Колку често ги чистите оние места што „не се гледаат“?

Дискусија во 'Дом' започната од Mr.Limonko, 12 април 2026 во 20:18.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    4.634
    Пол:
    Машки
    Чистотата во домот за мене е многу повеќе од само "поминување со правосмукалка". Сакам се да ми е под конец и постојано чисто, секој агол ми е битно да биде чист.

    Местата кои што ми се гледаат ги чистам на два дена (прашина и да поминам со правосмукалка и џогер), а за оние што не ми се гледаат 1-2 пати неделно зависи како сум со време.

    Ме интересира до каде оди вашата деталност. Дали навистина ги чистите оние скриени места што никој не ги гледа, или тие сепак чекаат долго за да бидат исчистени?
    Пример колку често ги чистите местата:
    • Над кујнските елементи?
    • Зад радијатор?
    • Клима?
    • Внатре во гардеробери/фиоки?...

     
    На Amelia и pinklipstick им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.105
    Допаѓања:
    191.339
    Обично чистење правосмукалка прашина џогер вц и постелнини еднаш неделно
    Немам делови шо не се гледаат за да ги пресконувам

    Гардеробери средувам отприлика 2 до 3 пати годишно
    На една страна се летни на друга зимни алишта не кревам по сезони
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab, Sukbob и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    3.793
    Пол:
    Женски
    Правосмукалка 1-2 пати неделно ,тогаш и прашина/пајажина.
    Плакарите ми се сезонски.
    Скриени места ако се мисли под кревети ,ветрини 1-2 месечно зависи кои месеци.
    Тоа над кујната без ред ми е како ќе стигнам :D
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.090
    Допаѓања:
    14.603
    Пол:
    Женски
    Ако се мисли на високите делови најгоре од плакари зависи. На кујната горниот дел на две недели, на спалната, детската, купатило на 1 месец. Зборам за најгорниот дел каде што завршуваат со ѕидот.
    Под кревет факам секогаш кога чистам со правосмукалка а тоа е 2,3 пати неделно.
    Луѓе не знам ама ова не е нормално колку прашина има. Се топлиме на клима, завчера чистев денес пак поминав пак се насобрала.
    Имаше период кога секој ден минував со правосмукалка и секој ден гледав дека се полни со прашина и баш поради тоа се откажав секој ден да поминувам. Колку и да се поминува од надвор влегува многу прашина.

    Не знам кај вас ама кај нас во помалите градови улица не е измиено може има 20 години :@

    Пред 20 години имаше цистерна за улиците сега нема :envy: