1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конверзиона терапија

Дискусија во 'Психологија' започната од mode-kristina, 4 декември 2020.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема, па инспирирана од некои мислења на темата „Хомофобија и трансфобија“ решив да ја отворам. Се мислев во која категорија да ја ставам, но мислам дека оваа е најсоодветна, па затоа ја ставив овде

    Што е конверзиона терапија? Конверзиона терапија, позната и како репаративна терапија, е вид „терапија“ која има за цела да ја промени сексуалната ориентација на хомо- и/или бисексуалците, односно од хомо- или бисексуалци да станат хетеросексуалци, посебно кај малолетните. Во некои земји овој вид „терапија“ е законски забранет.


    Јас немам воопшто добро мислење за овој вид „терапија“ затоа што тоа е вид насилство, терор, понижување. Но, сепак би сакала да ги видам и вашите мислења на оваа тема. Само апелирам, мислењата да не содржат навреди, вулгарни зборови, пцовки и сл.

    Доколку има ваква или слична тема, може да се спои со истата или да се стави под клуч.
    Доколку има ваква или слична тема,
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Моето мислење е дека е неморално бидејќи предизвикува психички, а некогаш и физички последици. Секој пример на успешна ваква терапија е или само лага во која жртвите сами себе се убедуваат, или психичка траума што предизвикува одбивност кон истиот род. Во секој случај, неморално е кон единката бидејќи остава штетни последици, а и нема никаква причина да се подлегне на таква терапија бидејќи хомосексуалност не е штетна работа сама по себе (не пречи ни на морал, ни на здравје).

    ,,Ама хив, ама депресија, ама самоубиства..."
    - Хомосексуалноста сама по себе не е одговорна за овие работи. Ако сакаме лечење на овие проблеми, треба да им пристапиме конкретно на нив (duh).
    - Ова е исто ко да кажеш дека да се биде црн човек е болест бидејќи најголем дел од заболените од ебола се црнци.
    - Депресијата е директна последица на хомофобија, така што аргуменов е буквално најапсурдната кружна логика што може да се посведочи на белиов свет.

    И секако, да не заборавиме на познатиот радфем аргумент, хормонска терапија за транс лица не е конверзиона терапија, бидејќи лицата не се хомосексуалци, туку хетеросексуалци со погрешен пол.
    И не постои конзервативен чичко на светов што поддржува да смениш пол како конверзиона терапија, така што се надевам дека сценаријава ќе бидат изоставени од темава. Најмалку што ни треба е во одбрана на хомосексуалци, да удриме по транс лица.
     
    На bittersweet, lovestoneddd, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  3. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Само болен ум може да применува вакви "терапии" на личност која што поседува одредена сексуална ориентација. Сексуална ориентација не е болест. Болест е кога измачуваш некого и го тераш да се промени затоа што не е "нормално" , "природно" да се биде non straight. А оние кои што коментираат геј = хив, депресија, самоубиства,,, треба да покажат трошка емпатија зошто овие лица се склони кон депресија и самоубиства. Додека Хив е последица на индивидуално однесување не на цела една категорија што поседува ваква или таква ориентација. Но оние со judgemental mind ќе бараат статистики за да си ги оправдаат своите хомофобични коментари а притоа ќе бидат и triggered што се наречени Хомофоби(facepalm) и секој кој е За или оправдува оваква "терапија" го губи човечкото во себе.
     
    На theowndemon, Lella и mode-kristina им се допаѓа ова.
  4. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се` што кажа. Точно е дека не треба да се удира по транс лицата, а и не ми беше тоа целта. Конзервативните луѓе не само што не прифаќаат да смениш пол доколку се чувствуваш дека си со погрешен, туку многу од нив повикуваат да се убијат сите што припаѓаат на таа ЛГБТ+ заедница. Начекај само една статија на Фејсбук поврзана со нив, ќе ти се згади од коментарите на истата. Факт е дека ХИВ добиваат и хетеросексуалците, не само хомо- и бисексуалците. Нема никој што е имун на тој вирус. Факт е и дека депресијата е еден од главните виновници за самоубиствата. И многу хетеросексуалци страдаат од депресија. Но, кој(кои) фактор/и ја преидизвикува/ат? Насилството, теророт, омаловажувањето, навредувањето и многу други работи. А „терапијава“ е токму еден од нив.

    @BlackAndWhiteSwan види ја само морничавата слика од „Ќотекот како воспитна мерка“ (ако не си ја видела), страница 87 или 88 мислам дека беше и ќе видиш дека многу луѓе имаат страшни размислувања. Ти кажувам бидејќи е поврзано со ова. Всушност , не мачи се да бараш, ќе ти ја опишам. „Мајката“ удира едно од нејзините деца, а другите плачат и на сликава пишува „Додека нас на времето вака не воспитувале, немало п****и, лезбејки, наркомани и педофили“. Велам дека многу луѓе имаат страшни размислувања, посебно на оваа тема.
     
    Последна измена: 4 декември 2020
    На BlackAndWhiteSwan, theowndemon, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Токму така. Го спомнав тоа бидејќи сè почесто читам аргументи од радикални феминисти дека хормонската терапија се промовира како начин геј луѓето (лезбејките поконкретно) да се претворат во стрејт со тоа што ќе ,,преминат" во другиот пол.

    А тоа нема смисла, хомофобија и трансфобија одат рака под рака секаде. За нив сè е тоа ненормално, неприродно, неморално итн. Некој ако не прифаќа геј луѓе, оди па пробај да го убедиш да прифати транс лице.

    Главно, сите вакви загрижености произлегуваат од подлабок bias. Демек се загрижени за сида кризата меѓу геј мажите, а всушност се поттикнати од сопствената хомофобија. Демек се загрижени за лезбејките што можат да помислат дека треба да се машки, а всушност загриженоста е поттикната од одбивност кон транс луѓе.

    Исто и во секој вид конверзиона терапија имаме некој вид загриженост, желба за помош и што ти знам, што во суштина е она што психички ги осакатува. Хомофобијата не е очигледна, не ги викаат со одвратни зборови и клетви како коментарите по фб, им викаат тука сум да ти помогнам, да те спасам, да те приближам до Исус или whatever the fuck, затоа лесно можеш да бидеш изманипулиран.
     
    На lovestoneddd, mode-kristina и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Загрижени сме. За лезбејките, да.
    Не можеш да ми кажеш дека грижа за една група луѓе е иста како одбивност према друга.
    Истиот аргумент го користат мажите кога викаат дека сите феминистки се мажомрзци.

    За конверсионата терапија се имам куп пати изјаснето. Една од најголемите конверзиони терапии е трансирањето на ДЕЦА кои не ни добиле шанса да ја истражат сопствената сексуалност.
    Другата е тоа што го промовираат Витали и Евагелос.
    Дали се носени од чиста хомофобија, или од автохомофобија - мотивите се еднакви и кај едните и другите, бришење на хомосексуалноста како сексуална ориентација.
     
    На theowndemon, Celltica и mode-kristina им се допаѓа ова.
  7. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Перење мозок а и перење пари. Секој да си живее како што се родил/а и како што сака. Нема потреба од "терапии". Терапиите всушност се одредена доза на нега со цел подобро функционирање во животот а не наметнување на стил на живот.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.694
    Пол:
    Женски
    До сега не сум слушнала, па влегов да прочитам што е.
    Ова не е етички, вака порано "лечеле" шизофренија и сл.
    Јас не знам како е можно да е законски дозволено, па ова може да направи трајни физички и психички оштетувања.
    И не знам кој уште верува во будалаштината дека хомосексуалноста е болест пред се.
     
    На CameliaMiller, theowndemon и mode-kristina им се допаѓа ова.
  9. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    За жал, многу ги има. Посебно овде во Македонија, па и на цел Балкан. Повторно ќе ја споменам морбидната слика од темата за ќотекот. Погледни ја и се' ќе ти стане јасно. Кога на членката што ја поставила сликата и' одговорив дека луѓето од ЛГБТ+ заедницата се сосема нормални како и хетеросексуалците, а таа ми рече како тоа биле нормални кога тоа се сметало за психичко нарушување. И дека се' што е ненормално, за нас било нормално и обратно. Поголемиот дел од луѓето се заглавени во турско време.
     
    На CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Мене ме интересира само од што се содржи една конверзиона терапија, кои методи се употребуваат денес. За во минатото знам, лоботомија била една од опциите што не можам да опишам колку ми се гади од таа процедура, имам изгледано десетици видеа на јутјуб на оваа тематика, погледнете и вие ако сакате, мислам дека ќе биде доволно јасно дека оваа техника нема теоретски шанси некако да делува на сексуалната ориентација или на било што друго, for that matter. И трауми имам за цел живот од лоботомијата во филмот за Ханибал Лектер.

    Другите методи не дека биле нешто поарни, електро шокови дур гледале геј порно итн. Еве, претпоставувам дека денес применуваат некои методи од типот на советување, односно перење на мозок, само стварно не знам како тоа би функционирало. Абе, мене до утре сабајле да ми мантраат и да ме убедуваат дека сум хомо и ќе сакам жени и само жени, кога ќе пуштам филм со Де Ниро пак ќе ми биде привлечен и тоа ништо нема да го смени. Шо, мозокот ќе ми го репрограмираат?

    А инаку, фала богу дека сум против конверзиона терапија. Крајно нечовечки и нехумано, остава страшни психички последици кај човек и за крај, крајно непотребно.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.