Темата на која сакам да го слушнам вашето мислење е: Дали, и колку често се храните надвор од дома, и дали е тоа брза храна хамбургер, бурек, геврек и да не набројуам понатаму или е тоа храна во ресторан, па би било убаво да го слушнам јас а, и останатите членови на форумов ашето мислење на оваа тема.
Јас бидејќи студирам во Скопје и сум долго време во текот на денот на факултет, понекогаш одам да јадам во мензата со самопослужување веднаш до нашиот факултет (има секакви јадења од готвени до брза храна и десерти), понекогаш на пауза кога немам време за да се вратам на стан јадам брза храна во бифето на факултетот, но и си готвам кога имам време во станот. Ама редовно барем еднаш дневно се хранам надвор од дома кога сум во Скопје. Кога се враќам во мојот град, нема потреба од друга храна освен домашна.
Надвор од дома јадам во школо на голем одмор,ако сум на шопинг обавезно мора да се намине до мекдоналс, и понекогаш навечер излегувам на пица со друштво.
Кај мене важи она правило дека дома мора да има ручек Со бурекџилници, фастфуд и сл. одамна сум скарана со нив. Не се сеќавам кога последен пат сум купила тост, бурек, сендвич (освен ладен сендвич од некој од маркетите за доручек за на работа). На ручек се оди онака со пријатели али повеќе преферирам вечера и тоа во ресторан/кафана , е тогаш не јадам дома. И најдосаден проблем е што ќе се доручкува на работа (иако често си носам од дома) Во лето и пролет, есен не ми е некој проблем кога знам дека секаде има тазе зеленчук па честопати знам со пријатели да седнам некаде на некоја салатка , ама зимата ме убива со теста и тестенини Значи, јадам надвор од дома само кога морам.
По еднаш секој ден...ама зошто морам. Патувам по повеќе километри од дома за на работа и морам да јадам нешто низ градот,гледам да е што поразновидно ама домашното зготвено го нема нигде
Практикуваме со дечко ми еднаш неделно да ручаме или вечераме во некој ресторант или пицерија. А онака брза храна не јадам многу често едино кога е подолго време не сум дома и морам да јадам нешто набрзика
Сега многу ретко, ако е еднаш месечно, добро е . Многу тешко се организираме, поголемото дете не сака веќе со нас да оди по ресторани, малото е премногу мало за таква храна, па на крај одиме по некој повод само. Исто така, просечно еднаш месечно земаме од ресторан/кафанче ручек за дома, за да јадеме на раат, ама ова не е правило. Порано одевме неколку пати месечно, ама добрите ресторани се поскапи, за нас двајца просечно 1200-1500 ден ручек или вечера, па ни одеа 6-10000 месечно за тоа. Сега тоа некако многу ми изгледа
Па ѓеврек јадам секој ден ама дома за појадок , брза храна многу ретко и дома се хранам најмногу си сакам готвено хахахаа
Зависи кога како, најчесто јадам надвор кога одам на факс и останувам подолго, а со партнерот зависи од расположение, некогаш се случува секоја втора вечер да јадеме надвор. тоа најчесто е пица и некоја брза храна.
Еми еве еден студент, има бааги многу да каже на темава. Обично имаме јадење од дома до кај среда негдека, четврток е кризен, а во петок си идеме домче. Значи, најмалку еднаш неделно обавезно морам некаде надвор да јадам, па гледам другите денови да балансирам со внесот на калории. А денот кога јадам нешто надвор, многу нормално дека не одам на вечера во ресторан, па да јадам месо и марула салата, ами се знае... Тост, сендвич, пица. Минатата недела ми се смачи, па си купив туна и една ОЛКАВА марула, и тоа си јадев. Друг проблем ми станува кога моите предавања се толку непредвидливи, па не се знае до кога и како ќе заглавам... Гледам да носам стално некое јаболкце или нешто такво во ташна, за да не морам да јадам надвор. Мислам дека за четири-пет години, нема да сакам да мириснам нешто готвено надвор од дома.
Па почесто отколку што би сакала. Кога сум на факултет, а тоа се случува 3 дена во неделата, обавезно јадам надвор. Дали ќе биде тоа баничка, сендвич или пица, сеедно. Многу јадам сува у брза храна, затоа и си имам проблем со метаболизмот. Ама што да правам, не можам да дочекам да дојдам дома па да јадам.
Па се случува бар еден оброк да го јадам надвор од дома, кога сум излезена секако. Пример сабјале кога идам на факс, си земам за јадење, зошто морам да јадам нешто сабајле, слабокрвна сум и ми влијае тоа на организмот и метаболизмот. Меѓутоа никогаш не ми се случило да седам дома, и да одам да си купам нешто за јадење. Најбитно од се, никогаш не го избегнувам ручекот од дома. Сепак е направен за да го јадеме, а и ми се допаѓа да јадам зготвена храна, иако не можам да одолеам на пица или хамбургер од MC. Со дечко ми кога излегуваме во град, ние јадеме, се дешава да се напиеме по една пијачка, али воглавном јадеме. И двајцата гурманчиња сме си, мх мх, нема одбивање храна. И да сум ручала дома, пак вечерта ќе си каснам нешто сочно. Во принцип, не сакам да ми се изгуби чувството за јадење домашно зготвена храна, и менито да ми се сведе на брза храна или воопшто храна од надвор. Здравје, јас кога ќе имам свој дом и деца, ќе гледам колку што можам да им овозможам оброци дома, и здрава храна да јадат дома. Па ептен ако сме во гужва, ќе к'снеме нешто надвор, се дешава.
Па кога одам на школо нормално дека не се хранам дома но не се храна ни во кујната во школото. А надвор од дома да не го броиме школото одбегнувам да јадам брза храна како сендвичи, тостови итн. САКАМ ЗДРАВО ДА СЕ ХРАНАМ, но неможам да го издржам денот без чоколадо
Па јадеме често надвор,посебно на викедни скоро секогаш,ама гледам повеке да се јаде домашното,послатко ми е,а и задоволство ми е да се маткам в кујна
Па и не многу често ... се чуствувам поубаво кога си готвам дома,но сепак во неделата излегуваме по еднаш-двапати