Коронавирус: Губење работна позиција

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Nigredo Odor, 6 јуни 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.976
    Како што и самите знаете, многу работници поради состојбата ги изгубија своите работни места. Покрај угостителите, без работа останаа најмногу физикалци и занаетчии. Статистиката покажа дека 34 илјади граѓани останале без работа во текот на претходните три месеци, од кои повеќето во месец март, додека останатите во мај.

    Оттука се наметнуваат три прашања.

    1. Дали сте сеуште во работен однос, и ако да, дали стравувате дека откако ќе влеземе во неминовна
    рецесија е можно и вие лично да ја изгубите работната позиција?

    2. Дали можеби некој ваш близок член од семејството беше отпуштен?

    3. И дали ако веќе сте ја изгубиле работата имате план Б за понатамошна егзистенција,
    и доколку да, каков?

    Слободно споделувајте мислења и идеи. Верувам дека овие совети ќе му се најдат некому
    во иднина.
     
    Последна измена: 6 јуни 2020
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    23.796
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што цело време го повторувам. Сите тие што го изгубија работното место, го изгубија заради ретардираните мерки со кои владата веќе трети месец не заебава. Свесно го попречуваа народот во работата. Лесно е да се остане без неа, тешко е да се најде нова. Да не искрадеја се, реално можеа со многу подобри мерки да помогнат на сите загрозени. Ги критикуваа газдите ама заборавија дека има и газди на мали фирми што немаат ни јахти ни палати. Не знам само кој будала очекува некој да си ја даде заштедата за плати во период кога не се работи.
    Едноставно, попречуваат со работа и бисниси кои можат да си работат. Еве чист пример, затвараат народ по три дена. За овие три дена некој мајстор да речеме ќе си извадеше три дневници. Ама што ги заболе за народ. Ќе им замачкаат очи со по 3000 или со еден викен без ДДВ и ќе ги подлажат наивните. Свесно сами против себе си одиме оти изгледа народов научен е да мизерува, не сакаат пари.
    Што се однесува до прашањата, јас за среќа немав проблем. Не сум толку загрижена оти работам во сектор кој не е загрозен. Околу месец ипол од дома си работев, сега почнав да си одам иако тоа никој не ми го наложува, пак ако сакам можам од дома да работам. Плата целосно си земавме. Исто и со најблиските, сега за сега нема проблем. Ама пак ќе кажам, зависи кој што работи. Факт е дека порано или подоцна сите ќе претрпиме загуба. Ако ништо друго, ај нека побара некој покачување сега да го видам. Сите ќе бидат среќни и задоволни што ја задржале работата па друго нема да им падне на ум.
     
    На kikikikirika, Gosh, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Принцезичка1

    Принцезичка1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    3.157
    Пол:
    Женски
    Јас не работам и пред вирусот, ама да не беше оваа зезната ситуација сигурно ќе најдев работа.
    Никој мој близок не беше отпуштен засега и се надевам така ќе остане.
    Ако ми се случеше да ја изгубам јас работата или некој од моите дома секојдневно ќе разгледував огласи и ќе прашував по познаници.Мислам дека сега имаат шанса многу од отпуштените да се вработат на иста позиција во друга фирма бидејќи сегде бркаа и сега им фалат луѓе.
    Најбитно е да не се нервирате многу, здравјето нека ви биде на прво место и работата ќе дојде.Ви посакувам среќа на сите што сте во потрага по работа.
     
    На SummerGirl и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.183
    Од тие што ми се блиски и со кои контактирам, никој не изгубил работа... до сега...
     
    На Аргентина *, Dream-Girl и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  5. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    4.623
    Имаш искуство со ова?
     
  6. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    ke sakas li da mi objasnis ova, se registrirav imam nekoi 10 $ plus i sega jas depozit li treba da vlozam (vidov minimum e 10$ za da mozam da gi izvadam ilina depozitot ako idam plus samo tie ke mozam da gi izvadam ..kako ide toa prv pat probam
    idali prefrlaat samo na visa karticka pari ili kako ? jas master debitna imam
    ke moz li podetalno da mi objasnis
     
    Последна измена: 8 јуни 2020
  7. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.077
    Допаѓања:
    69.372
    Пол:
    Машки
    1.Јас ради Корона Вирусот ја загубив работата,не работевме 2 месеца,од кога отворивме пак,работата беше падната многу,немаше потреба од персонал,и јас и уште еден колега останавме без работа.

    2.Познавам луѓе кој ради ситуацијата останаа без работа за жал.

    3.Барам работа нормално,пуштам Цв по огласи,и прво што ке ми улета секако ке прифатам.
     
    На *Amethyst*, WildMk, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.976
    Ве замолувам да не постирате линкови од компании кои немаат реноме и потсетуваат на класични scam-ери.
     
    На *Amethyst*, raww, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    2.563
    Пол:
    Женски
    Не ми го продолжија договорот заради корона вирусот. Установата во која бев вработена се затвори, а неколку дена пред тоа ми истекуваше договорот мене и уште на една колешка. Двете останавме дома.
    Од тогаш секој ден гледав огласи, првите 2 месеци немаше НИШТО, и сега полека почнаа да излегуваат ама многу слабо.
    Почести се огласите за вработување во кафичи, ресторанти и хотели кои ги отпуштија работниците кога се затвори се.
    На мм исто работата му виси на конец и почна да бара веќе друго. Само што почна со работа, инаку и тој беше 2 месеци дома на чекање и добиваше само 80%, од кои мораш да платиш ќирија, сметки и основни трошоци за храна.
    Во меѓувреме добивме пари кои ги планиравме да ни бидат настрана како еден вид заштеда, ама испадна дека од нив треба да трошиме секојдневно.
    Познавам семејства во кои сите членови добија отказ наеднаш, познавам луѓе што беа на чекање дома и не добиваа скршен денар..
    Ова дури сега ќе се одразува врз секое едно лице, во секоја една држава.
    Дури сега ќе ги почувствуваме последиците.
     
    На kikikikirika, WildMk, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    2.420
    Пол:
    Женски
    Na porodilno sum, no se plasam dali ke me vratat koga ke treba da pocnam na rabota.
    Strav mi e uste sega,ne deka firmata e losa,edna od najdobrite vo mk,(nikoj ne otpustija,naprotiv bonusi delea,i za toa sekoja im cest),no eve stravot ne me pusta, psihicki se opteretuvam,pa bas tamu noemvri koga i ke treba da se vratam neznam kako ke bide vo drzavava nasa....
     
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.604
    Пол:
    Женски
    Отказ од 2 работни места.
    Многу луѓе знам што се останати без работа и уште полошо, сеуште во фирмата врзани а без надомест плата. Контактирани се и синдикатот и инспекцијата, фајде ништо нема.

    На мерките да им се помочам.
    Со 2 отказа во ек на кризната состојба не ми следува ништо. Ниту пак знам некој да има земено 1 ебан денар. Можеби сме и единствената држава која нема дадено ништо на отпуштените работници, пошто имам многу роднини и пријатели во странство кои земале убав надомест од државата. Без лавиринти од услови во мерките, без конфузии, без ебавања по институции. Директно пари на сметка. Овде кај нас првин немаш каде да добиеш информации, па ќе најдеш човек кој ќе те внесе внатре, и додека потполнуваш образец ќе ти речат, џабе се мачиш, ништо од ова нема да излезе. Фала на искреноста.

    У пичку матер да идете.
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
    На SummerGirl, Safira26, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.312
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Познавам многу луѓе што изгубија работа бидејќи тогаш масовно во паника се опушташе се. Подоцна во рестрикциите и помошта од државата се сведе на минимум нешто се спаси,ама никој не се врати на своето работно место. Добија помош од државата или пак ја напуштија Малта.

    Лично јас ја работев цела криза,малку беше стресно затоа што седиш на работа и никој нема. Инаку,добивме бонуси за сработеното односно на таа плата плус надоместок од државата.

    Сега кога се се враќа во нормала овде не можат да се најдат работници. Е сега тука лежи зајакот затоа што за да опстанат прво не требаше да отпуштаат од работа и сега кога немаа никој им треба пак работна рака.

    За мкд знам дека многу останаа без работа и страшно и жално е од што мислат дека заштедиле некоја пара газдиве а уствари врска нема.

    Нејсе, се на сѐ не се жалам,задоволна сум.
     
    На SummerGirl, *Amethyst* и poppie им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.229
    Допаѓања:
    25.159
    Луѓе сериозно ли воопшто ништо не добија од државата тие што останаа без работа?
    Или угостителите? Или другите сектори што многу претрпеа?
    Ништо....?:|
     
    На SummerGirl, WildMk и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.077
    Допаѓања:
    69.372
    Пол:
    Машки
    До сега јас не сум слушнам,некој да земал пари од Државата.
     
    На SummerGirl, Rubiii, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    5.262
    Јас знам двајца слободни уметници кои добија минималец (14.500). Од приватен сектор никој ми се нема пофалено. Додуша многумина се пишманија да аплицираат заради условите.
    Има ли нешто полошо и поодбивно од условена помош? :^)
     
    На SummerGirl, WildMk, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.606
    Допаѓања:
    128.390
    Пол:
    Женски
    И ја исто засега не познавам некој што изгубил работа периодов. Се надевам така и ќе остане.
     
    На Аргентина * и WildMk им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    134.945
    Маж ми зеде, надоместок од пола плата.
    Клубовите кои поднесоа зедоа исто.
    Другарка која остана без работа исто си зима.
    На маж многу брзо му испалтија, на почетокот на месецот.
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.604
    Пол:
    Женски
    Едино мерката за минималец т.е не е ни минималец пошто 9000 на сметка плус придонеси, се искористи колку толку, за фирмите кои ќе ги задржат работниците.
    Останатите мерки директна помош за отпуштени лица една огромна 0. Никој нема земено денар, еве прашувам по луѓе, читам по интернет, форуми, коментари по социјални мрежи.
    0.

    Битно они излегоа со мерки кои теоретски и не изгледаа лошо,у пракса 0, за некој период ќе излезат со фиктивна бројка на лица кои земале помош, која врска нема со реалноста.
    Многу гласови изгубија со ваквата гомнарска политика, многу.
     
    На *Amethyst* и Tan4ence им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    134.945
    Лов еве маж ми зема, другарка зема како невработени, братучетка ми зеде 14.500 за април, клубот кај што сум зедоа по 14.500 ден.
    Еве јас не знам некој што не зел.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    36.604
    Пол:
    Женски
    Отпуштени беа, или сеуште под договор ?
    Аха сега прочитав, невработени.
    Ме чудиш ? Отприлика кога ги исплатија?