Па сакам да ве прашам дали сте се соочувале со старите свакања на вашите родители и дали ви представувале проблем во жзивотот ја пишам оваа тема бидејки имам таков проблем
Факт е дека доколку родителите имаат застарени сфаќања претставува проблем. Јас мн се нервирам кај татко ми кога ќе почне да зборува, јас на твои години сум имал 2 години стаж, јас сум бил прв пат на одмор кога сум земал прва плата, јас како дете сум крадел пиперки за да јадам. Но не, не ми ги забранувал задоволствата што ги немал тој ама некогаш ми оди на живци тоа што го зборува, како јас да треба да имам грижа на совест за тоа што го барам од него. А пак на мајка ми да не и спомне човек да отиде негде, ќе сум шетала кога ќе се омажам?? Абе ајдееее ти шеташ сега? Она ако девојче не го живеела животот и не може да не разбере. Она може шетала кога се омажила ама кога ние сме биле мали, кога имале повеќе пари и помали трошоци.. Никогаш нема да и го простам тоа што поради неа не отидов во Грција на еден ден, секогаш кога и да сакам да отидам негде ќе напоменам не ти барам пари, мислам дека секогаш тоа и е пречка.. и што јас за смрт ќе си ги чувам парите.
Em4e711 Мислам дека сме во иста ситуација имам задоволство од страна на родителите и секогаш се трудат да имам се но немaм слобода во изразување и слобода во излегување од дома што мислам дека е претерано
Знам дека на скоро секој тинејџер ова ќе му звучи претерано, ама извесна доза на конзервативизам во воспитувањето на децата е неопходна за да се развијат правилно. Не уби западов со пропагандата за некој хиперлиберализам и преголеми слободи и права (без преземање соодветно и обврски), кои создадоа многу девијации само во толкувањето и делувањето, така огромен дел млади луѓе сметаат дека е ,,кул,, да бидат децата одгледувани од проститутки во нивната работна средина (нАли професија како и секоја друга) или од геј парови или да се впуштаат младите (да не речам децата, ама ќе речам) во сексуални односи кога ќе им дојде (а се почесто им доаѓа на 11 или 13 годинки) и да немаат скоро никаква грижа околу тоа, бидејќи туке е Норлево да разреши евентуален ,,несреќен случај,, итн. итн. Нормално е родителот да биде заштитинички настроен кон своето дете и да покажува интерес за тоа да бидат втемелени вистинските вредности кај него, а тоа подразбира и да има дел конзервативност во неговите ставови, со текот на времето и годините се‘ повеќе ги разбираме родителите и начинот и постапките на нивните реакции ... И верувам дека ќе ги наследиме и сега знам дека тоа не е воопшто лошо ни погрешно, секако со извесни модификации во духот на новото време... Секој кој е фрустриран од строгоста на својот родител, нека помисли на тоа дека отпуштените раце и целосната слобода се израз на негрижа и запоставеност од страна на таквите родители и во скоро сите случаи, подобро поминуваат децата на првонаведените родители ...
Како тинејџер за среќа не се соочувам со некои поголеми конфликти со моите зошто нашите сфаќања и не се многу различни. Моите родители се помлади, а мајка ми работи со деца на моја возраст и има можност да види се што се случува во „нашиот“ свет. Ставот на родителите пред се зависи од тоа како и ти ќе се поставиш спрема нив. На крај краева и самите биле во ситуациите во кои што сме ние денес така да знаат каков совет да ти дадат кога ти најпотребен. Но не значи дека само ако се постари се секогаш во право. Работите се многу сменети во овие 20 години, од времето кога они биле во нашите години. Секако дека не треба слепо да ги прифатиме промените, како што спомна Теодора, оние кои со сила ни се наметнуваат од западот. Не се навикнати на денешните промени, и самите сме сведоци дека границите се повеќе се спуштаат. Треба само да знаат дека со такви строги и неразумни забрани можат да постигнат контрапродуктивен ефект. Ќе видите дека кога ќе ја имате нивната улога, улогата на родител, ќе ги имате наполно сменето денешните мислења.
Децата на премногу конзервативните родители се често оние кои делуваат многу озбилно, строго, се превнимателни и често пречувствителни...(Мое видување, не одам по анкети и студиии)... Времето се менува, работите се менуваат, здрава основа треба да се има, но не и да го загушуваш детето со своите правила и принципи кои ти си ги наследил од твојот татко/мајка, а тие од нивните и да не му дадеш слобода да се развива на свој начин и по свои потреби...Не во смисол да пуштиш 15 годишна тинејџерка да прави што сака, но не и да заробиш еден таков млад и жив дух во предрасуди и правила кои ти си ги почитувал и за тебе излегле ок, па сега тоа е рецептот на успехот кој треба да се споделува со генерации нанапред... Нормално дека детето несвесно ќе земе голем дел од особините, навиките и правилата на своите родители, само нема потреба на тоа да се инсистира по секоја цена...
Немав конзервативни родители, да ги самоицитирам моите, и двајцата беа со истиот став дека тие имале конзервативни родители. Тие секогаш велеа, паметиме се што не нервирало најмногу, не сакам истото да го правеме со нашите деца, најважно е вие да стекнете доверба во нас како родители, да можете да разговарате за се, со нас. На децата не смееш да им забрануваш, тие ке го прават токму спротивното, мораш да им кажеш зошто сметаш дека една работа не е добра, да им кажеш аргументи. Децата се формираат од детството, родителот треба многу да внимава, можеби карактерот е вроден ама истиот треба и да се моделира. Како изминува времето истово се покажува како точно, затоа велам, секогап, здравје кога ке имам деца, ке го следам примерот намоите. Секогаш објаснувале моите, без разлика што понекогаш цврсто стоеле позади одлуката и до ден енеска тие неколку ставови не ги ни промениле... На секое прашање имале одговор, ако не лично на своја кожа осетено, секогаш наогале примери низ нечија призма на живот... Никогаш не сум останала недообјаснета нити неудостоена со одговор од нивна страна.. На многупати сум кажала дека секогаш на проблем или совет или прашање давале неколку совети и ми оставале простор сама со разумот да изберам...без подоцна трљаљки ги по нос, ти ми кажа вака ти си крив..Имало и недоразбирања и револти од моја страна со текот на годините, но ако се вратам назад се смеам и ја гледам внука ми како сега на одредени моменти се револтира и се гледам себеси на истите години Но, во денешно време многу родители се модерни подучени од одредени конзервативни ситуации на своите родители...и најстојуваат да не биде тоа така.. Тоа што ме нервирало ни во кој случај нема да го наметнам на дедето пред се ке се потрудам да му објаснам ако не мој пример, пример од животот..
Никогаш сум немала посериозен проблем,се се решавало со муабет и взаемна ДОВЕРБА.Им благодарам за се на што ме подучиле и начинот на кој ме воспитале,едноставно некои работи тогаш ми биле нејасни и сум знаела да се налутам а сега сфаќам дека злато вредат.
Конзервативните родители не ги поврзувам по секоја цена со етикетата строги родители, иако веднаш помислуваме на тоа. Да речеме мајка ми си има одреден став за хомосексуалци, што лично за мене е смешен и конзервативен. Но, тоа е нејзин став, никогаш не се обидувала да ми го наметне мене, и да ме обликува по некојси нејзин терк. Моите родители во најголем дел се антиконзервативни, но сепак ме држеа строго на времето (не премногу, но сепак) имаше одредени правила кои мораа да се почитуваат и ги ценам поради тоа. Имав ограничено време за излегување, т.е. враќање дома, домашни обврски кои морав да ги завршам, едноставно имаше правила за следење - и казна доколку не ги извршев со време. Значи можеш да бидеш умерено строг родител и убаво да си го воспиташ детето, без да го тупиш и да го труеш со некои конзервативни сфаќања. Од одредени постови добив впечаток дека - конзервативните родители се добри воспитувачи на деца, јас тоа воопшто не го сфаќам така. Знам многу примери каде родителите се строги конзервативци, просто не му даваат на детето да дише, па кога не им е во близина, се однесува раскалашено, невоспитано, како куче пуштено од синџир. Не знам, мене лично претераната козервативност ми оди на нерви, не сакам општо да сум во близина на такви луѓе, не се ниту моите такви, ниту пак сакам да бидам таков родител во иднина. Како и за поголем дел од работите бирам златна средина. Има толку многу начини како добро да си го воспиташ детето и да го израснеш во добар човек, без да црпиш искуства и знаења од турско доба.
Моите и не се нешто многу конзервативни, ама си имаат некои свои сфаќања кои според мене се повеќе штетни отколку корисни. Се случувало да се обидат некој свој став да ми наметнат, некогаш и со право, но никогаш не напнале дека тоа МОРА да е и мој став. Ако нешто за кое сметаат дека не требало (уствари работата е што ќе речеле комшиите) а јас под влијание на мојот слободен ум сум го направила, само ќе ми укажат на тоа, т.е. ќе пробаат да ме натераат да се прилагодам на средината во која живееме. А јас па многу многу и не се замарам со тоа дали на моите им се допаѓа некоја моја постапка, мој си е животов, и освен тоа тие така ме воспитале на никој за ништо да не полагам сметка... што би се рекло: ич газот да не ме боли, си фурам ко што сакам (извинете на израз) Кога сме веќе кај конзервативни сфаќања, според вас, дали за родителите (имајќи во предвид дека живееме на Балканот ) би било прифатливо да оформите семејство со Кинез или црнец?
Мое мислење лично е дека конзервативен родител и строг родител е сосем различно.Моите родители не биле конзервативни но биле строги,на пример до 1 ва година несмеев да слушнам за во чаршија иако моите врснички веќе излагаа,кога почнав да излегувам до 10 часот требаше да се вратам пред зградата и ако закаснев 30 мин следеше казна од една недела без излегување,но кога почнав да излегувам следната недела не ми се повтори истото оти дома ужасно ми беше и ред такви казни,но подоцна не ми беше ускратено да имам дечко кога имав дечко слободно се шетав во чаршија без страв дека ако ме сретне ке ме убие или слично многу разговори водевме дома за све и после додека да завршив средно излегував само до 1 и ништо повеќе сега сум многу благодарна на моите родители што секако тогаш ги сметав на застарени и ред други работи.А имав другарка која ја чуваа како куче на ланец не смееше воопшто да излегува се додека завршивме тие што излагале биле расипани така и велеа,шминка не смееше ни да се опули во тоа а камо да се нашминка нашколо ја носеа и ја земаа буквално додека завршивме,Е ова е више конзервативност но не е ова начин секако бегаше девојчето редовно од училиште одеше од дечко на дечко по една недела и траеа врските и се сакаше да проба во тие минути кога ке успее да избега,но самите родители беа криви нели ко ке го пуштиш кучето од ланец не знае кај тера.Јас сум за строгост кон децата ама и да не се претерува затоа што наместо добро ке излезе нешто друго.
Јас не би се венчала ни со црнец ни со кинез заради различностите во верата а со самото тоа и во световите,начинот на живот и сл.Но да одговорам на прашањето..Моите родители сигуно не би ме пречекале со прегратка,насмевка и аплауз ако го направам тоа,но на крајот,јас би живеела со него а не тие и јас го сакам него,никој не бара од нив тие да го сакаат..
Имаат прилично застарени мислења, но зависи како, за што... во слободното изразување, правата, излегувањево, облекување... но секогаш се обидувале да угодат. Малце идат на нерви, и ми прави проблем како женско ( заради разни глупави стереотипи кои ги следат жените). Некои ме потсеќаат како од турско доба..
Тука сум и јас блиску со вас. Мајка ми е убиство од прв степен,немате поим. Ми иде некој ден да фатам парталите и да ме нема за да неморам да слушам,ама немам работа инаку уште одма летам сама.
Вие не знаете какви се мајками и таткоми иако сум осмо оделение не ми дозволуваат да се издепилирам на нозе а па за веѓите или рацете ич да не прајме муабет цело лето дома седев бев пуштена само до 8 и тоа пред куќа нигде фазла ама то е морам да ги трпам
Навистина, се измачив додека ја убедував да ме пушти да одам на екскурзија пред две години. Цела ноќ не спиев заради неа. Но, барем ја убедив. Добро, ги знам правилата: 1. Не се дели од групата 2.Не оди на сомнителни места со сомнителни луѓе 3.Јади 4.Ќе ти се јавувам секоја секунда а ти мораш да ми даваш детално известување за тоа каде си и што правиш 5.Пази да не те згази кола итн..... Ова година кога ќе одиме на екскурзија се надевам дека нема смисли нови правила кои треба да ги учам...
Tинејџери ,логично е да се грижат вашите родители дури и кога е тоа претерано,ваше е да ја оправдате нивната доверба или очекувате од улица некој да ви обрне внимание ?Mалку ми е контрадикторно зошто во нашата земја ги ограничуваат само женските деца,оти со ставот машко е му личи никаде не стигаме . Tуку,еве еден личен пример ,кога бев тинејџерка моите беа настроени заштитнички кон мене и некогаш не ги сфаќав и иако се карав и избувнував денес сфаќам дека не сум била во право .Kој може да те сака подеднакво како родител,никој!