Здраво девојки! Ве молам префрлете ме ако има слична тема. Дали има некој тука што се тестирал за корона до сега? Јасна ми е процедурата преку брис, но како оди тоа преку крв? И ако може да ми кажете за колку време ќе ги добијам резултатите и државно и во приватните клиники. Ви благодарам однапред!
Ако се тестираш државно ти земаат само брис, од грло и нос и се добива реална слика за актуелна инфекција, резултати па за околу 3-5 дена. Ако се тестираш на приватно самата бираш, можеш преку крв, брис од нос и грло или и двете. Резултати за отприлика 24h. Крв се зема преку вена и се добиваат резултати дали имаш антитела, односно може да се открие дали веќе го имаш прележано вирусот, имаш актуелна инфекција или си во рана фаза (ова не е 100% сигурно). Јас се имам тестирано и за двете, ако те интересира нешто плус слободно прашај.
Ви благодарам многу на сите! Имам температура 37,2-37,5 (варира), но пијам и АД. Дали е можно да е од тоа? Инаку седам во самоизолација... Не знам дали да барам матичен денес или да почекам за резултатите до утре од лицето што бев во контакт, а има заразен во семејството.
Ако си имала контакт со заразен, најдобро веднаш барај матичен оти тешко до термин се доаѓа, што побрзо тоа подобро.
Не е сигурно дали е заразен, мали се шансите. Резултати утре. Си викам и позитивна да сум, ден ва не би требало да смени да го дознаам тоа пошто секако седам во самоизолација и се дезинфицираме. Многу паничам и плачам цело време... Си викам може и до тоа да е.
Затоа викам, дали денес или утре ќе дознаам ако сум позитивна нема да ми смени ништо. Млада сум, немам некој си страшни симптоми. Само тоа се надевам да е од апчината или од стрес... Се тешам со тоа што сестра ми пред 1 месец кога ја скрши ногата (има 11 год.) плачела повеќе од 30 минути и кренала температура, па не ја примале костозглобна ради коронава. Тогаш уште појќе плачела, девојче... Мајка ми со ладна вода ја прскала да и спаднит. Ете вака си викам дај боже и мене да ми е од таа причина температурата. Мајка ми вчера испаничи ко и кажав за ситуацијава и ми вика да ојме Скопје, нели побрзо резултати. И викам не паничи до толку... Затоа и го поставив прашањето тука, па можда ете дискусијата ќе и се најде и на друга членка.
Не ти е нешто многу висока температурата за паника. Размислувај дека дури и да е ковид, го прележуваш со благи симптоми. Се ќе биде океј. Каков тест направи?
Фала многу на поддршката Не сум направила уште тест, се мислев денес да барам матичен но еве утре ќе ги има резултатите од лицето што бев во контакт. Па ако не дај боже е позитивен прам одма...
Ако се тестираш, нека ти земат брис, тестот преку крв и да испадне позитивен, не е признаен и сепак ќе треба да го направиш и другиот. Ама ако немаш друг симптом и контактот ти испадне негативен, изолирај се додека не помине скроз и нема потреба од страв
Дали некоја од лабараторииве што тестираат приватно доаѓаат дома? Во биотек се јавивме не доаѓале веќе. Ни треба брис за да може баба ми да ја примат во дом а не е подвижна за да ја однесеме негде да ја тестираат.
Се јавив не доаѓаат. Систина доаѓале само за група на луѓе поголема од 20 личности, еве инфо ако на некој му треба.
Мноогу тешко. Пред некој ден читав дека немало термин до крај на јули, сега веројатно и повеќе. Тестираат само државно, не приватно. Освен ако не се промени нешто, вака беше пред неколку дена.
Да ве известам девојки: нема простор за паника! Тестот на лицето е негативен. Јас се консултирав со лекар и ниска температура не може да е од корона, туку само од стрес. Едвај чекам да излезам од ова сопчево. Ви благодарам на сите за укажаната помош!
Прочитав дека во Батајница имало приватно да се тестираш за 50 евра, ама не можам да добијам подетални информации. За да се вратам во МК треба тест не постар од 72 саати дали за 72 саати ќе ги добијам резултатите е прашањето. А за да влезам во Србија не ми треба тест нели?
Мислам дека за во Србија не треба, но не сум 100% сигурна. За назад од скоро сигурно треба. Дали резултатите ќе се за толку време прашај таму. Во моментов си во Македонија и дали познаваш некој во Србија? Побарај некој контакт или од некоја болница или па од некој наш што бил скоро Србија. Ако си активна на ФБ може да прашаш во некоја од групите "Женски домаќински муабети". Мислам дека побрзо ќе добиеш одговор. Прашај кај превознициве ако одат автобуси, но не верувам.