Искрено додек живеевме поблиску, секој ден. Откако се преселив, по 2-3 пати неделно. А за жал во последно време многу обврски и не се гледаме многу често, и многу ми фали. Искрено се надевам дека набрзо ќе се растеретиме од обврските, и дека ќе си се гледаме почесто. Како функционирате вие,и колку често се гледате?Дали можеби сметате дека поубаво функционирате кога се гледате поретко или почесто?
Зависи од обврски. Некогаш еднаш неделно, некогаш 4-5 пати, ама најчесто 2-3 пати неделно.Сметам дека е подобро 2-3 пати отколку 24/7 да сме еден покрај друг. Не би останало место за да си недостигаме малку .
Додека одевме на школо, секој ден освен недела. А сега кога сме на распуст, вторник, петок и сабота на излегување.
И јас сум од оние што се гледаат по 2,3 пати неделно, сепак не по моја вина, живееме далеку, а понекогаш и обврските си го прават своето...
Jaс со поранешниот на почетокот се гледавме скоро секој ден, не ми беа сите овци на број ако не го видев. Никако не можев да му се донаситам, а подоцна 2 пати неделно ми беа доволни. Спојлер (освен прекраткиот период на заеднички живот, каде се гледавме и преретко поради работните обврски)
Па се глеаме по неколку десетици пати во текот на денот,бар јас толку си ја глеам,си пуштам фб и си ја погледнувам и пак идам на home и така цел ден,а порано просек она ме глеаше едно 2 пати неделно,а јас по некој пат дневно
3-4 пати неделно. Вторник и недела задолжително. Тоа се наши денови, во последниве две и кусур години не паметам да сме испуштиле да се видиме баш во овие два дена. И доволно е. Си имам време и за себе и за girls night out. Исто како и тој со неговото друштво.
Секој ден Освен некогаш ако имам обврски,или не сум дома она ова. Секогаш гледам да најдам време да се видиме
Се глeдаме секој ден не памтам кога се случило да не се видиме во денот. Ама многу блиску живееме на 2 минути и да нејќам ке го видам
премногу често,секој ден сме заедно,само спиењето не дели (понекогаш не). еве деновиве почнавме само навечер по неколку саати да се гледаме... но сепак мислам дека не треба секој ден,така има повеќе кавги и ќе си здосадиме брзо...
Скоро секој ден... Незнам колку е тоа добро, но ако не сум со него ден-два, се чувствувам празно. Понекогаш обврските не спречуваат да се гледаме, но сепак се наоѓа време.
Зависи, зимно време може и просекот на 2 пати неделно да ни падне, летно време да се накачи до 4. Зависи и учење, обврски, работа, се знае некогаш мора некои работи и пред љубовта да се стават. Едно пропуштено гледање нема да има последици, но едно одбивање на работа може да значи многу. Значи средина 3 пати неделно нека биде, ајт Го сакам времето поминато со него, но неможам да се замислам да се гледаме секој ден бар додека сме во врска секако. Сакам да си имаме време за себе, време за излегување со друштво, време да ми се јави и да ми рече ми недостасуваш. Како ќе му недостасувам ако ме гледа секој ден по неколку часа? Ние штом дојдеме од одмор одма си даваме неколку дена одмор еден од друг
Зависи од смените на работа. Некогаш по неколку дена едвај по саат да се видиме, се гледаме само на спиење. Јас кога ќе дојдам он веќе заспал или обратно. Тогаш и двајцата сме некако раздразливи, па повеќе се караме. А кога се гледаме почесто сме си ко бајчиња, си гугаме само.
Јасно Виножитке, кога се гледате почесто, почесто и си ги полните батериите Инаку, и ние се гледаме секој ден... ама има периоди кога не се гледаме ич... т.е кога ќе оди на службен пат кој знае да трае со месеци... е тогаш, кога не сме се виделе долго, долго, си гугаме ептен
секој ден, ретко кога нема да се видиме ама тоа заради нејид ид нас двајцата ако неможе. И ако не го видам абе почнува да ми недостасува многу коо божем не сме се виделе 100 год.
Зависи,ама сепак, често. Кога имам колоквиуми немам многу време,до 3 пати неделно,а и плус не живееме баш блиску,тоа ни е плус причина што некогаш не се гледаме.. Ама инаку,кога сме ослободени од обврски,се гледаме секој ден, освен во недела.. И иако толку често,не ми е ниту досадно, ниту напорно.
Се гледаме секој ден најчесто навечер по неколку саати и неможам да издржам да не го видам, секогаш наоѓаме време еден за друг. Освен ако испадне некоја обврска или пат па тогаш да не се видиме.
Зависи од обврски. Сега пред колоквиуми и испити се гледаме само за да испиеме кафе, да не фати малку воздух или да си размениме некои материјали за учење. А летно време кога немаме обврски се гледаме скоро секој ден. Никогаш не ми досадило неговото присуство, јас последните две години од средно ги поминав со него во клупа. Ако не се видиме неколку дена, ми фали