1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крвава свадба во Ирак

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Just_a_kid, 30 септември 2023.

  1. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Во пожар на свадбена веселба во северозападен Ирак загинаа најмалку 100 луѓе, а повеќе од 150 се повредени. Од пожарот се урнал целосно објектот каде се одржувала прославата.
    Пожарот избувнал во преполна голема сала во градот Ал-Хамданија во ирачката провинција Ниневија, како што јавија ирачките државни медиуми. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алак, соопштил дека според прелиминарниот биланс има 114 загинати и 150 повредени. Според телевизискиот канал Рудав, Ахмед Дубардани, заменик-шефот на регионалната здравствена управа, изјавил дека бројот на повредени е 500, а се тврди дека во салата имало до 1.000 луѓе.

    Фотографиите од катастрофата покажуваат урната и изгорена сала во градот Ал-Хамданија, а на видеа на социјалните мрежи се гледа како запалени делови паѓаат од таванот. Гостите на свадбата скокаат од масите и се обидуваат да се засолнат на безбедно. Преживеаните на ирачката телевизија изјавиле дека невестата и младоженецот ја преживеале катастрофата, иако на социјалните мрежи вртат видеа каде што се починати.

    Нема официјални информации за причината за пожарот, но првичните информации укажуваат дека пожарот избувнал откако за време на прославата бил организиран огномет.

    Ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани им наредил на министерствата за внатрешни работи и за здравство да организираат секаква можна помош за погодените. Ирачките федерални власти и полуавтономниот регион Курдистан испратија амбулантни возила и медицински персонал на местото на катастрофата.

    Никогаш не се знае кога и каде ќе ни биде последното збогум со некој, затоа сакајте се малку повеќе, а помалку се карајте и поминувајте повеќе време со саканите.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.502
    Допаѓања:
    85.316
    Пол:
    Женски
    Огномет бил причина за пожарот, така прочитав.
    Жално, сепак свадба може да се направи и без пиротехника и оружје. За некои народи и земји секоја свадба е потенцијална закана за нечиј живот, не е свадба ако не се припука.
     
    На @ceci11, MarijaMi90, Just_a_kid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Многу тажно, само што гледав видео како младоженецот плаче на погреб, се распаѓаше човекот. Најубавиот ден им станал најтажен.
     
    На Just_a_kid, sino.o.oka и sj *O* им се допаѓа ова.
  4. 2709

    2709 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Во изградбата на салата за банкет биле
    користени евтини градежни материјали многу запаливи и без почитување на безбедносните стандарди. Очигледно немало ниту задолжителен алармен систем за гаснење на пожар. Делови од салата се урнале за неколку минути. Жално за загинатите а денот на младенците кој требало да им биде најубавиот ден се претворил во кошмар трагедија.
    Многу запаливи материјали и огномет довело до катастрофа трагедија.
     
    Последна измена: 1 октомври 2023
    На simoncelicius и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.156
    Пол:
    Женски
    Гледав, една преживеана во пожарот и загинале 3 деца, мажот и мајка и.
    Случајов е далеку, но од се треба да се учи и тука не се води сметка за безбедност
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    4.265
    Пол:
    Женски
    Се наежив додека ги гледав видеата. Еве ова е резултат кога се трча по профит по секоја цена. Сопственикот на салата зема на душа толку животи, за чес да му служи!
     
    На simoncelicius, sj *O* и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.789
    Допаѓања:
    19.506
    Пол:
    Машки
    Страшно е колку се набрзина се случи.
     
    На 2709 и Just_a_kid им се допаѓа ова.
  8. _beautyy_

    _beautyy_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    По првото изгледано видео од трагедијава, не навлегував понатаму. Жално и тешко за гледање. Голема трагедија:u:
     
    На Just_a_kid и Космонаут им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.507
    Пол:
    Женски
    Среќа што го немам гледано видеото. По коментарите ме потсети на модуларната болница во Тетово. Да не се повтори.
     
    На _beautyy_ и Космонаут им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.507
    Пол:
    Женски
    за жал сепак се изнагледав видеа бидејќи секаде кружи. Многу тажно. Гледав исто и слики од починатите. За жал и мали дечиња имало