1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку сопругот си ги врши неговите должности околу домот?

Дискусија во 'Брак' започната од wolf4e, 23 јули 2010.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ако мажот оди на работа не значи дека дома не треба да има никакви обврски.
    Маж ми е на работа од 7ч се враќа во 18ч , па пак тој спрема ручек, мие садови, чисти низ дома. Добро, сега таква ми е ситуацијата, но он знае дека тоа од моја страна никогаш не било ниту пак ќе биде злоупотребено.
    Додека можев не сакав да ми се меша во кујната и јадењето, за друго немапроблем за се ми помагаше. Но, сега ете, уште малку ќе издржи. Па срце е , за ништо не се жали, дури мене ми е по непријатно што е така целата ситуација. Но, за добро нека е.
    Никако неможам да разберам мажи кои дома си идат како на гости, чија единствена обврска е само работата. Па, и жената оди на работа, а дома кога ќе си дојде се е на неа оствено, и ова не личи на ништо. На крај краишта во брак си за да си ги поделиш обврските, за да имаш заеднички живот/соживот со некој, а не сам се да правиш.
     
    На Annath, kravce и eli25 им се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ~ Божје чедо, Е Благослов од Господ да имаш дете и да се грижиш за него. Ама тоа дете колку е на мајката толку е и на таткото. Значи, не е ноќна мора ако и дваицата учествуваат во подигањето на тоа дете. Многу погрешно е ако само мајката се грижи за детето, куќата, работата... па и од железо и од камен да е, еден ден ќе падне.
    А не велам дека има и такви случаеви каде што мажот ништо не помага, ни околу детето, ни околу куќата затоа што тој работел по 10 часа на ден а остатокот од денот го поминува пред ТВ. Е ова е смешно и на ова треба да се смееш.
     
    На Annath, lolyta777 и kravce им се допаѓа ова.
  3. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    А добро чекајте да ве прашам. Кај сте сега моментално? В кујна? или пред компјутер? не би рекла дека којзнае колку сте здробени од работа штом имате време да дремете по форуми.
     
  4. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Еве сега ви ги гледав постовите ви се бројат во илјадници..епа на ова нема што да додадам, алал да му е на мажите како ве трпат така па уште и не ви чинат.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ти имаш проблем со самата себе си или лечиш фрустрации?!?!
     
    На bittersweet, riba79, AIT и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Вистинскиот маж, нема да го видиш да работи. Тој својата работа ќе ја заврши додека спиете :D
    Па татко ми и помага на мајка ми. Ручек и прави. Зачистува. Алал да му е.
    Он не работи машка него женска работа. Малку ја нервира мајка ми.
    Него нема да го најдете околу кола, куќа, тук во кујна, во веце.. :D
    Дај шта даш.
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Нели форумот е место каде се кажуваат свои мислења.Ако мое мислење е дека мажот треба да помогне на жената ајде линчувајте ме.Или ако не се сложувам со тоа наречете ме предавничка на женскиот род :!:
    ОТ
    На крајот на краиштата ако ја земе правосмукалката в раце или се погрижи за детето нема да му падне круната од главата,или да му се смали машкоста во гаќите.Свашта.И кој каде го поминува своето слободно време е негова и само негова работа.
     
    На Annath, Moira, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Брзо куцаме и постовите ни се направени додека сме на работа :wasntme:

    Мислам дека имам пишувано на темава, не ми „помага“ туку заедно го одржуваме домот. Сосема поинаку сум воспитувана од мајка ми, сакаше да ги следам нејзините стапки, ама не дозволив, гледајќи ги нејзините грешки.
    Се согласувам делумно дека и ние како жени ја претеравме, се расфрламе со феминизмот и каде треба и каде не треба, ама ова не е поле на докажување на женската/машката суета. Јас на мажот ми ќе му дозволам да ми „помогне“ кога нешто нема да можам да отворам, кога нешто е превисоко или претешко за мене, кога не можам да ја отворам вратата од колата ( :wasntme: ) и слични ситуации, со што му давам до знаење дека е „појак пол“ и треба да се грижи за мене (нас) кога јас не можам.

    Уствари, не дека не можам, ама ај...... :D
     
    На Mikako, AIT, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Teшко на таа снаа што ќе ти влезе в куќи :lol: , те замислувам како и` висиш над глава-фаќај мори метлата и тенџерето ]:) :D :rofl: ...
    Уште од сега `ржеш за мажот, како ли ќе биде за синот (под претпоставка да имаш син), а ако имаш ќерки блазе си им на зетовците, најмногу ќе те сакаат. :clap:
    Еве капа ти симнувам :hai: :hai:
     
    На Moira, SweetDream, AIT и 3 други им се допаѓа ова.
  10. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам каде сум по 3 саати во денот ! Пред компјутер и на форуми и на фб !!! А знаеш зошто? Затоа што имам 9месечно бебе кое никако поинаку не спие ,освен во раце и тоа во една многу незгодна поза каде јас сум целата искривена.Значи јас седам по 3 саати во денот и се жалам.А замисли те молам и маж ми ме жали,затоа што кога треба да станам ми требаат 10 минути за да се откочам и ми треба помош за да можам да се исправам.Знаеш кој како ги перцепира работите. Еве мене тоа седење ми е потешко од тоа да поминам со усисивач,да измијам садови ,да избришам прозори,исперам ,испеглам.
     
  11. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Ех бре Лолита ме изнасмеа ( за разлика од некои членки кои одма на вреѓање удираат).

    Сметам дека жената и мажот треба да бидат партнери низ животот. Замислете сега како би ви било да земат мажите да отворат форум и да почнат како оваа мојава ништо дома не фаќа, цел ден дреме пред компјутер а кога ке дојдам од работа глуми божем цел ден работела, цел ден е по комшики а мене ме тера да перам и пеглам, детето не го погледува и сл.....

    Јас сум доста вредна особа и мразам лежачи. Не ме интресира кој што работи, битно да работи.

    А синовите и керките као ке се омажат ич не ме интресира, што си бараат тоа ќе добијат. Јас не живеам со свекрва нити сум живеела ( искрено крв пропљукав да дојдам до оваа моја самостојност) нити па моите деца ке живеат со мене. Јас сум тука да ги изведам на прав пат, да не се дрогираат и убиваат, а понатака каков партнер ке си изберат не можам да влијаам, нити па сакам ;)
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Е па истото го збориме де, само што ти на почеток сугерираше дека се` додека мажот работи, жената нема право на приговор ако тој ништо не фаќа дома. Со ТОА не се сложивме повеќето, не дека побаравме да си дремиме по кафиња и форуми по цел ден и мажите после работа се` да ни работат дома :)
    И да, кукаат тие што немаат помош од мажите и се` е на нивни грб дома, за што сите се согласивме дека не е во ред нели, и лично сметам дека се во право, без разлика дали се на трудничко или не.
     
    На lunicka, lolyta777 и slavica999 им се допаѓа ова.
  13. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
  14. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47

    Moira uste stojam na toa...samo sega nemam vreme da se raspravam moram da RABOTAM, koj si nema rabota neka isprava krivi drini po forumi cel den...caosss :*
     
  15. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Помага кога ке му речам да го чува бебето тогаш знае и генералка да направи :D само да не го фати. Или најдобра варијанта да ги земе децата да ги шета (и тоа е помош) за јас да чистам.
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ако работното време на мажот е 8,9 10 часа, на мајката е 24...
    Но тоа е само на почеток кога буквално треба очите да ти се на бебушот 24/7, но кога малку ќе потпорасне да речеме после година ипол, две, работите стануваат порелаксирани... детето знае да се заигра само, се разбира од збор, па можеш слободно да си зачистиш или зготвиш нешто додека тоа си игра или се вртка околу тебе, а нивното денско спиење ќе си го искористиш за себе-нокти, коса, книга, интернет...Можеш да прошеташ со него без страв дека ќе почне неутешно да плаче на сред шетање или додека сте некаде на гости, значи имаш време и да средиш низ дома, и за релаксирање и за шеткање...

    Тогаш не гледам причина да го чекам мм за да си дојде дома и да зачисти чисто колку да сме фит-фит со домашните обврски, не е фер бидејќи ако јас сум имала денеска време за себе редно е да има и тој, не во смисол да дојде како на гости ама не и пак да го малтретирам за нешто за кое јас сум имала време и сум можела денеска да го средам...
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Јас можам само да и „завидам „ на сестра ми по ова прашање.Кај нив дома (живеат сами,со едно дете се и двајцата се вработени)нема тоа јас ова ,ти она.Како на лента се исполнуваат обврските дома кај нив.
    Одам кај нив дома(она беше бремена,зетот на работа) и седиме,пиеме кафе.Доаѓа зетот на пауза бил,полни кеси со продукти испазаарил,се поздравува со мене и влегува во кујна.Ајдееее,почнуваат тенџериња да тропаат,со поглед ја прашувам сестра ми што е работа,а она ми вели-става ручек .Јас :o :o .Зетот ја здроби зелката(вариво правел),отиде во бањата слушам -почнува машина за перење да работи.Не прашувам ништо-веќе ми е јасно.
    Влегува зетот во дневната ,го пие кафето кое сестра ми му го свари,гледа на саат и вика дека треба да оди на работа.После тоа сестра ми си го презеде ручекот да го надгледува.И викам-леле сестро,блазе си ти.А она само се насмевна и рече дека кај нив од првиот ден во пракот е вака-никогаш не ја делеле работата на моја и твоја,машка и женска.
    Зетот живеел сам од своја 18 година,сам се перел,пеглал,готвел,така да нему ова сосема му е нормално.
    А мм,да ми е жив и здрав.....што долго работно време,што не си разбира.....Фала Богу барем децата ги анимираше додека беа помали за да можам јас да зачистам или пак викавме жена за чистење која тој инсистираше тој да ја плати бидејќи времето не му дозволува да ми помага по дома.
     
    На warrior, Pufce27 и Palchica им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Ако и дворот се смета за дом тогаш мојов ќе има златна папуча!
    Од влезна врата натака малку потешко, ај да не бидам лоша во кујна добро се снаоѓа но после него изгледа како да поминал ураган низ неа. Ако, му дозволувам да си поигра :lol:
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Е, оваа тема мене ми е олеснета многу. Фаќа златен тој се. Освен да готви, строго забрането, не за друго после ќе се испотруеме, антиталент е последен, ама затоа он прави салата секогаш, и раскрева односно мести маса. Се ни е поделено, кој што фати прво во моментот, тоа му е. А господата другари кога ќе се осудат за тој маж од 2 метра да кажат дека е папучар нели, он вика сами сте ми на гости дојдени??? Сами излагате навечер? Кај ви се жените/девојките, уморни? Епа ние се ќе завршиме на раат двајцата, па после си го уживаме животот како што доликува. Златен тој, како да не го сакаш, хахахаха!И двајцата имаме работни време-невреме, така да, се си е во ред. Кујна моја, се остало заедничко! ;) Ќе видиме само дали ќе биде така и понатму, викаат а потпишат се менуваат... Ама ќе го потсетам одма, не е проблем! :rofl:
     
  20. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Кога бевме „во добрите“ помагаше чат-пат, кога ќе му кажам и тоа само тањири да измие или да помине со џогерот и сл.. Во последниот период кој трае повеќе од месец-два не помага бидејќи (ова е мое толкување) сака да ме казни да работам јас се. Ако јас не избришам прашина-ништо. Ако јас не избришам под-ништо. Ако јас не исперам, испеглам, зготвам, поставам...ништо. Вечерва дури и не сакаше да ми помогне да наместам за спиење во дневна (во еднособен стан сме), туку рече „не сакам, не се осеќам дека сакам да наместам“... И да, бев излезена 1 саат додека беше на фудбал, он дошол пред мене и ми се јави на моб.да ме праша зошто не се измиени тањирите (кога дојдов дома уште не беа измиени)..