Поаѓајќи од онаа позната изрека „Не ги судете книгите според нивните корици“, ја отворам темава за да дискутираме околу тоа Дали обрнувате внимание на кориците на книгите? Сметате ли дека корицата е важен дел од впечатокот кој го добиваме за книгата? Дали некогаш ви се случило да купите книга само затоа што сте биле привлечени од дизајнот на корицата? Сте се покајале ли откако сте ја прочитале содржината? Дали некогаш кориците ви откриле дел од содржината? Дали различни изданија на една иста книга ви дале различен впечаток? Јас лично кога барам книга, барам конкретен наслов или автор. А ако разгледувам книги и немам никаква листа со мене, ќе излажам ако кажам дека дизајнот на корицата не влијае врз мојот избор. Досега најчесто сум се прелажала преку корицата, бидејќи сум останала разочарана од содржината. Во темава можеме да поставуваме и слики од корици што (не) ни се допаѓаат Еве две корици кои мене ми се допаѓаат И една ужасна корица која за среќа е производ на наша издавачка куќа. Останатите што ги видов на интернет се сосема поинакви
Исто и кај мене, влијае ако ептен немам идеја што сакам. Инаку, уште една книга од Маркез со без врска корица: Не е ни толку лоша колку што нема никаква врска со книгата, и фонтот е без врска. Ги имам и двете книги дома, баш штета, го обожавам авторот. Сакам книги имаат добри корици
Kaj мене влијае корицата во повеќето случаеви.....обично кога има вампири ја купувам и ја читам....повеќето се одлични ама некогаш и сум се излажала
Многу убава тема! Јас морам да признаам, али ова ми е најголемата грешка што ја правам, колку се залетувам по убави корици, не им судам ако корицата не ми се допаѓа книгата да не е добра, туку обратно, ако ми се допадне корицата и насловот посебно ми е шкакљив одма ја земам, и после често се десило да се разочарам. Затоа е и тоа "Don`t judge the book by it cover", со право и сосема со право. Али гледaма дека голем дек од оргиналните корици немаат врска со нашиве преведениве, баш моментално го читам Гришам и прочитав добар дел од неговите книги и кориците немаат врска со оргиналните. Дали е тоа заради заштита на некои авторски права, не знам, али нашиве често се препатетични и утнатни, со чест на исклучоци. Ми се допаѓаат колоритните и оние поапстракните, овие со некоја слика ми се веќе видени. Aли не се летам толку многу веќе си ја научив лекцијата. Али со насловите на книгите уште си патам, си барам така некои понеобични и често ги подарувам на некој друг зашто едноставно воопшто не ми се допаѓаат. Така беше со троца за никаде, не се пронајдов со книгата и едноставно одвај ја дочитав до крај.
Не бирам книга според корицата туку според кратката содржина позади но сепак уште по привлечна ми е ако е убава корицата.Ги сакам оние шарените кои привлекуваат внимание и мислам дека корицата сепак треба да биде поврзана со содржината на книгата.Сум видела многу книги на кои кориците немаат врска со содржината.Ми се случило многу пати да изберам книга бидејки ми била убава корицата и неколку пати сум се излажала.И баш пред некој ден читав една интересна статија за корици на книги, еве ја: http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/kl ... a-knigite/
Многу ретко одам да купам конкретна книга, некако сите што ги сакам не можам да ги најдам. Меѓутоа, кога баш од мерак си купувам книга, кориците знаат да ми влијаат на изборот, иако не секогаш се пресудни. Навистина ценам убави корици, затоа што некој вложил труд тие да бидат соодветни на темата во книгата. Да не беше тоа, сите книги ќе беа во онаа зелено-крем социјалистичка варијанта која знам дека сите ја имаме по дома. Цела колекција книги, една корица. Иако се трудам содржината да ми биде пресудна, сепак неколкупати се имам излажано според текстот позади. Таму дотеран, нашминкан, книгата катастрофа. Почнав и да ги прелистувам и да читкам делчиња да ја се решам. Ама убава корица секогаш ќе има плус кај мене. Последниве години, редовно си купувам по некоја книга на Александра Потер, лесно четиво со убави описи и прекрасни корици. Посебно српските изданија чија корица има и специфична текстура. Да ти е мерак да ја држиш во раце.
Многу почесто, изборот на дадена книга го правам токму според дизајнот на корицата и насловот на книгата, отколку - авторот или претходно слушани позитивни/негативни критики и коментари за истата. Во многу ситуации, воопшто и не сум сакала да знам за содржината, бидејќи на тој начин и' давам можност на книгата, подоцна, откако ќе ја прочитам да дадам субјективна оценка. Ми се случувало, некогаш, тоа да го поврзам и со мојата будна интуиција. Кај повеќе наши преводи, корицата ми се има помалку допаднато отколку оригиналната верзија и обратно. Не од аспект на дизајнот на корицата (сите подолудадени ми се убави), туку во однос корица - субјективна претстава и замисла на ликовите/содржина. Пр. Имало различни ситуации, книга со поедноставна, на изглед не толку привлечна корица да ми остави посилен впечаток и содржински да биде многу посуштински убава и значајна, отколку книга со стилен дизајн, а слаба содржина, што во суштина, денеска се почесто го гледаме и читаме. Ми се допаѓаат ваков дизајн на корици: Прво оригинално издание (The book thief - Markus Zusak): Македонско издание (Крадачка на книги - Маркус Зусак): :up: Верувам, дека секогаш значаен удел при изборот на мои книги ќе има и овој фактор, но кога е во прашање подарок, не би да експериментирам на овој начин (од претходни неуспешни обиди и искуства ).
Кориците на книгите не секогаш се привлечни и не секогаш ја навестуваат содржината на книгата. Тие многу ретко, можат да ни ја доловат вистинската вредност и убавина на книгата. Но, задната страна на корицата ја читам секогаш - кратката содржина или критика е пресудна за да ја оценам убавината на книгата!!!
Книгите ги бирам според моите интереси во даден период, но графичкиот дизајн ми е пасија, па затоа си признавам дека задолжително превртувам очи на тривијални корици, но уште повеќе се радувам кога ќе откријам ваква реткост (White´s Books):
Мене па многу ми се одбивни корици на книги со слики од филмот! Некако, ми делуваат тотално некреативни, а и не сакам да гледам филмови направени според книги (ако претходно ја имам прочитано книгата). Барем кога се работи за книга, треба да си препуштен на сопствената имагинација кога е во прашање формирање на ликовите. А вака однапред веќе ти се дадени. Во последно време среќавам многу такви корици, особено кај македонските изданија.
Според мене постојат две варијанти зошто неретко издавачите се решаваат за корици со кадри од веќе популарни филмови и серии. Едната е дека издавачот очекува по автоматизам да биде генерирана поголема продажба на основа на веќе препознатливи ликови и сцени (и тука целна група пред сé се фановите на истите). Значи, оптрилика механизмот оди вака: се прави филмска адаптација на дадена книга, филмот станува блокбастер, се прави втор/трет дел, се создава солидна база на хардкор фанови и дел од нив ретроактивно ќе решат да ја прочитаат и книгата/те, па како последица на побарувачката потоа следува реиздание на книгата, а и ширење на нови пазари (зборувам на глобално ниво). А тие фанови претпочитаат да ги видат на корица омилените јунаци. Втората варијанта, пак е (потажната, според мене) немањето никаква визија, желба и пред се љубов кон книгата од страна на издавачите. Тие се во бизнисот поради самиот бизнис (со должна почит кон исклучоците). Одговорно тврдам дека при образувањето на цена на една книга како краен продукт, на дизајнот отпаѓа само мал процент. Најскапи се авторските права, потоа следува превод, па лектор, па дури потоа дизајн на корица и избор на хартија за печат, па опстанатото. Разбирам дека домашните издавачи се прилагодуваат на куповната моќ на читателите, но пак ќе се повторам - добар дизајн не значи автоматски непрофитабилен краен продукт. Значи, ако сакаат можат да ги подобрат работите, но засега ситуацијата е таква ко што е.
Ако не треба луѓето да ги проценуваме според нивниот физички изглед,тогаш не треба ни дизајнот на кориците на книгите да биде показател за вредноста на содржината. Не постои книжевно дело со лоша фабула,доколку читателот има дефиниран интерес за изборот на жанрот.Корицата е само естетскиот дел на крајниот продукт на авторот кој за мене не е пресуден за профитабилност.При изборот на книга се водам од прологот-епилогот за дејството,а изгледот на корицата не е нешто примарно за да ми остане книгата во сеќавање.
Таман работа корицата да е пресудна за продажбата на дадена книга. Но, темава е за кориците на книги (и затоа содржината ја ставаме на страна), па за тоа и зборував. Претходно само се надоврзав со мој став на последниот пост на АнаКаренина, која убаво забележала дека постои неинвентивност од аспект на дизајн во македонските изданија. Во маркетингот има нешто што се вика додадена вредност на одреден продукт (во случајот - книга). И покрај популаризирањето на Кindle, издавачите навистина треба да сфатат дека продаваат комплетен продукт (добриот дизајн тука може да биде додадената вредност). Ако, станува збор за странски автор, главниот акцент паѓa, на квалитетен превод (нема спор дека тоа е во случајов додадена вредност), но овој чекор не важи за домашен автор. И сметам дека ова остава простор, издавачите, барем за македонските изданија малку повеќе да вложат мисла и во естетскиот дел, зашто крајната цена незначително се менува, а задоволството кај читателите ќе биде докомплетирано. Сепак, кога зборуваме за профилот на просечен редовен читател, станува збор за луѓе со изградени естетски вредности, кои не верувам дека би имале против добар графички дизајн.
Кога си зимам слободна книга, корицата доста влијае врз мојот избор, ама обавезо и читам за што се зборува, така да ако не ми се свиѓа, не ја зимам.
Сепак, не се чита корицата, се чита тоа што е меѓу кориците. Пред да се решиме да ја читаме, ја читаме препорката на корицата, но таа понекогаш е предимензионирана, нереална, само за да го намами читателот да ја купи книгата. Треба малку да се ѕирне внатре - во текстот...
Кога купувам книга, ако не знам која точно ја сакам, тогаш врз мене влијае прво изгледот на корицата, па потоа содржината. Инаку ако читам книга на интернет или ако ја симнувам, тогаш ми е важна само содржината. Спојлер И мене исто! Поготово ако изгледот на актерите не се совпаѓа со описот на ликовите во книгата.
Секогаш се обидувам да немам предрасуди за книгата според корицата но ретко кога ми успева. Но сепам најмногу кај мене влијае насловот на книгата. Ако насловот е добар, тогаш корицата не ја ни забележувам.