Коментирање на книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 23 мај 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам за да имаме место каде може да си коментираме книга која ни оставила впечаток, било која книга, за да не мора за секоја една да се отвора тема. :)
    Јас почнувам да ја читам Крадачка на книги, па ако имате некое коментарче е добродедојдено.
    Слободно кажете си импресии за некоја книга, па следи надоврзување, ете, нека биде ова едно катче за дискусија. :)
     
    На daylight и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    46
    што мислисте за книгата КОЛАЧИЊА ЗА ПОЈАДОК вреди да ја купам доста ја фалат?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена, оваа книга ми е некако најслаба од Дороти Кумсон. Многу повеќе ми се допадна Ќерката на нејзината пријателка, приказната ми беше подобро склопена, со подобар крај.
    Ако не си ја читала втората јас таа ти ја препорачувам. :)
    Дороти Кумсон има многу убави книги, само штета што не се преведени.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.542
    Колачиња за појадок добра е, но не ме воодушеви дури и на моменти ми беше досадна, многу подобра ми е Ќерката на мнојата најдобра пријателка :) RainBow кои други киги се на Дорти Кумсон зошто јас само овие две ги имам сретнато?
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    The Woman He Loved Before
    The Ice Cream Girls
    Goodnight, Beautiful
    The Chocolate Run
    The Cupid Effect
    [​IMG]
    Ја имам читано и The Ice Cream Girls, за која можам да кажам дека е најдобра од овие кај нас што се преведени и се надевам дека ќе ја преведат во скоро време. Сакам и другите да ги најдам, ама се уште ги нема за симнување.
     
    На SOVRSENSTVO и teddybear им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Јас не сум ја читала ќерката на мојата најдобра пријателка, ја гледав, ама солена ми беше да ја купам, а колачиња за појадок им беше на некоја акција па си ја земав неа.
    Океј ми беше книгата, едино не ми се допаѓа крајот, многу мразам кога има недефиниран крај. Демек да ни работи фантазијата, а јас не сакам да ми работи фантазијата, сакам да си ја читам приказната како што писателот ја замислил. И секогаш викам дека мрзливи се тие писатели и дека не им текнува поубав крај од тој глуп и недефиниран. :D е така, си се олеснив :D
     
  7. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    7.224
    Воодушевена сум од книгата Јади моли се и уживај, но бидејќи ја прочитав на англиски а сега би сакала да го имам и македонскиот превод, односно да ја имам книгата, сакав да прашам дали можеби некој знае каде можам да ја најдам и по која цена?..
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Книгата е издание на Матица, ама не знам по која цена е сега. :)
    А и не би ти ја препорачала на македонски, преводите на матица и така им се никакви.
    И вториот дел од книгата воопшто не ми се допадна, не беше ни пола од првата книга.
     
    На deliza му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    7.224
    Не знаев дека има и втор дел...Сепак фала за одговорот :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право почнува да ми се смачува од нијансите на сиво и црно. Отекуваат луѓево со книгава, а јас на сите страни и правам антиреклама. :rofl: Него, во контекст на отекувањето, сакав да прашам нешто што или сум го рипнала или не сум го забележала, зошто всушност е 50 нијанси и зошто она го вика Fifty?
    Беше негде кажано или?
     
  11. rumeniobrazi

    rumeniobrazi Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Молба до некоја хумана феминка која ја има прочитано "Во одбрана на Џејкоб"да ми ппомогне оклу дилемата со следниве прашања:

    > Кој е уствари убиецот на Бен, ако дедото на Џејкоб со помош на пријателот од затворот договорил да го "средат" Пац и "лажно" да признае дека тој е убиецот на Бен?!
    > Дали Џејкоб е сепак виновен?
    > Зошто мајката го уби Џејкоб со несреќата?
    > Што се деси со Хоуп, кој ја уби, мислите Џејк?
    > И што уствари се деси у цела книга, кој е добриот а кој лошиот? Кој е виновен, а кој не е?
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Мене да ти кажам искрено ме изнервира малку книгата.
    Крајот не беше јасен, не се докажа дека Џејкоб е убиецот, туку се наговести само, па како си милува читателот. Мајка му се уби и себеси и него поради тоа што мислеше дека е виновен и не сакаше да дозволи да убие уште некого понатаму. Немаше добри и лоши, родителите на Џејкоб правеа како што мислеа дека е најдобро, иако татко му беше страшно заслепен, а мајка му со премногу недоверба. Ама човечки особини. Џејкоб е тој што остана под знак прашалник, иако мислам дека беше виновен. Јас барем таков впечаток стекнав.
    Ова ми беше еден недообработен трилер, премногу завлечен без посебен резултат.
     
  13. rumeniobrazi

    rumeniobrazi Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сите после книгава имаат позитивни критики и као „крајот ги воодушевил“ мене многу ме изнервира. Знам дека некој на форум имаше спомнато дека на некој може немало да му се допаѓа крајот и да мене не ми се допадна. Не затоа што заврши толку трагично баш напротив, трилер е, се очекува дека така ќе заврши туку затоа што безврска не мотаа цело време околу убиството значи уште од првите 5 страни мене не ми беше гајле дали Џејкоб е, или не е убиецот мене ме интересираше КОЈ Е! А сепак не дознавме, не мотаа цело време околу непотврдени докази и на крај пак ништо не се дозна исто како да си гледал филм ама да не си го догледал таков впечаток ми остави мене.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.107
    Пол:
    Женски
    Има ли The Thorn Birds македонски превод? Има мини серија мислам, Птиците умираат пеејќи, ама не знам превод дали има. Ако има сакам да си ја купам и да си ја имам дома. Преубава книга, уште не сум ја дочитала, ја читам лежерно, со уживање, а и прилично е обемна. Убавина.