Иако постои веќе ваква тема но пристапот кон прашањето е многу поинаков. Како ќе одговорите на прашањето "Кој/а си ти ?" без да кориситите, име, пријатели, прифесија или што имате постигнато во животот. RUN
Навистина не ме галел животот Навистина сум искалена. Навистина не сум плачка и лигла. Навистина можам сама со СЕ да се справам Навистина сум вљубена во човекот до себе Навистина сакам да останам здрава и жива за да дочекам свадба на најмалото дете. Нависина сум била повредена ама и јас повредив некого ... Навистина сум човек со очекувања и стравови, секојдневни падови и крвави коленици од влечкање и барање излез. Како и секоја жена си имам ,,маска на храброст и семоќ,, пред децата, која ја вадам од време на време за да се исплачам раат.
Sum imala Mnogu padovi.Od tie padovi stanav uste pojaka.Vo tie momenti mislev deka mozam planina da pomestam. Jas vikam vaka...Gospod ni dava teret kolku so moze da podneseme. Seogas sum JAS.I koga ne mi cvetaat rozi
Jaс сум имала се што ми требало во поглед на материјални работи, ама не сум плачка. Многу голем оптимист во најголем дел од времето. Го сакам дечко ми најмногу на свет, иако некогаш не му го покажувам тоа. Некогаш сум лигла или така луѓето ме перцепираат. Ретки се, ама има и такви. Не сум љубоморна на никој и за ништо. Сум била многу пати повредена од личности што сум ги сметала за блиски. Не сум романтична. Секогаш сум парти мејкер освен ако ми се многу спие. Си го сакам факултетот и колешките. Луѓето со кои се дружам не ги делам според облеката туку односот спрема мене. Можам веднаш да преценам каков е некој, но го пуштам да видам до кај ќе оди. Семејството ми е секогаш на прво место.
Борец Од кога сум се родила,до денес... Храбра,не застанувам пред ниеден предизвик.Не се плашам од речиси ништо. Посветена сум на целта.Трпелива,чекор по чекор,до неа.Всушност,речиси се што ќе зацртам остварувам. Поборник за правда (иако и јас сум била неправедна ). На површина ладна,ледена.Во срцето топла личност,почувствителна можеби од сите.Чувства лесно не искажувам,ама за оние што ги сакам и светот ќе го превртам. Романтична,иако на прв поглед ме доживуваат како ајс квин.Под мразот се крие личност желна за љубов. Секогаш самоуврена,со многу подеми и падови.После секој пад сум станувала,и сум продолжувала понатаму,и секогаш со насмека на лицето.Упорна,тврдоглава. Страстен пливач (подобро се чувствувам во вода,отколку на копно),вљубеник во музиката-секоја нота длабоко навлегува во секој атом од мене,љубител на книги,писател. Оратор сум,обожувам реторика.Никогаш не се плашам на глас да си го искажам мислењето. Историјата и митологијата ме фасцинираат. Во животов сум имала инспирации...Ама херој не ми бил потребен.Сама на себе сум си херој.Не се гледам како принцеза која чека некој да ја спаси,туку како воин Физички го имам тој медитерански,егзотичен изглед. Истиот секогаш легнува добро во комбинација со егзотичните танцови,сакам да танцувам Кога би требало да се опишам со еден збор,тоа би било-Амазонка...
Голем идеалист, принципиелна и цврста на своите ставови. Емпатијата ми е најценета човечка вредност. Затворена сум по природа, посебно тешко се отворам за лични проблеми и тешкотии. Сакам на луѓето околу себе да им пренесувам само позитивна енергија. Засега не сакам свои деца ни за во иднина, но општо децата ги сакам Животните и малите деца ми се најголема позитива и сметам дека имаме многу да учиме од нив. Емотивна личност сум и доста поларизирана во емоциите, знам по заслуга пресилно да сакам и да се посветам целосно на луѓе кои ме инспирираат и восхитуваат, но и да не поднесувам такви кои ме разочаруваат и ужаснуваат со своите постапки и ставови. Обожавам интелигентни, либерални и правдољубиви луѓе. Презирам дискриминации, ценење луѓе по надворешен изглед, површност и лош хумор. Се трудам да сум некако балансирана симбиоза на разум и чувства. Не верувам во натприродно и го признавам значењето на материјалното... тоа ми изгледа донекаде рамнотежно со емотивноста во доста реални ситуации Уметноста и сарказмот ми се лек и утеха за сè. П.С. сега дури гледам кој ја отворил темата, другарчево сигурно ќе преврти очи на мојов deep пост се кладам и дека ќе ме цитира
Едноставна личност кои другите ја перцепираат како комплицирана, алтруист, сакам да помогнам тоа ме исполнува, амбициозна, имам превисоки амбиции кои сметам дека ќе ги постигнам аналогно на тоа се подразбира дека сум оптимист и ја гледам светлата страна на животот. Не сакам негативни личности секогаш спремни за кавга и не сакам ликови кои не прифаќаат ништо поразлично од нивните ставови. Немам комплекси и предрасуди прифаќам секакви личности и комуницирам со секого.
Прилично горделива личност со силно его. Тежок интроверт кој се свое во себе и со себе си носи.Резигнирана сум за лични случувања.Суштината на мојата теорија е дека сама можам да си бидам најголемата поддршка и помош зашто голема е разликата во раскажување, доживување и преживување на различни моменти кои не поттикнуваат индивидуална перцепција за другите. Надворешно ладен тип, а во мене се случува бура од емоции кои тешко ги искажувам и споделувам, дури и кога има можност. Меѓу разум и емоции, најчесто ја избирам пораката на умот. Голем аналитичар во поглед на носење одлуки. Молчам и тактизирам до последен момент додека не се преиспитам. Прво ги согледувам негативните аспекти зашто лесно се случуваат, а тешко се надминуваат. Цврст карактер сум со изградени амбиции и принципи што тешко ја поминуваат денешницава. Повеќе сакам да слушам, отколку да зборувам.Така најбрзо ги запознавам другите. Поминав повеќе падови, отколку подеми. Потклекнав пред тешките моменти, но не паднав. Самодовербата ми влева надеж дека мојот живот е мојата реалност. И покрај турбулентните периоди останав непоправлив оптимист во потрагата по светол зрак зашто за се има решение доколку има волја да се пронајде. Многу сум трпелива и смирена. Не сакам избрзани и исфорсирани работи. Либерална сум и луѓето ги прифаќам какви што се. Не ме засега и не ми пречи ничиј начин на живот. Ги сакам уметноста и лингвистиката. Во нивно друштво секогаш откривам нова перспектива...