Прочитав, има тема промена на вера но ме интересира специфично конвертирањето во исламот од христијанство. И со тоа е моето лично искуство па сакам малку да се искажам и да видам други мислења/ перспективи, затоа што моите блиски се запознаени и ја разбираат мојата одлука и не ме осудуваат но оние кои не ме познаваат... ех... Јас сум родена, порасната православна христијанка. Фамилијата не ми беше Бог знае колку побожна, не одеа моите на црква секоја недела. Можеби од Велигден дури на Божиќ итн. После наполнети 20 години имав тежок период во животот и се чуствував како нешто да ми недостига. Пријателка ме советуваше да читам библија но некако не се чуствував како да сум поблизу до Бога. Почнав да се прашувам дали Бог воопшто постои, или можеби има повеќе од еден Бог? Решив за себе да се наречам атеист но дупката во душата сеуште беше празна. Почнав да читам за witchcraft и црни магии, кристали итн. но немаше смисла. Со колеги/ пријатели (муслимани) од работа дискутиравме на тема религија, ми раскажуваа за нивното детство како пораснале со исламот и ми раскажаа некои работи за исламот кои никој нас не не научи во школо на часот по религија. Фасцинирана бев. Тие од нивна гледна точка си раскажаа зошто за нив исламот е единствената религија која има смисла и контрадикциите на други религии. Разговорот беше доста продуктивен. Факт за мене, кога некоја тема ме фасцинира, ќе се фокусирам на таа тема додека не ми здосади Ова беше некаде септември 2023. Fast forward февруари 2024 официјално се конвертирав. Во периодот за неколку месеци ја открив вистината која долго време ја барав. Го најдов парчето од мене кое недостасуваше, го најдов Бог. Исламот е фасцинантна религија. Се што сум знаела за исламот пред тоа, знаењето кое ми е било наметнато и стериотипите за 'арабите' се е лага. Сега малку за моето искуство после конвертирањето. Додека не ставив хиџаб (рамадан 2024) никој не знаеше дека сум сменила религија. Моите најблиски ми останаа најблиски и не ме осудуваат а лажните луѓе во мојот живот полека се отргнаа. Живеам во странство па носењето хиџаб не е голем шок за луѓето кои ке ме видат на улица или во кафуле, но во Македонија... Не муслиманите (обично помладите) ме гледаат накриво и префрлуваат од страна како да сум некој терорист Постарите луѓе автоматски си мислат дека сум турчинка или албанка. Албанци и Турци си мислат дека сум нивна и почнуваат да ми зборат на нивни јазик и е дошло до доста смешни ситуации. И нешто што маааааалку ме нервира е што 99% од луѓето кои не ме познаваат си претпоставуваат дека жена може да смени вера само заради маж.
И? Што очекуваш да ти кажеме тука ние? Малку не ја сфаќам твојата цел на постот, ако е само како дел да се искажеш, во ред. Ама ако не е тоа, што друго очекуваш да прочиташ?
Можеби некој друг има слично искуство. Нормално читам за конверти од други држави но никогаш од Македонија и по мое искуство нашиот народ рсзмислува поинаку.
Поинаку во смисла поконзервативно? Да, делумно. Како што можам да забележам во последните неколку години во Македонија има драстична промена православни во протестанти. Ако тоа воопшто се смета за промена на вера, не знам поправете ме ако грешам. Мада, се менува деноминација но не и религија. Религијата е христијанството. Во врска со осудата, шознам....
Да и речеме браво сигурно очекува. Ретко коментирам на овој начин, ама одамна не сум прочитала поголема глупост. А што да очекуваат, дека си Македонка? Кога ќе те видат таква? Се надевам дека не тролаш тука.
И што најде во Исламот што не можеше на друго место, дај конкретни примери? Не разбирам. Језа ме проаѓа секогаш кога некој од нерелигиозен нагло ќе стане ултра религиозен, нема ништо нормално во тој процес. Поддржувам да имаш вера во нешто, било што, за тоа да ти помага во животот, ама интересно како сите секогаш наоѓаат утеха во религија кога имаат тежок период, никој не верува при здрав разум. Има луѓе што се од мали раснати со строги религиозни правила и размислувања, и толку им е испран мозокот што и како возрасни живеат во некое нивно меурче и не можат да гледаат подалеку од тоа. Ако има нешто полошо од тоа, тоа е доброволно да ставиш хиџаб, откако си имал среќа да израснеш со фамилија на која тие работи не и се толку битни. Мене не ми е битно што си од христијанка станала муслиманка, загрижувачки ми е тоа што на млади години, којзнае зошто, си одлучила дека си ја нашла „едната единствена религија“ и си се забулила. Мразам религија и унапред ми е гајле ако некој се навреди од постов.
Секој има прави да избере во што ќе верува и на која религија ќе припаѓа, ниту христијанството е само за Македонци, ниру исламот само за Албанци.. Ама мислам дека само си се одлучила за верата за која што повеќе си знела. Кога ти се појавиле тие другари и почнале да ти зборуваат за исламот, воопшто не си имала толкаво познавање за христијанството за да знаеш да одбереш.. Според мене вистината за Бог е само во Библијата. Да разговараш сега со некој што добро ја познава христијанската вера (нема врска православна, католичка, протестантск, суштината е таа) ќе разбереш дека Куранот е само во најголем дел препишан, модифициран Стар Завет... Јас имам читано и делови од Куранот, ама многу добро си ја познавав мојата вера, од многу причини е подобра христијанската вера.. Не судам ова е мое мислење само. Твоја одлука е во што ќе веруваш и дали ќе носиш хиџаб. Немам ништо против муслиманите, или против било кој..
За да преминеш во било која религија треба да ти дојде од срце, не од раскажување. Секој има право за избор, нема што да осудувам. Ние секако сме конзервативно општество, но и малце да ни се даде одма ќе осудуваме, а со тоа сме далеку од верници. Не е лесна одлука, животот ти се променува нагло, а со хиџаб уште повеќе. Треба да си свесна дека ако еднаш се стави хиџаб веќе не треба да се вади, и треба да се внимава со однесување. Тоа е доста тешка работа.