1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Конкурс за модератори

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 7 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Ако сакате да помогнете во одржувањето и развивањето на најголемиот женски форум во Македонија, испратете ми лична порака во која ќе напишете нешто повеќе за себе (не е задолжително), зошто би сакале да станете модератор и колку време имате на располагање. Задолжително наведете 3 категории коишто би сакале да ги уредувате (подредени по приоритет). Потребно е да бидете активни во категориите и да придонесувате во разработувањето на темите, па изберете ги категориите кои ви будат најголем интерес.
    Категории се Мода и стил, Лице, Тело, Коса, а НЕ Убавина и мода, Љубов и секс, Диети и фитнес (последниве се секции). ;)


    ЧПП

    • Како ќе знам што треба да правам?
      Ако бидете избрани за модератор, ќе имате на располагање детални инструкции за модерирање, а ќе можете и да се консултирате со другите модератори при донесувањето на каква било одлука.

    • Не сум компјутерски експерт. Дали ќе можам да бидам модератор?
      Ако немате проблеми со секојдневното користење на компјутер, уредувањето на форумот нема да ви претставува никаква тешкотија. Впрочем, уредувањето не е многу поразлично од партиципацијата во форумот. Едноставно ќе добиете дополнителни опции за преместување, заклучување и спојување на теми, за редактирање, преместување и бришење на мислења, ќе можете да испраќате опомени и сл.

    • Не знам дали ќе имам доволно време за да бидам модератор.
      Ако сте редовен и активен посетител на форумот, тоа е сосема доволно за да бидете и модератор. Немате обврска да ги читате сите мислења, ниту пак сте задолжени да поминувате одредено време во уредување. Уредувањето на форумот е на доброволна основа, па никој нема да ви забележи дури и ако отсуствувате извесно време.

    • Дали модераторот може да пишува мислења? Дали може да контактира со останатите членови?
      Да, секако дека може. Ако станете модератор, продолжувате да си го користите форумот на вообичаениот начин.

    • Каква функција има модераторот?
      Модераторот треба да се грижи за почитувањето на правилата на форумот и да ги одржува своите категории организирани (со помош на спојување/преместување/бришење на теми и преместување/бришење/редактирање на мислења).

    • До кога ќе трае конкурсот?
      Конкурсот ќе трае две недели, односно до 20 ноември (недела).

    • Дали модераторот треба да биде строг и груб кон останатите членови?
      Не. Модераторите не смеат да пишуваат работи од типот: „Зошто ле си отворила ваква глупава тема овде?“, „Аман веќе од вакви како тебе!“, „Алоооо, не гледаш дека има веќе вакви теми?!?“, „Лелееее, уште не се научивте да пишувате на кирилица?“ и сл. Модераторите не треба да влегуваат во конфликт со членовите на форумот, туку напротив, треба да им помагаат да се вклопат и да бидат пријателски настроени кон нив.

    Ако имате какви било други прашања, слободно поставете ги во темава. ;)


    ВАЖНО:
    Ако се пријавите, тоа не значи дека автоматски ќе бидете поставени за модератор. Модераторите ќе бидат избирани според неколку критериуми, како бројот и квалитетот на нивните досегашни мислења, односот кон другите членови, времето поминувано на форумот итн. Кандидатурите ќе бидат од отворен тип, т.е. нема да ви одговараме дали и кога ќе бидете или нема да бидете примени за модератор. Едноставно ќе ве повикаме штом решиме дека е соодветен момент.
     
    На Cacy, Ann.94, SexyLady и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Кога го прочитав ова паметот ми отиде на Виножитка и на нејзиното смајли на речиси секој крај од нејзините постови, кое колку и да си искаран те наведува да помислиш дека е со “арно“ кажано. :)

    И уште нешто, сметам дека за некои теми треба годините да бидат пресудни.

    Со среќа на сите што ќе конкурираат.
     
    На I.love.your.lips, AIT, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Колку и да е оффтопик морам да дадам едно објаснување.
    Кога ја спомнав Виножитка поентата ми беше дека и се восхитувам на смиреноста и одмереноста, како и на добронамерноста која се чуствува во нејзините зборови.

    Не секогаш наводниците си ја вршат работата :tmi:
     
    На I.love.your.lips му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Едно прашање... а што ако станеш модератор и по извесно време, пример од обврски, ако немаш доволно време или едноставно веќе не сакаш да бидеш, дали е можно да се откажеш од оваа, да ја наречам, "модераторска работа"? :)

    Инаку јас би сакала... :)
     
  5. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    A дали бирате модератор и врз основа на цветчето ?
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Конкурсот и пријавувањето се на доброволна основа па така и откажувањето е доброволно(но има и друг случај кога администраторите можат да тргнат модератор од модератосрка функција ако некој ја злоупотребува функцијата или не е долго време приклучен и нема никакви акции без претходна најава), ако сметаш дека не можеш повеќе да ја извршуваш обврската како модератор, ама штом некој смета дека нема да има доволно време од обврски поарно нека не се пријавува, а ако мисли дека може да ги координира обврските со посетата на форумов нека му е со среќа пријавувањето. ;)
    Е сега е се појасно мислам, со среќа на сите што ќе се пријават :up:
     
    На Ann.94, SexyLady, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Колку мислења минимум ми требало да има модераторот?
     
  9. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Јас се пријавувам . :)
    Немам голем број на мислења ,но се надевам дека имаат барем квалитет.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Треба да пратиш ЛП на билката, прочитај го првиот пост од темава....и со среќа и на тебе и на сите кои конкурирале.
     
    На SexyLady и si.exs им се допаѓа ова.
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Досегашните модератори ќе бидат сменети или само новите ќе бидат додадени?
     
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Само ќе се додадат новите модератори.
     
    На Breezy, Angelche и thelittle17 им се допаѓа ова.
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    А штооооо, не не сакате веќе???!?
    Јк, јас како јас. Ајде со среќа на конкурсот на сите!!!!
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    А како ќе бидат известени новите модератори? И кога?
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Еве го одговорот го имаш во крајната реченица на првиот пост од Билката. :)
     
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    И јас ви посакувам среќа на сите што се пријавивте :)
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    А кога ќе биде конкурсот?
    Мислам ќе биде ли објавено дека од тој ден да се пријавуват сите што сакат или?
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Цаци, конкурсот е во тек, и трае до утре
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546

    А јас мислев горе пишува 2010 :lol:
     
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    А кога ќе бидат објавени резултатите? :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.