1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Концерт за хендикепирани лица - 3 декември 2011

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од inimini, 21 октомври 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Дали ке присуствувавате на 3-ти декември во универзална сала на концерт.
    Секоја година има концерт за хендикепирани, лица со посебни потреби. Тој ден е светски ден секаде во светот се слави многу убаво возбудливо само да видите како се радуваат, како се насмеани сите лица и секогаш ке сакате да присуствувате на тој настан секоја година ке очекувате да слушнете каде и дали има нешто за да ги видите.
    И тие се исти како сите други луѓе. Тие никогаш ама баш никогаш нема да ве повредат и да ве навредат. Тие сакаат само едно- љубов прегратка насмевка.
    А кај нас луѓе мои само да видите колку е жално кога на една бина како штое во универзална или како што е пред Мајка Тереза спремиле музички точки, цртежи и слично а публиката никаде ја нема. Неколку години по ред присуствувам на тој настан и повредено излегувам од таму кога ке видам одвај стотина луге во публика.
    А картите се со смешна цена секогаш
    Па зашто не дојдете да се радувате со нашите деца, зашто не бидете барем малку ХУМАНИ.
    Зашто ,зашто,
    Размислете убаво и ке видите дека нема да згрешите ке бидете многу срекни.
    Пишувајте ги вашите мислења.
     
    На girl.23 и Abeja им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Дали ке присуствувате на концерт на 3 декември во универзалн

    Јас ќе се обидам да присуствувам, иако оправдано сум голема плачка и осетлива во такви околности, а за другите случувања освен тој концерт во универзална мислам дека јавноста не е доволно информирана а и народот е чуден, да ги праша некој од страна ќе зборуваат и зборуваат со денови како ова требало, она требало па тие вака мислат итн а на дело слабо се покажуваат, мислам дека треба почесто да се организираат и хуманитарни собири на кои ќе се донира облека, играчки и сл за домовите како во Демир Капија како и за сиромашните семејства, сите ние имаме вишок кој би можеле да го подариме, плакарите сигурно ни се половина исполнети со облека која не ја носиме. Не дека не верувам во собирање на парични средства преку концерти, туку повеќе верувам во собирање на практични и потребни средства преку донирање на истите од хумани луѓе.
     
  3. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Јас ќе се обидам да присуствувам, иако оправдано сум голема плачка и осетлива во такви околности, а за другите случувања освен тој концерт во универзална мислам дека јавноста не е доволно информирана а и народот е чуден, да ги праша некој од страна ќе зборуваат и зборуваат со денови како ова требало, она требало па тие вака мислат итн а на дело слабо се покажуваат, мислам дека треба почесто да се организираат и хуманитарни собири на кои ќе се донира облека, играчки и сл за домовите како во Демир Капија како и за сиромашните семејства, сите ние имаме вишок кој би можеле да го подариме, плакарите сигурно ни се половина исполнети со облека која не ја носиме. Не дека не верувам во собирање на парични средства преку концерти, туку повеќе верувам во собирање на практични и потребни средства преку донирање на истите од хумани луѓе.[
    Ако си од скопје и ако сакаш да донираш облека, играчки, садови за домакинство оставими бројче или меил и ке се договориме Знам фамилија која стварно многу им е потребна помош живеат во трошна кука и немаат ништо.
     
  4. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Зашто луге ја игнорирате оваа тема зар не ви се допага
     
  5. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    ДА!Јас ќе присуствувам на концертот.Браво инимини за темава..
     
  6. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ќе присуствувам, и иако има време до 3 декември, да прашам само, картите на лице место пред настанот се купуваат, кај Универзална?
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не да има само еден концерт. Почесто да има концерт и разни хуманитарни акции каде ќе се собираат средства за овие лица, каде и ние ќе видиме со какви проблеми се соочуваат во секојдневниот живот.
    Да ги прифатиме со цело срце, да ги сакаме како наши деца, браќа, сестри, родители.
    Низ секојдневниот живот да не ги погледнуваме накриво и да не бегаме од нив.
    Да им помагаме на секој можен начин.
    Да го направиме светов уште поубаво место за живеење за нив.
    Да не се осеќаат помалку вредни и изолирани.
    И самата држава, постоечките институции да помогнат за нив. Пр. Колкумина од нив не можат да влезат во некој јавен објект затоа што има само скали, а не угорница?
    Јас нема да можам да присуствувам, но ги подржувам целосно!
     
  8. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Прашањето мислам дека е за картите при крај на ноември месец ке знаеме точно каде ке се продаваат картите и која е цената а јас ке напишам одма штом ке дознаам.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се обидам да присуствувам и ќе поканам уште некој да дојде со цел да се соберат повеќе средства. Браво за темава и навистина заслужува многу поголема посетеност од пример Вашите нокти, Што појадувавте денес и сл. Не ми замерувајте за темиве, онака ги избрав, ама редно време е да се освестиме и да преземеме нешто, наместо да зборуваме дека е потребна поголема хуманост, а да седиме со скрстени раце.
     
    На respect му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Во недела ќе има хуманитеран концерт само што сеуште немам информации каде и во колку часот.
    Ќе пишам утре. Па доколку имате можност да присуствувате и помогнете, зашто да не го сторите тоа? ;)

    А на концертот на 3 декември секако дека ќе учествувам, исто како лани.
    Тие 100 денари на некому можат да му го подобрат денот додека ние ги расфрламе за глупости.
     
    На respect му/ѝ се допаѓа ова.
  11. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    ПОВЕЛЕТЕ НА 2 ДЕКЕМВРИ ОД 10 ДО 12 ЧАСОТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ зЛАТАН СРЕМЕЦ КИСЕЛА ВОДА СКОПЈЕ, ДА ИМ ПОДАРИМЕ НАСМЕВКА НА ОВИЕ ДЕЧИЊА КЕ ИМА МНОГУ УБАВИ РАЧНИ ИЗРАБОТКИ ОД РАЧИЊАТА ДЕЧИЊАТА ЗАЕДНО СО НИВНИТЕ НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ.
     
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да напише каде можат да се купат картите за концертот?