Користење премногу козметички производи - маркетинг или потреба?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од GrimTheReaper, 14 мај 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.401
    На жената и треба серум, маска за лице, гел, пена, лосион за миење, крем за лице, серум и крем за околу очи, гел за туширање, паста за ексфолијација на кожа, лосион, млеко за тело, шампон за коса, регенератор, маска за коса, сапун, спреј за расчешлување, масла за коса, неколку вида антиперспиранти, милион парфеми, а да не зборам дека никогаш немаме што да облечеме итн.
    Одиш во делот за мажите hair+face+body на сите продукти. Всушност они со еден гел мијат лице, тело, коса, мишки, со еден крем и очи и лице и тело и сигурно останува и колата да си ја исполираат со остатокот.
    Ова е доволен доказ дека жена не може за заработи колку што може да потроши. Маркетинг или жената е посебно градена да мора да користи еден тон продукти за секој милиметар од телото?!?!

    Модератор: Темата е одделена од СДК
     
    На Mnik, day, poi и 33 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    11.124
    Пол:
    Женски
    Па ништо лошо, има и машки продукти кои се многу подобри од женските да речиме.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    38.854
    Пол:
    Машки
    Или сликовито ова покажано изгледа овака. :lol:

    [​IMG]
     
    На SugarHoney, piglet1, koritsaki и 20 други им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Има и женски такви производи. Еден пример:
    afrodita lotos  12113-500x500.jpg
    Поентата е ние по кои ќе се залетаме. Пазарот секако сѐ нуди.
    И мажи користат балзами за коса, гелови, восоци, не се така запустени како што мислиме. 8)
     
    На dunika, pdb123, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Маркетинг
     
    На elimkd, GrimTheReaper, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Јас сум жена и не користам толку производи.

    Шампон, сапун и дезодоранс.
    Толку.

    Можи сум маж 8-|
     
    На Mnik, pikabu5, meggle и 22 други им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.698
    Пол:
    Женски
    Посебна сорта сме ние. :makeup:
    Утешно де. :makeup:
     
    На eliesaab и WildMk им се допаѓа ова.
  8. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Чист маркетинг :$
     
    На Mnik, Angie1432, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20210515-184729~2.png
     
    На Mnik, pikabu5, koritsaki и 11 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.698
    Пол:
    Женски
    Анкета турете да се преброиме. 8-|
     
    На WildMk и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    27.825
    Кога ќе видиш дека најголем дел од работите набројани во воведот како козметика за жени практично и немаат некој wow ефект, би рекла да, дефинитивно маркетинг.
    Иначе тоа дека немаме што да облечеме е уште поизразено со социјалните мрежи, нели си била на свадба, со ставила слика, сега не може фустанот на уште 3 други свадби да го носиш или барем не скоро зошто сите слики ќе ти се во ист фустан (ова стварно го имам чуено од пријателки).

    Така да, маркетинг апсолутно. Не значи дека пак нема да одам да си купам нови штикли и нов фустан за ќеф, ама свесна сум дека не е вистина дека немам што да облечам, плакарите преполни се.
     
    На Mnik, Гладиоли, steela.honey и 6 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.737
    Допаѓања:
    121.927
    Пол:
    Женски
    Па,не можеме секој производ да го користиме на повеќе делови од телото и лицето.Некои креми предизвикуваат иритации и солзење на очите ако се нанесат во близина на очите.
    Со векови се врти она дека жената е посебна,срамота е да се облекува исто како маж или вака-онака и мора да се дотерува.
    Бла,бла,бла... Бреј! |(
    Жените повеќе трошат и пазарот им нуди повеќе(божем нема мажи што фрлаат над 1000 денари за вакви производи). :D
    Со оние трикови „чудо за вашата коса/кожа кое ја хидрира и ја прави помека/помалку склона кон мрсење/сушење/иритации“ и попусти за да се залажеме. :rofl:
    Си преферираме некои брендови и трк во аптека/маркет/ДМ/Космо оти на рекламата велат дека новиот производ е фантастичен.А,можеби не ни треба.
    Така што,и потреба и маркетинг е.
     
    На pdb123, Guns N` Roses и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.151
    Пол:
    Женски
    Пола и повеќе од производите ги фрлам целосно неупотребени затоа што сум мислела дека ќе ми треба. Сум ги употребила еднаш и толку.
     
    На Mnik, Hellobeautiful, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.561
    Пол:
    Женски
    Скоро ништо од наброеното не е потребно. Само рекламите на психа делуваат дека мора нештото да се купи, колку ќе ни биде поубаво, ма најубаво, па мазно лице, кој воопшто сака брчки? Па, така од млади години се шлакаме со креми, да го спремиме лицето за староста, па на старост со уште повеќе креми против брчки. Додека мажите гајле немаат брчки ли, што ли, кој се замара со глупости.
    И така, жената ќе троши мало богатство на козметика, иако во просек е помалку платена од маж на иста позиција. Ама, нема да има брчки. :makeup:
     
    На Mnik, koritsaki, steela.honey и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    19.821
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека е маркетинг.

    Имаше еден период кога косата нагло ми се изретчи. Се разбира дека може ова немало врска, ама мн убаво памтам дека периодот пред да го забележам тоа бев опседната со нега на коса и триста чуда и ставав. Само што не ја фарбав уште тогаш. Инаку силиконски капки, маски за коса, регенератор, ваков шампон, таков, па пеглај ја, средувај ја нон стоп.....може бил и некој здравствен проблем, недостаток на витамини или нешто друго, ама ете се поклопи со ова. Оттогаш сметам дека too much козметика, хемија само полошо може да направат. Како и да е, години ми требаа за да ми се врати во нормала.

    Сега користам само шампон и ретко кога регенератор за полесно расчешлување. За тело најчесто само Dove сапун, сега и Еуцерин масло за туширање почнав, ама тоа ми е новитет. Пред тоа само сапунот.

    Без убава пудра и барем лабелце во боја или некое дискретно карминче не можам да живеам. Тоа ми е must have. Исто така имам еден убав крем за лице, те за дење, те за ноќе истиот ми е. Добро и дезодоранс.

    Без се друго функционирам без проблем.

    Работата на рекламите е да ни продадат приказна и да ни создадат потреба, реална или нереална, сеедно. Има периоди кога повеќе му посветувам нега на телото, има периоди кога само основното го правам и не се замарам. Ама како и да е, свесна сум дека е маркетинг. Тоа што јас некогаш свесно си ги трошам парите, едноставно зошто ми е ќејф да си се тинтрам е др работа :D:D:D

    Од оние сум што цврсто веруваат дека надворешниот изглед потекнува од внатре. Храна, вода, спорт. Здрав човек не може да не изгледа океј.

    На муабетов денес си земав една крема антицелулитна :rofl::rofl::rofl: Ич не и верувам, ама секогаш оставам простор да бидам изненадена :D

    @RainBow Барем на крај вистина да немаа брчки жените. :) Ама ни 100 креми не не спасуваат од стареењето. Дали го забавуваат или не, не знам, скептик сум, за секој случај си се мачкам :D
     
    Последна измена: 17 мај 2021
    На Mnik, Ambitious, RainBow и 4 други им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Се ова што го наброја е некако ту мач, во реалниот свет која жена има толку слободно време во еден ден да се испошлака со се ова што наброја?

    еден општ заклучок:
    Постојат две причини поради кои се произведува, првата е да ги задоволи потребите на жената, а втората е да ја фасцинира.
     
    На Tanjamm и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Јас сум женско.

    Попрво маж ќе купи нешто, само затоа што пишува "For Men" , отколку жена што ќе купи некој серум без да прочита состојки.
    На The Ordinary за сите милион продукти пишува која им е намената, за "машкиве" производи што знаеме, освен дека се... за мажи?
     
    На Waverly Raven, Lella, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    5.856
    Мислам дека има повеќе моменти кои можат да се адресираат за тематикава. Знам дека сите сакаме да ја обвинуваме козметичката индустрија, т.е. „маркетингот“ за сè и реално е виновна за многу работи, но не мислам дека немаме потреба од ништо. Индивидуално можеби и немаме потреба од голем број на работи, но не значи дека тоа што нам не ни е потреба не е потреба и на некој друг, па следствено на тоа и ќе се нудат повеќе производи.

    Ако имаш нормална кожа и нормална коса, можеби и ќе поминеш со 5 производи максимум за сè. Истото може да важи и за некој што има на пример сува/мрсна кожа, но не му смета тоа, па нема да купува ништо друго што ќе му помогне да се справи со тоа. Некои луѓе едноставно и воопшто не се замараат со изгледот и за нив сè ова се глупости.

    Значи, потребата е скроз индивидуална. Ако земеме да споредуваме буквалистички, споредувајќи со тоа како се живеело порано или со работи што ни се неопходни за преживување (храна, лекови итн), тогаш да, козметиката не ни е „потреба“ за преживување. Исклучок се производите за чистење и кремата со заштитен фактор, затоа што веќе спаѓа во хигиена и здравје соодветно (здравје затоа што кремата со заштитен фактор придонесува за заштитување од рак на кожата - затоа во САД се води како drug, а не козметика).

    Понатаму, она што индустријата го користи во свој прилог е тоа што просечниот купувач не се разбира од состојки, формулирање на производи или пак анатомија на кожа/коса, па да не „потпаѓа“ на тврдењето дека за сè е неопходен посебен производ. На пример, никој не вели дека лосионот/млекото за тело не може да се користи на дланките/петиците, но верувам дека дел од луѓето купуваат засебни креми за тие делови едноставно затоа што постојат - а штом постојат мора да има потреба, нели? Истото важи и за кремата за лице: се разбира дека може да се користи и за други делови од телото, но можеби тоа не би било паметно од финансиски аспект.

    Од друга страна, за некој што има изразено сува кожа на тие делови и сака почесто да нанесува од кремата (обично кремата за раце), има смисла да постојат помали пакувања за да не се носат пакувања од 200 ml в чанта. Исто, кожата на лицето и вратот е често понежна и помалку отпорна од остатокот на телото, па иако сè што се става на лице може да се става и на остатокот од телото, обратното не мора да важи, т.е. некои лосиони/млека за тело може да се премрсни за лицето и да го нафрлуваат.

    А ако имаш изедначена кожа на телото, може истиот производ да ти врши функција за секаде. На пример, гелот за туширање може да е доволно јак да го чисти телото и истовремено да е доволно нежен и за лицето (да не го пресушува) или лосионот/млекото за тело ептен да ти одговара на лицето, па немаш потреба од посебна (хидратантна) крема. Тогаш, се разбира дека може да се користи на тој начин. Впрочем, сигурно на многу им се случило на плажа со истата крема со заштитен фактор да го мачкаат и лицето и телото, па не им се случило ништо, може да има разлики во естетскиот резултат (кремите за тело се обично помрсни). Со други зборови, категориите на производите не се толку строги колку што мислиме, односно ниту кожата, ниту производите за различни делови од телото не (мора да) се толку различни за да тргаме толку строги линии (освен како што кажав, кога има драстични разлики на кожата).

    Што се однесува до мажите и нивните 5-во-1 производи, не мислам дека тоа треба да го сфаќаме како „ете, ова е знак дека во суштина сè е чист маркетинг и поради патријархатот се прават толку производи за жени, а толку малку за мажи“. Патријархатот е виновен за тоа што воопшто во општеството се прави притисок кон жените да изгледаат на одреден начин, но козметичката индустрија ја гледам како бизнис кој ги користи „трендовите“ на општеството. Се разбира, може да се каже дека преку маркетингот се влијае врз тие патријархални очекувања, но не знам, малку моментот ми е кокошка и јајце - што дојде прво.

    Исто така, со ова не го негирам постоењето на pink tax, затоа што колку што знам, нема такви моменти во козметичките производи (не мислам на бричови): козметиката е доминантно женска индустрија, па не верувам да има воопшто потреба за такви маневри, но не ја исклучувам можноста да грешам, т.е. да не сум сум запознаена со такви ситуации.

    Како и да е, ниските или непостоечките очекувања на општеството од мажите од аспект на изглед значи дека за нив и ќе има помала потреба, т.е. побарувачка за производи. Тоа до некаде го гледам како штета нанесена и кон машкиот пол, затоа што им ги ограничува опциите за подобрување на изгледот или им ги претставува како непостостоечки или „женски“. Исклучок од ова се можеби мажите кои доста се измачувале со акни како адолесценти, па поверојатно е да користат креми и да се општо повеќе запознаени со козметиката/да не ја гледаат толку црно-бело.

    Објективно гледано, козметиката не би требало да има род/пол; ниеден од производите нема потреба да се ограничува како машки или женски, затоа што кожата не ни е толку различна па скроз да треба да се делиме. Колку што знам, разликата повеќе се состои во тоа што кожата на мажите е подебела и имаат повеќе жлезди за лачење на себум, т.е. поверојатно е да имаат мрсна кожа. Ова не е објаснување зошто мора да има посебни дезодоранси и шампони за мажи, освен класичната поделба по мирис и alcohol-heavy производите за мажи кои им даваат моментален мат ефект. Исто така, ова не мора да значи дека на пример ексфолијацијата е исклучиво женска „потреба": зошто меката и со-рамномерен-тен кожа е женска карактеристика, што има женствено во тоа? Не знаев дека жените сакаат да допираат рапава кожа кај мажите.

    Следствено на тоа, истите производи и рутини за нега на кожа што ги имаат жените можат да ги користат и мажите, но општественото гледиште дека само жените (треба да) се грижат за нега на кожата изискува поделба на производи, затоа што инаку би било премногу „женствено“ некој маж да користи исти производи како жена. Мора да има поделба за да се задржи женственоста на жените и мажественоста на мажите, а во реалност секој би требало слободно да се грижи за кожата до тој степен до кој има желба без глупави етикетирања.

    Да сумирам:
    Дали нешто е потребно е многу индивидуално и во ред е да има различни производи за различни потреби, НО вистината е и дека ако козметичката индустрија начека „потреба“ за нешто, ќе се обиде да направи повеќе производи за да има поголем профит. Дали тоа ќе биде успешно сепак зависи од нас купувачите, без разлика што се чувствуваме немоќни како индивидуи.

    Дека тоа е така може да го види секој што повеќе се интересира за козметика: се јавува страв од Х состојка (воопшто не е ни важно дали е оправдано или не), веднаш настапува нов пазар на производи без таа состојка. Исто така, индустријата за производи за нега на кожа доживеа бум само во последните неколку години, па соодветно на тоа и секојдневно се јавуваат нови брендови и на сите познати личности магично „отсекогаш им била важна негата за нивната кожа“, исто како што беше претходно (пред 10-15 години) бумот на шминките. Така што, колку и да мислиме дека сè некој друг ни е виновен, мислам дека и нашиот удел не е занемарлив.
     
    Последна измена: 18 мај 2021
    На AnaMarijaKrst, Luminary, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Во суштина исти се.
    Можеш да купуваш и 'женски' производи.
    Не се наречени така оти се различни, туку за мажите да не се чувствуваат 'подолу' пишува дека е 'за мажи'.
     
    На Angie1432 и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.245
    Стравот од стареење е цела работа.
    Њуз-флеш: Сите ќе остариме и ќе се збрчкаме. И нема ништо лошо во тоа.

    Дај Боже да си дочекаме старост, па и да ми се цицкиве до колена.
     
    На Гладиоли, Andrejaaaaaa, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.