Колку сте задоволни од козметиката на Афродита?

Дискусија во 'Лице' започната од AzSxDc, 15 септември 2011.

  1. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    Девојки ајде да видиме колку сте задоволни од козметиката на Афродита?

    Јас искрено да ви кажам никогаш немав пробано ниту еден производ од Афродита но козметичарката од брат ми му дала крем лосион и пена и јас ја прашав мојата козметичарка дали можам и јас да ги користам и ми дозволи и презадовона сум посебно од пената
    [​IMG]
    преубаво го прави лицето. :D
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.884
    Mногу сум задоволна од Aфродита,го имам овие производи,и задоволна сум премногу :)
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Јас сум презадоволна од козметика афродита, моментално користам шампон од афродита и морам да кажам дека сум презадоволна, толку е мека косата, и дава прекрасен волумен и преубаво мириса. Топло ви ги препорачувам.
     
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.777
    Пол:
    Женски
    Подобра козметика - здравје.
    Имам лосиони и креми за лице од Афродита и сум презадоволна.
    А ја имав и чистилната пена, премека е.
    Со оглед на тоа што имам проблематично лице, мака мачев дури да најдам нешто што ке ми го смири.
    Гооолем плус има козметикава од мене.
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    3.541
    супер тема ....секогаш се прашував дали е добра или не ....досега имам користено само маска и крема за лице од бадем и ми се допаднаа ама не толку многу, беа ОК
    НО СЕКОГАШ МЕ ИНТЕРСИРАЛО ДАЛИ СЕ ЕФИКАСНИ КРЕМИТЕ ЗА ЦЕЛУЛИТ?...ГИ ИМА НЕКОЈ ПРОБАНО...ДАВА РЕЗУЛТАТИ....И ЗНАМ ДЕКА ГИ ИМА ПОВЕКЕ КОЈА Е НАЈДОБРА
    знам дека има тема посебна за ова но мене ме интерсира само за оваа марка
     
  6. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Имав шампон на Афродита .. Али не сум задоволна многу :^) а други производи немам пробано :lol:
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    [​IMG]

    Од оваа козметика само овој шампон од коприва со додаток на Биотин и е супер, мисалм дека овој тип на шампон од оваа фирма го нема во ск, само обичен, го платив околу 190 денари ама мислам од кило но е супер.
     
  8. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Имам употребувано од маските за проблематична кожа исто и пената и тоникот,кремот за мрсна и проблематична кожа ги имам користено и бев задоволна но тоа беше пред 3-4 години.А пред неколку месеци го купив кремот за осетлива кожа на база на камилица,но сега имам нормален тип на кожа а овој крем ми е мрсен,и не сум баш задоволна од него,и исто така го имам и тоникот за лице тој сто е со хамамелис и алантоин за нормална до мрсна кожа но не ми се допаѓа тоа што е леплив.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.958
    Допаѓања:
    52.040
    Пол:
    Женски
    Одлична козметика. Висок квалитет, а цените се разумни. Во класата на Лореал, Гарние и слични, производите од Афродита ми се најдобри.
    Веќе се фалев за млекото за тело од камилица, тоа ми е врвот. И линијата од камилица за чувствителна кожа на лице ми е добра.

    AzSxDc пената што ја имаш постирано е од професионалната линија и може да се набави само во салони, веројатно таква е и кремата за лице. Тие се веќе повисока класа и се доста поскапи.
    Но и производите за широка потрошувачка се повеќе од солидни за цената.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Многу сум задоволна. Сите работи имаат по нешто природно во себе.
    Кремите за лице од бадем и алое вера ми се супер.
    Пилингот за лице ми е најдобриот кој сум го пробала досега.
    Пената за миење лице и лосионот ми беа онака добри, лесни.
    Маслениот гел за туширање од бадем ми беше исто така убав.
    Сите лосиони за тело им се одлични.
    Антицелулитна крема им е најдобра таа што е на слика постирана погоре.
    Кремата за раце е одлична.
    Сите маски за лице се супер.
    Бебешката колекција е супер (иако слабо се троши кај нас).
    Не сум пробала од колекцијата против мрсна кожа (за акни).

    Иако мислам дека кај нас малку се трошат, бидејќи имаат слаба реклама, а и многумина не ги познаваат, повеќе се насочени кон Нивеа, Лореал....

    Околу 30-40% попуст на оваа козметика има во
    Зегин
    , мислам дека уште трае попустот. Само не сум сигурна дали тоа ќе биде и трајно намалување на цените (така слушнав)
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    задоволна
    од оваа козметика имам користено лосион за тело,антицелулитен гел навистина прекрасни :)
     
  12. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Досега ги немам пробано производите на Афродита но денес сум во план да си купам пена за чистење (за мрсна кожа) и тоникот Алое Вера! Ги знае некој цените на тие производи?
    Засега само пофални зборови имам слушнато за козметиката Афродита, се надевам дека нема да се разочарам!
     
  13. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.296
    Презадоволна....во мојата палета имам шампон и купка за тело од афродита помада за лице и секако маската против акни ...уникатна, едноставна и законска...
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    661
    Шампоните им се петка, посебно тој од кокос, што може да се употребува и како гел за туширање.
    Добра работа е што не тестираат козметика на животни.
     
  15. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    168
    Јас сум ПРЕзадоволна. Имам користено креми, пудра, лосион, тоник, пилинг...и многу ми се доапднаа. Само, реално малце се скапички
     
    На crticka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Го имам користено само овој пилинг
    [​IMG]

    и сум презадоволна. Уште при првата употреба бев воодушевена, лицето ми беше мазно и мозолчињата веднаш исчезнаа :up:
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.296

    мене ми кажаа дека се поскапи пошто оние козметиките биле повеке наменети за козметички салони ...
    и дека сме мнн среќни штоо воопшто имаме пристап до нив 8)
     
  18. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Јас ја користам кремета за лице од бадем за сува кожа и премногу сум задоволна прекрасна е а сега сакам да купам и пена за чистење лице
     
  19. crticka

    crticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    i jas sum epten zadovolna od kozmetikata Afrodita t.e potocno od kremata za osetlva koza na baza na kamilica,bidejki imam cuvstvitelna koza.Pred da mi ja preporaca kozmeticarkata kremata se iznamaciv probuvajki sekakvi kremi soodvetni na mojot tip na koza no bezuspesno,se dodeka ne pocnav da ja koristam istata i veke 2 god ja koristam isklucivo nea i sum preprepre zadovolna.

    [mod-kirilica:1t92bnvv][/mod-kirilica:1t92bnvv]
     
  20. vodolija10

    vodolija10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    1
    Најзадоволна... Афродита ги имаат најдобрите шампони, но дефинитивно кремата за лице од камилица им е најдоброто нешто... :)