Најдов многу слична тема за филмовите кои се направени за книги и обратно но не иста ! Мене темава и прашањево на кое сакам да подискутираме е Која книга ви оставила огромен впечаток и мислите дека заслужува екранизација ? Книгава ја отварам поведена од огромните импресии од Марина-Карлос Руиз Зафон. Книгава освен тоа што ќе ми е омилена до крајот на животот мислам дека би било потполно ако се направи филм ! РЕМЕК-ДЕЛО ! Други книги кои би ги ставила во сличен кош : Седум дена за вечност-Марк Леви, Заедно-Џоди Пико
Скоро повеќето од моите омилени книги имаат екранизација но ме разочарале,сум очекувала многу повеќе од тоа едноставно актерите незнаеа да ја доловат тааа вистинитост што ја имаше во книгата ама океј важно некој се потрудил и го сторил тоа трудот не е за потценување.Инаку сакам што поскоро да видам екранизација на книгата Деветта Симфонија и Рајот може да почека.
Прво на памет ми дојде оваа книга. Мислам дека со добра актерска екипа, би можело да има многу добра адаптација. Книгата има доста заплети, ликовите се добро опишани, има материјал за да се направи добар филм. Би сакала да ја гледам во филмска верзија.
Судбината на човекот - Михаил Шолохов Мислам дека има некој стар филм од 50-ти, сакам да го снимат во понова верзија и да биде подобро реализирано.
Злосторство и казна- Достоевски, знам дека има во 2002 напраено ваков филм, ама треба обнова Ја, Пинк Пантер- Оливера Цирковиќ Патот на честа- Раџ Кумар