ако ве прашаат кој си ти? каков одговор би дале. дали знаеете кој сте во животот, какво место имате во него. да вие сте студенти, уценици, керки, мајки и.т.н. да но кој сте вие. малце да филозофираме
Јас сум таа која најгласно се смее во друштво Јас сум едно напатено душиче што некогаш многу си става на срце и се нервира за глупости. Јас сум вечниот малер Јас сум таа која кога треба да спрема испит,ја чита новата книга која ја купила.... Јас сум таа која обожава искрен разговор и добар совет.. Јас сум најголемиот дечар...обожавам малечки срценца Засега тоа сум јас!
Здраво,јас сум "baguf4e".Живеам во мал град,но среќна бидејќи имам семејство што добро се сложува и имам луѓе кои ме сакаат.Имам живот во кој неретко ми се случуваат ситуации на кои не знам како да се однесувам и не знам што да кажам па плачам и тоа многу.Ситниците ми го исполнуваат животот,а сакам романтика и симнување ѕвезди.Не сум голем инает.Се гордеам на некои свои добри особини,а се обидувам да ги поправам неубавите карактеристики така што сакам грешките што ги правам да ми бидат кажани во лице за да можам да ги поправам.Голем авантурист во срцето и по малку перфекционист.Сакам се да ми биде под конец бидејќи само така се чувствувам убаво.Сакам да се дружам и да запознавам нови пријатели.Одлична ученичка,го сакам и ценам школото како институција па кој што сака нека каже...Сакам да студирам и едвај чекам да тргнам на факултет.Мислам дека тоа е најубавиот период,студенскиот живот.Ја сакам фемина бидејќи овде има прекрасни души кои се спремни да помогнат.Ете тоа е за мене во кратки црти.
јас сум таа која е секогаш насмеана таа која студира која ептен сака да успее во животот која сака да се сонча по цеееели денови на плажа таа која е иницијатор за забави таа која во 12 саат е веќе пијана таа која знае да сака која мали нешта ја усреќуваат која е ептен емоционална која знае лесно да се расплачи која лесно се повредува која е заштитен лик во друштвото која дреме на фемина која лесно менува расположение која сака тост и помфрит која сака да јаде во мекдоналдс, а која постојано брои калории таа која сака еееептен да го малтретира дечкото (во позитивна смисла секако) таа која кога поминува сите се вртат по неа тоа само ми текнува сега за сега
Студент сум и го сакам тоа што го учам. Знам да сакам вистински и во моментов и 3 години наназад сум заљубена Емоционална личност сум и најмали ситници може да ме трогнат Инат сум и тврдоглава и тоа од една страна си го гледам како позитивна карактеристика ПОчитувам и сум почитувана од луѓето кои ми значат. Јас сум таа која е иницијатор на секоја забава или на нешто необично бидејќи сум гооолем авантурист Рамото за плачење во друштво и прва за пиење Ете тоа сум јас во главно и си се сакам таква каква што сум
Секогаш насмеана,дури и кога е најтешко; Раздразлива; Претерано горда; Најголемиот инат на цел свет; СЕкогаш гледам за другите прво наместо за мене Голем хејтер на машкиот род; Плачка; Мислам дека секогаш СЕ јас знам (ова треба да го сменам) Многу емоцинална,а мразам да го покажам тоа за да не изглеам случајно патетично... .....и тоа е,се шо ми текнува сеа..
еееј и да,прва за пиење,и главен иницијатор за сите журки значи која пијаница сум понекогаш...страшно хаха
јас сум таа која е секогаш гласна и насмеана секогаш барам правдина многу инаетливо и горделиво суштество ретко кажувам извини,но кога сум крива признавам и некако ми излетува низ уста кога ми е најтешко не сакам да покажам но тоа е некогаш посилно од мене која учи и сака нешто да постигне во животот не го дава тоа што е нејзино,но некогаш има желба за нешто туѓо упс која се испијанува од три чаши која многу си го сака дечкото и не го испушта ни за жива глава
Јас сум таа што уште малку ќе има 17че Јас сум таа што го чека татко и Јас сум таа што сака да пее Јас сум таа што си го сака дечкото многу многу Јас сум таа што сака да се гали Јас сум таа што и се врти од едно чавче винце Јас сум таа што знае да води инает и кога знае дека е крива Јас сум таа што мрзи да учи ама сепак се снаоѓа Јас сум таа што никогаш нема доста пари
давам се за оние кои ги сакам и ми значат сонувам да патувам по светот и да помагам на луѓе во неволја сакам да зборувам гласно за неправдите и да се карам со цајкани кога им се закачуваат на мали ромчиња не живеам за останатите, и правам како што сметам дека е правилно сакам кариера и моќ за да го сменам општествово расипано сакам мир : сакам љубов и сакам да не бидам толку тврдоглава
Јас сум таа.. која најголемиот дел од времето среќна весела личност понекогаш знам да бидам разочарана од животот и тажна која сака по цел ден да лежи у кревет да дреме на компјутер да игра баскет да се шлае низ населба со другарките да се смеам најгласно секогаш спремна да помогне и да даде совет рамо за плачење не се задоволувам со материјални ствари едноставно доволно е здравјето среќата и љубовта бидејки тоа го прават животот. едноставно тоа сум јас со стари навики и уживам во нив
Најгласната, најмалата, најживата. Јас сум таа која претерува. Јас сум таа која е карпа ледена (изглед вара).
јас сум таа што за се што постои има различен став од останатите јас сум таа што секогаш дава совети и знае што да прави(ама никогаш за мене не применувам ништо од тоа) јас сум таа што е алергична на алкохол и сонце јас сум таа што обожава да чита на латински и старогрчки јас сум таа што секогаш ја гледаат чудно јас сум таа што има најбизарни посакувања јас сум таа што е против убивање на животни и луѓе
јас сум таа која секогаш се смее јас сум таа која на другите им дава соверти и им е рамо за плачење јас сум таа која е голем емотивец иако се правам дека не сум јас сум таа која најмногу си го сака друштвото,мама,тато баба и дедо и внуците јас сум таа која не може да живее без слобода јас сдум најголем баксуз која секогаш налетува на кретени јас сум студент кој ниггаш нема време за учење јас сум таа која не може без утринско јако кафе и цигари јас сум таа која обожава алкохол јас сум таа која ги обожава животните јас сум голем инат јас сум таа која сакам да постигнам многу во животов јас сум таа која сака отворен и искрем муабет јас сум таа која секогаш цени искреност јас сум таа која секогаш цени вистинско другарство јас сум таја која не може без љубов
ЈАС СУМ ТАА.......... кога секогаш е насмеана која е претерано горда и голем инат што секогаш бара правда која сегогаш е најголемиот издрод и секогаш има различни ставои и мислења која сегогаш гледа прво за другите одколку за себе која секогаш дели совети на останатите која учи и има одлични резулатати во училиштето која сака да филозофира највеке на цел свет која ги сака и и се возхитува на добрите уметнички дела, добрата книга и секако прекрасните музички дела која некогаш и свире по цел ден (гитара) која секој ден се труде да направе некое ново уметничко дело која ја сака рок музиката сака свирки и добри журки која е голем авантурист и сака да прошета низ цел свет која има огромни амбиции , сака кариера и мок во општеството која секогаш е рамо за плачењење на другите која секогаш е прва за пиење која не може без кафе денот да го помине
Која сум јас? Епа јас сум позната како девојчето без пороци (не пушам, пијам само пивце-во мали количини и само некогаш, а и лесно ме фаќа, не се дрогирам, не се фаќам со кого стигнам) Јас сум пивопиец меѓу другарите (сите сакаат некое другопиење, а ја поштено-само тоа) Јас сум идеалистот Јас сум таа која не може да се помири со работи кои се завршени (значи не можат да се променат) Јас сум перфекционистот Јас сум таа која е опседната со слушање музика Јас сум таа која многу сака да црта (мразев кога ќе ми речеа дека треба да се запишам во средно уметничко) Јас сум Калимеро за кого никогаш нема правда Јас сум горделивата Јас сум импулсивната Јас сум таа чудната Јас сум таа која има специфичен стил на облекување Јас сум таа која е ненаситна од секс Уф, да не продолжувам, зашто сакам да сум анонимна, а може некој да ме препознае!
Јас сум филозофот,кој може вака и до утре да си збори/пишува јас сум песимистот,кој секогаш очекува најтежок удар да му биде зададен,ама сепак често ме промашува јас сум зависникот од животот,кој не знае добро да го живее јас сум средношколка, која и на 16 години не спие за да научи јас сум тивката,која секогаш има најмногу што да каже јас сум затворената,која нема капаче и никој не може да и поправи грешка јас сум тврдоглавата,која секогаш испаѓа мека пред другите јас сум вечно вљубената,која и себе панекогаш не се сака јас сум непроменливата,која ги менува сите околу неа јас сум уметникот,кој никогаш не е правилно сфатен јас сум лидерот,кој знае и себе си да се изгуби јас сум романтичарот,кој не верува во љубовта јас сум стабилната,која ситници ја тераат да паничи јас сум неодлучната,која секогаш е на крстосница и го бира потешкиот пат јас сум непријателот,кој се сака како пријател јас сум човекот кој никој во целост не го знае и која сака и самата да си се запознае
ЈАС СУМ Една од највисоките девојчиња во клас Таа кога и да се насмеам ко со сила да се смеам Таа која сака да докаже кога сум во право Таа која сеуште сум ученичка во основно Таа која секогаш несреќно се заљубувам Таа која обожава да пишува и да збори но не пред сите Таа која се срамам и ми поцрвенуваат образите Таа која знае искрено да сака Таа која цени вистинско пријателство Таа која размислувам добро пред да направам одредена работа или да донесам одлука Таа која има страв од болници и инекции Таа која може лесно да се расплаче но не пред секој Таа која сака да шета и никогаш не и е доста од шетање Таа која сака само да има на 5 минути подобар живот Таа која сака да си најде добра пријателка И едноставно Јас сум Јас
Јас сум Јас , јас сум Лукс А која сум всушност јас ?! Јас сум девојче бе, Често се прашувам која би била ако не би била јас Искрена, емотивна, амбициозна, упорна Сакам да зборувам, зборувам, зборувам и ако почнам можам со саати да не престанам, ама знам и да сослушам и да дадам убав совет.Некогаш можам и сат ништо да не прозборам Расположението некои денови ми се менува 500 на сат Некогаш си викам јас се раѓам еднаш на 100 години(сакам да бидам поинаква од другите) Лукс една и единствена
Јас сум суров реалист, а луѓето неретко ме помешуваат со песимистот. Дома си фантазирам, а надвор од куќниот праг стојам цврсто на земја, Јас сум таа која плаче, ама кришум, зашто не сакам никој да гледа. Мразам ситничари и скржави луѓе. Јас досега немам паднато ниту еден испит. Голема работа... Јас сум невработена.