога бев бремена.
    Негова, така позначајна, работа според мене е тресење теписи, местење завеси и пазарење т.е. товарење :lol: , а некогаш и пружа алишта.

    Инаку не е некој досаден и напорен на пр. ако немам ручек да приговара, туку се договараме да излеземе или пак нешто уз пат ќе купи. Или пак ако нешто не сум испрала или испеглала се задоволува со тоа што ќе му дадам.

    Морам да напоменам дека во почетокот сакаше се` да му биде сервирано...пр. излегува од бањање и алишта да сум спремела, тој да се облечел |( , или пак да дојде од работа и да трчкам да му наместам. Мене не ми одговараше да слугувам и со полека му објаснив дека ако тој е уморен од работа на работа, јас сум уморна од работа по дома, дека не лежам по цел ден и единствена разлика е тоа што неговиот труд се познава по парите кои ги носи, а мојот по тоа што дома е се` цакум-пакум.
    И не дозволував да ми биде наредувано, се бунтував и протестирав.

    После извесни полемизирања и дискутирања сфати т.е го натерав да сфати дека земал жена, сопруга, а не слугинка. Ако сака слугинка, нека си донесе, немам ништо против, нема да се противам , жими се` :lol:

    Сега па како што почнав да работам, како што нон стоп сум во трка со времето и воопшто ништо не приговара и коментира, напротив има многу разбирање и среќна што не ме замара со баналности. Сфаќа кога ќе речам уморна сум, молим те направи тоа и тоа...
     
    На srcka2002, MSkorpionka и enca.69 им се допаѓа ова.
  12. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ..се е магија..и јас среќен што сум дел од таа магија..
    и се е под конец и јас ништо не пипам своеручно...
    тоа никако не доаѓало во предвид...
    а како е се ок..
    е па у тоа е магијата...и то се неговори свима,,рече стево карапанџа,,...
    но ајде еве како...
    се ангажира надворешно стручно оспособено лице/а кое за одредена надокнада тоа фино/лепо го средува без многу врева и галама т.е во мир,во тишина и уз лагана музика која воедно ве релаксира и ве смирува...
    како што гледате се работи за pure magic...
    ..лично јас си сакам моето женче да биде заангажирано околу поинакви активности..
    не сум баш расположен да је гледам чалмосана по куќа со крпа,метла,тава....
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Премногу.

    Од самиот почеток на заедничкиот живот, изгласавме дека сите обврски се пола-пола, и дека се е поинтересно кога се прави во друштво, така да... си чистевме заедно, си готвевме заедно... Сега, бидејќи малце сме позафатени, а и последно време преморени, имаме екстерна помош... и таа помош заедно ја уживаме... ^_^
     
  14. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    доволно , досега не сум се разбудила а да има несредена кујна ,искрено до сега масината за садови сум ја пустила 3-4 пати кога бил на пат, готвиме заедно секогас (он е задолзен за сецкањето) :) понекогас знае и да помине и со правосмукалка а прасината џогирањето и перњето се мои 8)
     
  15. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    искрено да кажам мажот ми е многу разгален од страна на неговата мајка и сега кога одиме кај нив си тера по старо ама дома фала богу не е таков.добро сега повеке сум јас околу домот тој работи во смени а јас сум дома ама кога е дома ми помага за се.некогаш пак му велам земи ги малечките и прошетај ги имат 3 и 4 години јас ке средам така ем јас побрзо ке завршам ем и за малите подобро.а кога правиме генералка никогаш не ме оставил се сама да правам јас чистам една соба тој друга јас одам полирам кујна тој прави цакум пакум во купатило.кога имаме гости за вечера или за роденден само ми вели ти занимавајги малите јас се и јадење ќе зготви и маса ке постави и ке сервира јас ништо не ме остава да гибнам оти малите се мали и ако двата се вртиме околу масата можи чаршафот со се се да оди под маса :D.дури кога ова се ке го кажам на свекрва ми ми вели не можно то нешто дури се имаме и скарано со неа за тоа не можев да ја убедам оти нејзиниот син се тоа го прави.беше последно дојдена за роденденот на малечките дојде утрото и виде сама дека вистина е така.вечерта кога ми реча мажот ми донеси ми ги чиниите што останаа има место во машината за садови свекрва ми вели тој ги става внатре и отиде да види дали навистина е така.а никогас не сум побарала од него да напрај нешто едноставно е таков.свекор ми е многу мрзлив никогаш ништо не гибнал по дома освен кафе што си вари и му викам на мажот ми фала богу на мајка ти си се истерал и на вујковците(и тие се такви помагаат по дома) :D
     
  16. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Сопругот ме напушти

    многу убаво и вистинито напишано, мислам дека оваа е вистинската тема за овој текст, не дозволувајте да ве газат и нема да се осмелат да ве напуштат :*

    http://kajgana.com/kuchka-da-se-bide-ili-ne
     
    На nitokris, nena2010 и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  17. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Сопругот ме напушти

    http://www.scribd.com/doc/72930483/Seri ... Vole-Kucke
    еве ви и цела книга :)
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Сопругот ме напушти


    мене текстов ми е претерано глупав. кучка неможе никогаш да има позитивно значење. кучка не е силна и самоуверена жена која се бори за себе туку безобразно жениште што не бира средства да биде по нејно.

    и верувајте дека нема ништо лошо во тоа да го периш и пеглаш сопругот, што е таа фобија од перење и пеглање губење на независноста и слободата? па бракот е заедничко давање и земање... ако ти него го периш тој ќе ти поправа по дома и друго, и што сега маживе треба да се накурчат и да речат ма кој ја ебе бре нека си поправа штекери и она по дома.

    а оние кучки што го прифатиле овој поим нека им е со среќа во нивниот љубовен живот, сигурно дека ќе имаат успешен љубовен живот. и не се палите на вакви бедни статии, прашајте ја авторката Мери Ш. каков живот она води...
     
    На artemidis, MSkorpionka и tessie им се допаѓа ова.
  19. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Сопругот ме напушти

    joelle мислам дека различно сме го сватиле текстот, авторката незнам каков живот води и не ме интересира нејзино си е, јас живеам мој живот, а не живот на други.
    конкретно во оваа тема нема ниту еден брак кој завршил затоа што има заеднично давање и земање, во таквите бракови мажот не ја напушта жената за ич ништо, туку и служи како потопра во животот. Нема ништо лошо во тоа да му переш, пеглаш, ручек да му направиш и се друго на мажат, се додека тој не го злоупотребува тоа.
    За мене стабилна и силна жена е онаа која покрај домашните обврики успева да оди на работа да има свој денар, а не да моли за пари за улошки, успева секогаш да е средена, а не да се запушти како животот да завршил, да може да излезе со пријателки на кафе, а не да го прашува мажот за дозвола дури кога сака и кај мајка и да оди. Е ваквата стабилна жена не само што ја нарекуваат кучка и се остало, туку и мажот и го нарекуваат папучар и сл затоа што жена му има право на глас во бракот.
    А јас да седам дома да работам се низ куќа, да ги чувам децата и неговите родители,да се откажам од кариера и се за него, а тој да шета и скита и да го тороши семејниот буџет за други жени, извини ама јас тоа нема да си го дозволам.
    За крај, мојот љубовен живот се сосема во ред, имам човек покрај мене кој за се ме подржува и знае да сослуша и мое мислење и совет од мене да прифати, заедно одлучуваме за се во врска со нас.

    Се извинувам на останатите феминки бидејки излеговме од темата, се надевам дека наскоро ке завршат вашите проблеми и ке најдете маж каков што заслужувате :*
     
    На sweet25, verica81 и soco им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Сопругот ме напушти

    Текстот е всушност екстремен феминизам ако го прочитате поубаво, отколку воздигнување на совест, морал и самодоверба на една жена. Едно е да бидеш силна, упорна, да ги браниш своите ставови, да се стремиш кон подобра иднина, да стигнеш до финансиска независност, ама ни најмалку воодушевувачки е тоа дека без обзир кого згазиш стигнувајќи до таму.

    Која е таа слободна и независна жена, нека дигне два прста да ја видам, која цел живот не сака другар ноќеска до неа? Да, не треба една жена на времево исклучиво да зависи во секој поглед од својот маж, но нема абсолутно ништо понизно во тоа да го дели животот со еден. Зборувам за компатибилен пар, и никој никого не гази тука. И нема жената да му пере, да му пегла и да му готви на мажот за тој да е среќен, туку за да го одржува во хармонија домаќинството кое го создале заедно, за во него двајцата да се среќни.
    И баш напротив, жена која мисли дека живее и прави се што прави, исклучиво само за себе и гази без обзир се пред неа, нема да стигне ама баш никаде во животот ако сама јаде брза храна секој ден, куќата и е нечиста како кочина и оди смрдлива и гужвана, оти она ти човече не чисти, не готви и не пере, она е „кучка„ !

    Текстов го коментирам, не нечие мислење, очигледно не го прочитавме со исти очи со ivinakit.
     
    На MSkorpionka, maca99, Trendafilka и 7 други им се допаѓа ова.