Уште кога се запознавме,постоеше некоја хемија меѓу нас,но имаше многу пречки и многу трети личности со што неможевме да бидеме заедно. Тој се обидуваше да ми се приближи ,но јас го одбивав бидејќи мојата пријателка го сакаше. Секогаш првин мене ми се јавуваше,па после неа. Беше некој си женкар,со големо его. Јас имав дечко и дознав дека ме изневерил,па сакав да му вратам и излегнав со овој. За тоа незнаеше никој освен мојата најдобра другарка. После околу една година бидејќи јас излегував со негов другар,тој излезе со моја другарка. Но,на крај ние пак се споивме и излегувавме некаде пола година. И кога не сме заедно,изгледаше како да сме заедно. Но,после последниот пат кога излеговме нешто се смени кај него,го прашав што е се скаравме,го блокирав и веќе не сме во контакт,не му зборам.А,школски сме и другари во исто друштво,се изгледа нормално,но не е. Не збореме,ништо,само понекогаш ми возвраќа,на тоа што го кажувам,и као јас сум го вреѓала нешто. Нашето трае веќе некој 4 години.И после се јас сеуште го сакам на некој начин,што мислите вие ме сака тој мене,или барем дали ме е сакал додека е бил со мене?
Баш комплицирано вашево, ти си почнала со него за да му вратиш на бившиот,во меѓу време го засака на овој ако разбрав точно? А другаркати што го сакала каде е во приказнав? Дали некогаш си почуствувала дека и тој те сака? Зашто се сменил? Која била причината?
Сите од секогаш ми велеа дека тој ме сакал,по неговото однесување со мене,секогаш ме слушаше мене што и да му кажам,постојано зборувавме,бевме како пар,но не бевме заедно тогаш,сите негови девојки имаа презир на некој начин спрема мене,иако тогаш немаше ништо.А,потоа кога почнавме да излаваме многу беше внимателен со мене,го правеше тоа што на никоја претходно не го е правил,имаше девојки,но ни една не ја покажуваше во јавноста,а мене ме бакнуваше и во диско и на улица,иако не му бев девојка,кога се скаравме еднаш и потоа се смиривме полуде од среќа,барем мене така ми се чинеше и прегарна еден пријател и почнаа да скокаат заедно,се ова воде дека ме сакал,но неможам да верувам,затоа што за еден ден се се промени и стана многу ладен спрема мене,а во меѓувреме ништо се нема случено.За нас знаат сите скоро,другарката што беше излавал знаеше дека излававме,но за последниот пат не.Се дешаваше да се караме,се смирувавме,но никогаш не беше дојдено до овој степен,сега сме како странци.Го сакам премногу,но тој е толку ладен со мене што тера да се откажам од него после се што поминавме.Оти е некој женкар стил,мислам дека само целта му беше да покаже на другарите,дека може да ја има која и да посака,дека што и да е наумил може да постигне,дека тој е јакио,што ќе го молат,а не ќе моле,но јас нема тоа да го сторам,бидејќи токму тоа го сака тој.А,после тоа што го блокирав,по една недела ми беше звонил.но јас сум спиела,а бидејќи потоа отидов со едни другарки и другари на една викендица уште поладно се однесува со мене.Незнам,стварно незнам што е и што да правам :/
@Несудената Ти девојче не знаеш што сакаш. А ни тој дечкото. Според сето ова што го напиша, ти не си спремна за врска. Со вакво несериозно, незрело однесување, не.
Јас го сакам него и сакам да бидам со него,но неможам ако е он ладен спрема мене и да го молам да ми обрнува внимание,сакам врска и тоа со него,но ако он не ме сака веќе зошто да бидеме заедно?
Ти сама си одговори. Што уште сакаш да ти кажеме? Да ти кажеме немој не му раскинувај, те сака?! Не отварајте безпотребно нови теми.
А кажи ми какво мислење сакаш да ти дадеме? Јас не сфаќам. Како да го заборавиш, како да го освоиш, што?!
Незнам и јас самата,можеби барам само да ми каже некој дека ме сакал и дека барем сме успеале да имаме нешто посебно иако сега тоа е завршило.Можеби дека нешто му се издешавало,па е ладен,дека не е до мене.Незнам. Знам дека нема ништо смисла овде,но секој си ја бара утехата во нешто.
Вaквo "пoсебнo" сaкaње, пoвеќетo oд нaс сме имaле. Мислaм декa вo живoтoт нa секoјa девoјкa еднaш се пoјaвувa НЕКOЈ вaкoв. НЕКOЈ е чoвек штo гo сaкaш и мрaзиш вo истo време, штo гo величиш и гaзиш, тoј е и другар и пријaтел и љубовник. Тoј НЕКOЈ е чoвек сo кoј ќе се нaјдеш нa 100 рaскрсници и секoгaш ќе јa изберете пoгрешнaтa нaсoкa. Те сaкaл, не се сoмневaј вo тoa. И ќе те сaкa.
Знаев дека има некој што го е проживеал ова исто како мене,ти благодарам многу,сакам да имам надеж за него,бидејќи без него,колку и се да е добро,нема никаква смисла. <3
Воопшто не е комплицирано вашето, си го користила за да му вратиш на бившиот па ти се врати ко бумеранг. Што очекуваше? Остави го на мира, да те заборави, тоа и го заслужуваш. А доколку сакаш да го вратиш или сакаш да мрднеш од мртва точка, седни го на маса и гордоста на страна, нема да ти падне круната.
Bas kako sto te sovetuvaa pogore,sedni go i razgovarajte.Koga toj te pobaral tebe i koga si videla mozelo da go pobaras pa do sega sigurno ke ste rascistile sto i kako ke pravite.Dokolku go sakas kako sto kazuvas pobaraj go,nisto nema da izgubis.
Кога и тој би ме оставил за да го заборавам,но тој е насекаде околу мене,инаку зборувавме на таа тема,но нешто е променето кај него,беше премногу ладен спрема мене,се испокаравме и остана на тоа,сега не сме во никаков контакт.
Пробај да ја поправиш грешката во тебе, ако е до него дај му до знаење дека си повредена. Некогаш мора да ја прегазиме гордоста и први да го направиме чекорот.
Тоа е и проблемот,несака да ми каже ништо,вели дека сега не е време за тоа дека понатамо ќе ми кажал,јас сакам да знам ако е до мене да го променам тоа колку што можам или па ако има нешто друго,да пробаме да го пребродиме тоа.