Здраво, може ли некој подетално да ми објасни како работи ова AdSense, како за тотален лаик? Може и во приватна порака, ве молам итно ми е!
Ништо против тебе, немој да рипнеш да се расправаш со мене, те молам! Меѓутоа: Нов член, едвај 8 постови имаш во моментов. Колку е само глупаво да се зачлениш на форум за да прашаш некое тоталн рандом прашање. Ај, да беше тематски форумот (специјализиран за компјутерскиот свет, на пример) - ќе те разберев. Вака? И не само ти, ги има мнооогу такви кои се зачленуваат и поставуваат прашања или отвораат по 100 теми без да се заинтересираат претходно дали можеби веќе ПОСТОИ таква тема или пак можеби одговорот можат да го најдат во некоја слична тема. Немој толку да се потресуваш. никој не те нападна, девојката ти даде фина насока , те упати каде да пишеш. Што одма се навредуваш ти? Ајде малку искулирај, среди се, зачлени се на некој таков форум и таму веднаш ќе ти помогнат. Не дека тука нема, ама ќе треба да почекаш додека некој член кој се бави со компјутерство и интернет ја види твојата тема и ти помогне.
Тука се ќе ти кажат само не одговор на поставеното прашање. Ќе ти кажуваат какви теми да отвараш, како да пишуваш, животни лекции ќе ти делат и така натаму. Малку знам за AdSense, за програмирање или нешто слично можам да ти помогнам но за ова не. Сигурно има туторијали на YouTube побарај. Поздрав и не фаќај здраво за готово оние кои се прават паметни кога те цитираат бидејќи се одреден број на членови кои тоа го прават само за да собираат допаѓања и да се прават главни на форумов.
Фино прашав и очекував помош, но ако нема некој конкретен одговор нема потреба од држење лекции. Се повлекувам
Па мислам, не знаеш како да побараш помош. Ај сега ако некој се разбира од компјутери одма мора да е способен да те научи за AdSense, да ти го поправи компјутерот ако се расипе, да ти го исчисти од вируси и да програмира вселенски брод што ќе те однесе и тебе и твојот компјутер на Марс. Фино е кога се заинтересираш за нешто да прогуглаш и да видиш кои предзнаења ти требаат за тоа, а не "компјутерџии". Пу, јазк, јас мислев компјутерџија сум, а еве AdSense никогаш немам ни чепнато Баш сум неспособна.
Ooo да, сега некој и да знае ќе земе лекции за AdSense да ти држи на форум. Па имаш извори на претек, се’ што треба е да изгуглаш и да си посветиш цели месеци на учење и експериментирање за да видиш некој ќар. Имаш и целосно бесплатен курс со YouTube видеа. https://www.youtube.com/playlist?list=PLbAFD4oU9YcpgTcsVPV7cvX2x-YAtdFNY Ама да, полесно е да ти изџвака некој, а? Е од вакви, од вакви прашања... Итно му било. Да да, оди на ит форумот, сигурно ќе те обучат.
Оф леле кој ми те изнервирал што вака си лечиш комплекси? Ако некој постави прашање и му треба помош, а ти не можеш да одговориш на прашањето, зошто ондак уопште имаш потреба да го пишеш ова...
AdSense e програма која овозможува заработка на пари преку спонзорирање на некои компании, поточно адови што ти се појавуваат на вебстраната (претпоставувам за ова бараш). Сега доколку сакаш да добиеш профил за исото, потребно е да имаш веќе направена веб страна. Доколку имаш, можеш да се зачлениш преку веќе постоечки Google профил или доколку немаш треба да направиш. По тоа треба да го внесеш домеинот на твојот вебсајт и плус уште некои информации. На крај ќе ти даде да ставиш еден ХТМЛ код на веб страницата и по тоа ќе биде испратено на проверка за дали апликацијата за АдСенсе ќе ти биде прифатена или не. Ќе бидеш исконтактирана за неколку дена претпоставувам. Еве и нешто плус за заработка. Ако сакаш да заработуваш треба да имаш добра посетеност на сајтот. CPC (cost per click) ти е колку заработуваш од едно кликање на ад-от. Може да варира од неколку центи до долар. Секако во ретки случаеви и многу повеќе. Можеш да пресметаш после како оди тоа со колку заработуваш и посетеноста. Ама мислам доволно е ова, доколку те интересира повеќе пиши ми. Моментално се спремам за AdSense