Спојлер Која е таа девојка? Таа всушност е главниот лик Харлот која што своето време го посветува на работата и врската со Мајлс. Но сето тоа оди совршено се додека не го виде својот стар автомобил возен од 21 годишна девојка која што наликува токму како неа... Добра книга за релаксација во слободното време
книгава ја читав пред 2 год и морам да кажам дека е супер, на некои страни се пресмеав на пр каде што објаснува за ефтините креми, за несредените веѓи, за шанкерот итн
Убава книга, мојата прва книга прочитана од оваа писателка. Интересна приказна, убаво напишана пред се, интересен заплет, со еден збор прекрасна романтична комедија. Книга која нема да ми биде досадна и да ја читам неколку пати по ред