1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е вашата животна цел?

Дискусија во 'Психологија' започната од manja666, 31 октомври 2011.

  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Дали имате животна цел кон која се стремите или живееме затоа што така сакаме и не ни треба посебна цел ? Јас на пример освен основање на семејство немам ништо друго зацртано затоа што како одат годините така се менувам..неможам да зацртам нешто на долгорочен план. Друга цел во животот ми е да оставам позитивни чувства кај луќето кои ми значеле нешто , цел ми е еден ден да имам доволно за да можам да си основам некоја хуманитарна организација која ќе помага на болни , сиромашни деца и деца без родители. Сега за сега е тоа . Споделете ги и вашите цели во животот .
     
    На Crna Dama и eli25 им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.045
    Која е вашата животна цел ?

    Во едно си во право Мања-животните цели со тек на годините и времето се менуваат.
    Јас кога се запишав на факултет си велев-Да го завршам факсот,па потоа ќе го изнашетам светот и дури потоа брак :lol: Да сум го изнашетала светот бе |(
    Кога дипломирав цел ми беше работа.Ова ми е една од основните животни цели-работа која ме исполнува.За жал тешко е да се добие.Да се омажам не ми е некоја животна цел ниту да имам деца веднаш кога ќе омажам.Во тој правец не размислувам,а бракот ако може да се нарече животна цел го посакувам и може ми е и време :^)
    Една животна цел немам зацртано-Пример ќе бидам најуспешна и точка.Сакам помали цели ама кои ќе ме исполнуват.Да речам желбички за убав живот.Да сме сите блиски живи ,здрави,среќни.Да ги имам до мене.
    Кога ќе се омажам животна цел може ќе ми биде детенце,не знам.
    Знам само дека отсекогаш сум ја сакала мојава струка која е и ценета и со убава титула :) ама кога ја добив после мнооогу труд,се разочарав зошто не можам гордо да си ја носам.Кога дипломирав цел ми беше-работа,кога ја најдов-цел подобра работа од оваа,така да една животна цел,навистина немам.Дали сум станала помалку амбициозна не знам,ама од едно нешто не можам да се раководам во животот,дека само тоа ќе го постигнам.
    Во секоја доба од животот,целта ти се менува,согласно со потребите,желбите,условите.
    На крај,сакам да постигнам единствено да бидам среќна :)
     
    На srcekrsacka и manja666 им се допаѓа ова.
  3. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Која е вашата животна цел ?

    Хммм,тешко прашање :rofl: .Никогаш немав некоја посебна цел,освен една што за жал и не ми се оствари-а тоа беше да се омажам за љубовта на мојот живот.Инаку во исчекување сум на диплома,и цел ми е да си најдам некоја поубава работичка,не мора да биде по мојата струка,но барем така со поубава платичка :inlove: .Инаку,никогаш не посакав да станам мајка,дури и сега кога практично се наоѓам пред брак,не се замислувам како идна мајка која се грижи за своите деца и бла бла бла.....Најголема желба исто така ми е да живеам во странство,ем стандардот е подобар ем и луѓето се онака порелаксирани и не се мешаат во сечиј живот како балканците.Од мене тоа-па со среќа во постигнување на вашите животни цели :)
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Која е вашата животна цел ?

    Да не си умрам млада :D и детето да го изведам на правилен пат (ако ме служи здравје и памет).
    Све останато е релативно и го правиш ако имаш амбиција и сакаш.
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Која е вашата животна цел ?

    Животна цел ми е NEW YORK. Сакам да ја напуштам оваа држава, да живеам во NEW YORK, со љубовта на мојот живот :inlove: да си основам семејство, да ги истерам на добар пат моите деца и да си живеам среќно до крајот на животот. :lol:
     
    На jordance10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Која е вашата животна цел ?

    Немам цел. Вејка на ветерот. Каде ум таму друм. Се шалам...до некаде...
    Некои работи што си ги имав зацртани во моето сценарио сo тек на време ги снема. Некои страни скинав јас, некои ми беа скинати со сила, па нешто пречкртуваш, нешто бришеш, нешто додаваш, и кога гледаш најдобро е да ја фрлиш тетратката и да си пишуваш на мали ливчиња...Напиши една работа или две па тутни ја во џеб...после некое време пак уште една две...и така.
    Сега за сега битно ми е, и се стремам кон подобра финансиска состојба, да ја задржам оваа хармонија што ја имам во бракот, и среќно детство нормално на моето најмило...За понатаму-здравје, времето ќе покаже...
     
    На Rose-tulip, mnikolovska, blond.bunny и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Која е вашата животна цел ?

    Имам повеќе цели. Можеби некои од нив се премногу високи. Не знам. Но сум многу амбициозна, можеби и претерувам. Но желбата да успеам во животот ми е голема. Пред се сакам да се образувам значи да завршам факултет. Па здравје боже и магистер ако ме држи памет и желба.Сакам да бидам успешна личност во својата професија, сакам да патувам, да го почувствувам животов на моја кожа, имам премногу планови за иднина, ако не ми успее еден ќе успее друг и така.
    Се разбира дека сакам и да си ја пронајдам својата љубов, семејство и се така со ред. Сите тие цели се наменети за во различни делови од животот. Тоа е така бидејќи човек треба да се бори, нешто да прави, на нешто да се надева, за да не е животот апсурден. И сакам да си заминам од државава, тоа ете би била една од најважните цели..Париз по можност :$ :rofl: ...
     
  8. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    за жал ја немам.досега живеев живот по девизата да се преживее и никогаш не ми се појавила мислата и борбата за успех во животот,но сега на половина од мојот пат имам цел да ја откријам својата цел и причина за моето постоење.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Која е вашата животна цел ?

    Да се пензионирам на 50 годишна возраст.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Која е вашата животна цел ?

    Имав цели, сега веќе не...
    Се испостави дека онаа ''Домашниот есап, на пазар не излегува'' е многу вистинита, така да сега веќе правам како што налага самата ситуација и се трудам да го извлечам најдоброто од одреден период, ако воопшто е можно.
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Која е вашата животна цел ?

    па имам поввеке цели,една ми е главна,да си основам свое семејство со мојата TRUE LOVE :)
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  12. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Имав повеќе но мојата најголема цел беше да станам независна жена. Која веќе ја остварувам сакав да достигнам да сум прва на професионален план како и да прошетам многу држави во светот во оваа година посетив 5држави :) . Иако имам 21 година јас го постигнав сето тоа и тоа без помош од моите родители т.е без ничија помош све сама се разбира со Господ напред. А наскоро и мојот голем сон Австралија.. Уште една цел имам а тоа е да им помогнам на децата без родители затоа што знам како е кога нема кој да ви подаде рака во животот. Знам дека еден ден и тоа ке го остварам...
     
    На whiteButterfly и daddys.princess им се допаѓа ова.
  13. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Мојата животна цел е да си го воспитам моето дете да ги цени вистинските вредности во животот.Да бидам добра сопруга,мајка и да ги правам луѓето околу мене среќни.И да напредувам со работата,како и досега. :)
     
    На andzela94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. andzela94

    andzela94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Која е вашата животна цел ?

    Интересно прашање мора да признаам !
    животна цел мие успешно да го завршам факултетот,и да се омажам за човекот кој го сакам
    имам и уште една цел за која знам дека теско да се исполни,со голед на тоа што сум музички талентирана за пеење би сакала еден ден да бидам пеачка но само залудно се надевам
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Животната цел ќе ја постигнам,кога сите делчиња (важни планови од мојот живот што ме прават среќна) ќе бидат подредени (исполнети).
    Во тие делчиња на животна цел подразбирам: успешна врска...брак, 3 деца (воспитани,и изнесени на вистински пат), спортска кариера, факултет , добра работа, добар живот(дом,автомобил) и понатамошна егзистенција за моите деца
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Која е вашата животна цел ?

    Најпрво сакам да најдам сигурна работа, доволна плата за неопходните работи(дај боже малце повеќе и за уживање да има). Да оформам здраво стабилно семејство. Да имам сопствен дом, да не зависам од никој, да биде онака како што ние ке сакаме во се. Секој знае дека животот во заедница е тежок.
     
    На mici22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Која е вашата животна цел ?

    Целите во текот на животот се менуваат. Можеби денес сакам едно, а утре ќе сакам нешто друго. Сега сите изгледаме уверени во тоа што го сакаме, слепо веруваме во тоа а пример за неколку години ништо нема да остане од тоа. Јас, како своја животна цел го немам запишувањето на факултет, мажењето и имањето деца. Јас никогаш не сум ни сакала да се омажам, не сум го замислувала совршениот невестински фустан како другите деца. Јас сакам да бидам независна, да го правам/работам она што ме исполнува и да го сакам тоа што го правам. Не сакам да зависам од моите родители, на пример ко што ми викаат сега, ако нема учење, нема ова, нема она.. неможеш да излегуваш и слично. |( Отсекогаш сум тежнеела кон слобода. Во моментов, едно од нештата што најмногу ги посакувам (може да се каже донекаде дека ми е и животна цел) е да влезам во ринг, да го почувствувам тоа чувство, стравот, возбудата, како и љубовта што ја чувствувам кон овој спорт. Потоа да станам и про, ако ми оди во спортот и да живеам од она што најмногу го сакам. :)
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Која е вашата животна цел ?

    Јас ќе ти бидам менаџер, заедно ќе се богатиме :D.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Животна цел хмм... вистина е дека целите во животот се менуваат низ годините. Како мала цел ми беше да станам успешен адвокат, но таа цел одамна ја тргнав од мојата листа. Потоа животна цел ми беше да станам лекар, но други ми ја тргнаа од мојата листа. Сега животна цел ми е да се запишам на Моден дизајн, да го завршам и да отворам моја модна куќа. Мислам дека ќе бидам најсреќна денот кога мои креации ќе прошетаат на писта.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Која е вашата животна цел ?

    Да го прошетам светот. 8)

    Да живеам некаде надвор од Македонија. :rock: