1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Котон (Koton)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 3 октомври 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Котон се наоѓа на првиот спрат во Рамстор, веднаш до Спрингфилд. Турски бренд е и според мене нуди прилично добар квалитет.. паа, за релативно пристојни цени. Мислам дека во оваа продавница има се за сечиј вкус, од нешто посериозно до нешто сосем откачено и младалачко. Јас кога влегувам во продавницата, одма одам во правец кај убавите маици и дуксери, тие де што се наоѓаат до соблекувалните. Можам да кажам дека скоро пола шкав ми е со облека од Котон.


    П.С. Порано многу купував од овде, ама малку си го сменив стилот и вкусот па малку поретко го посетувам а и малку оваа година летово ја утнаа гардеробата, па се свртев кон други продавници.


    Што мислите за оваа марка? Ви се допаѓа ли облеката/аксесорисот во Котон и дали сметате дека имаат нормални цени за нашиов стандард? Имате ли нешто купено од овде, дали било квалитетно или не?


    Па, добредојдени се сите мислења. :)
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имам купено неколку парчиња облека од Котон, и се покажале како квалитетни, не особено, но далеку од тоа дека се со лош квалитет. Исто така имаат и доста штосни модели, баш како што кажа и ти маичките ми се допаѓаат најмногу. А цените се ептен прифатливи, достапни за сечиј џеб. :) Така да, ок си е.
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    обетки купив од таму летово :)
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.689
    Пол:
    Женски
    имам купено една морнарска маичка пред 2 години од овде , бесе 1000 денари и не чекав попуст бидејки многу ми се допадна. Еве до ден денес иста си е ниту бојата излгува , квалитетна е. Исто така и брат ми си купи облека за матура од овде :)
     
  5. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Имам купено преубаво ланче од Котон (ама во Турција) и многу се израдував кога го отворија тука, а само 2-3 пати сум влегла кај нас, па незнам баш со каков асортиман располагаат :) :)
     
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Може да се најде по некое интересно парче и тоа за пристапна цена.Имам од тука купено неколку маички и корсет што го носев за Нова година и од квалитетот не можам да се пожалам :)
     
  7. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    котон , па тука можам да фрлам 1000 евра да ги имам од еднаш и малку да ми биде , денес бев и заради тоа ми се уништи денот , џабе гледам коа немам сега пари хаха а има преубави работи ама не би рекла дека сите се баш по некоја многу многу прифатлива цена има соленки работи , а иначе има мнг добри чизми на попуст ;(
    I need money !!!! :sweat:
     
  8. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Во Котон имаат преубави работи, се по мој вкус, али за мене цените се мноогу скапи. Една обична маичка 650 ден :doh: Не, не, не...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Па многу често си купувам таму облека,и имаат квалитетни работи,не нешто да купиш и да го фрлиш после едно облакање.Многу се исплаќа кога имаат попуст да си најдеш убави парчиња.Една маичка ја купив 300 денари а пред тоа беше 990.Фармерки на попуст си купив за 1200 денари а преубави!Од 2500 на попуст.Сега имаше нова колекција,ама имаше и попуст на зимската,ќе носат допрва уште роба,сега ќе биде полно по дуќаните роба.
     
  10. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Од котон ми имаат донесено пижами, жолта боја , зимски памучни. Преубави се, што се вика едвај чекам да фати зимава да ги си облечам. Се чувствувам во нив како да сум во ќебе :lol:
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Од Котон си зедов преубава маичка, нежно розева боја со интересна извртена, како карнерче паѓа јаката. Толку ми се допаѓаше, што си зедов иста таква и бела. :lol:
    Е сега, јас фатив попуст, од 900 на 600 денари мислам беше, ама сепак си останувам на тврдењето дека цените и не им се баш прифатливи. Најчесто ми се претеризам, ама ете се наоѓа и нешто поефтинко, а убаво.
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Имам купено неколку работи од Котон, ептен се квалитетни, но цените не им се баш прифатливи, па ќе си чекам попуст-се надевам околу Нова Година ќе почнат попустите. :)
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам две или три работи. Порано кога одев во Рамстор влегував секој пат и купував по некоја работа, ама веќе добри 2-3 години не сум купила ништо, ниту пак планирам во скоро време.
    Уствари сестра ми ме прати пред 1 месец, и се допаднало некое фустанче за на работа па да видам дали го има, и додека го барав, разгледав што има и што да видам. Ми се ококорија очите од цените.
    Попрво би влегла во Масимо Дути да ги фрлам тие пари, отколку во Котон. Пижамите во Peacoks што ги купував по 300 денари беа, овие напукале цена. :x
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Имаат стварно интересна гардероба, и купувам таму.Но мој впечаток е дека на почетокот цените беа поевтини, и со текот на времето ги кренаа. Порано, пред две-три години, на попуст купував триролки и фустанчиња за 500-600 денари. Уште ги носам. Ама сега за таа цена нема.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Точно е,ги зголемија малку цените.Јас секогаш купував од таму на попуст,барем на 30% и ми беше прифатливо.Особено ги покачија костимите.Пред неколку години помнам на попуст купував сако за 2000 а сега на истиот поуст се од 3000-3500,а ги имаат најдобрите сакоа и панталони за послаби.И за 34 да бараш имаш феноменален избор.За матрејалите да не коментираме,сон,перам и не пеглам сако потоа,барем за костими гарантирано,јас и само тоа купувам,кошулите спијат.А и џемперите им се добри,оние подебелките,мислиш кашмир носиш.Вредат,но за жал кај нас стандардот е тој,нели?
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Секогаш влегувам,но ретко купувам од таму од проста причина што се некако скапи за квалитетот што го нудат.Имам неколку маици кои скапичко ги платив а после едно перење на рака и тоа, скроз се издеформираа и ми беше ептен мака.
    Во последно време има кошули многу што ми се допагаат од таму ,но како што кажав солени им се цените,за тие пари на друго место поквалитетни ке купам.
     
  17. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Котон има и во Капитол и Сити мол, многу убави работи. Лајк, лајк.:inlove:
     
  18. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Многу ствари имам од котон купено сите се квалитетни не се мрднати. Искрено во споредба со бершка кои имаат квалитет 0 а цените им се тука негде поише вреди во котон да ги остаам парите. Имам фармерки фустанчиња ташна кошули маички земено...
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Најинтересно е што кај нас цениве им се бог да чува, додека во Турција се е преефтино од Котон.
    Смешни цени дури имаат. :)
     
  20. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.129
    Пол:
    Женски
    Оналјјн дали има некаде ск да се гледа гардеробаа?