Користење на личен телефон во текот на работно време

Дискусија во 'На работното место' започната од referentka, 22 август 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    238.677
    Често сретнуваме ситуации каде сме странки, а другата страна од шалтерот во исто време нѐ услужува и збори на телефон.

    Како Вие гледате на ова?
    Дали Ви пречи?
    Дали вие користите телефон на работно место?
    Сметате ли дека треба да е забрането или сте толерантни кон ваквите појави?
     
    На SummerGirl, ane.bella, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Мобилни на работа носам 2 комада.
    Интернет, онлајн сум секогаш.
    моб во рака не чепкам освен ако ми ѕвони.
    8 часа на фемина,фб,инстаграм и вајбер не чепкам.
    Онлајн сум за повици на вајбер и месенџер.политиката на институцијата е дека сум достапна за пациентите нонстоп.па ми ѕвонат и на интернет -некои немаат кредит и не се на претплата:)
    Незнам спојлер да ставам
    (Чекам во државна на гинеколог на шалтер,верувајте 3 пати и спомнав на сестрата дека само јас сум и прегледот мора да е точно во 9ч.-36 часа по примена инекција.
    Збореше 40 мин на моб за сливи.па со дете што ќе јаде,ќе купува.збеснав.не се претставив дека сум мед.лице.но се јавив на директорот.за 2 мин и се симна.лом ја стори.она ми се извинува.но џабе.си доби казна на платата.и заслужено и беше.доколку јас таква станам (а нема-ветувам) и отказ веднаш да ми дадат)под итна постапка:envy::devil:
     
    На Victorian, dunika, Jane.Birkin и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    1.928
    Допаѓања:
    61.029
    Пол:
    Машки
    ^Ова со докторкава ми се случи исто само што оваа беше банкарка. Ја прашувам нешто, ми збори и и ѕвони телефонот. Она лагано, цап и кажи сине? Не, не. Важи ајде кога ќе дојдам дома ќе збориме. Спушти. Пак ѕвони. Ало сине?
    Епа ми зовре! Тотално непрофесионално.
     
    На dunika, vitamina, PaLaVa и 15 други им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    31.103
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ја носев мајка ми на лекар и таа докторката што ја прегледуваше цело време на телефонот дремеше со некој си пишуваше.
    Почне да ја прегледува мајка ми застане да виде што и пишале, па таа да одговори на пишаното, па пак почнува мајка ми да ја прегледува и така во круг.
    Не знам како издржав уште малку да се поврткаше ќе станевме со мајка ми.
    Така не се работи.
     
    На Victorian, Jane.Birkin, korisnichka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Не користам. Ама многу ме нервираат луѓе што не си ја вршат работата за која се платени зашто поубави им се трачарските муабети
    Кога сме веќе кај случки:
    Еднаш одам кај матичната докторка за преглед при настинка и чекам сестрата да ми даде рецепти за лекови.
    Јас си чекам, таа си ломоти на телефон. Јас смирена, 10-15 мин и и викам може малку побрзо?
    - Сега, сега не се брзај. Не ти зборам тебе, и продолжува на телефон
    Ајде заврши се, одам јас кај мене во населба во аптека, кога глупачата ги згрешила месеците на рецептите и не можам да си купам. И се враќам јас назад, правење сцена во амбуланта и си го земав картонот.
    Сега си имам друга матична докторка :)
     
    На Victorian, buba4e89, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.можело да и речеш.
    Не е професионално тоа

    Нит сакам да зборам пред пациенти.но ниту тие пред мене.се случило да разговараат додека трае прегледот и фино лепо да ги замолам да исклучат.доколку не ме послушале се случило да си излезам од ординација и сестрите да ми повикаат следен за преглед.а тој некултурниот да си почека или да си оди
     
    На Victorian, Harper, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    238.677
    Ако работам во фирмата на татко ми и не работиме со странки,не гледам зошто некој би имал против употреба на телефон.
    Сметководствено биро...ред книжење,ред ФБ.
    Чувар на капија исто.
    Мрчендајзери.
    Во држвна фирма сметководство или правна служба, кои работат во изолирани услови.
    ...
    Ама оние кои работат со луѓе-не.

    Нека се пријави еден кој не прима бар еден повик на ден или не се јавува бар еднаш кај деца или родители..

    Да не се претерува со употреба на телефон, иначе не гледам причина зошто би било забеането.

    Што ако се јавам дали е детето добро или дали е мајка ми во ред?
    Кратко и јасно,нема никого да успори во текот на работата.
     
    На Victorian, dunika, LiliBoz и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.863
    Допаѓања:
    158.166
    Пол:
    Женски
    Една членка памтам некни во СДК пиша за умерено скролање чат-пат низ телефон како релаксација во работно време и се согласувам со тоа. Не ми пречи нечие користење телефон на работно место и не судам за истото сè додека не е во исто време кога треба активно да извршуваат некоја обврска, посебно со услужување муштерии и тоа кога се работи за одговорни професии (како доктор/ка на пример).
     
    На Victorian, CameliaMiller, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  9. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    22.113
    Пол:
    Женски
    Работата ми е со странки..морам да бидам достапна, а и имам службен мобилен на кок морам да одговарам. Приватни разговори пред странки никако, ако треба да се јавам негде го правам тоа надвор од канцеларија.
    А ако ми звони службен тел додека сум со странки, гледам дискретно ако сум во можност кој е,ако е очекуван итен повик се извинувам на соговорникот и одговарам најкратко што можам..или после странката се прејавувам јас..
    Сум за телефон,меѓутоа во разумни граници.
     
    На cresa-jagoda, referentka и Alishan30 им се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    49.370
    Пол:
    Женски
    ^^кај маж ми на работа млад дечко зборувајќи со девојката на моб страшно се повреди.се исечи на пила и остана без две прстиња.
    Оттогаш имаат само еден службен моб стои таму за недај боже да е нешто итно или за да прашаат за деца и слично. Не е дозволено повеќе мобилни кај нив и следува казна за тие што ќе ги фатат да носат.смеат само на пауза (имаат 3 паузи во 8 часа).
    Се работи за фирма за производство на мебел
     
    На CameliaMiller, bittersweet, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    31.103
    Пол:
    Женски
    Требаше да и кажам нешто, но таква сум што си ќутам и си трпам се.
    Инаку јас го користам телефонот на работа, но работата не ми е да услужувам луѓе, па затоа сакам некогаш малку да одморам од работата и знам да проверам кој и што ми пишал на фб, ама тоа на кратко не да дремам се на него.
    А да работам некаде каде што треба да услужувам луѓе нема шанси јас да дремам на телефонот, а редица луѓе да чекаат.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и Alishan30 им се допаѓа ова.
  12. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.591
    Допаѓања:
    63.529
    Пол:
    Женски
    Rabotata mi e vrzana so telefon i mail, i koga sum nadvor od kancelarija moram da sum dostapna i proveruvam mailovi. Ima denovi koga ne uspevam ni da se javam doma da prasam sto pravat decava no koga ke najdam prostor ili ako mi treba nekoja minuta da se izduvam znam da otvoram i fb i femina. Vazno ne dozvoluvam pred luge da si teram privatni muabeti ili da zveram vo telefon, i da zboram privatno ako mi zazvoni fiksna linija ili vleze nekoj odma prekinuvam. Za zal mnogu luge nemaat oset, mi se slucuvalo i mene dal vo dukan dal vo banka da cekam da me usluzat zatoa sto si zborat na telefon apla privatni muabeti, e ova ne odi ama nikako. Ke recam do sivesta na lugeto e,ako si takov i da ti zabranat telefon nesto drugo ke si najdes
     
    На Victorian, referentka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    112.044
    Пол:
    Женски
    Многу е непрофесионално пред клиент/пациент да збориш на телефон. На домашните им е кажано да ѕвонат само коа е итно. Ако друг ѕвони одбивам повик, ќе се јавам покасно.

    Ме иритира коа треба да добијам услуга, другата страна да разлага на телефон. Во банка, пошта, институција ми се нема десено одамна вакво нешто. Ама на лекар коа одам редовно се дешава. Доктор на ендокринологија не го тргна телефонот од увото додека бев во ординација. Не знам што збореше дека на албански, испринта извештај и ми го даде држејќи го телефонот на увото. Ни кратко објаснение не добив, ни прашње можев да поставам.... Друг случај кај замената на општиот матичен, јас со страшни боллки докторката на телефон го убедува внучето песничката да и ја каже :envy: Да не се разбереме погрешно не ги напаѓам медицинските лица, зборам само за поедини случаеви.

    Во ред ми е да се користи телефон, коа нема клиенти, коа никој не чека ради твојот приватен разговор, коа животот не ти зависи ако се загледаш во телефонот.
    Свесен човек нема потреба да му се потенцира дали може или не да користи телефон, сам треба знае кога може.
     
    На PaLaVa, 1209, Tan4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.067
    Допаѓања:
    16.525
    Пол:
    Женски
    Пред клиенти никогаш не сум разговарала на телефон. Ако е нешто итно, одма кажувам дека ќе се јавам подоцна. Се случува некогаш да има проблем со децата.
     
    На Alishan30, referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.975
    Допаѓања:
    96.558
    Има места кај што треба да бидат забранети... посебно во државни иснтитуции.. Додуша, не мора да се забранат, џемери нека им стават, што блокираат сигнали, па ај нека звонат после да ги видам..
     
    На MacenceEna, stetoskop, Emy867 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Додека нема никој на касата(работам у маркет) користам го тел.
    Ако имам муштерии никако тел не го чепкам, и да ми зазвони не дигам
     
    На Dadusicka, Alishan30 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.259
    Nesmee nikoj da zbori na tel za privatni celi.

    Nema podelba raboti so stranki ili ne. Profesionalnost e profesionalnost.
    Vo tekot na denot imas 3 pauzi pa mozes vo toa vreme da zboris I toa na msto kade na nikogo ne mu smetas.

    Tmn rabota cela firma da si sedneme I da si vrtime na tel.
    Od kaj ke zememe plata ?
     
    На PaLaVa, m.i.g, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    28.024
    Пол:
    Женски
    Во предходната фирма кај што работев ни беше забрането приватните телефони да стојат до нас поточно газдарицата не тераше скроз да ги исклучуваме недостапни да бидат и да ги користиме само службените тие 9 саати додека сме во канцеларија. Мене ми беше тоа сулудо, сепак приватен телефон ми е секој за било каква итна работа може да ме бара а не е мал период 9 саати, па затоа во ташна го оставав на сајлент а службениот број им го дадов на најблиските доколку им треба нешто да ме бараат.
    Не велам дека е во ред да се дреме цело работно време на фб или на инстаграм ама неможе да се очекува дека во комплетна изолација ќе бидеме со надворешниот свет само затоа што сме на работа.

    Во оваа фирма нема таква забрана, приватниот телефон ми стои на маса до мене, но ретко го користам ваљда и ја се одвикнав но и блискиве се одвикнаа да ме бараат додека сум на работа. На пауза знам да уклучам инстаграм колку да се олабавам тие 5-10 мин со тоа е сведено на минимум.

    Секако не е во ред некој да млати празна слама додека клиенти ти цупкаат над глава, но факт е дека приватниот телефон е потреба и не може комплетно да се забрани неговата употреба додека си на служба.
     
    На 1209, oblace1, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.747
    Допаѓања:
    238.677
    Ама 8 часа неможеш да се изолираш, поготово ако имаш мали деца или стари и болни луѓе.
    Зарем е човечки да ти забранат да ти заѕвони приватниот телефон ?
    Што ако има во текот на тие 8 часа несакани работи каде МОРАШ да си присутен ?!

    Тоа што ние (велам општо НИЕ) го злоупотребуваме тоа е сосема друго.И е до карактерот и воспитанието на човекот.Не малку пати слушаш шалтерџиката како си раскажува рецепти, со една рака ти издава документ а телефонот на вратот го потпрела.Неможеш ни да ја прашаш, чак се осеќаш непријатно оти ќе ја прекинеш.

    Дека на работа сите сме 8 часа, и 8 часа работиме - не (исклучок се фабричките ленти)
    Едно е принцип да спорведуваш, друго е реалноста.

    Но, секој вработен 10 минути во неколку наврати има право да си ги искористи како му е воља.Некој пуши цигара, некој јаде, некој си чачка на телефон, некој на ФБ се вклучил, некои муабет си прават....секој нека си прави што го релаксира.
    Патем на секои 90 минути седење пред ПЦ, мораш да станеш да се раздвижиш.Барем така не учеа на обуките и така (ни) е дозволено и на работа.

    Работодавците знаат да бидат сурови и да ти забранат и да седиш и во тоалет да одиш, да не зборам за употреба на мобилен.И скоро во секоја тема ги обвинуваме таквите работодавци.

    За да работниот е ефективен, мора во текот на денот да му се дозволи да ги задоволи своите елементарни потреби, меѓу кои (за мене си зборам) е и да си го чујам детето дали е добро (во случајов не го правам тоа, ама се ставам во улога на родител чие дете е школска возраст).

    Само така, ќе имаш релаксиран работник кој што нема да го ,,врие,, нервоза, нема да греши и ќе те почитува и цени.

    Но (сепак ова НО мора да се нагласи) поради несовесните однесувања на работниците, и оние совесните остануваат без основни права.
     
    На kalinaka, Bubce38, LiliBoz и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.238
    Допаѓања:
    85.025
    Телефони не користите ама на форуми реферати за време на работно време.
    Едно е странка да те слуша како разменуваш рецепти на глас, а друго е кога те гледа како куцаш, вака ќе помисли дека работиш нешто и си тотално внесена па греота е човек на сред работа да го прекинуваш.

    Дозволено ни е со нас да е телефонот оти свесни се дека итни повици постојат и не би да не ограничуваат толку строго. Со напомена секако дека ќе следат казни ако се злоупотреби.
     
    На Espadrila, Petra777, dunika и 9 други им се допаѓа ова.