Мислам дека не најдов ваква тема ама ако има-клуч. Колку сопругот ви помага околу обрските за бебето и околу кои обврски?На пример за менување пелени,давање млеко ако е на АД,прошетка,давање кашички итн.Дали зависи од тоа колку имате помош и од другите членови во фамилијата? Јас имам помош од сопругот но се прашувам дали ќе беше исто ако имавме помош од некој(живееме во друг град па сами сме)и ако не се породев царски.
Со оглед дека маж ми цел ден е на работа кога ќе си дојде навечер е уморен ама секогаш ми помага да го причува малиот, му има менувано пелени неколку пати и пресоблекувано, првиот пат кога проба беше неуспешно ама затоа потоа се снајде, за домашните работи немам помош од него па така се е на мене оставено ама воглавно сум презадоволна и за тоа што понекогаш и по цел саат си игра со малиот за јас да си посветам малку време на себе или пак да завршам некоја работа. Инаку живееме и со свекрва она на први спрат ние на 2, и она по цела недела не се качува да го види внукот а не па да го почува и да ми помогне нешто
Мојот сопруг е татко ипол! Се грижи за син ми исто колку и јас! Најчесто (скоро секогаш) сум јас таа која го пресоблекува, дотерува, која му менува пелени и му прави и дава кашички. Но затоа пак тој е оној кој трча по продавници и аптеки, тој го успива, никогаш не ме одбива кога ќе побарам да си играат заедно за јас да си посветам малку време за себе, или да завршам некоја домашна обврска. А во последно време задолжен е и за миење на каканото газенце!
И мм многу ми помага околу бебето кога е дома. За пресоблекување за хранење, помага при капење, пази на него или околу него каде оди што фаќа да не падне ова она се. Го шета на кафе кај другар или до кај некои роднини на 1-2 саати. Тој е исто така задолжен за набавките храна, памперси и сл. Бидеќји работи во странство вози од секоја тура носи нешто за него било што играчка или нешто за облекување. Значи кога е син ми во прашање неможам од него воопшто да се пожалам
Ех да прочита маж ми сега како ќе го пофалам Навистина освен што јас ги доев децата по друго неможе да направиме разлика кој е мајка а кој татко. Инволвиран е во секој аспект на бебето и детето, од бањање, хранење, подготвување храна, облекување и се друго. Посебно ми е кејф што се што прави го прави од срце и зошто не мисли дека одредени работи се женски или машки ( а и за се останато дома е така). . happy me.
Мм е цел ден на работа или пак цела вечер зависи како има смена. Знае често да ја земе малата јас да одморам,ад млеко и прави и си игра со неа некој сат време. Кога имам работа низ дома ако не спие (најчесто кога спие ја правам таа работа) знае да ја прошетка низ двор низ дома да разгледува или да и пее или кажува приказни,кашичка не го бидува да даде. Ретко се случува да ја заспие бидејки со мене си заспива полесно,за потребните работи што требат на малата веднаш ги купива. Ама јас сум24/24 со малата така да мама е малце повеке грижлива за бебуш наш
Со оглед на тоа дека немаме помош од никој друг ние двајца си го гледаме сами синко. Буквално цело време е со нас. До пред еден месец сама го гледав оти нему му е претежно сезонска работата и најчесто бев сама дома, ама сега сме двајцата и ми е каде-каде полесно. Е сега, на тате му е мерак да биде со синко, па мама се припрема околу домот, капењето, облекувањето... (соблекување никако)
Морам да си го пофалам сопругот Уште додека живеевме заедно кога бевме во врска, се правевме заедно, учествуваше во чистење, готвење, пеглање......Сега учествува во сите работи околу малиот Го пресоблекува, го храни, го држи, го бања, го мачка после бањање, го успива.....Помага и по дома. Огромна поддршка ми е, не знам што ќе правев да не ми помагаше.
Помагање,што е тоа?Децава ги фатил во раце само кога се сликал со нив.Се случило да ги зачува ама пелени ,капење,хранење тоа не.По дома ,воопшто јас дури и машките работи ги работам.Ако нешто потфати прво треба да се моли,преколнува... Таков е, што да му правам.
Од првиот ден се заедно правиме те.на смена. Освен што не ја приготвуваше храна за бебе, ама во се друго активно учествуваше и се уште ни се поделени обврските. Немаме никаква друга помош од страна, помагаме се еден со друг.
Исто и мм ми помага многу за κапење облеκување, го чува го заспива поρетκо спие без мене ама добρо се тρуди со оглед ,на тоа што е по цел ден на ρабота и дома се пρави уште во вρсκа си беше таκов вρедно дете затоа си го земав
Помага, ама ми требаше малку труд за да го свестам дека детето е НАШЕ а не само мое. Сега ми помага при бајнењето, некогаш облекува и ја соблекува (колку може и умее), раскрева по дома, знае да ја почува за јас да одморам 2 саати, ја игра додека работам нешто...и тоа е... Од него друго и не можам да очекувам бидејќи заради работните обврски слабо е дома.
Ако се пожалам, одам право во пеколот. Он вели - детето е наше, и ние ќе си го гледаме заедно. Така и бидна, од прв ден. Еден е со бебето, друг чисти/пере/пегла/готви. Не е талентиран сиромашкиот ич за готвење, ама колку се труди! Јас имам работа со мноооогу лошо работно време, он поминува повеќе време со неа од мене. Секое сабајле он ја носи во градинка, јас излегувам скоро два саати пред нив. Јас ја земам обично, детето секогаш стокмено, убаво облечено, се на место. За некои работи мислам дека јас повеќе грешам од него! Завршуваме со обврските во прописно време, бебето си заспива, и имаме време да си посветиме еден на друг. Откако се породив мислам дека едно 300% повеќе го сакам, ако е можно. Нека му е алал верата, маж на место!
За мажлето мое само пофални зборови, ако не е тој да ми помогне околу малата, јас мислам дека ќе се распаднам. Кога бевме со АД дохрана тој беше задолжен за подготовка на истата, менува пелени, ја одмива малата, ја пресоблекува, ја бањаме заедно, ја занимава додека јас средувам по дома, готвам, се бањам и сл., некогаш кога нема да можам да ја успиам, го пуштам него и за кратко време си ја завршил работата.
Кај нас обратно треба да се постави прашањето, колку јас му помагам на маж ми околу малата. Тој е моја десна и лева рака, без него ништо не би направила. Од првиот ден кога дојдовме од болница, тој ја бања, менува пелени, облекува, игра, пружа алишта и сите обврски околу неа. Кога имам работа ја рани, дури и почна да пегла. Јас сум задолжена за спремање кашички и да ја почувам неколку саати додека тој е на работа и живи радости е кога ќе ја види како му се радува кога си доаѓа од работа. Абе татина ќерка е она, па и дека на почетокот личеше на него.... се топи покрај неа.
Помага колку што може. Кога јас сум околу синчето он си игра со ќеркичката. Знае да му смени пелени на малиот,да го нарани,да го прошета и најважното од се заедно заспиваат,ако не е тато до него, Матеј не заспива.A навечер кога ќе почне да плаче бебчо,понекогаш кога не е уморен он станува, се грижи за жената му за да се наспие. Во врска со кпувањето,јас само ќе направам листа со работи што треба да се купат,и оди купува сe' што треба и не треба.
Помагање? Хммммммм! Ајде вака да ги пресметаме работите: 1. Менување пелена - го зема бебето, седнува, ги вади пантолончињата па ме вика мене. А и ако не ме викне наопаку ќе го стави памперсот па исто ми се фаќа. 2. Хранење - само кога седнуваме да ручаме заедно па да му макне на бебето од запржениот грав. Тоа е повеќе штета отколку помош ама ајде. 3. Готвење бебешка храна - не знае ни како да го вклучи блендерот, ни шеќер и сол дали треба. 4. Капење - само кога биле многу малечки, колку да му помине меракот. Два три пати и толку. 5. Во случај на настинки или вирус - го уклучува алармот на неговиот телефон бидејќи е многу стресен па сигурно ќе се разбудам иако сум уморна. 6. Играње - максимум 45мин по што му се палат нервите. 7. Чување дете за да посветам време на себе - само ако тоа време посветено на себе значи да му зготвам вечера. 8. Заспивање - само во не дај Боже случаеви. Тогаш сигурно нешто трагично ми се случило 9. Набавки на памперс, кашички... - секогаш тој. Го вади тоа што работи и по 16 часа на ден ама кога ќе ги израснам децата, кога ќќе удрам еден живот, да си наплатам за моето 24 часовно работење
Многу ми помага, тој му е ко втора мајка на син ми. Сега и тој го чува дома, додека јас сум на работа.
повеке ми одмага отколку што помага,само за капењето неможам да се пожалам го бањаме заедно,и ако му кажам направи чај-млеко ке ме послуша инаку друго многу не се замара,нон стоп вика не прај така, прај вака,ама да не му е добро така ,незнае да го смири додека плаче и ми се дере ко нездрав ,постојано се дере за нешто како јас да незнам а по цел ден сум сама со малиот,и баш тој кога ке дојде демек му фали нешто,не за џабе е кажано мајката најубаво знае што му е потребно на бебето и како му е убаво ама тој тоа не го свака мисли дека требе секогаш да прифакам совети од друг,спие на тел со мајкаму како многу да ми е потребен нејзиниот совет.