1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус - Матуранти 2021

Дискусија во 'Коронавирус' започната од poi, 18 февруари 2021.

  1. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Хеј! Последно има многу дилеми околу полагањето државна матура, а сигурно и за сликање, како и за прослава.
    Нека оваа тема ни помогне да споделиме новости, искуства и се' поврзано со овогодишната матура и матуранти.

    Еве јас ќе го поставам првото прашање: Како ќе биде тоа со 2 екстерни - 2 интерни предмети? Дали третиот автоматски е интерен или ние ќе бираме дали вториот или третиот ќе биде интерен? Има некоја официјална информација?
     
  2. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Еве ги донесените одлуки:

    Screenshot_20210218-221543_Chrome.jpg
    Screenshot_20210218-221708_Chrome.jpg

    Дали сте задоволни?
    Јас од старт не бев против полагањето државно матура, но ова ми изгледа океј решение. Секако би ни олеснало многу.

    Државна матура бира оној кој сака да се запише на факултет, бира предмети што му требаат за на факултет. Факултет бира во однос на она што го сака и му е интересно. Значи заклучок и избраните предмети на ученикот му се потребни за на факултет, и бидејќи ги сака лесно ќе научи (повтори).
    Значи дечки доколку некој не сака да се запише на факултет зошто се пријавил за полагање државна матура?!
     
    На Glowy, ElenaOfRivendell и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас наредната година треба да полагам. Ако има пак корона, не се ни појавувам.
     
  4. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Причината е вирусот или наставата?
     
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Наставата.
    До некаде и вирусот.
    Сеа цела година седев дома, кога треба матура да полагам ќе се пикам со 50 души во една просторија. (facepalm)
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Вака ќе се вмешам кај што не ми е местото но мешање не е проблемот, сигурно ќе оди по протоколи растојание средства за дезинфекција, повеќе простории. Инаку ги гледам средношколците цело време се групираат и се дружат. Проблемот е што некако многу разгалени генерации не сакаат да учат. Пред матура се планира како да се препишува. Жално. Англиски учат од прво сите по курсеви на матура основна граматика не знаат. Спијат на телефоните кога имаат онлајн часови, не сакаат ни да слушаат а не да седнат да учат. Најголем дел , не сите. Сепак не сте криви вие деца, некој допуштил до толку да отиде ситуацијата во неповрат. Професорите ги молат да кажат нешто едвај им извлекуваат некакво си знаење а на крај тепачка за оцени преку тетки стрини Штабови и сл.
     
    На Harper, Veta, Sanniii и 29 други им се допаѓа ова.
  7. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    Moze link od odlukite? Ti blagodaram
     
  8. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски

    Јас лани бев матурантка и бев против матурата. Ова што го напиша ти е точно. Ама ние лани цела година одевме во школо со исклучок на тие 3 месеци, плус учевме цела година. И сите бевме испаничени дека скоро беше појавена короната. Овие сакаат да лежат цела година и ништо да не праат. Матурата е 0 во спротива со тоа што е на факултет. И сакам да кажам во врска со тоа што ќе биде физички. Сите полагања на факултет ни беа физички по 20 души во амфитеатар и еве сум здрава жива. Ги гледам матурантиве се убија од искачање во кафичи, исто е.
     
    На x.Daisy.x, Aesc2000, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Штом можат нас да не организираат да полагаме физички, и тоа усно (да напоменам, минимум 300 души сме заедно со презапишувачи), и како што гледам, никаков кластер не излезе од полагањата, ич не е проблем организацијата на матурата.

    Не плашете се во однос на тоа, сигурно ќе е со соодветен протокол. Еве бар до сега, ништо страшно не се случило.

    Секоја чест на исклучоци, ама голем дел од матурантите се постојано по кафичи, и за гушкање и бакнување со другарки не им е страв, ама за полагање некако многу се плашат.
     
    На noteforself, Peperutce1115, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Повели мила:https://vlada.mk/node/24279

    Има услови за полагање со физичкп присуство. Ако во школите има училници за четири генерации, вака само матурантите може да се поделат по 10 ученици во училница. Сите на растојание, со заштитна маска. Обавезно пред влез дезинфекција. Дури тоа ќе биде во јуни. Ќе има услови и за проветрување.
     
    На GirlyGirly, Peperutce1115, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе ве пуштат и да препишувате и ќе ви кажуваат без гајле.
     
    На Glowy и poi им се допаѓа ова.
  12. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.286
    Пол:
    Женски
    Секако, еве ќе кажам за писмените полагања кај нас. Задолжително со маски, на некои полагања и ракавици ни бараа. Пред влезот имаше и дезинфекција за чевли, а и на сите не прскаа со дезинфициенс и на рацете. По 20тина студенти полагаме во огромен амфитеатар. До сега немало проблеми колку што знам. :)
     
    На Waverly Raven, Peperutce1115, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    За жал тоа е нормално во нашето општество... Материјалот од матура многу ќе ни помогне за на факултет.
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.557
    Мене лично ми беше потешко македонски и англиски од биологија.
    Можно е и да ви се за нијанса да се потешки овие екстерните.
    Ви посакувам среќа. Нема бегање, тоа е реалноста. Препишуваат и на факс. Посебно овие што се прва година. Реалноста е дека ќе се вратиме во живо. Во амфи препис, малку потешко.
    Може подобро ќе беше место англиски и математика да одбирате хемија, биологија, англиски или математика.
    Пошто за медицина пример ви треба повеќе хемија/биологија од што англиски. А, македонски да не се знае е срамота.
    Инаку проектна матура ќе имате?
    Вие се борите за правата, Вие си знаете.
    Од некој што поминал матура-сами си давате автогол.
     
    На Nigredo Odor, Waverly Raven, noteforself и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Јас дека не полагав искрено не ни осеќам некоја "дупка" сега на факултет. Ама може зависи од тоа кај ќе се запишеш што знам..
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ова е страшна хипокризија. Лани изнапиша 300 постови зошто не сакаш да полагаш матура и тврдеше дека е заради изгубени часови, а годинава викаш дека матурантите не сакале да полагаат бидејќи лежеле по цел ден. Да се разбереме, јас сè уште сметам дека треба да има матура бидејќи без тоа паѓа стандардот кој и онака ни е низок. Ама мнооогу повеќе емпатија имам кон годинешниве матуранти отколку кон нашава генерација што лани го имаа цел материјал поминато и пак не сакаа да полагаат. Матурантите годинава имаат далеку посилна основа да бараат да не полагаат отколку ние лани. И повеќе часови изгубија, и далеку поголем број ковид случаи има. И според мене не е тоа оправдување, ама кога веќе правиме споредби, да не заборавиме што сме збореле лани, какви изговори сме си измислувале и дали се пооправдани од годинешниве.
     
    На Harper, Waverly Raven, Maylin и 19 други им се допаѓа ова.
  17. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Ако полагаш го повторуваш материјалот, тоа е плусот.

    Да.
     
  18. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    1.505
    Пол:
    Женски
    Лани јас бев матурантка и сметав дека не треба да се полага, не од причина што го немавме поминато цел материјал туку од причина што сето тоа беше шок и ново за секој од нас и за целиот образовен систем особено во нашава држава. Едноставно немаше време да се спроведе и да се направи сето тоа на соодветен начин. А за оваа година сепак мислам дека до некаде треба да се полага прво од причина што имаа една година да размисламт како да се одвива сето тоа. Да учат. Иако сите знаеме дека онлајн наставата не е таа и иста како во училиште ама па и во училиште не е на некое повисоко ниво наставата да бидеме искрени. А тоа дека има поголем број ковид случаи мислам дека не може да е некое оправдување прво од причина што на некои факултети се одвиваат полагања во живо со многу повеќе студенти, а второ што многу средношколци факт е дека се групираат и без маски и без почитување мерки.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.026
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Јас мислам во групи да ве организираат најдобро ќе биде и да почнете средина на мај зошто јуни многу касно се фаќа.
    Нормално и тестови со различни прашања да ви дадат, но кои ги знае на крај ќе испадне беља работа.
     
    На ElenaOfRivendell и poi им се допаѓа ова.
  20. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.389
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од групи. Различни прашања би било малку неферски, бидејќи некој ќе рече "од другата група сите ги знаев, овие не" итн. Чим имаме ист критериум за оценување, треба исти прашања да се.
    Плус во едно школо не сите матуранти полагаат државна матура, сигурно има барем еден со училишна.
    Еве пример во моето училиште има услови и по двајца во училница да сме (малку матуранти сме).
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.