Девојки, разгледувајќи ги темите видов дека имаме отворени теми за мрсна и за сува кожа, но не и за комбинирана. Јас имам комбинирана кожа и мислам дека е најтешка и за одржување и за решавање на проблемите. Па ајде овде да си помагаме
Девојки што користите за комбинирана кожа со мрсна Т-зона, како секојдневна крема? Тешко ми е да одберам бидејќи или ќе ми се појават акни, или премногу ќе ми го суши лицето, или ќе светнува многу брзо т-зоната. Предложете некоја крема од која сте задоволни.
Јас оваа овој период ја користам. Не ја матира многу кожата да ја пресуши, лесна крема е , е сега по неколку саати и мене ми свети челото, што со сите креми тоа ми се случува. Важно акни не прави и сл проблеми Друга што дава одлична хидратација слична на таа горе е оваа Сега е на попуст и ќе ја набавам како залиха. Оваа е малку по густа од таа на Geek&gorgeous, и двете негуваат одлично. Таа првата ја има во ccoslovemetics