Незнам дали некој има ваква тема, ама потребно ми беше да направам.. во школо ми дадоја еден лист кој е испишан од двете страни во врска со КРАЈОТ НА СВЕТОТ.. (принтано е на компјутер), а има наслов: КРАЈОТ НА СВЕТОТ Е РЕЧИСИ ТУКА ! СВЕТИОТ БОГ КЕ ДОНЕСЕ СУМ НА 21 МАЈ, 2011 ГОДИНА Па сакам да ве прашам дали вие верувате во ова, и да го видам вашето мислење во врска со ова
Овие флаери почнаа и по билборди да ги има Ова е некоја светска организација која се замара благо кажано за крајот на светот и поставува билборди каде стигне, па дојдоа и до нас Малце е иритирачки, ама тоа е Само сакам да пројде 21 Мај па тогаш да видам што ќе пишуваат тогаш Јас се имам изјаснето во една друга тема за крајот на светот, пророштво на Маите и слично, не сакам да се повторувам тука Едит има слична тема drugata-nauka/2012-godina-i-prorostvoto-na-maite-t444/?hilit=%D0%9C%D0%B0%D0%B8%D1%82%D0%B5 Може да спојат мислењата
Според ваквиве глупости од дамна требаше да биде крај на свет. Постојано ми доаѓаат на врата и луѓе што ми продаваат м*да за бубрези и флаери за тоа дека овој пат според незам кој, сигурно е крај на свет. Ова ме потсеќа исто на баба Ванѓа, кажала дека во ноември 2010 ќе имало војна, за тоа дури и по вести, телевизии, интернет страници почнаа да зборат. Јас војна не видов
E да бе, последна сесија у животов, и одма крај на светот. Плус не е возможно, имам испит на 22 - ри.
Ах и јас го забележав некое си америчко срање пак, пропаганди и вмешано нешто со библии глупости, демек утре е судниот ден Господ така кажа . Кењање и перење мозоци.
Дефинитивно се работи за некоја секта која живее во свој свет и шири гласини кои ги вознемируваат граѓаните. Мислам дека никој не може да педвиди до кога ќе постои светот, а ова за 21-ви мај е тотална глупост и незна како не се казнат тие што ги залепиле билбордите демек незнаат кој ги ставил итн......
Не е возмозно тоа... на 3-ти јуни ми е последниот колоквиум, а колку што знам професорката ако треба сама ќе го спречи крајот на светот само да не и пропадне колоквиумот, затоа не се секирајте. Таа ќе биде новиот суперхерој кој ќе ја спаси планетата Земја од овој трагичен крај. Спојлер Ај отидов јас да се карам малце со неа за резултатите од предходниот колоквиум. (Ако не се вратам за 3 дена не сум ја преживеала битката.)
Oва се огромни глупости и е класично перење на мозок кај луѓе кои незнаат во што да веруваат. Како е возможно да има крај на свет? Можно е да има јак земјотрес тој ден некаде али далеку од крај на свет. И пак тој земјотрес ќе биде само чиста случајност која нема врска со некаки пророштва. Да беше ова за верување одамна ќе беше крај на свет. Исто ко овие што шират некаква порака за крај на свет за 21 може мене и на уште неколку будали да ни текне да пропагираме дека нема да има крај на свет не ни излегува математикава и ајде сите ќе веруваме. Никој неможе да си го знае судбоносниот ден!