1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Косем Султан (Muhtesem Yuzyil Kosem)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 13 септември 2015.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Конечно долго очекуваната серија на Тимс посветена за една од најмоќните и најконтроверзните султанки владетелки во Османлиската империја со чие владеење и смрт завршил познатиот период на „Султанат на жените“ кога султанките имале полна власт во управувањето на државата.

    [​IMG]

    Махпејкер/Косем Хасеки Султан родена како Анастасија на островот Тинос - Грција.
    Била донесена во османлискиот сарај како бело робје да служи во харемот на Султанот Ахмед I.
    Освојувајќи го срцето на султанот станала негова омилена хасеки и го добила името Махпејкер (лице како месечина). Се смета дека му родила 7 деца на султанот - Мурад IV, Ибрахим I, Сулејман, Касим, Ајше Султан, Ѓевхерхан Султан и Фарма Султан..
    По смртта на султанот Ахмед таа била испратена во стариот сарај каде што ги исраќале жените на покојните султани но многу бргу се вратила во престолнината како Валиде Султан на нејзиниот син Мурад IV.
    Поради фактот што тој бил малолетен, Косем Султан го презела управувањето со империјата во свои раце и станала негов единствен регент се до неговото полнолетство. Тоа ја прави прва жена која официјално и самостојно владеела со исламската империја што до тогаш се сметало за нечуено.
    Во поголемиот дел од нејзиното владеење, Косем управувала ефикасно и лично присуствувала на состаноците на диванот дури и откако била ослободена од регентското место.
    За голема несреќа Султанот Мурад умрел на 40 годишна возраст а на негово место на престолот се качил вториот син на Косем - душевноболниот Ибрахим I кој поради ментални проблеми не можел самостојно да управува со големата империја.
    Тоа и озвозможило на Косем Султан да продолжи со нејзиното управување на империјата.
    Но по кратко време Султанот Ибрахим бил убиен поради заговор а на неговото место Косем го прогласила за султан својот внук Мехмед IV кој бил малолетен.
    И во текот на ова владеење Косем повторно застанала на чело на османлиската империја, но тука дошло до конфликт помеѓу неа и мајката на Султанот Мехмед - Хатиџе Турхан Валиде Султан која се борела да го добие правото на мајка султанија на својот син. Таа направила заговор против Косем Султан кој резултирал со нејзино убиство - била задавена со јаже од страна на дворската стража.
    Косем Султан била единствената жена која седела на османлискиот трон 51 година.




    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    Актерите кои ќе ги глумат младите султан Ахмед и Косем Султан. (Ekin Koc и Anastasia Thsilimpou)


    Сафие Султан (Hulya Avsar)
    [​IMG] [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Точниот датум на прикаување не е објавен официјално, но се очекува да започне до крајот на овој месец а исто така дали актерката Берен Саат ќе се појави во ликот на Косем Султан засега се чува во голема тајност.
     
    Последна измена: 13 септември 2015
    На Mahidevranfan, simonna.a и Eoo им се допаѓа ова.
  2. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Нешто новости за филмот дали има ? Кога стартува ?
     
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Нон стоп изглегуваат слики низ интернет од позади сцените на снимањето и сетот, најчести информации што сум ги прочитала се дека првата епизода треба да се емитува 1 Октомври.. :)
    Се гледа дека се спрема нешто големо штом се држи толку голема тајност,како и да е осеќам дека проектот ќе биде на ниво на Величенствениот. (fingers)
     
    На cresa-jagoda, okcenzi, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    [​IMG]

    И официјално ете Косем е најавена за Октомври!
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    Ќе ја даваат Косем на некоја од македонските телевизии или послабо?:^)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    @simonna.a Засега нема никаква најава а и чисто се сомневам, обично нашите телевизии даваат серии кои се веќе завршени ама без гајле ќе ја има преведена на интернет на бугарски/српски/англиски што е уште подобро бидејќи да гледаш ваква серија со нашата синхронизација е тортура |(
     
    На cresa-jagoda и simonna.a им се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    имаш 100% потполна согласност од мене ;)
    иначе на википедија пиши дека постарата верзија така нешто не ме држете за збор,ама на википедија пишува дека во серијата подоцна како Косем ќе се појави Берен Саат
     
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    @simonna.a да веќе насекаде низ турските портали и пошироко се шушка дека Берен Саат ќе ја глуми Косем во „златнато доба“ од нејзиното владеење но досега нема ниту едно интервју, нити слика од позади сет или било каков доказ за тоа дека таа вистина ќе се појави во нејзината улога..
    Од друга страна турските портали веќе на големо шпекулираат дека Берен е трудна што е уште една причина дека нејзиното појавување не е баш веројатно..

    Според мене мислам дека нејзините обожаватели креваат голема фама околу тоа бидејќи овој проект е еден од најисчекуваните и најозборуваните за оваа година и секако дека алудираат таа да биде главна актерка исто како што се случи со Мерием поради тоа што фановите се разочараа од нејзиното прерано заминување од Величенствениот и навиваа дека ќе се појави како Косем но и од тоа ништо..

    А и мислам дека нема да има никаква смисла бидејќи првичната актерка Анастасија која ја избраа за да ја глуми Косем нема никакви физички сличности со Берен Саат така да оваа веројатност излегува од игра.
    Според мене Тимс повеќе преферираат непознати лица за главни женски улоги како што се случи со Мерием а сега со Анастасија така да 90 посто е можно таа да остани во нејзината улога до крај. :)
     
    На cresa-jagoda, Mahidevranfan и simonna.a им се допаѓа ова.
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    Јас да си ја кажам запалената страна.Тој актерот со Анастасија во видеоно мами воздишки.Ќе го просам..ова запросам де :$
     
    На MayDiamonds и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Со оглед на тоа дека и Берк Чанкат има водечка улога серијата не смее да се пропушти :inlove:

    [​IMG]
     
    На weareunicorns, Mahidevranfan и simonna.a им се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    Шо мислите каков прстен да купам?Златен или сребрен?Златен дека е султан...принц ти реков ми рече?
     
  12. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    На weareunicorns, simonna.a, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Синоќа во Кан се одржа претставувањето на серијата, присуствуваа сите главни актери меѓу кои и Берен Саат, со ова се докажа дека сепак Берен ќе ја игра Косем во „златното доба“ од нејзиното владеење.. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На weareunicorns, simonna.a, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    Абе кажаа дата вака нешто за почеток?
    Нели требаше месецов да биде Косем?
    8-|
     
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Поради ситуацијата и настаните во Турција, снимањето го откажаја и емитувањето го преместија најверојатно за крајот на овој месец или почетокот на другиот.
     
    На weareunicorns и simonna.a им се допаѓа ова.
  16. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Штотуку протекоа нови 4 најави :party:









    Јас сум сеуште под бурни импресии, ова ќе подобро отколку што очекував :x
     
    На weareunicorns, simonna.a и okcenzi им се допаѓа ова.
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.707
    Пол:
    Женски
    Абре овие очите сакаат да ми ги расипат..само си ги плакнам од видеава...премногу лепотани..оваа серија ќе биде врв..осеќам!
     
    На weareunicorns му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Еве ги 2 и 3 најава преведени (y)






    Јас сум ептен возбудена за серијава, со нетрпение ја очекувам.. Засега од најавите актерите многу позитивно ме изненадија, особено Анастасија во улогата на Косем.. Колку емоционално и моќно глуми јас се наежив, инаку најнова информација според многу страници најверојатно е емитувањето да започне на 5 Ноември. Едвај чекам (fingers)
     
    На Kaylie, Mahidevranfan, simonna.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Еве со македонски превод:
     
    На Mahidevranfan, simonna.a и MayDiamonds им се допаѓа ова.
  20. weareunicorns

    weareunicorns Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Сцена од серијата :*
     
    На simonna.a, Mahidevranfan и MayDiamonds им се допаѓа ова.