Корупција во образованието

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Gosh, 7 јуни 2016.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.088
    Република ( 06.06.16 )

    ,, Познати кои професори, еден асистент и сопственик на бифето биле дел од полициската истрага која денеска се спроведуваше на Економскиот факултет во Скопје.

    Како што дознава Прес24 станува збор за професорите Д.Ј. , С.Р. , Т.Ф. , И.Ј , С.Д. , Б.Ш. , асистентот Д.Д. и сопственикот на бифето Д.Т.

    Во текот на денешниот ден по наредба на судот извршени се претреси во седум домови, четири професорски кабинети, во студенсткото бифе и во одделот за студентски прашања.

    Сите лица опфатени во акцијата се сомничат за серија дела од областа на корупцијата. Станува збор за кривични дела поврзани со давање и примање мито, посредување, злоупотреба на службена должност и овластувања. ,,

    т.е. професорите Драге Јанев, Славе Ристески, Таки Фити, Љубиша Јаневски, асистент Драган Денковски, Стојан Дебарлиев, Бобек Шуклев и Дејан Трајковиќ – сопственик на бифето на факултетот.

    Епа ај за многу години, да ни се множат. Ми се направи денов од сабајле.
     
    На Јаневски, Ane-Goki1, Askopje и 7 други им се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.457
    Дали е ова истата власт што апсеше лекари кои бараат мито и беа фатени со обележани пари, и истите експресно беа вратени на работа јачи него икада? Многу ми се свиѓа како лајново од држава се справува со корупцијата(?), особено со критичарите на нивното работење.
     
    На Goody, blackwave, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    Korupcijata vo fakultetite e javna tajna se znae deka ima eden kup korumpirani profesori .
    A posebno ovoj Suklev uste od pred 2000g sum slusal za nego ubavo mu napravija a treba i na drugite od ekonomeaki fak da im se povede tajna istraga zasto sve se lopusana
     
    На PaLaVa, MiloMalo и SAMIRA им се допаѓа ова.
  4. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.123
    Пол:
    Женски
    @ADOKI
    A koj e kriv so se e lopusana ? Znaes deka vo vakvi situacii dvete strani se zadovolni ? Studentot si ja otarasuva glavata od nekoj zaeban predmet,si go prazni dzebot po svoja volja,dodeka drugata strana si go polni.Nikoj ne im stavil pistol na glavata pa za da oni lupnat 1000e za mocana 6/7ca .
    Roditelite na tie deca so gledaat ? Od kade tie deca raspolagaat so tolku golemi sredstva? Po nekoja si logika i roditelite na tie deca stojat zad ova :/
     
    На blackwave, cresa-jagoda, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Имат уште професори што земаат мито , во секој факултет има мито , ама ке го пуштат на слобода , кај што има сила немат правдина!
     
    На Сунѓерот Боб му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Машки
    Ај што земаат мито земаат ама некои професори и секс барале од студентките.
    Тоа е веќе претерано и треба строго да се казни.
     
  7. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.123
    Пол:
    Женски
    @Sashko1992

    Toa e za siromasnite studentki..Bogatite davaat 1000evra namesto vagina :)
    haahahahahhahaahaha :/
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.739
    Пол:
    Женски
    Читав за ова со економски, како и сексуални услуги им барале за да минат испит... порано, увек викав: „лесно ви е на вас убавите“, сега, богами... шознам. И вас не ви е лесно. :sweat:
     
    На sanjaeva, sagittarius57, JustBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.086
    Пол:
    Женски
    Прво тие професори не се ценат себе, својот предмет и своето знаење кое го имаат и кое им го споделуваат на студентите. Професор на место е оној што нема да ти даде оценка се додека не ја заслужиш со знаење, а овие што давале оценки со пари и со секс се дно. Угледни луѓе, ги мислиш дека се луѓе на место ама...
    Треба ваква акција по сите факултети да се спроведе, да се исчистат ваквите. Абе како не се срамеле не ми е јасно, и тие што земале и тие што давале. Мизерии. Ај во образованието, ами во здравството бе, доктор нема да те прегледа ако не му го наполниш џебот. Жално...
     
    На sagittarius57, cresa-jagoda, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.114
    Допаѓања:
    101.823
    Морам свое видување за „проблемов“ да дадам. Таму студирав и наводно „компетентна“ сум.
    Овие професориве што ги апселе предаваат во 1ва и 2ра студиска година. Во просек има преку 1500 студенти запишано во 1ва и втора - после се ретчат. Предавањата се следат во амфитеатар каде во скут да си седат студентите, нема да има место за сите. Професорот доаѓа, предава и си оди. Интеракција со студенти еднаква на НУЛА. Името никој не ти го знае, ниту има како да ти го дознае во таа гужва. Вежбите ги држат демонстратори (асистенти ретко) кои не се никаков фактор во процесот, а и да се, вежбите се исто така со многу гужва и никој не ти се замара да те запознае.
    АМА, има такви кои колку да се најдат во муабет дремат по кабинети, консултации - се нешто нив не им е јасно! По дифолт тоа беа девојки кои се провокативно облечени ИЛИ/И слаби студенти.
    Е сега, ако си одам на предавања и професорот нема појма која сум, како ќе ми побара пари или ќе ми побара секс?! Освен ако сама не се пикам на „консултации“ нема како да ме види професорот и да ми побара било што.
    Не ги правдам професорите, ама па и овие другиве не се цвеќиња за мирисање. Сите што од средно ги знаев дека не ги бива за школо, секогаш имаа по некој професор кој им се „закачил“ и намерно не ги пушта, па пари им бара, па незнам што не им бара.
    За танго треба двајца - овие што примале мито да одговараат, ама и овие кои давале да им ги земат дипломите и да немаат право да полагаат пак!
     
    На SexiLy, sanjaeva, Any05 и 47 други им се допаѓа ова.
  11. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Za profesorite sto barale imase i kaj nas ama pak i studentki sto na ispiti nosea minic i dekolte plus iznasminkatni misles na svadba odat.
    Mnogu cesto sum gledala kako samite tie se nametnuvaat.
    Plus sto majka baraat so prof. zatvoreni vo negoviot kabinet :^)
     
    На sanjaeva, Annath и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.242
    @kukla21 se slagam od zbor do zbor.
    Ako na kuckata ne i mrdne opasot nikoj ne ja zakacka.
    Ama milo mi e sto dojde krajot i na kuckite i na gladnicive.
     
    На marijaleon, blackwave, PaLaVa и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    63.267
    Ни професорите не се цвеќиња за мирисање. Прв муабет на помладите им е како они студентки ова-она и тоа не бираат кај го кажуваат. Постарите делуваат пристојно и не верувам дека нешто имале со студентки, ама со мито очигледно имале. На крајот на краиштата, отсекогаш имало студенти што плаќаат, а за тоа некој треба да го прифати митото. И не е само економски во прашање.

    Не разбирам само како некому му се даваат пари за нешто што може да го научи.
     
    На SAMIRA, sofijanoka, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.114
    Допаѓања:
    101.823
    Точно дека некој ги земал парите, ама криминал е и да даваш мито.
    Јас знам дека и постариве „барале“. Еден од оние кои најмногу беше на „глас“ беше Драги, па и Славе. Ко ќе ги видам одма ми се отсакува, не па да се продавам за оценка за која можам да седнам да научам.
     
    На Ane-Goki1, sofijanoka, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.242
    Dragi i Slave se kolovogji.
    Na tablite kaj sto istaknuvaat koj polozil se muva nekoj pisrednik koj te ubeduva deka ako ne si polozil toj ke ti pomogne.
    Kaj Snezana javna tajna e dekaispit e 800 ako ti e posleden.
    Milo mi e sto se rasturi duvloto
     
    На sanjaeva, sofijanoka, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.739
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше муабетот, @kukla21...немаше врска со нечија физичка убавина/привлечност,а баш тоа што го прераскажа.:D Сум ги чула муабетите, а и студирав на сличен, со слични професори и слични студент(к)и.. увек провокативно облечени и увек во кабинетите на професорите. Има се разбира и ситуации кога намерно малтретираат студенти од х причини.... не велам не. И такви знам.
    Ама, иста беше ситуацијата.. од толку студенти, нит може да ме види, нит може да ме запамти..ме гледа само на испит и толку.
    Работата е што, се дур има овци ќе има и кој да ги стрижи, а ... се дур има овци,а никој не ги чепка стрижачите....тие добиваат се повеќе и повеќе сила па, чат-пат ќе се деси и некој „неубав“ да се најде во таква ситуација... ради суша, ко шо вика Анат...да му побараат..нештичко.:D:hai: Така да, аферим за акцијата. Политички мотивирана или не,мање више ми е битно. Не ме дефокусираат и не ќе ми го купат гласот, секако.
     
    На SAMIRA, sofijanoka, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.114
    Допаѓања:
    101.823
    Испитите најчесто беа писмени, пак незнам како ќе те „идентификува“ за малтретирање.

    Не сум видела никогаш некој околу таблата да се „мота“...

    Ги гледам по фб овие кои знам дека плаќале - се силат, уште жртви ми глумат!
     
    На Elena69221, JuLleE, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    232.931
    Јас не знаев како професорите изгледаат не па они мене да ме знаат :rofl:
     
    На PaLaVa, senza.parole, Elena69221 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.739
    Пол:
    Женски
    Јас ги мразев писмените испити кај нас. Оти тоа значеше шестар систем. Посебни оценки за странците само. Еден дел ќе се 10ки, друг 9ки итн. еден ќе се паднати. Странците увек во полошото купче. Пола саат трае испитот, по пола саат и оценката ти ја пишува. Во тој пола саат само да го отвори индексот,да ти ја најде писмената и да напише оценка има време.... ама, ајде.
    Преточитав усни испити, оти... помалку од 9 не можеше да ми пише некој. А, на усмено... групно влегувавме, мали групи до 6 да речеме.
     
    На sofijanoka и Annath им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.229
    Допаѓања:
    136.354
    Пол:
    Женски
    Секаде имало мито и корупција, факт... ама и двете страни се криви, тоа ќе кажам. Јас не ги знам овие на економски, ама знам дека и кај нас не беше поарно...
     
    На sagittarius57, blackwave, rose60 и 12 други им се допаѓа ова.