Чистотата во домот за мене е многу повеќе од само "поминување со правосмукалка". Сакам се да ми е под конец и постојано чисто, секој агол ми е битно да биде чист. Местата кои што ми се гледаат ги чистам на два дена (прашина и да поминам со правосмукалка и џогер), а за оние што не ми се гледаат 1-2 пати неделно зависи како сум со време. Ме интересира до каде оди вашата деталност. Дали навистина ги чистите оние скриени места што никој не ги гледа, или тие сепак чекаат долго за да бидат исчистени? Пример колку често ги чистите местата: Над кујнските елементи? Зад радијатор? Клима? Внатре во гардеробери/фиоки?...