1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крај на сериозна врска-Тежина или олеснување?

Дискусија во 'Разделби' започната од janafilth, 14 февруари 2012.

  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Што мислите дека е крајот на сериозната врска? Тежина, болка, страв дека нема друг да најдете, осаменост, чуство на пониженост, тага дека нема да го видите повеќе и нема да е исто,другите ви викаат дека сте биле супер и дека бил добар тој а незнаете што да мислите, или олеснување-Благодарност дека ве оставил или сте оставиле некој што не бил за вас, дека ќе најдете подобар, дека нема да бидете под притисок, карање проблеми, да се менувате за да му одговара..
    И ете доаѓа тој ден.Го доживеав пред месец дена.Додека бевме во врска, типот ми се лигавеше, нејќеше да раскинеме, беше ок, и по 5 минути (кај нас беа 3 саати, толку има додека дојдам дома) ми се јави и рече дека не ме сака, не сум била за него ова она...
    Прифатив и осетив олеснување од некои наши предходни проблеми, едно друго..
    Меѓутоа ги имам и двете чуства од горе наведените-Истовремено осеќам вина и страв,срам дека избрзавме, срам од околината, ме кочат муабетите на другите дека сме биле супер, бранењата за него и оправдувањата за мене, и неможам да се средам..Додека постојано слушам лошо за него..
    Се ми е измешано, истовремено мислам дека требаше да правам како што вика, но кга ќе размислам за некои негови постапки сум среќна што го немам иако другите викаат не се радувај во загуба си, но сепак факт е дека не сум..
    Што мислите вие? Што сте мислеле? Сте биле ли во ваква ситуација?
    Што мислите за крајот на врската? Бевте ли во депресија? Кој чуства ги имате, сте ги имале? Што мислите за сериозните врски на 19 години? Се осеќате виновно или?
    Сега имам мислење дека сум за многу подобар, личност со карактер како мојот, ја пронајдов но сеуште не е официјално :$
    Сакам само мислења, споделете некоја причина доколку сте имале крај на ваква врска, и како сте продолжиле понатаму :)
     
    На Imabogaimapravde му/ѝ се допаѓа ова.
  2. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    јас бев во врска 6 год и пред месец и повеке раскинав. се осекам напуштено,разочарано,понижено....и немам излезено од дома буквално се затворив,со никој не комуницирам и никако неможам да ја прифатам ситуацијата...
     
    На Imabogaimapravde му/ѝ се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Еве ме мене со две прстиња :)

    Не знам што осеќам најискрено. Ми се менува мислењето неколку пати дневно-еднаш си викам баш ми е убаво вака слободна, следниот момент размислувам што прави, дали му фалам, што би правеле да бевме сега заедно.
    Поминати се месец и половина и за жал уште немаме седнато убаво да разговараме, но за сето ова време ниеднаш не плачев, буквално ниеднаш. Не дозволив да паднам во депресии, сепак беше период на празници и колоквиуми и таков "луксуз" цврсто решив дека нема да дозволам. Наместо да седам во 4 ѕида и да го гледам The Notebook сто пати, јас мислам дека не се прибрав дома овој период :D

    Велиш поминало месец, а ти веќе неофицијално си нашла друг. После долга и сериозна врска по мене треба да поминат барем неколку месеци додека се скрасиш со друг-прво за да си ги средиш и чувствата и мислите, а второ за да одмориш и уживаш во слободата. Ете јас моментално, навистина немам желба да бидам со некој, флерт, муабети да, но ништо повеќе од тоа. Сепак, секој е различен нели :)
     
    На princess92, Loly77, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Извини ама не знам веќе што ти треба да слушнеш кога веќе неколку пати на форумов се дискутираше за твојов случај и сите јасно ти го кажаа мислењето. Имаш пишувано и во други теми, и верувај, во твојов случај крајот на врскава треба да го гледаш како олеснување.

    Еве и сама велиш дека имаш некој нов на повидок. Пробај, продолжи понатаму и остави ја веќе претходната врска во минатото!
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667

    Немој да се затвараш така. А колку побрзо ја прифатиш ситуацијата, толку подобро за тебе, пошо он излгеда не се замара толку колку ти. И те сфакам дека си го сакала премногу и дека ти е многу жал, и дека 6 год не се баш малку, ама извлечи го најдоброто од таа врска и продолжи да чекориш напред во животот.Ке запознаеш мн нови луѓе. И знам дека сега мислиш дека он е единствениот и најовршениот за тебе, и тешко ќе ти биде, ама колку помалку седиш дома, толку по нема да патиш.И јас раскинав со дечко ми пред 4 месеци и исто како тебе некев да излегувам, да прифатам, мн го сакав, ама на крајот ке сфатиш дека тоа е тоа, и нема назад.Почни да излегуваш и да се дружиш. Ке запознаеш мн нови и добри луѓе
     
    На RebeKah и no.name6 им се допаѓа ова.
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Мислам дека стравот дека нема да најдеме подобар е тоа што не кочи, плус затварањето дома, во случајов излегував на почетокот ми беше чудно, а сега осеќам истовремено и вина и омраза за него, и кога се ќе се собере си збунет, се осеќаш отфрлено..Мислам дека ако раскинев јас (сеуште се каам за таа неискористена шанса) ќе беше подобро..
     
    На damaris, najubavata88 и RebeKah им се допаѓа ова.
  7. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    хах, верувај дека секогаш постое некој подобар. Само работата е тоа со колку ти си задоволна.и со шо. Инаку немај гајле, полн е светот со мажи, секако дека ќе најдиш некој добар
     
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Кога некој си заминал од твојот живот, сигурно постои причина за тоа. Мајка ми секогаш ми викала по маж и по автобус не се трчи, ке дојде нов и поубав :D е сега кога веќе дошла таква работа, прво треба сами да размислиме дали вреде некој толку многу за на него да се трошат нерви, ако бил толку добар немало да се скарате нели?? КОга ке дојде крај на една врска, нормално е да сме тажни и јас сум била тажна, ме повредиле многу, но битниот детал овде е што мене за брзо време ми текна и се свестив дека мислењата на него, пролеаните солзи нема да го променат тој човек, сватив дека не беше за мене, истото треба и вие да го сватите(се надевам во побрз временски период). Млади сме, во животот има многу потешки работи да чуствуваме од загуба на обичен дечко(децка љубов), што после некое време ке се смееме сами на себе што така сме мислеле. Подоро е да не мислите на нив, створете си нова средина, излегувајте на места каде што не се движи таа личност, правете си го денот убав и без него, мажите не не прават да бидиме подобри, ниту поубави. Има убавина и во слободата(и тоа ногууу). На една девојка и реков земи си сексот и градот и двата дела и изгледај ги, јас така сватив што е суштината на животот, жиркање, шетање, шопинг со другарки, смеење,трачарење, лудување и се што сакам да правам додека можам. поминаа времињата на жалење.во 21 век има полоши работи од раскинување, луѓето немаат што да јадат,нема кај да живеат, им умираат блиските од болести, дрога алкохол, се мачат по цели денови и ноќи за мизерни плати за да имаат за живот, кога само би помислиле што се се случува, љубовните пробеми треба да не постојат. Ова е мое мислење, а ваше е дали ке продолжите да живеете во ваш замислен свет на илузии,наводна трагедија,и самосожалување.ЖИВЕЈТЕ ДОДЕКА МОЖЕТЕ
     
    На broke, Loly77, najubavata88 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    janafilth гледам уште се замараш со типот. :^) Сигурно за него е ова- не ти доаѓа памет тебе гледам јас! За типот ти ич не треба да се нервираш, како што ти пишавме веќе во другата тема што ја отвори и ај да не се повторувам, главно, од него дефинитивно ќе најдеш подобар!!!
    Инаку вака воопшто, зависи зошто дошло до крај на врската. Ако дечко ти набивал рогови и на крај те остави заради некоја друга или било која друга ситуација со педерски крај :D секако дека има тежина и болка, но со тек на време се сфаќа дека тоа всушност било олеснување. Дека заслужуваш подобар, некој кој нема да си игра со тебе и со кој нема да поминуваш низ истиот пекол како со претходниот.
    Подобар секогаш може да се најде. И од најубавиот има поубав и од најдобриот има подобар и од најсилниот има посилен итн. И да, се си има добри и лоши страни.
    Друга ситуација е ако фер се разделите. Нешто ако не штима, ако ја нема веќе таа хемија меѓу вас и сл. и ако искрено се каже и се разговара за тоа, можеби болката кај едниот пак ќе е присутна, но барем нема да има понижување, лажење, омаловажување и каење. Барем ќе знаеш на што си!
    Мојата најдолга врска траеше накај 3 години, не помнам точно. Јас му раскинав на дечкото ама не знам да кажам точно зошто. :D Се се собра на куп. Како прво мала бев, се фатив со него на почеток на 8 одд. а раскинавме на крај на втора година-средно. Едноставно почувствував потреба за слобода, башка несакав целиот мој живот со него да бидам и најубавите години да ми поминат. Второ, и не беше тоа некоја голема љубов, повеќе беше навика. Искрено чувствував љубов кон него само неколку месеци од целата врска, а останатото време ни сама не знам зошто сум била со него. Веројатно бидејќи беше 4 години постар од мене и многу ме чуваше-како татко. :lol: А и едно друштво бевме неговите другари и моите другарки па поминуваше некако времето, многу ретко сами останувавме. Како трето почна да ме нервира неговата љубомора која последните неколку месеци од врската стана болест! Што носам, кај одам, колку останувам, па што правам..... :geek: И така се моткаше околу мене ми додеваше некое време после раскинувањето, па кога сфати дека е толку се откажа. За чувствата-се осеќав слободно, како да сум тргнала некој товар од мене, излегував, се забавував со другарките и воопшто не ми беше тешко. Е ај толку, ме мрзи уште да пишувам. :$ :D
    Затворање дома и самосожалување никако! Тоа нема да ти помогне. Неможат ни другите да ти помогнат ако ти самата немаш волја. Комуницирај, мешај се со луѓе, излегувај, а и како сакате нов подобар дечко кога дома седите?! Да дојде на врата да ви тропне и тој вас да ве најде? :^)
     
    На anichka94 и Ellena07 им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Човек кој те сака никогаш нема да те доведе во ситуација вака да се чувствуваш, особено да чувствуваш вина за нешто што ти не си должна да го правиш. А за некој на кого не си му значела, не вреди да се каеш, затоа што не ти треба во животот.

    А шо ќе речат другите? Батали ги. Свако чудо за три дана. Ќе си најдат нова занимација наскоро, па нема да се интересни у друштво ако фураат само еден муабет. ;) Уживкај си во животот и младоста.
     
  11. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Како средношколка имав врска која траеше скоро 3, 5 години, :x која будала сум била,ама ај!!
    Како повеќе растев, така сфаќав дека средношколските години не се години каде што треба да се врзеш за една личност. И со тек на времето сфатив дека сакам да сум слободна и да уживам во слободата. Но тука ми се јави проблем, тогашниот дечко одеше со фори дека ќе се самоубие ако го оставам :puke: кој глуп начин на обид да задржиш некој покрај себе.
    После месец убедувања, конечно раскинавме...за мене беше олеснување
    баш вака....
    [​IMG]
     
    На hellaa, anichka94, Eleonorastrumica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Koга како...
    Но како проаѓа времето се повеќе е олеснување...
    Коа ќе ми текне колку ми било тешко на почетокот се мавам по глава...
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Има и добри и лоши страни.
    Искрено не би сакала во моментов да размислувам за ова, но ја видов темава и си го поставив прашањето-Што би било кога би било?
    Еве јас сум во сериозна врска. Пред оваа имав уште неколку, ајде да ги наречам така сериозни, иако не којзнае колку долги.
    Кога ќе дојде крајот, тоа е една добра шанса да си се посветиш себеси. Да правиш нешта што во текот на таа врска не си можела да ги правиш. Период во кој можеш да поработиш на твојата самодоверба, да запознаеш ноци луѓе, уште повеќе да се забавуваш. Се зависи од тоа како ти ќе го прифатиш раскинувањето.
    Во нкој случај не се затварај дома. Штом дошло крај, имало и причина за тоа. И какви се тие црни мисли, дека нема да најдеш подобар? Ќе најдеш, и тоа колку...
    Едноставно гледај на посветлата страна. Со плачење ништо не се постигнува.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Мене сега ми е подобро се осеќам глупаво дека жалев :)
     
  15. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Jас кога ке помислам во каква врска долга бев и се што се ислучување можеби беше тешко на почеток но после сватив дека било едно големо големо олеснување ,но во моментот е тешко зошто животот ти бил насочен со него е сега го менуваш текот али се тече се се менува така да се ќе помине како и дошло
     
  16. aprokovic

    aprokovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    45

    Дека е лесно не е кукле, па шест години..уф.. Лесно е сега тука да ти филозофираме, ама ќе бидеш подобро ако е за утеха. Дај си време. Сите сме инакви и различно реагираме на ситуациите, сите различно тагуваме. Ако така ти е полесно, затвори се дома - АМА не заборавај дека тој период мора и ќе помине. И еден ден ќе најдеш сила колку да си помислиш, ако беше и за него доста е. Прво ќе помислиш така, послем и ќе се обидеш да го заборавиш и да продолжиш каде си застанала. Е во милионите и милиони обиди, ќе си живуркаш.. И можам писмено да ти ветам дека еден ден, ќе ти биде сеедно за него. Така да свежа ти е новонастанатата ситуација, дај си време. Ама нему никако не му придавај преголемо значење, дај си на себе значење, да си ги средиш чуствата.
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Се менува, сепак прво сме ние најбитни, а не некој што ќе ти кажува да правиш и ајмоооооооо залетување xD
     
    На hellaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Иста бев и јас не излегував он си шеташе си го тераше животот а јас затворена,избегав порано во друг град каде студирав и скоро цело лето го поминав таму само да не сум дома да го гледам и да ми кажуваат дека е со други девојки,потоа се помирив и продолжив со животот и тој свати дека не се замарам веќе со него па почна да ми досадува повторно но толку беше тоа заврши се јас си фатив друг дечко кој сега ми е маж иако не бев вљубена во него сега го сакам најмногу на свет а тој правеше се да не раздели каде бевме ние и он таму прво ми пречеше но потоа и тоа го прифатив се зависи од тебе
     
  19. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Мојата последна врска не беше нешто многу сериозна ако е времето критериум (околу 6-7 месеци ) но не беше зезанција (знаеа и домашните и потесен и поширок круг на пријатели).
    Моментално ми е тешко, ова е трета недела како не сме заедно.
    Може ќе ми е тешко ако повторно се обиде да се зближиме, бидејќи сеуште одржуваме некој пријателски однос.
    Може после ќе го чуствувам како олеснување...си треба време.
    Може ќе најдам, почнам да чуствувам нешто према некој друг, па ептен ќе се “очистам“ од оваа тежина...
    се е променливо :)
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Зависи од врската.