Од пред некое време почнав се почесто да ги подкраднувам моите дома, другарите и ситни кражби по продавници. Некако добро мие ми се наојџа парите ама нее убава навика што да правам
Тебе те памтам. Памтам се детално шо имаш пишано. Ако знајш дека е лошо, како и шо имаше пишано во проблемот со училиштето, работи на тоа да го отстраниш проблемот, а не само да бидиш свесен дека постои.
Moраш некако да се контролираш пред да се решиш на тој чекор,гледај твојата совест да зборува погласно.
Совет од мене прекини со ситни кражби качи се една скала погоре во кариерата почни со станови ,банкомати , златари i банки
1) Не кради. 2) Контролирај се. 3) Размисли за последиците пред да посегниш. Каков друг совет очекуваш?
Не, не мора да си луд да идеш на психолог. Психолог е за совети, баш како што бараш овде само тој ќе те насочи со повеќе ефект Инаку ти прави задоволство тоа? Ако одговорот е да, тогаш јас би рекла дека сепак си на добар пат бидејќи си признаваш, свесен си дека не чини тоа, а така и полесно ќе го надминеш. Дали си размислувал да почнеш да работиш нешто и со свои пари да си купиш тоа што ти треба? Оти вака ако продолжиш само ќе идеш у пропаст, ќе почнува да ти се чини малце и посериозно ќе станува па може да дојдеш и до затвор, знаеш... Додека е време гледај да се одвикнеш од ова
Ако одиш на психолог не значи дека си луд Само ќе разговараш и ќе ти помогне. Мислам дека таа болест се вика клиптоманија и можеш само на тој начин да се излечиш. Има и некои луѓе што имаат милиони,милиони а се клиптомани па што ќе им дојде во рака ќе го земат,па макар е и најмало нешто пример шнолка некоја,а на нив тоа им ствара задоволство.Не губи време,најди си чаре дека е сериозно ова.