Кој е правилниот термин за луѓето со физички или ментален недостаток?

Discussion in 'Канта' started by KristijanL, May 22, 2020.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. KristijanL

    KristijanL Нов член

    Joined:
    May 22, 2020
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Здраво феминки и феминци,

    При изборот на тема за дипломски труд сакав да обработам нешто што е табу, па како студент на катедрата за македонски јазик решив тоа да биде за некој термин. Истражувајќи, дознав дека според СЗО, околу 15 % од светската популација имаат некаква телесна, ментална, когнитивна, интелектуална, сетилна или друг вид отстапка од останатиот дел од светското население. Во зависност од времето во кое тие живееле низ историјата овие 15 % луѓе кај нас се нарекувани најразлично. Така, последниве стотина години низ различните сфери од македонскиот јазик за посочување кон овие луѓе се среќаваат термини од странско потекло (инвалиди, хендикепирани, сакати...), како и домашни термини (неспособни, односно луѓе со пречки/попреченост...).
    Со цел да се види кој термин моментално се користи и е најприфатлив за зборувачите на македонскиот јазик, ве замолувам да ја пополните следната анкета од неколку кратки прашања, што нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

    https://forms.gle/et2P3WdC7YHriio26

    * Ве замолувам вашето мислење во однос на правилниот термин да го искажете преку анкетата достапна на линкот погоре наместо во коментари или реплика!
    ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ :D:l:
     
Thread Status:
Not open for further replies.